
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Владејачката гарнитура е задолжена прашањето на уставните измени да го држи секојдневно и високо на агендата, затоа што обврска на РСМ е тие да се спроведат до крајот на 2023 година, доколку државата сака да отпочне со формалното преговарање по кластери за членство во ЕУ. И не само тоа, туку тие преговори се директно поврзани и со решавање на „главните проблеми на граѓаните“ Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Ѓорѓија Сајкоски даде ...
Инцидентот во автобус на ЈСП, во кој биле нападнати контролори на јавното претпријатие, ниту се случил предмалку, ниту пак, има потврда дека некој бил претепан, како што произволно се тврди во постот. Во полицискиот билтен инцидентот е пријавен на 6 март 2023 година, значи тој не се случил предмалку, туку еден ден претходно. Исто така, според пријавеното, двајцата контролори на ЈСП физички биле нападнати. Никаде не се спомнува претепување, ...
Фотографијата со момчето е стара девет години и потекнува од меѓународниот фестивал на тетоважи кој по 10 пат се одржал во Киев во 2014 година. Како што се вели во самата објава за фестивалот, на него присуствувале многу љубители на тетоважите не само од различни делови на Украина, туку и од други земји во светот. Оттука, не може со сигурност да се каже од каде е момчето кое има тетоважи со нацистички симболи, а уште помалку може да се тврди ...
Наспроти изнесеното во видеото што се споделува во постот, нема никакви тајни апсења на „длабоката држава“, како што приврзаниците на Кју анон теоријата на заговор ја нарекуваат „елитата која од сенка владее со светот“. Исто така, ковид-19 не е измама, туку пандемија од светски размери којашто беше победена поради вакцинацијата, како и мутирањето на самиот вирус во послаби варијанти. Не е точно нити тврдењето дека во Украина има „чистење на ...
Само една недела по иритацијата врз голем дел од јавноста со играњето фудбал и баскет во канцеларијата на Артан Груби во која учествуваа уште пет колеги министри од ДУИ наречени „дрим тим“, вицепремиерот Груби повторно објави фотографија на својот официјален профил како игра фудбал со Александар Сорос, син на Џорџ Сорос. Со тоа Груби, де факто се мајтапи со барем дел од јавноста која изрази силни критики на таквата постапка и изрази недоследност ...
Тврдењето на Стефан Андоновски од ВМРО-ДМНЕ дека СДСМ е помал партнер во Владата, бидејќи тоа го покажувал и фактот дека Артан Груби и Крешник Бектеши воделе „клучни проекти“, е паушално и неаргументирано. Ваквата изјава е само една во низата што тргнаа уште од влезот на Алијанса на Албанците во Владата, со внатрепартиска пи-ар цел, но и со подгревање на меѓуетнички прашања кај граѓаните, зашто според таа логика, со земјата управувала „албанска, ...
Две спротивставени верзии се пласираат за инцидентот во кој американски воен дрон се урна во Црно Море на 14 март. Американската, која тврди дека уривањето на дронот е последица на неодговорно и небезбедно маневрирање на руските воени авиони кои намерно го оштетиле и пропелерот на дронот и руската, која се заснова на тврдењето дека дронот паднал поради „опасно маневрирање“ и дека не бил соборен од руските авиони. Наспроти ова британски експерт ...
Не постојат никакви докази дека Џорџ Сорос некогаш изјавил дека „сите држави во НАТО се окупирани“. Напротив, има многу докази дека во повеќе наврати го изјавувал спротивното , односно зборувал за значењето на НАТО. Не е точно ниту наведеното во постот, дека НАТО е приватна војска на семејството Ротшилд. НАТО е основан во 1949 година како сојуз на држави од Европа и Северна Америка, формиран на принципот на колективна одбрана, што значи ако еден ...
Во неколку интернет медиуми и повеќе написи на социјалната мрежа Фејсбук се појавија информации, во кои се тврди дека градоначалниците на општините Штип и Бутел побарале покачување на платите. При тоа, се споделуваат и скенирани донесени одлуки од Советите на општините, со кои се ставаат во сила измените кои се однесуваат на платата на градоначалникот. „Политанката Иван Јорданов, изгледа малку му е рачето во медот па бара од 61 000 на 91 000 ...
Опасните содржини кои промовираат политички ислам, верски екстремизам, вклучително и „света војна“ (џихад) за создавање на исламска држава и непочитување на уставот на земјата, и натаму се присутни на стотици веб-страници на албански јазик KALLXO.com, во своето истражување спроведено за Центарот против дезинформации на Западен Балкан, предводен од Фондацијата Метаморфозис, откри дека во текот на 2022 година, стотици материјали кои го ...
