
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Изнесените тврдења во постот немаат никаква поткрепа и се засновани на рекла-кажала. Ниту Мицкоски, ниту Ковачевски, досега не спомнале дека треба да има референдум за уставни измени кој би се одржал заедно со парламентарните и претседателските избори. Ваков договор меѓу партиите нема Пост на Фејсбук манипулира дека двете најголеми партии (се мисли на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ) се договориле на ист ден со парламентарните и претседателските избори, да ...
Теоријата дека формата на Земјата е рамнина или диск е научно отфрлена. Постојат многу начини да се докаже дека Земјата не е рамна. Една брза опција е да се провери библиотеката со слики на НАСА, која има и видео во живо на Јутјутб за тоа како изгледа Земјата од вселената. Фотографии од тркалезната форма на Земјата имаат направено и Русија , јапонската вселенска агенција и Кина Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека Земјата е рамна и ...
За само една година, значајно зголемување на каматите на новоодобрените кредити за фирмите – просечната камата надмина 5 отсто. Зголемени се и каматите за минусните салда на трансакциските сметки, пишува Порталб.мк. Расте бројот на банкари кои го следат сигналот од Народната банка за раст на каматите – тој број го достигна нивото од кризната 2008 година Каматите на кредитите за фирмите надминаа 5 отсто Февруарски, дел од банките испорачаа ...
Оваа објава што се споделува на Фејсбук е неточна. НАСА нема никаква врска со хебрејскиот јазик, туку е само скратеница од целосното име на оваа институција во САД, а преводот на зборот на хебрејски не значи „измама“. НАСА (National Aeronautics and Space Administration), е независна агенција на федералната влада на САД одговорна за цивилната вселенска програма, аеронаутичко истражување и вселенско истражување Преку објава на социјалната мрежа ...
Најновиот говор на рускиот претседател Владимир Путин беше искористен да се пласира еден стар руски наратив околу Украина – Русија само се бранеше. Овој наратив беше обновен и засилен со два-три поднаративи, а беа споменати и „нацизмот“ и „русофобијата“. Овој дезинфо наратив за Западот како главен виновник е и варијација на темата „Украина е главен виновник“, што Путин ја употреби во јануари говорејќи во Санкт Петербург Говорот на рускиот ...
Постот дезинформира дека НАТО ја турка Украина да се бори до последниот Украинец. Ова е потценувачки наратив за илјадниците војници во Украина, како и за патриотските и одбранбени дејства коишто тие ги спроведуваат бранејќи се од руската агресија. Не е точно ниту дека снемало мажи, па Зеленски „испраќа жени да бидат убивани на фронтот“. Жените одат доброволно во служба и нивниот број по воената инвазија од Русија врз Украина е зголемен ...
Пред неколку дена во Брисел беше објавен Првиот извештај за манипулација со странски информации и закани од мешање од страна на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАS), во кој за периодот октомври-декември 2022 г. биле идентификувани 100 такви инциденти, при што најголемиот дел доаѓале од Русија, а потоа помал дел и од Кина. Во него се групирани и петте главни наративи кои се користеле околу агресијата врз Украина на крајот од минатата ...
Постот тенденциозно дезинформира дека ЕУ и САД вршат геноцид врз сирискиот народ. Геноцидот е меѓународно злосторство на намерно потполно или делумно уништување на националните, етничките, расните и религиските групи и спаѓа во најтешката група злосторства против човештвото. По катастрофалниот земјотрес од 6 февруари и ЕУ и САД помагаат и доставуваат хуманитарна помош и во Турција и во Сирија Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа ...
Постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Неточно се тврди дека земјотресот е произведен геолошки напад, дека повлекувањето на дипломатите било поради земјотресот и дека Турција решила да излезе од НАТО. Што се однесува на невистинитите за ковид вакцините и пандемијата кои ги споменува сенаторката Дијана Ловановици, истите Вистиномер ги има дебанкирано повеќепати Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се ...
Украина и Русија не се „заведени од Западот да војуваат за нивна пропаст”, како што се тврди во постот, туку Украина, како суверена држава, признаена и членка на ОН е жртва на агресија од својот сосед Русија која официјално анектира нејзина територија. Украина војува да се ослободи, односно ја брани својата независност, а Русија војува за да приграби што повеќе украински територии. Ако Русија престане да војува и ги повлече своите војници, ...
