
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Константин Кисин, руско-британски комичар и политички коментатор кој пишува за голем број светски мејнстрим медиуми, на Твитер даде свое гледиште во однос на говорот на Путин, обидувајќи се да го преведе на јазик за секој да може да ги разбере дури и скриените пораки на рускиот претседател, откако тој ја објави анексијата на четирите украински региони Пишува: Мери Јордановска Рускиот претседател Владимир Путин во петокот (30.09.2022 г.) објави ...
Конкретната изјава на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, на која се повикуваат од партијата не значи дека ДКСК нема да постапува никогаш, туку дека нема основа за постапување врз основа на утврдување на судир на интереси. Освен ова, самата ДКСК со своето сегашно и досегашно непристрасно постапување и за високи сегашни или поранешни функционери од власта, без оглед дали се или не се членови на владејачката партија СДСМ или друга партија ...
Во објавата на Фејсбук манипулативно се тврди дека фотографијата од Украина покажува ‘жена која се враќа од пазарење‘, а со тоа се инсинуира дека ситуацијата каде што е снимена фотографијата не е страшна и опасна по живот. Всушност, станува збор за исечок од видео сторија на британската телевизија BBC, односно новинарско известување од украинскиот град/предградие Ирпин, во близина на Киев, каде што во март се водеа жестоки битки меѓу руските и ...
Незначителното намалување или зголемувањето на вредноста на валутите за еден ден, два дена, или за една недела, не е никакво изненадување, како што невистинито се тврди во објавата на Фејсбук и во медиумскиот напис. Истиот е „јадица“ за привлекување кликови која не е соодветна, односно претстaвува дезинформација Дезинформација е насловот дека има „повторно изненадување во менувачниците во Македонија“ како што сугерира постот на Фејсбук во кој ...
Огромни промени одамна се потребни севкупно во високото образование. Дури и пред времињата кога владите предводени од експремиерот Никола Груевски започнаа со експериментирањето со високото образование, кога се отвораа факултети ширум државата без услови за изведување настава и без потребен број професорски кадар. Затоа, покачувањата на платите, досега и во иднина, малку ќе решат, исто како што нема да се реши ништо ако УКИМ ги „реорганизира ...
На овој пост му недостига контекст. Точно е дека началникот на Генералштабот на АРМ изјавил дека е потребно да се врати задолжителниот воен рок во Македонија, но тоа е негов личен став, а не некаков предлог или план како тоа би изгледало. Идејата за враќање на воениот рок не се разгледува во Министерството за одбрана, а како можна ја отфрли и претседателот Пендаровски Рецензираме пост на Фејсбук кој споделува ударна вест дека во Македонија е ...
Во насловот на текстот споделен во постот се содржи зборот „мобилизација” што асоцира на тоа дека во НАТО се случува она што се случува во Русија по одлуката на претседателот Путин, да се мобилизираат 300 илјади лица за да се борат во Украина. Наспроти тоа во содржинскиот дел на текстот од написот се пренесува дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на средба со директори за национално вооружување на земјите од Алијансата, разговарал ...
Бајден не им кажува на Американците да се подготват за ураган со тоа што ќе се вакцинираат, туку зборува општо, за опасноста ураганите да го ограничат медицинскиот пристап. Во постот што го рецензираме, не се наведува поширокиот контекст за кој зборува Бајден, се премолчуваат клучни податоци за целосно да се разбере неговата порака и се добива впечаток дека вакцинацијата ќе го заштити населението од ураган Рецензираме пост објавен на ...
Ветување: 250 нови еколошки автобуси Заради намалување на загадувањето во главниот град, предвидуваме транзиција кон целосно еколошки јавен транспорт. Нашата цел е поефикасно извршување на јавниот превоз, како и заштита на животната средина. Во соработка со централната власт и меѓународни партнери, се обврзуваме на промена на автобуската флота со еколошки автобуси на природен гас и електрични автобуси. [Извор: Изборна програма на Данела Арсовска ...
Наспроти тврдењето во постот, од Владата нема никаква најава или потврда дека училиштата ќе се затворат во декември. Оттаму се децидни дека наставата мора да се одржува со физичко присуство. Исто така, премиерот не е ниту трајно работно неспособен, ниту ментално растроен, а уште помалку тоа му го утврдиле лекари како доживотна дијагноза. Тој бил оценет дека е неспособен за служење воен рок од здравствени причини, односно поради последователни ...
