
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Во постот што го рецензираме невистинито се тврди дека лицата може да го менуваат полот во Шкотска ако сакаат на секои три месеци. Ова не е точно, при аплицирањето за промена на полот се дава и заклетва дека лицето има намера да остане во стекнатиот пол до крајот на својот живот. Дополнително, после самата апликација, се чека 3 месеци (според предлог законот), односно се дава период на апликантот да размисли односно да направи рефлексија за ...
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски искажа став за ветување на актуелната власт за промена на суштината на македонската држава преку јазикот, историјата и идентитетот, кои не се поткрепени со ниту еден релевантен аргумент или факт Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, гостувајќи на емисија на ТВ Алфа изрази став околу неприсуството на претставници на власта во С. Македонија за време на отворањето на Клубот Вапцаров ...
Во овој пост се пропушта контекстот кога се тврди дека луѓето биле измамени од системот и дека Австралија тајно го прогласила ковид-19 за непостоечки. Кога ќе се пристапи до веб-страницата на здравствените власти на Австралија, се гледа дека ковид-19 не е прогласен за „умрено“, туку променети се некои правила во врска со тоа како треба да се однесуваат лицата кои ќе се заразат со ковид-19. Наспроти изнесеното во постот, ковид-19 постои и сè уште ...
Постот невистинито тври дека директорот на Модерна признал дека ковид-19 е како сезонскиот грип. Тој не кажува ниту дека само на ранливите им е потребна вакцина, туку кажува дека и младите може да се вакцинираат против ковид-19 како превенција (прави споредба со превенцијата од разболување која со години ја нуди вакцината против инфлуенца т.е грип). Но, изразува и свое лично мислење дека бројот на оние што секоја година ќе примаат бустер ќе биде ...
Објавата се повикува на текст којшто информира дека во земјава лани биле пријавени 25 илјади случаи на мозочен удар. Но, никаде во написот не се споменува вакцинацијата против ковид-19 како причинител на мозочните удари, тоа е сосема произволна, неаргументирана и непоткрепена констатација на авторот на постот Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека во Македонија има епидемија на мозочни удари после ковид ...
Текстот што се споделува во овој пост на Фејсбук е манипулативен и ја дезинформира јавноста за ситуацијата во Иран и војната во Украина, со цел Америка да се прикаже како некое лошо дете кое ги тепа и казнува сите. Написот е хаотичен и не нуди никакви факти и докази за искажаните тврдењата, туку само нафрла чаршиски муабети Пост на Фејсбук споделува ударен наслов, обвинувајќи ги САД за некаков државен удар и „нови жртви“, иако изнесеното во ...
Во објави на Фејсбук се злоупотребуваат брендовите „Амазон“ и „Самсунг“ и се мамат корисниците на Фејсбук да оставаат свои лични податоци кои подоцна може да бидат злоупотребени. Доколку се посети официјалната страница на Амазон и се пребарува „Samsung“ телевизор од истиот модел како на ФБ објавите, ќе се добие понуда со цена од 124,46 американски долари. Телевизор за 120 денари не постои. Од официјалното претставништво на компанијата „Самсунг“ ...
За изнесените тврдења во објавата, дека имало притисок од НАТО офицери на САД врз министерката за одбрана, Славјанка Петровска поради тоа што наводно не можела да обезбеди илјада војници од АРМ да се вклучат во Бугарија и Романија, не се посочува ниту еден извор, ниту, нечија изјава, ниту, пак, поблиску се лоцира од каде потекнува оваа (дез)информација. Министерката Петровска во изјава за Вистиномер ги отфрли ваквите тврдења Рецензираме пост ...
Најголемите партии во државата како да не водат сметка во својата секојдневна меѓупартиска пресметка околу штетата што се прави со обвинувањата лиферувани од партиските штабови. Еден таков пример беше изминатиот викенд и понеделничкиот (31.10.2022) кога препукувањето беше насочено кон прашања поврзани директно со односите меѓу Скопје и Софија. Корисник требаше да биде општата јавност, а колатерална штета е толку посакуваното единство околу ...
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, со пресуда од 1993 година за кривично дело со кое била нанесена тешка телесна повреда не може да бара основа за разрешување на актуелниот в.д. директор на Ј.П. Водовод и канализација – Скопје, затоа што таа наводна пресуда и да постоела, одамна е избришана од казнената евиденција. Можеби има други синдикално оправдани причини да се бара оставка или разрешување на еден в.д. директор, но таква пресуда сигурно ...
