
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Ветување: Решавање на проблемот со водоснабдување во с. Кучково [Извор: Изборна програма на Александар Стојкоски (стр.9); Датум: октомври 2021] ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за локалните избори (октомври 2021г.), на кои како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја бараше довербата за градоначалничката функција во оваа општина, вети решавање на проблемот со водоснабдување во Кучково. Ова ветување на Стојкоски, наведено ...
Вистиномер го пронајде оригиналниот напис кој се споделува во постот што го рецензираме и во него нема никакви докази дека германската влада признала оти алармантен број на вакцинирани развиваат СИДА. Но, дури и кога ковид вакцините, хипотетички гледано би станале минус 100 проценти ефективни и ефикасни, тоа не значи дека вакцинираните луѓе ќе добијат СИДА или дека нема да може да се борат против ковид-19. Имунолошкиот систем прави многу повеќе ...
Иако постојат варијaции на темата каде е поголемо руското влијание при последната ескалација на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, сосема е извесно дека повеќе сериозни извори се согласни дека тоа постои. Несомнено се присутни и голем број информации и дезинформации околу ова прашање и тие се во функција на таа ескалација, со веројатно крајна цел да се држи прашањето отворено и да се ослабнат шансите за постигнување решение за спорот ...
На крајот на септември 2021 година, во кампањата за локалните избори, градоначалникот на Кавадарци , Митко Јанчев на предизборен собир во Ваташа барајќи ја довербата за нов мандат, меѓу другото, вети и доизградба спортската сала во ООУ „Димката Ангелов Габерот“: Спортската сала е отпочната, ќе ја завршиме на почетокот на мандатот, во наредните три месеци. Очекуваме во месец јануари да биде пуштена во функција. Ќе добиеме спортска сала во којашто ...
Според проекциите на Обединетите нации популацијата во светот ќе расте, при што до 2030 година светската популација би можела да порасне на 8.6 милијарди. Тврдењето во постот дека постои план до 2030 година да останат живи само 500 милиони луѓе во светот, не е точно и не оди на иста линија со научните проекции. Со правот од штурец, пак, што ќе биде инкорпориран во производите на една компанија од Виетнам, дури и кога некој би сакал да убива, не ...
Бројот на пензионери во земјава ќе расте, во 2025 година ќе надмине 353.000 лица – корисници на пензија. Ќе се зголемува и сумата за редовна исплата на пензии, пишува Порталб.мк. Стратешкиот план на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ) за 2023-2025 година изнесе нови, коригирани проценки за движењето на бројот на пензионери и за средствата потребни за пензии во однос на проекциите во претходниот документ. За годинава ...
Премиерот Димитар Ковачевски деновиве на социјалните мрежи во пропагандно видео во чиј опис стои дека „во последните пет години се изградени 1.300 километри нови патишта“, меѓу другото се пофали и дека е изграден автопатот Кичево – Охрид долг 57 километри. Фактички од автопатот што изминативе девет години го градеа три влади, една предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и две предводени од СДСМ – Зоран Заев и Димотар Ковачевски, досега се ...
Најголемиот удар врз стабилноста на пазарот на електрична енергија дојде по војната која Русија ја започна во Украина, рече премиерот Димитар Ковачевски на панел дискусијата „Социјално-праведна енергетска трансформација на Европа” во рамки на вториот Социо-еколошки форум (СЕФ). Според него, поради тоа дојде до недостаток на енергенси во Европа, особено на природен гас од кој зависи и цената на струјата и снабдувањето со електрична енергија. Од ...
Првата панел дискусија во рамките на конференцијата е-Општество.мк беше на тема „Опсерваторија за Дигитална агенда – Каде е моментално Западен Балкан?“. Дигиталната агенда на ЕУ за Западен Балкан беше усвоена од сите шест земји од Западен Балкан во 2018 година во Софија, а на оваа сесија се дискутираше за статусот и напредокот на спроведувањето на Дигиталната агенда во земјите од Западен Балкан. Инаку, токму проектот „Зголемување на граѓанското ...
Мора да имаме образовани и едуцирани граѓани со знаења и вештини за да се соочиме со предизвиците на кибер безбедноста, додека државата мора да биде ефикасна и да гарантира соодветно законодавство. Ова, меѓу другото, беше кажано на панелот „Кибер безбедност и човековите права во Западен Балкан“ во рамки на 18 меѓународна конференција „е-Општество.мк“ организирана од Фондацијата „Метаморфозис“ во Скопје На панел дискусијата модерирана од страна ...