Видеото споделено во постот е од инцидент кој датира од 2013 година, a луѓето прикажани на него не се никакви италијански патриоти, туку неонацистичка група. Во периодот кога се случил овој инцидент Урсула Фон Дер Лајен воопшто не беше претседателка на Европската Комисија Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се споделува видео. Описот на видеото дезинформира. Во објавата се вели: Пред извесно време, група италијански ...
Наспроти она што го спинува Јакимовски, дека „земјава и со сила ќе беше внесена во НАТО, и без да го смени името“, определбата за евроатлантски интеграции на која било држава е самостојна и независна одлука на секоја од нив. За што впрочем говорат фактите и бројките – 30 држави се членки на НАТО Алијансата, а има и држави од европскиот свет кои не се дел од истата. Досега, историски, не е познат случај некоја држава „со сила да биде внесена во ...
Од ЕВН објаснуваат дека датумите на предната страна на фактурата се датуми на отчитувачката недела на корисникот, односно покажуваат во која група на отчитувачки период припаѓа корисникот. Датумите за реалното фактурирање на потрошувачката се наоѓаат на задната страница на фактурата. Оттаму велат дека реално отчитаните датуми никогаш не се поклопуваат со отчитаните во претходниот месец и нема двојна наплата на потрошувачката на електрична ...
Наспроти невистинитото тврдење во постот, станува збор за моментална депопулизација и еутаназија само на еден вид животни – свињите и тоа поради вирусот на африканска чума којшто се шири низ фармите во Македонија. Од АХВ информираат дека постои разлика како ќе се третираат животните во зависност од тоа каква е фармата и дали се придржува до мерките за заштита односно биосигурносните мерки. Во радиус од три километри од жариштето се врши ...
За последната состојба со пензионирањето на 60-тина судии и 13 јавни обвинители од 01.07.2022, поради исполнување услови за старосна пензија виновна е единствено Владата, односно министерот за правда Никола Тупанчевски, како најнадлежен за обезбедување услови за функционално правосудство. Имено, тој и други одговорни лица навреме биле предупредени за состојбата, а измените на ЗРО како ад-хок решение со кое имаа намера да го бајпасираат проблемот ...
Голема група интелектуалци кои се нарекуваат македонски учители излегоа во јавност со Манифест: Велиме НЕ на понижувачките услови во непристоен предлог. Во Манифестот, покрај сите други причини наведени во содржината, има еден дел околу јазикот, кој засега е спин, затоа што нема фактичка потврда дека такво нешто ќе се случи во текот на евентуалното пристапување на РСМ кон ЕУ – т.е. дека македонскиот јазик ќе биде со додавки или фусноти Пишува: ...
Лекарската комора појаснува дека во пандемија немало лекари за да формира комисија/ии за вонредни стручни надзори, а во исто време признава дека постојат други механизми и модели, како „и правно недоуредени прашања за формирање на комисиите“, кои допрва се бараат, со што, де факто, Комората признава дека во однос на пандемијата многу доцнат во своите реакции. Всушност, тоа е спинот во соопштението, зашто ако се прифати таквото образложение ...
Во целиот овој галиматијас со последици кои веќе се видливи – тешко нарушување на угледот на три многу важни институции за гонење на криминалот и корупцијата, УФП, ОЈО генерално и ОЈО ГОКК, како и Судот, Русковска изговори една многу моќна реченица: „Никогаш нема две вистини. Има само една“. Проблемот е што со толку многу уништена доверба во институциите во изминатите години, но за многу кратко време дополнително „срозана“ и во овој конкретен ...
Наведување само на цените на електричната енергија за компаниите и граѓаните во С. Македонија и споредба со некои земји од регионот е методолошки спин. Спин е, затоа што во секоја земја различно, повеќе фактори ја определуваат цената, а тоа е количеството домашно производство и цената на истото, регулираниот и нерегулираниот пазар, т.е. кои компании се на кој пазар, потрошувачката на севкупниот конзум, потребата за увоз на електрична енергија и ...
Прашањето за вработувањето на Бесмира Ејупи е прашање од висок јавен интерес. И токму затоа, двата спина што ги изрече премиерот Ковачевски, околу шовинизмот и издвојувањето само на Општина Петровец, се недозволиви. Зашто во целата афера станува збор единствено дали се почитуваат законите во државата и дали институциите се водат од главната визија во Стратегијата Едно општество за сите Пишува: Теофил Блажевски Премиерот Димитар Ковачевски даде ...