Сите светски медиуми и агенции под назнаката итно или „breaking news“ ја пренесоа веста за оружениот напад во градот Ижевск во руската Република Удмуртија, во училиштето 88, при што меѓу десетината загинати има и повеќе деца. Но, информациите од ваков тип оружени напади, во контекстот на руската агресија на Украина, на референдумот што се одвива во окупираните региони Доњецк, Луганск и Херсон, и на севкупната состојба меѓу Русија и Западот, ...
Општините најмногу се „потпираат“ на парите што им ги дава Владата по основ на дотации-трансфери, а најголем дел од општинските буџети ги трошат за плати, придонеси и надоместоци. Драматично високите сметки за струја ги „поматија“ општинските сметки – во најава е дека училиштата се пред енергетски колапс, ако се платат сметките за струја, ќе нема пари за плати, пишува Порталб Од кои извори се собраат пари и за што се трошат Општина Арачиново ...
Дел од општините за половина година потрошиле позначајна сума на пари за комунални сметки. На приходната страна, пак, процентот на наплата на данокот на имот варира, ретки се општините кои за шест месеци собрале половина од планираниот износ за целата година, пишува „Порталб“ во својата анализа во којашто се прикажани податоците за општинските каси на Липково, Тетово , Сарај, Чаир, Струга, Студеничани Општина Липково во првата половина од ...
Помалку пари за договорни услуги, за реконструкција на основни и средни училишта, за универзитети, за животна средина, повеќе пари за комунални сметки, за набавка на опрема и машини и за мерки за помош. Некои министерства ќе останат без дел од буџетските средства наменети за капитални вложувања, во други пак се крати за една намена, се додава за друга. Но главно – кратењата се кај ставките за капитални расходи. Порталб.мк објавува детали за тоа ...
Лекот ЕБЦ-46 во 2014 година се покажал како ефикасен кај животни во лекување само на тумори кои не метастазираат. Во 2022 година научниците од универзитетот Стенфорд објавиле дека лекот, откако се покажал успешен во лекување на некои тумори кај кучиња, почнал да се тестира кај луѓето. Значи, не е точно дека овој лек веќе е пробан кај луѓето и дека е ефикасен, како што се тврди во постот. Лекот сè уште е во фаза на испитување. Така што, постот ...
Точно е дека ширум светот се шират дезинформации дека вакцината е забранета во повеќе држави, во склоп на антивакциналната кампања која е дебанкирана. Њујорк Тајмс редовно објавува податоци за досега администрираните дози ширум светот, по држави и евидентно е дека вакцината против ковид-19 се дава насекаде Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Луѓе не дозволувајте да ве убиваат! Боцките за ковид се забранети ...
Рецензираме напис кој преку сензационализам има тенденција да привлекува кликови и да ја дезинформира јавноста. Содржината тврди дека е објавено видео на кое се гледа воз во Русија кој носи нуклеарно оружје и предупредува дека Западот треба да се плаши од овој потег. Содржината за која станува збор е типичен пример за непрофесионален новинарски прилог кој има за цел да предизвика погрешни впечатоци во јавноста, пишува Portalb.mk. „Сигналот од ...
Во постот што се шири на Фејсбук не е посочен линк до насловот што се споделува, а во кој се вели: „Ковачевски: Ќе се смени законот за брак, секој ќе може да има по две жени без проблем“. Вистиномер го пронајде написот во којшто најдолу со големи црвени букви е обележано дека се работи за сатира. Од самиот опис на постот, се добива впечаток како авторот да не сфатил дека станува збор за сатира, па ја презентирал оваа содржина како да се работи ...
Повеќето држави членки на НАТО се меѓу земјите со најдобри економии и најсилни армии во светот. Овој факт е сосема спротивен на тврдењето во објавата дека партнерството со НАТО значи дека немаш силна армија. Рангирањето на 20-те најсилни војски во светот кое се прави според активен персонал, буџет, и вид на оружје, вели дека од нив осум се членки на НАТО – Канада, Германија, Полска, Турција, Обединетото Кралство, Италија, Франција и САД. Во ...
Лидерот на политичката партија Единствена Македoнија, Јанко Бачев, на својот Фејсбук профил сподели изјава која наводно ја кажал поранешниот претседател на Куба, Фидел Кастро. Но, иако Кастро никогаш не изјавил вакво нешто како што тврди Бачев, оваа објава е многу вирална со 180 споделувања и над 1.000 реакции. Кажано пред 30 години прецизно и точно. Фидел Кастро во 1992 година: „Следната војна во Европа ќе биде меѓу Русија и фашизмот, само што ...
