Едно од ветувањата во изборната програма на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, беше отворање на лабораторија која ќе го следи загадувањето во главниот град и заедно со градскиот Инспекторат за животна средина ќе се бори против загадувачите. Скопје е еден од најзагадените градови во земјава, а многу често се наоѓа и на светските листи на градови со најлош квалитет на воздухот. Предизвик за градот не се само ПМ 10 и 2,5 честичките, ...

Втората половина од 2023 година пристигна, а нема ниту трага ниту глас од изјавите на скопската градоначалничка Данела Арсовска дека токму во овој временски период граѓаните на Скопје ќе имаат бесплатен јавен превоз. Оваа изјава на градоначалничката е невистинита. Скопската градоначалничка Данела Арсовска ветувањето за бесплатниот јавен превоз го вметна како еден од клучните проекти во предизборната „Програма за модерно Скопје“, со која ...

И претходно со користење на видеоматеријали од младолики момчиња на социјалните мрежи се правеше обид да се обвини Украина за мобилизирање на деца. Но, тоа не е вистина, според законите на Украина, само полнолетни лица може да бидат регрутирани во армијата Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се тврди дека „Украина мобилизира и малолетници“. Во рамките на постот се споделува видеоматеријал на кој се гледа младо момче ...

Застојот во реформскиот пат на државата по 2008 година, по одбивањето на Грција да бидеме примени во НАТО на самитот во Букурешт и изолацијата која настана по тогаш закочените евро-атлантски интеграции, придонесе со стеснување на демократските права и слободи на граѓаните и до состојба опишана како „заробена држава“. Ништо не укажува дека би било поинаку доколку не го исполниме првиот услов за преговорите за членство во ЕУ, промената на ...

Зеленски во изминатиот период посети неколку европски земји, по што присуствуваше и на самитот на Г7 во Јапонија. За време на својата турнеја, тој се обиде да обезбеди поголема политичка и воена поддршка за одбраната на својата земја од Русија. Но, Зеленски по турнејата се врати во Украина. Тој, како што може да се види на официјалната веб-страница на претседателот на Украина, веднаш ги посетил војниците во регионот на Донецк, а дополнителен ...

Двајца работници на фарма во Англија беа позитивни на птичјиот грип, но ниту еден здравствен претставник не посочил дека тоа претставува почеток на нова пандемија. Велика Британија не потврдила дека тоа е почеток на нова пандемија, ниту пак Бил Гејтс рекол дека следната пандемија ќе ги таргетира децата. Тврдењата изнесени во објавата се произволни и не се поткрепени со никакви релевантни докази Рецензираме пост на Фејсбук кој тврди дека е ...

Во Австралија не се забранети јавните протести, како што тврди постот, туку доуредени се начините за тоа како тие може да се спроведуваат, за да не се предизвикува уништување на јавните добра, да не се блокираат итните функции на општествениот живот (итна помош, болници, застој во сообраќајот) и казните се однесуваат само за екстремни случаи на попречување на јавниот живот Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се ...

Не е вистина дека Греам изјавил „И Русите умираат. Најдобрите пари што некогаш сме ги потрошиле“, а видеото кое што го тврди тоа е погрешно едитирано. Подолга верзија на разговорот, која беше објавена од украинската влада, а потоа и од Ројтерс, меѓу другото, покажува дека двете забелешки – врамени како дел од истиот коментар – всушност не се поврзани. Самиот Греам потврди дека неговите коментари биле погрешно претставени во видеото, ...

Денот на победата над фашизмот 9 Mај беше повод рускиот претседател Владимир Путин да го искаже главниот дезинформациски наратив во мај, покрај серијата други, а тоа е, дека Русија е жртва во војната со Украина, зашто таа само се брани. Додуша, на рака на Путин овој месец му одеа и битките со дронови и двата напада врз Москва, едниот на 3 мај над Кремљ, а другиот на 30 мај во елитна градска населба во главниот град на Русија. И за двата ...

Во исечокот од видеото кој погрешно е интерпретиран во постот, Подољак зборува за хипотетичка ситуација во која ЕУ би престанала да ѝ помага на Украина и објаснува што би се случувало во Европа, доколку престане помошта во оружје. Но, тој не кажува дека Украина би вршела терористички напади во Европа, туку вели дека во Украина би имало геноцид, дека целосната безбедност во ЕУ би била нарушена, не би можело да се воспостави контрола врз ...

Постот шири дезинформации дека македонски војници ќе бидат испратени да се борат руските вооружени слики во Приднестровје. За тврдењето дека нашите војници наместо во Романија ќе заминат за Молдавија, која не е членка на НАТО, не е понуден никаков доказ. Од Министерството за одбрана за Вистиномер одговорија дека станува збор за редовна ротација на припадници на Армијата во рамките на мултинационалните сили на НАТО и во ниту еден случај не ...