Агресијата мора да престане. Убивањата и опустошувањата на цивилното население се неприфатливи, оцени министерот за надворешни работи Бујар Османи на првата прес-конференција на македонското едногодишно претседавање со ОБСЕ Под слоганот „За луѓето се работи“, Македонија денеска и официјално, на првата прес-конференција ги презентираше приоритетите за едногодишното претседавање со ОБСЕ. Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека ...
Исток или Запад? Таа дилема за претседателот Стево Пендаровски е непотребна. Какви решенија за сиромаштијата и корупцијата може да биде Русија, ако таму просечната плата е пониска од македонската, а корупцијата повисока. Со прашање одговори Пендаровски на тркалезната маса „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија – членка на ЕУ до 2030 година?“. Како што рече, за него е неспорно каде припаѓаме и каде треба и формално да ...
Комбинатот „Југохром“ се затвори во ноември 2016 година поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците, кој истече на 31 октомври 2016 година.Тогаш со централната власт не раководеше СДСМ, туку пржинската влада на чело со техничкиот премиер Емил Димитриев од ВМРО ДПМНЕ, партија од која доаѓа градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиновски. СДСМ ја презеде власта дури на 31 мај 2017 година, по шестмесечната бурна ...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјавата вели дека „МВР бара притвор бидејќи се исполнети условите за такво барање“, а во врска со подметнатиот пожар пред влезната врата на културниот центар „Ванчо Михајлов“. Министерството не е институција која може да бара притвор за одредено осомничено лице. МВР единствено може да поднесе кривична пријава до обвинителството и тука завршува неговата надлежност. Понатаму, случајот го презема ...
Во земјава неретка е појавата и феноменот што го претставуваше весникот „Западот, Истокот и јас“, кој во октомври го објави првиот број, а веќе во ноември последниот. За време на важни и клучни политички, геостратешки случувања, а и за време на пандемии, се јавуваат медиуми и движења кои се формираат со една единствена цел, во еден краток период се можеби актуелни, а потоа или ги снемува или, пак, стануваат нерелевантни. Во случајов, станува ...
И покрај растечкото влијание во регионот, Кина најверојатно нема да ја замени ЕУ, политички или економски, ниту пак, НАТО како воено-безбедносен партнер на Балканот. Пекинг ја игра долгата игра и нема да влезе во отворена конфронтација за регионот, но затоа ќе продолжи да ги користи финансиските и економските лостови за да го зголемува своето влијание. Во анализата на Европскиот парламент за влијанието на Кина на шесте земји од Западен Балкан ...
Самата Фејсбук страница од каде што се споделува постот e новокреирана и нема други содржини освен наградна игра. Компанијата Киппер на својата официјална Фејсбук страница предупредува дека истата е лажна, така што постот го оценуваме како невистинит и измамнички Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува лажна наградна игра во која злоупотребен е брендот на Киппер Маркети. Содржината на постот гласи: Здраво на ...
Постот што го рецензираме пласира неточни информации. Прво, не е точно дека првата дама на Америка е вакцинирана 18 пати против ковид, и второ, вакцината против ковид нема никаква врска со појавата на рак на кожа кај неа. Вакцините против ковид не предизвикуваат рак и тие се препорачуваат за луѓето со малигни заболувања, како би се заштитиле од тешки компликации при зараза со коронавирус Пост на Фејсбук шири лажни вести во врска со вакцините ...
Грета Тунберг беше приведена на 17 јануари во западна Германија, каде неколку дена по ред имаше протести против проширување на рудник за јаглен. На снимка која беше објавена од нејзиното приведување, се гледа како германската интервентна полиција ја носи 20-годишната Тунберг. Откако ја однесоа, Грета насмеана им позирала на насобраните фоторепортери додека еден полицаец ја држи за рака. Портпаролот на полицијата во Ахен за Билд изјавил дека ...
Во услови на висока исполитизираност на општеството и на сè уште премногу дебати за нецелосна поделеност на трите власти, како и во услови на многу ниска доверба на јавноста во судството (од само 4 отсто) за кое постои перцепција за силно влијание од политички, но и од бизнис елити, сосема е разбирлива реакцијата и на јавните функционери и на граѓаните дека правдата повторно ќе остане неостварена или нецелосна. Според тоа, суштината на реакциите ...
