Денешниот празник православните христијани го одбележуваат во слава на сите ангелски чинови. Наречен е Собор на Свети Архангел Михаил, затоа што Архангел Михаил бил водач на целата ангелска војска и водач на сите небесни сили. Собор на Свети Архангел Михаил е меѓу поголемите есенски празници. Меѓу народот е попознат како Аранѓел или Аранѓеловден. Именден денес празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаела, Михо, Рајко, Рајна, Ратка. ...

Трудот на македонска пејачка и музичарка Андријана Јаневска на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ за нас Македонците е од непроценливо значење, бидејќи, меѓу другото се намалува просторот за фалсификување на нашата, македонска народна песна, оценува Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана. Според него, во овој труд, се опфатени неколку многу важни теми за Македонците во ...

Македонците во Пустец, Мала Преспа, Албанија, достојно како и секоја година, го одбележаа патронот на црквата „Свети Архангел Михаил“, што го чествуваат како нивен заштитник. Утрена со света божествена литургија, отслужи отец Алексо Темелко, по што во трпезаријата на црквата имаше богата трпеза за сите верници, а потоа и музичка програма со македонски песни и ора. Ја продолжуваме традицијата на одбележување на овој голем празник, посветен на ...

Македонија продолжува да го чествува делото на својот класик. Јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов деновиве ќе се одбележи со уште еден голем настан, во организација на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“. Под наслов „Ацо Шопов – Невообичаено“, настанот ќе се одржи во четврток 23 ноември, со почеток во 19 часот, во просториите на Кинотеката во Скопје. Предвидена е богата и разновидна програма, со промоција на три книги и проекција на ...

Во тензична ситуација, во која не изостанаа ниту физички напади, димни бомби и со бројно присуство на припадниците на Националната гарда, денешната пленарна седница на албанскиот Парламент, на која на дневен ред беше Нацрт-буџетот за идната година, наместо маратонска расправа, заврши за пет минути. Опозициските пратеници приврзаници на Сали Бериша, како што и најавија, најпрво со столчиња ја блокираа говорницата, по што продолжија со веќе ...

Денес, 20 ноември 2023 година во Институт за фолклор “Марко Цепенков” на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, беше успешно одбранета докторска дисертација на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ од кандидатот м-р Андријана Јаневска. Ваквата вест за нас, Македонците во Албанија е особено значајна бидејќи се намалува просторот за фалсификување на нашата, македонска народна песна. Во овој ...

Македонците од општина Пустец годинава не можат да обезбедат огревно дрво. Порано ги обезбедуваше општината во договор со Националната агенција за заштитени подрачја, но сега тоа истата не го дозволува, јави весникот „Македониум“. Револтот тие го искажале на протест пред општина Пустец, на денот кога се очекувала посетата на директорката на Националната агенција за заштитени подрачја, но таа ја откажала посетата, а жителите биле примени од ...

Стипендии од Браинстер Албанија за сите коишто сакаат да започнат кариера во ИТ-секторот. Со цел да ги поддржи талентираните студенти од Албанија да добијат квалитетно образование за вработување во ИТ-индустријата, едукативно-технолошка организација Браинстер Албанија нуди можност за стипендии. Преку овие стипендии, Браинстер Албанија овозможува два вида финансиска поддршка за запишување на Академијата за Front-End програмирање. Првата е ...

Прво пратениците на опозициската Демократска партија ја блокираа говорницата со превртени столчиња, а собраниското обезбедување внимаваше да не дојде до тепачка. Откако претседателката на Парламентот почна со седницата неколку опозициски пратеници запалија навивачки факли. И покрај хаотичната состојба мнозинството продолжи со усвојување на законите предвидени со дневниот ред. Предлозите на опозицијата беа отфрлени. Министерот за внатрешни ...

На 9 ноември 2023 година, здружението „Заедницата на Црногорците во Албанија“ – ЗЦГА, под покровителство на г-ѓа Ружица Рашович и г-дин Никола Судар, одржа тркалезна маса по повод 5-годишнината од основањето. Беа присутни Префектот на округот Тирана, Африм Ќендро, претседателот на Комитетот за национални малцинства, Константина Безијани, претставник на Дирекцијата за соработка со дијаспората и иселениците од Црна Гора, Зоран Ѓукановиќ, ...