Бахмут е украински град и тој не може да биде ослободен од Русите, како што се тврди во постот. Русија го нападна Бахмут и целосно го уништи. Тоа што Русија тврди дека овој град е нејзин, е спротивно на реалноста. Според Киев, дел од Бахмут сè уште е под контрола на Украина Пост на Фејсбук споделува видео на кое се прикажани војници кои веат руско знаме и под него пишува: И последната куќа во Бахмут ослободена од страна на русите… Ваквото ...

Не постои радиоактивен облак кој се движи кон Западна Европа и не е точно дека во Полска е забележано зголемување на радијацијата. Во Хмелницики нивото на радијација е во дозволените граници и тоа е измерено од локалните власти и објавено. Ваквата дезинформација е веќе разоткриена од странски проверувачи на факти Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Радиоактивен облак се движи кон Западна Европа, предупреди ...

Само за три месеци, внатрешниот долг – односно доспеани, а неплатени обврски на државни институции, министерства, училишта, судови, клиники, јавни претпријатија – е зголемен за 22,7 милиони евра. Во првиот квартал од оваа година, државните долгови достигнаа 441 милион евра, пишува Порталб.мк. Здравството, државните јавни претпријатија, училиштата, се со „надградени“ долгови. Во првиот квартал од годинава, во споредба со состојбата на крајот ...

Станува збор за хеликоптери кои се користат за да се стопира понатамошното ширење на шумски пожар, односно за контролирано палење, при што се прави обрач околу огнот за да се спречи да има материјал што понатаму би се разгорувал Пост на социјалната мрежа Фејсбук споделува видео за кое се тврди дека прикажува како намерно се пали шума со дрон. Во реалноста, тоа е техника позната во целиот свет и служи, спротивно од она што се тврди во постот, ...

Оваа вест, која ја пренесоа повеќе македонски портали, без притоа да ја проверат нејзината веродостојност, експресно беше демантирана од српската Управа за извршување санкции Пост на социјалната мрежа Фејсбук споделува вест во која се тврди дека таткото на малолетниот масовен убиец од Белград кој уби 10 лица во училиштето „Владислав Рибникар“, пробал да се самоубие во притвор. ТАТКОТО НА КОСТА ПОСЕГНАЛ ПО СОПСТВЕНИОТ ЖИВОТ: Познатиот доктор ...

Објавена е лажна содржина во која се рекламира наградна игра во која главните награди се мали домови кои при изградба имале мали дефекти, а за да се добијат се бара споделување и лајкнување на страната Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделуваат неколку фотографии од мала монтажна куќа од Фејсбук страница со наслов Tiny house-fans, и во кој се вели: Бесплатно за сите! ОВОЈ МАЈ – Имаме два прекрасни дома кои не ...

Не е првпат на социјалните мрежи да се шират наративи дека Украина е нацистичка и фашистичка, дека таму се глорифицира нацизмот (неонацизмот), како и дека Зеленски е нацист. Ова се прави сè со цел да се оправда руската агресија врз оваа суверена земја којашто трае повеќе од една година Рецензираме пост на Фејсбук во кој се прави споредба меѓу нацистичкиот лидер на Германија, Адолф Хитлер и претседателот на Украина, Володомир Зеленски, при ...

За националните малцинства постојат одредени квоти на факултетите во земјава, со цел да се обезбедат еднакви можности за образование на националните заедници, кои се малцинство. Во конкурсите кои ги распишува Министерството за образование и наука, еден од условите за идните бруцоши, заедно со останатата документација е доставувањето и на изјава за припадноста на националната заедница која е малцинска група Пост на Фејсбук тврди дека ...

Секое градење цврст став и комуникација на тој став со јавноста само врз основа на една од бројните ранг листи во светот, е осудена на ризик за спинување уште во старт. Оттука, нема сомневање дека, иако ВМРО-ДПМНЕ се повикува на точен податок од една ранг листа, ставот дека нивните политички противници на власт СДСМ и ДУИ го допреле дното во образовните политики е едноставно спин, бидејќи основата на тврдењето е ранг листата на CWUR за првиот ...

Во пост на Фејсбук лажно се тврди дека на одреден веб сајт ги имало сите обвиненија за злосторство против човештвото, дека ковид пандемијата и заклучувањата биле дел од план за депопулација на црното племство и слични теории на заговор. Воедно, се постира видео со кое јавноста треба да биде уверена дека не станува збор за Џо Бајден, туку за негов двојник затоа што, наводно, носел маска… Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук ...