Доколку со или без референдум С. Македонија се повлече од Договорот за пријателство и соработка со Бугарија, преговарачкиот процес со ЕУ, кој сè уште е само формално започнат, ќе биде блокиран сè до постигнување на нов договор, кој, потоа, логично е да се претпостави, ќе доведе и до потреба за изменета преговарачка рамка со ЕУ. Не треба голема експертиза да се заклучи дека тоа може да значи блокада на земјата на патот кон ЕУ на подолг, можеби, ...
Проблемите кои сега се на површина меѓу градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ очигледно се многу подлабоки, а на самата партија одамна ѝ се познати. Тие требало да се воочат и да се надминат уште пред локалните избори, кога ѝ понудиле, а Арсовска прифатила (или обратно), партијата да не истакнува свој кандидат на локалните избори, туку да ја поддржат нејзе. Во најмала рака, несогласувањата требало да се разрешат кога заедно почнале да ...
Сè додека за тоа што навистина се случувало не се произнесе официјално овластен орган, со добро поткрепени докази кои во транспарентна постапка би биле на увид на јавноста, секое натамошно обвинување во една или друга насока од двете главни партии во земјава, плус од Арсовска, може да се оцени како извртување на вистината. Од ова силно спинување, освен вистината, жртва многу реално може да биде не само пречистителната станица за отпадни води, ...
Јавниот интерес ја воспоставува рамнотежата помеѓу основните човекови права и слободата на изразување/информирање и приватност. Доколку јавниот интерес преовладува над приватниот интерес, податоци и информации може да се обелоденат, без разлика дали тие претставуваат повреда на правата на приватност на одреден поединец или група. Ова, меѓу другото, беше речено на панелот „Етика и анонимизација на податоците“, на вториот ден од Меѓународната ...
Не е точна изјавата на руското Министерство за одбрана дека од почетокот на руската агресија во Украина се убиени дваесет платеници од Северна Македонија, а дека во Украина да се борат вкупно 79 платеници од РСМ. Зоран Апостолоски од Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот за Portalb.mk изјави дека ова е руска пропаганда. Ваква потврдена информација немаат ниту МНР и МВР Како што јавуваат македонските ...
Во голема акција на полицискиот инспекторат во Карачево, Kосово беа уапсени 12 полицајци. Апсењата на полицајците се извршени под сомнение дека тие помагале во работењето на нелегални казина во областа Карачево. Списокот на уапсените полицајци кружеше низ социјалните медиуми. Сервисот за проверка на факти во Косово – Каllxo.com го провери списокот објавен од порталите, како што се „Индексонлајн“, „Сигнал“. „Инсајдер“ на „РТК“ тврди дека е ...
Ветување: Бесплатното пливање за сите првачиња, почнувајќи од септември 2022 година [Извор: Прес-конференција на градоначалникот Тимчо Муцунски; Датум: 20.01.2021 г.] ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, во јануари на презентацијата на општинскиот Буџет за 2022 година, меѓу другото, вети и бесплатното пливање за сите првачиња од основните училишта во Аеродром, почнувајќи од септември оваа година. Ова ветување на ...
Националниот институт за јавно здравје на Косово (НИJЗК) ги искриви фактите, цитирајќи статија поврзана со истражувањето на универзитетот Оксфорд за управување со пандемијата во различни делови на светот, известува Сервисот за проверка на факти во Косово, Kallxo.com. Намерно или не, НИJЗК лажно заклучи дека истражувањето го наведува Косово меѓу земјите со најдобро управување со пандемијата на КОВИД-19. Институтот објави напис на Еуроњуз поврзан ...
Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, пред две недели вети дека за „три-четири дена“ ќе се зголемат капацитетите за тестирање за COVID-19. Земај ја даде оваа изјава на прес-конференција на 14 септември, одговарајќи на прашање на Сервисот за проверка на факти во Косово, Kаllxo.com . Земај тогаш изјави дека се инсталирани два RT PCR уреди за да се вршат тестови, како и уште еден во Грачаница и дека во рок од три-четири дена капацитетите ...
Есенската сезона заедно со загриженоста и прашањата за Ковид-19, е придружена и со страв од нов бран на инфекции како резултат на преклопување со обичниот сезонски грип. Иако има некои мали флуктуации, дневните стапки на инфекции не се намалуваат. Од друга страна, Министерството за здравство на Албанија гарантира дека „сè е под контрола“, повикувајќи се на бројки и компаративни илустрации, за што проверката на Албанскиот сервис за проверка на ...