Со текот на годините разни државни институции се рекламираа со народни пари во медиуми кои произведуваа лажни вести или беа рецидивисти прекршители на Етичкиот кодекс на пишаните медиуми. Многу медиуми кои некогаш профитираа илјадници евра од договори со јавните претпријатија денес не се активни и престанаа да постојат како бизниси, пренесува косовскиот портал Kallxo.com во истражување направено за Центарот против дезинформации на Западен ...
Оваа објава се повикува на напис од порталот DainikBidyaloy кој е од Бангладеш, во кој, пак, како извор на (дез)информацијата дека Путин наредил уништување на сите ковид вакцини во Русија, се цитира Real Raw News, кој е сатиричен сајт. Нема никакви докази дека Путин наредил такво нешто, ниту, пак, има официјална владина изјава за ова прашање. Напротив, Руското Министерство за здравство на 4 март објави дека ги надополнило резервите на Спутник V ...
Русија не е во војна со НАТО, во војната во Украина нема војници од земјите-членки на НАТО. Она што НАТО го прави е испраќање воена помош на Украина со цел таа да се заштити од експанзионистичката политика на Русија. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг тоа досега многупати го нагласил. Алијансата не е терористичка организација, туку е одбранбена алијанса чија цел е да ги штити своите земји членки. Проширувањето на НАТО не е насочено ...
Најдобар доказ за тоа дека новата еврообврзница е поскапа од претходната во делот на каматите и дека вкупно државата ќе отплаќа повеќе е изјавата што ја даде еден од инвеститорите во повторената аукција: „Благодарам што сега ми плаќате подобро!“ Министерството за финансии тврди во јавноста дека со новата еврообврзница не се плаќаат повисоки каматни стапки, нешто што после проверката се утврдува како во најмала рака недоследно Министерство за ...
Убиството на војникот во украинска униформа, што го обиколи целиот свет преку социјалните мрежи и масовните медиуми само благодарејќи на тоа што не се гледаат егзекуторите, Амбасадата на Русија во РСМ се обидува да ја претстави како исфабрикувана егзекуција на руски војник, но не наведува никакви детали. За разлика од тоа Украина веќе му оддава слава на Тимофеј Шадура Руската амбасада во Скопје, веројатно постапувајќи по налог од Москва, на ...
Преку оваа програма, најдобрите учесници ќе имаат можност за практиканство во медиумите на Метаморфозис, Мета, Порталб или Вистиномер, а двајца ќе имаат можност да поминат еднонеделна студиска посета во САД. Предавач на обуката, која ќе се одржи во Струга од 22 до 24 март 2023 година, меѓу останатите, ќе биде еминентниот новинар Џон Гринберг, дописник на PolitiFact Остануваат уште осум дена до крајниот рок (03.03.2023 година) за апликација за ...
Преку оваа програма, најдобрите учесници ќе имаат можност за практиканство во медиумите на Метаморфозис, Мета, Порталб или Вистиномер, а двајца ќе имаат можност да поминат еднонеделна студиска посета во САД. Предавач на обуката, која ќе се одржи во Струга од 22 до 24 март 2023 година, меѓу останатите, ќе биде еминентниот новинар Џон Гринберг, дописник на PolitiFact Остануваат уште четири дена до крајниот рок (03.03.2023 година) за апликација ...
Во обид да ги одбрани големите пекари, кои одбија да продаваат леб по 33 денари, цена утврдена од Владата, потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска аргументираше дека во градовите како Штип лебот се продава за 30 денари, бидејќи нема големи маркети. Потрошувачите во Штип, според неа, се снабдуваат од маалски продавници, бидејќи во градот нема големи маркети, како Веро, Тинекс, Кипер, КАМ. Но, ова е невистина. Во Штип не само ...
Русија сака да се наметне и да се претстави како главен светски бранител на традиционалното и религиското, а тоа можеше да се забележи и во неодамнешниот говор на Путин, кој уште еднаш нагласи дека ова е „војна за заштита на нашите деца од деградација и дегенерација“. Наративот за „загрозените вредности“ обично се користи за да ги оспори западните ставови за правата на жените, етничките и верските малцинства и ЛГБТКИ+ групите. Про-Кремљ ...
Постот што го рецензираме е клеветнички и невистинит. Во него погрешно се контекстуелизира немањето плата во здравствениот сектор во тековниот период, со ковид кризата. Двете работи воопшто не се поврзани, платите за медицинарите доцнеа поради сајбер напад врз Фондот за здравство. Исто така, постот неточно и тенденциозно тврди дека за време на ковид пандемијата лекарите убиваа со ковид протоколи. Вистината е дека лекарите третираа и лекуваа ...