Сите заинтересирани млади лица на возраст до 29 години имаат можност до 22 мај да се пријават за учество во Програмата за медиумска обука „Дезинформации и проверка на факти“, која што ќе се одржи од 24 до 26 мај во Штип. Обуката што ќе се одржи на англиски јазик е отворена за младите од Источниот и Североисточниот регион на земјава, и тоа не само за младите новинари, туку и за сите студенти и млади лица кои имаат интерес да стекнат знаења во ...

Ниту еден факт што е понуден во текстот не е вистинит. притоа се прават манипулации со половични информации или со целосни дезинформации околу дарување органи, трансплантација на органи или како се третирани украинските деца во Русија Пост на Фејсбук тврди дека исчезнатите деца од Украина Западот ги користел за донирање на органи, додека пак оние кои биле однесени во Русија биле згрижени. 60 илјади деца само од Украина се водат како ...

Постот шири дезинформации дека се докажало оти болеста предизвикана од коронавирусот била иста како и секој друг грип. Никој не докажал такво нешто, нема никакви официјални податоци коишто го потврдуваат ова, ниту, пак, има какви било релевантни истражувања коишто ги изедначуваат овие две болести. Грипот и ковид-19 се две заразни респираторни заболувања, но тие се предизвикани од различни вируси, предизвикуваат различни компликации, имаат ...

Науката не располага со докази дека вакцинирањето кај децата е поврзано со развојот на мозокот или со когнитивните функции. А постот што го рецензираме токму тоа го тврди, што е класична лага поврзана со антиваксерските кругови во земјава и во светот Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Одбивајте вакцини за вашите бебиња. Мозокот сопира со развој. Имате глупави деца. Q. Министерството за здравство пред ...

Ова знаме не содржи „симбол на педофилите“. Во објаснувата кои ги најдовме на Интернет за значењето на боите на ова знаме, се наведува дека тоа става акцент врз инклузијата и напредокот, и ја претставува заедницата која себе се дефинира како чадор на различни групи Рецензираме пост на Фејсбук кој со користење на говор на омраза против ЛГБТ заедницата, шири лаги за истата. Коментирајќи видео на кое се гледаат деца како носат знаме во боите на ...

Два наратива се градат во моментов околу измените на законските решенија поврзани со договорот со Бехтел и Енка за изградба на автопатите од Коридорите 8 и 10-д. Првиот е дека е нужно усвојувањето на предложените законски измени за да се изграделе пократко за две години, т.е побрзо и поевтино за 150 милиони евра и тој го форсираат СДСМ и ДУИ. Вториот е дека договорот е криминален, со вградена корупција и незаконски, додека со европското ...

Делува сомнително и тоа што лажната наградна игра е споделена од Фејсбук страница која има само два поста и двата се за наводна наградна игра за Тефал тави. Исто така, не постои ниедна официјална информација или соопштение дека Тефал ги раскинале договорите со сите продавници во ЕУ. Да се случело такво нешто, досега сигурно ќе беше некаде објавено Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува лажна промоција за ...

Видеоматеријалот што се споделува во постот не е од С. Македонија, туку потекнува од Романија. Иако во постот изрично не се тврди дека снимениот материјал е од Македонија, сепак, не е споделена информацијата дека настанот се случил на час во Романија, со што се пропушта контекстот. Медиумите во Романија известуваат дека станува збор за наставничка по англиски јазик која предава во училиште во округот Прахова, а учениците на видеото се од 7 и ...

Онесвестувањата коишто се прикажани во видеата споделени во овој пост не се поврзани со 5Г или со ковид вакцините, туку со замор или точно утврдени медицински состојби од кои за жал, страдаат и новинарите и презентерите, како и луѓе од секаков профил на професии. Само една личност од сите коишто се презентирани во трите видеа е почината и тоа не станува збор за медиумско лице, туку за момче од Индија кое добило срцев удар додека седело на ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
3.09
55%
1021
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
70%
1018
weather icon

Софија

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
41%
1024
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.92
52%
1025
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
0.51
97%
1018
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
1.79
57%
1026
weather icon

Тирана

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
43%
1023
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
65%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.58
56%
1026
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
85%
1023
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
50%
1029
Currency

61.617

Currency

56.285

Currency

73.663

Currency

37.308

Currency

39.288

Currency

67.086

Currency

8.4467

Currency

0.68587

Currency

0.35335

Currency

0.52349

Currency

1.1118

Currency

0.60709

Бакар

10.72

Кобалт

33.53

Иридиум

326330.08

Алуминиум

2.75

Цинк

3.66

Паладиум

26781.57

Платина

40284.89

Рутениум

59478.88

Сребро

1297.01

Родиум

286141.64

Калај

40.99

Злато

113469.63