Според дефиницијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Иран има доволно ураниум збогатен до 60 проценти чистота или блиску до степенот на оружје, што е доволно за три атомски бомби, според доверливите извештаи на МААЕ објавени денеска. Забележано е и дека Техеран сè уште ја опструира агенцијата кога станува збор за контрола над клучните прашања, објави Ројтерс. Залихите на ураниум во Иран, збогатен до 60 отсто, се зголемија ...

Новоименуваниот амбасадор на Албанија во Косово, Петрит Маљај, изјави дека од 2024 година неговата земја ќе го зголеми своето присуство во Косово преку мировната мисија на НАТО, КФОР, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната средба во средата со командантот на КФОР, Озкан Улутас, Маљај изјавил дека Албанија го смета Косово за свој најголем приоритет. Пријателска средба со командантот на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ… со кого ...

Досега повеќе македонски здруженија и организации од Албанија посочија дека Тирана фактички ѝ дава простор на Софија да го спроведе пописот во Албанија, особено во оние региони каде што живее македонски народ. Познавачите на оваа проблематика велат дека постојат реално допуштени и спроведувани модели на притисоци од страна на бугарските државни институции и приватни фондации, кои се насочени кон Македонците за да се изјаснат како Бугари. ...

Заврши пописот на населението во Албанија каде што живеат Македонци. Имало притисоци и закани, обелодени поранешниот пратеник во Албанското собрание и претседател на единствената македонска партија во Албанија, Васил Стерјовски. Тој побара продолжување на пописот бидејќи во последните три недели од официјалниот старт жителите во македонските краишта не се попишувале бидејќи голем дел од луѓето кои живеат таму својата егзистенција ја ...

Во Штип се одржа изложба насловена “Македонците во Албанија, идентитет, традиција, култура”. Изложбата содржеше документи од архивите на САД, Австралија, Франција, Италија, Аргентина и Албанија за посебноста и идентитетот на Македонците од Албанија. Изложбата беше подготвена од Васил Стерјовски, претседател на единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција. Пригодно обраќање при отворањето на ...

На 16 ноември во Струга ќе се одржи премиерата на првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески – „Јанѕа“, според мотиви од „Дневник по многу години“ на Конески, од истакнатиот македонски документарист, Никола Т. Калајџиски. Филмот е подготвен во продукција на „Контраст филм“, а продуцент е Златко Димески. Режисер и сценарист на филмот е Никола Т. Калајџиски. Монтажата е на Аристид Филактов, додека композитор на музиката е Златан ...

По повод 105 години од завршувањето на Првата светска војна и одбележување на Денот на примирјето (11 Ноември) македонската асоцијација „Илинден 1903“ придонесе францускиот град Кантеле во Нормандија оваа година да биде домаќин на изложбата „ 100 години од Македонскиот фронт – секојдневниот живот на линијата на фронтот“ од македонските автори Иљо Трајковски и Мире Младеновски во тесна соработка со Асоцијацијата на наставници по историја на ...

На 13 ноември 1944 година, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада го ослободуваат Скопје од германската фашистичка окупација. По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред Качаничката ...

Австриското Министерство за внатрешни работи соопшти дека за шест месеци ја продолжува контролата долж границата на Австрија со Словенија и Унгарија. Во моментов австриските власти ја контролираат и границата со Чешка и Словачка. На границата со другите соседни земји на Австрија се врши „интензивна контрола во пограничните области“, се вели во соопштението. Во меѓувреме, Словачка, Чешка, Полска, Италија, Словенија и Германија, исто така, ги ...

Партијата на Македонците во Албанија бара да се продолжи Пописот на населението во Албанија во Мала Преспа, односно во деловите каде што живее македонско население. Пописот во Албанија завршува на 15 ноември, а во Мала Преспа заврши пред две недели, вели Васил Стерјовски кој денеска беше на Семакедонската средба во Штип, организирана од Здружението „Мирка Гинова“-Штип. Стерјовски рече дека неколкупати и официјално реагирале до премиерот Еди ...

Брошуратa што работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН во средината на минатиот месец првпат ја отпечати на македонски јазик, сега е достапна и онлајн. За нас тоа е од посебно значење бидејќи сега брошурата е достапна до многу поголем број заинтересирани лица. Содржи информации за 28 малцинства во Европа, меѓу кои се наоѓаат и информации за Македонците во Република Албанија и Република Грција. Ова е првпат официјален документ ...