Постот што го рецензираме е манипулативен и му недостасува контекст. Тоа што на ист ИБАН број – меѓународен број на банкарска сметка, се собираат донации за настраданите во Турција и помош на Украина, не значи дека се прави манипулација со парите. На иста меѓународна банкарска сметка сметка може да се донираат пари за настраданите во Турција и Сирија, со тоа што во „цел на дознака“ треба да се напише дека донацијата е за земјотресот во Турција и ...
Ова е уште едно од серијата невистинити тврдења чија цел е неосновано да инсинуираат дека човечкиот фактор и политичкиот Запад, „го предизвикале земјотресот“. Огромната провалија снимена со дрон не прикажува никакво уништување со оружје за земјотреси, туку испукани делови во раседот близу епицентарот на неодамнешните земјотреси во Турција и Сирија. Турција се наоѓа на жариште за земјотреси. Поголемиот дел од земјата се наоѓа на анадолската ...
Светлината што се појавила на небото пред земјотресот во Турција не е никаква мистерија. Станува збор за редок природен феномен, претходно забележуван во различни делови од светот. Според научниците овој феномен се случува кај 0.5 проценти од земјотресите пред или за време на нивното случување Рецензираме пост на Фејсбук кој пласираа теорија на заговор за некакви мистериозна светлина која се појавила непосредно пред разорниот земјотрес кој ја ...
„Техномаркет“, преку нивната официјална страница ги информираше корисниците дека информацијата за наводната продажба на телефони за 125 денари е лажна. Оттаму известија дека „се појави лажна Фејсбук страница која го злоупотребува името на нашата компанија и шири лажни информации за продажба на телефони“ Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук (во меѓувреме постот е избришан) во кој се вели: Teхномаркет е казнет за шверц на ...
Во постот лажно се тврди дека тие што се вакцинирани, всушност „повеќе не се луѓе туку хибриди“. Поопширната верзија на оваа теорија на заговор е дека „нанотехнологијата се шири низ телото менувајќи ја ДНК на луѓето и предизвикувајќи хаос во целосниот систем“. Но, вакцините против ковид-19 не ја менуваат човековата ДНК. Според научната јавност, гнетската модификација вклучува намерно внесување на туѓа ДНК во јадрото на човековата клетка, а ...
Постот шири невистини дека Модерна имала произведено 100 илјади вакцини против ковид-19 пред пандемијата воопшто да започне. Директорот на Модерна не кажал такво нешто на конференцијата во Давос, кога тој зборува за 100 илјади вакцини во 2019 година, тоа се однесува на вакцини за други вируси, а не за коронавирусот кој во тој момент не беше ни откриен Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: МОДЕРНА НА ТАПЕТ ...
Во постот се злоупотребува името и логото на Амазон, една од најголемите светски компании за е-трговија со седиште во САД. На официјалната страница на Амазон.ком најевтиниот модел на правосмукалката Duson V11 која се нуди во објавата на Фејсбук, е 149 долари и не постои правосмукалка за 120 денари. Страницата што ја објавува наводната продажбата е создадена на 20 август 2022, но на 05 февруари годинава го променила името. За страницата нема ...
Вистиномер го пронајде оригиналното видео објавено на 23 ноември 2022 година во турските медиуми. Станува збор за друг земјотрес, со јачина од 5.9 степени според Рихтер во близина на селото Чамлибел. Светлината што го придружува земјотресот е редок природен феномен, претходно забележуван во различни делови од светот. Според научниците овој феномен се случува кај 0.5 проценти од земјотресите пред или за време на нивното случување Рецензираме ...
Дел од општините на годишно ниво ги зголемиле, а дел ги намалиле долговите. Во некои општини, долговите на јавните претпријатија се поголеми од општинските долгови, пишува Порталб.мк Еве кои општини колку должат: Општина Тетово, според висината на доспеаните а неплатени обврски, заклучно со декември лани е најзадолжена локална самоуправа со износ од 13,6 милиони евра. Во однос на 2021 година, податоците покажуваат раст на доспеаните обврски за ...
Нема никакви докази за тврдењата оти Украина испраќа деца на воениот фронт да се борат против Русите. Ваквите тврдења се произволни и неосновани. Законот за воена служба на Украина забранува регрутација на лица под 18 години. Членот 15 од Законот за воена служба на Украина вели дека единствените лица на кои ова се однесува се „Украинските граѓани чиј пол е машки, кои се здрави, наполниле 18 години до денот на започнување на службата и лица кои ...
Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Картичката со којашто може да се ограничи трошењето пари врз основа на импактот врз животната средина – „произведениот“ јаглерод диоксид при нејзината употреба, не е задолжителна, туку опционална, односно по избор на граѓаните. Тоа од постот, особено од видеоматеријалот под број 2, не може да се разбере, па се добива лажен впечаток дека постои некаква намера да се ограничуваат луѓето во ...
Се пропушта контекстот кога се тврди дека Русија го прогласила доларот за невалидно платежно средство.Во Русија има недостаток на долари во кеш, поради што го има ограничено лимитот на долари коишто може да се вадат од банките. Инаку, во Русија и пред воената инвазија платежната валута што можеше да биде користена во платниот промет беше рубљата, односно во менувачници може да се заменат доларите за рубљи и потоа да се купува Рецензираме пост ...
Кремљ со засилена брзина го проширува кругот на „нацистите“. Прво започна од украинските власти, а сега продолжи да го етикетира целото население и секој што ја поддржува Украина. И додека Украина продолжува да ги ослободува окупираните територии, реториката на руската страна во контекст на нацизмот се зацврстува и станува сè поекстремна Автор: Мери Јордановска Дефинирачка карактеристика, како што најчесто се тврди во странските медиуми и кај ...
ХААРП е проект со седиште во опсерваторија во Алјаска, кој ги проучува својствата и однесувањето на јоносферата користејќи радиопредаватели и не може да предизвика природни катастрофи. Нема докази дека разорниот земјотрес што се случи во понеделникот во Турција и Сирија е предизвикан од нешто друго освен од природни, геолошки причини. Не е првпат ХААРП да биде обвинет за вакви несреќи од теоретичарите на заговор. Изминативе години се тврдеше ...
Фотографија од филмот „Тврдина на војната“, во која може да се види мало девојче во близина на нејзината убиена мајка, е споделено во неколку објави на Фејсбук и Твитер, и истата се поврзува со бомбардирањето на НАТО во поранешна Југославија. Во објавите лажно се пишува дека фотографијата е направена за време на бомбардирањата на НАТО Мисијата на Русија во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во обид да го илустрира ...
Објавата на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во која вели дека во последните пет години во земјата се изградени 1.300 километри нови патишта, во нашата македонска реалност прозвучува чудно, па дури и смешно. Излегува дека годишно се граделе по 260 километри, или секоја недела по 5 километри?! Вистиномер побара од Владата попрецизна информација кои патишта се изградени во споменатиот период од пет години, а на листата што оттаму ни ја ...
„Не во ЕУ по секоја цена“ поради „тектонски геополитички промени“ и поради „губење на интегритет и суверенитетот на земјата“ со сите договори досега. Така вели членката на Президиумот на Левица Јована Мојсоска. Ако во исто време не се кажува јасно алтернативата, која, нели, „секогаш ја има“, Левица ја извртува вистината дека е само анти НАТО, а не и анти ЕУ партија. Зашто, лажна е тезата дека „таа алтернатива“ не носи никакви опасности по мирот ...
Едно место напредок, на 72 место од 167 земји, но сепак на дното од списокот земји со „нецелосна демократија“. Вака е рангирана Северна Македонија во најновиот „Индекс на демократијата“ за 2022 година, што секоја година го објавува британската компанија за деловни истражувања, The Economist Intelligence Unit (EIU) Пишува: Весна Коловска И натаму главен проблем е партиската култура,како област со најниска оценка од само 3.13, додека Владата и ...
Според МВР, на 31 јануари воопшто немало затворање на граничниот премин Деве Баир, ниту пак, заплена на три камиони со оружје. Од МВР за Вистиномер изјавија дека станува збор за целосно лажна вест Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: 31.01.2023. Во моментов на Деве Баир запленети се три камиони со оружје, преминот е затворен. Дезинформацијата од постот што го рецензираме беше објавена и на профилот на Миленко ...
Не е вистина дека Планирано родителство е главен партнер на ХЕРА. Од ХЕРА за Вистиномер велат дека тие не се членка, ниту партнер на Планирано родителство. Исто така, во постот надвор од контекст и сосема неосновано се доведуваат во корелација абортусите во САД со пилот програма за сеопфатно сексуално образование во С. Македонија. Овие две работи се неспоиви. Во програмата во С. Македонија опфатени се низа содржини кои не се поврзани само со ...