Виктор Димовски кој секако сноси одреден степен на одговорност за скандалот со Онишченко, можеби и нема да замине за амбасадор во Париз. Но, секако, тоа нема да биде поради она за што спинува Милошоски, дека НАТО не му верувал, а во Москва би бил подобредојден Пишува: Теофил Блажевски Антонио Милошоски во интервју даде оценки за последиците по земјава по скандалот со државјанството на Олександар Онишченко, при што во оценките за последиците, ...
Постот шири паушални информации за хеликоптерската несреќа во Бровари, во близина на Киев. Сè уште нема официјални податоци зошто хеликоптерот се сруши. Украинскиот претседател Володимир Зеленски информира дека е започната истрага за причините кои довеле до несреќата и штом ќе бидат добиени првични официјални информации, истите ќе бидат споделени со јавноста. Значи, сè уште е рано да се каже што било во врска со несреќата, бидејќи истрагата е во ...
Глобалната академија за агрикултура и безбедност во храната, која е злоупотребена во постот, се одржала во 2018 година, кога немаше ни ковид, ни вакцини. Не е точно дека Бил Гејтс во својот настап кажал дека ќе се вакцинираат животните со мРНК. Тој вели дека ќе им се помага на животните да преживеат или со вакцинација или со подобрување на генетиката. Не кажува дека подобра генетика би била постигната преку вакцинација, ниту дека вакцините се ...
Рускиот претседател Владимир Путин, говорејќи на два одвоени настана во Санкт Петерсбург, ја обнови главната дезинформација што ја шири Москва како оправдување за нејзината агресија врз Украина што започна на 24.02.2022 година: за војната се виновни Украинците затоа што од превратот во 2014 година трае геноцидот врз руското население во Донбас, па на Русија не ѝ остана ништо друго освен да ја започне „специјалната воена операција“ за да обезбеди ...
Во објавата се тврди дека за неколку дена резервите на руската Централна банка пораснале за 4,5 милијарди долари и дека таа во јануари имала девизни резерви во висина од 582 милијарди долари. Она што е прескокнато да се каже во оваа објава е дека повеќе од половина од овие средства Русија не може да ги користи. Околу 300 милијарди евра од резервите на руската централна банка се блокирани во ЕУ и другите партнери од Г7 со санкциите коишто ѝ беа ...
Апликацијата за патент споменува технологија која дозволува активноста на луѓето да биде мониторирана во замена за криптовалути, но не се работи за имплантирање чипови. Овој патент уште не е одобрен. Во патентот воопшто не се споменува дека секој треба да има чип на десната рака или на челото, како што невистинито се тврди во постот. Патентот не се однесува на никакви вградени чипови во телото, туку се работи за сензор вграден во уреди. Не е ...
Ценовниот притисок ќе продолжи и годинава. Економските аналитичари во однос на владините проценки прогнозираат повисока инфлација. Продолжената неизвесност поради војната во Украина и годинава ќе резултира со високи ценовни нивоа на примарните производи и на енергенсите, пишува Порталб Цени на нафта, метали, суровини Странската инфлација во раст, повисок ценовен притисок се очекува кај сите позначајни трговски партнери на земајва, особено во ...
Владата на Швајцарија има одобрено да бидат назначени до 5 илјади трупи во Давос за време на конференцијата на СЕФ. Но, ова не значи дека сите пет илјади од нив ќе бидат испратени, ниту, пак, ќе учествуваат во спроведувањето на законот, кој што останува под надлежност на полицијата. Дополнително, нема докази дека елитата нема да има контакти со обичните луѓе на состанокот во Давос, а уште помалку, пак, улогата на армиските трупи е „да се погрижи ...
Породилното отсуство за мајката не се крати туку тоа останува исто, со тоа што се дели на 5 месеци мајчинско и 4 месеци родителско отсуство. Таткото, исто така, добива право на 4 месеци родителско отсуство. Доколку таткото одлучи родителското отсуство да го користи откако ќе заврши родителското отсуство на мајката, тоа би значело дека детето ќе биде под родителска грижа 13 месеци На социјалните мрежи деновиве се појави информација дека ...
Според повеќе различни извори на информации, рускиот ракетен напад врз Дњипро на 14-ти јануари, каде што при експлозија во станбена зграда загинаа најмалку 41 цивил, а 79 беа ранети, бил извршен со стара анти-бродска ракета од советско време Кх–22, која од почетокот на агресијата на Русија врз Украина се користи од Руската армија како ракета воздух-земја. Ваквиот напад Кремљ се обиде да го објасни како удар на ракета од украинската ...