Кон крајот на реставрацијата на трите икони, „Свети Атанаси“ реализирана во 1855 година, „Свети Хараламби“ реализирана во 1855 година и „Свети Никола“ реализирана во 1859 година. Трите икони се дел од фондот на Националниот историски музеј во Тирана фондот на Дичо Зограф. Специјалисти од Секторот за уметнички дела при Националниот институт за културно наследство ја продолжуваат работата за завршување на интервенциите на овие икони. Повеќето од ...

Министерот за надворешни работи Бујар Османи преку напис на социјалните мрежи вели дека во рамките на Стратешкиот дијалог Македонија – САД, една од областите е отстранувањето на визниот режим од САД за граѓаните на Македонија. Османи вели дека се прават напори за време на патувањето да се отстранат и проверките на нашите граѓани на царината во САД. „Во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, на полето ...

На денешен ден пред 60 години, од печатницата на тогашниот НИП „Нова Македонија“, излезе првиот вечерен дневен весник „Вечер“. На 11 ноември 1963 година група од триесетина ентузијасти храбро зачекорија во предизвикот, создавајќи весник на генерации, хроничар на едно шестдецениско време кое ќе остане трајно запаметено на овие страници. Првиот број на „Вечер“ беше отпечатен на 16 страници – половичен формат од стандардниот формат на „Нова ...

Mакедонија како матична држава на македонскиот народ мора сериозно да ги сфати барањата на македонската дијаспора за поедноставување на процедурата за добивање државјанство. Аналитичарите и познавачите на оваа проблематика предупредуваат дека доколку Македонија како држава не преземе позитивни чекори за ова прашање, може засекогаш да ја изгуби македонската дијаспора, која има капацитет и можности да придонесе за развојот и напредокот на ...

Њујорк Пост Додека нивниот народ пропаѓа во сиромаштија и го третираат како жив штит, лидерите на Хамас живеат милијардерски начин на живот. Само тројцата главни водачи на терористичката група вредат неверојатни 11 милијарди долари и уживаат во луксузниот живот во Катар. Додека нивниот народ пропаѓа во сиромаштија и го третираат како жив штит, лидерите на Хамас живеат милијардерски начин на живот. Само тројцата главни водачи на терористичката ...

По повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов Објавена книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов“ од Иван Антоновски Скапоцен влог во македонската книжевна и културна историја По повод 100 години од раѓањето на македонскиот класик Ацо Шопов, издавачката куќа „Дијалог“ ја објави книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов“ од Иван Антоновски. Ова е прва книга објавена ...

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска во Тирана оствари работна средба со националниот ИПА координатор, директорот на Државната агенција за стратешко програмирање и координација на помош на Република Албанија, Илир Беќај. На состанокот беше истакната важноста од продолжување на добрата соработката меѓу земјите и институциите во процесот на евроинтегрирање. Министерот Пенов истакна дека Република Македонија и Република Албанија ...

Во издание на Центарот за култура и културолошки студии е објавена книгата „Книжевна мапа на Скопје“ од Моника Илкова. Исцртувајќи, односно испишувајќи книжевна мапа на Скопје и движејќи се по неа, во оваа книга, Илкова успева да го истражи феноменот на урбофилијата, чувствувањето на градот во македонската книжевност. Во книгата се истражува поетиката на градот како еден од клучните аспекти во творештвото на одредени автори и покажува како ...

Институтот за статистика (ИНСТАТ) го одби барањето на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), пописот на населението да се продолжи и за подрачјето на Мала Преспа каде што живеат Македонци. „Добивме негативен одговор на барањето, со образложение дека продолжувањето на пописот на населението и домаќинствата важи само за планинските населени места и оние погодени од катастрофалниот ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
7.2
27%
1017
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
4.12
40%
1020
weather icon

Загреб

33ᴼ / 32ᴼ
1.54
38%
1020
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
32%
1017
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
3.8
32%
1017
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 32ᴼ
0.89
37%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
8.05
39%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
6.17
28%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
3.09
26%
1016
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
5.14
38%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
6.17
42%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
10.8
38%
1015
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75