САД и западните сојузници во многу наврати покажале дека одлуките за иднината на Украина се во рацете на Украина и нејзините институции. Уште повеќе, многупати е повторена изреката „ништо за и околу Украина без Украина“ и тоа дури и од претседателот Џо Бајден. Ваквото однесување на САД покажува дека Украина не е „топовско месо“ Фејсбук постот на страната Кратко и јасно е објавен со цитат, со потпис од Глобал тајмс и со карикатура што ја ...
Документот кој се спомнува во објавата – Документот за човечко братство – е заедничка изјава потпишана од папата на Католичката црква и големиот имам на Ал-Азхар на 4 февруари 2019 година. Изјавата е симболичен гест наменет да ја промовира соработката и меѓусебното почитување меѓу главните светски религии, римокатолицизмот и исламот, и на ниту еден начин не сугерира спојување на двете религии. Оваа теоријата на заговор за потпишување декларација ...
5Г технологијата не влијае негативино врз имунолошкиот систем на луѓето и не предизвикува рак, бидејќи оваа мрежа користи радиофреквентна (RF) електромагнетна енергија која е форма на нејонизирачко зрачење слично на FM радио брановите и топлината. Нејонизирачкото зрачење не ја оштетува ДНК, за разлика од јонизирачкото зрачење кое предизвикува рак, како што е УВ светлината. Светската здравствена организација, на својата веб-страница вели дека ...
Дали Мицкоски треба да појде кај Ковачевски или обратно, за да се презентира КОНЦЕПТ за набавка на поевтин гас и електрична енергија за претстојната зимска сезона, при што ќе се заштеделе околу 300 милиони евра? Оваа тема вака поставена е самата по себе спин, покрај сите други потспинови што ги нуди. Спинуваат и Мицкоски и Ковачевски. Најблизок неспинерски став засега е изнесен од министерот за економија, Крешник Бектеши Пишува: Теофил ...
Мицкоски не кажува, на пример, дали и колку тогашната влада морала да ја субвенционира разликата меѓу продажната цена кон индустријата, односно загубите на ЕЛЕМ со призната цена од 2,5 денари по киловат час за производство за регулираниот пазар, не кажува колкав дел од индустријата, па и подружницата на АД ЕЛЕМ за тргување набавувале електрична енергија во странство или продавале од домашното производство, не кажува колкави биле цените на ...
Целото тврдење на СДСМ за Мицкоски и Томе Блажески, основачот на клубот од Охрид „Цар Борис Трети“ е еден спин базиран врз претпоставки и недокажани факти. СДСМ поаѓа од фотографија на која се гледа како во некој црковен објект на заедничко место лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски и основачот на клубот во Охрид Цар Борис Трети, Томе Блажески, палат свеќи. Но, оваа фотографија не докажува ништо друго, освен дека двајцата биле на исто место ...
ВЕТУВАЊЕ: Доделување простор за изградба на дневен центар за децата со церебрална парализа. [Извор: Охриднет – „На Охрид му е потребен Дневен центар за деца со церебрална парализа“; Датум: октомври 2021] ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Ветувањето на охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков за доделување простор за изградба на дневен центар за згрижување на децата со церебрална парализа, е исполнето. Општината деновиве (15.03.2022) додели простор во поранешната ...
Тврдењето на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека Генералниот секретаријат на Владата имал дискреционо право да троши 700 милиони евра годинава, искажано во смисла дека Владата не сакала да се откаже од своите намери да троши и во услови на криза, е невистина. Генералниот секретаријат како стручна служба на Владата нема свој буџет, туку се потпира на буџетот на Владата, а тој е далеку помал од она што го тврди Николоски Потпретседателот на ...
По проверка на законската регулатива може да се констатира дека постапките на Владата и вчерашните одлуки на Економско-енергетскиот совет се целосно законски покриени Премиерот Димитар Ковачевски по седницата на Економско-енергетскиот совет при Владата, соопшти синоќа дека се донесени две клучни одлуки за претстојната сезона есен-пролет 2022/2023 г., при што, посебен акцент во одговорите на новинарските прашања беше ставен на управувањето со ...
Следната буџетска година ќе започне со веќе „изместени“ владини проекции кои се зацртани во Фискалната стратегија. Владата најави кратења кај повеќе ставки – трансфери, стоки и услуги, субвенции, пишува Порталб Дали прогнозите за трошење во 2023 година беа „надувани“, па има простор за намалување или поради кризата нема друго решение освен да се стесни ременот за буџетските трошења. Намалување Очекуван ефект За плати и надоместоци 10 отсто 49 ...