Постот шири невистини дека училиштата во кои учат Албанци нема дојави за бомби. На 15 декември 2022 година, на пример, дојави за поставени бомби имаше во кумановските основни училишта „Бајрам Шабани“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“ „Јероним Де Рада“ каде наставата се изведува и на македонски и на албански наставен јазик. Истиот ден лажни дојави за бомби добија гимназијата „Зеф Љуш Марку“ во Скопје и гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово, каде ...
Три години по почетокот на пандемијата сè уште е нејасно дали коронавирусот што ја предизвикува болеста ковид-19 се проширил по природен пат од животно, или истекол од лабораторија. Секој нов извештај за потеклото на вирусот веднаш предизвикува враќање на дезинформации и теориите на заговор поврзани со коронавирусот. Од американското Министерство за енергетика протече информација дека последниот извештај, со „мала сигурност“ смета оти вирусот ...
Не е вистина изнесеното во постот, дека германските власти имале неуспешна акција за поставување на руски тенк пред амбасадата во Германија. Германски активисти, односно кустоси на музеј, биле организатори на поставувањето на тенкот, кои протестирале против руската инвазија во Украина. Што се однесува до положувањето на цвеќињата на тенкот наредниот ден, на протестот присуствувале и лица кои ја поддржуваат помошта што Украина ја добива од Европа ...
Резултатите од истражувањата на јавното мислење, колку и да се со стапици, сепак остануваат еден од најрелевантните аргументи кога се искажуваат ставови за мислењата или ориентираноста на граѓаните. Од неколку анкети може да се констатира дека постојат проруски чувства во РСМ , тие не се за занемарување, но исто така, факт е дека мнозинството од граѓаните сепак се прозападно и про ЕУ ориентирани, со силна нагласка на Германија и САД како на ...
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во својата предизборна кампања, меѓу другото, го даде и следното ветување: Обуката и полагањето за возачка дозвола претставува сериозно оптоварување на буџетот на секое семејство. За младите да положат за возачка дозвола се вклучуваат и дедовци и баби и од тие причини Општина Карпош ќе донесе одлука да даде поддршка да ги покрие трошоците за обука и за полагање на сите млади луѓе кои ќе ...
Груби може да се запраша зошто дури ни „мајсторот“ за пи-ар, каков што беше премиерот Никола Груевски, никогаш не си дозволил да прави реклама од своето работење во канцеларија. И тој се жалеше дека работи 24/7 – 365 дена, дека повеќе од 12 часа минува со своите премиерски обврски, но кога сакаше да прави пи-ар или се „рекреираше“ со велосипед покрај кеј, каде што камерите „случајно го уловиле на дело“, или, пак, шутираше и даваше голови во мал ...
На интернет просторот циркулираат серија анти-НАТО наративи поврзани со воената агресија на Русија врз Украина, а кои имаат за цел да креираат оправдување за оваа агресија така што ја обвинуваат Алијансата за воени акции. Овде спротивствуваме аргументи на пет од таквите наративи кои ја извртуваат вистината во однос на одговорноста за руската агресија врз Украина и улогата на НАТО алијансата во Европа и пошироко во светот Пишува: Мирослава ...
Преку манипулативна комуникација со јавноста во која има ред вистина, ред полувистина и невистина главната партија на опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ, спинува за феноменот на хибридните закани со кои се соочува државата веќе пет месеци – заканите со поставени бомби Пишува: Теофил Блажевски ВМРО-ДПМНЕ искомуницира со јавноста преку соопштение во кое се детектираат спинови: 5 месеци Ковачевски и Спасовски не се способни да ја гарантираат безбедноста на ...
Во постот што го рецензираме надвор од контекст е извлечена само една реченица од која погрешно се интерпретира она што украинскиот претседател Володимир Зеленски го кажа на прес-конференцијата на годишнината од воената инвазија на Русија врз Украина. Од целиот одговор на Зеленски на прашањето на новинарот на Еј Би Си Њуз, што би им порачал на Американците коишто сметаат дека Америка дава премногу голема помош за Украина, јасно се гледа дека тој ...
Страницата од којашто е споделена лажната наградната игра не е официјалната страница на Нептун, има назив: „Производи за домаќинство“ и ги нема основните обележја кои би сугерирале дека станува збор за веб-страница поврзана со Нептун. За разликите од оваа страница на официјалната страница на Нептун се наведени адресите, веб-страницата на компанијата, вистински промоции и перформанси на техниката што се продава во нивните салони, има контакт ...