Координаторот на пратеничката група на Демократската партија, Газмент Барди, изјави дека во име на опозицијата доставиле барање до парламентот за покренување постапка за разрешување на шефот на државата, Бајрам Бегај. Барди го обвини Бегај за „сериозни и континуирани кршења на Уставот“, истакнувајќи дека барањето се заснова на обемен материјал што документира седум важни непочитувања на Уставот, кои според опозицијата сериозно го нарушуваат ...

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес се обрати заедно со кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски. Николоски се осврна на проект, кој е дел од поширока програма за изградба и реконструкција на локални патишта, со поддршка од Светска банка, а ја нагласи и идејата за развој на индустриска зона околу обиколницата, со цел да се отворат нови работни места во близина на местото ...

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја претстави својата визија за модерна, иновативна и еколошки одговорна кампања, во која технологијата и одржливоста одат рака под рака. Укажа дека во неговата кампањата се користат NFC дигитални картички, преку кои граѓаните со едноставно допирање на својот телефон може да ја видат целата програма на неговата веб страна www.orce.mk Покрај тоа, неговата програмата е достапна и во ...

Во периодот јануари-септември годинава зголемена фрекфенција е регистрирана на граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо кој е втор премин на овој дел од границата, покрај ГП „Блато“. На овој премин, кој е од регионален карактер, за девет месеци регистриран е вкупен проток на патници од 36.938 што е за 9 отсто повеќе споредно со истиот период минатата година, кога преку преминот минале 33.890 патници. Тоа значи дека ова е ...

Кандидатот за градоначалник на Битола, Тони Коњановски, најави дека во градот е во тек изградбата и реконструкцијата на современ Центар за спорт и рекреација, проект кој ќе го промени спортскиот живот на битолчани. Како што истакна Коњановски, овој проект, познат меѓу граѓаните како поранешната боксерска сала, е поддржан во првиот повик на Владата за капитални инвестиции и веќе се реализира на терен. Новиот објект ќе опфаќа површина од над ...

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја претстави својата визија за модерно, дигитално и еколошки одржливо образование, најавувајќи изградба на две нови средни училишта и целосна енергетска трансформација на сите постојни училишта во главниот град. Според неговата програма, нови современи средни училишта ќе се изградат во Драчево — нов објект за СУГС „Браќа Миладиновци“, и во Ѓорче Петров — нова зграда на „Кочо Рацин“. ...

Локалните избори што ќе се одржат в недела на 19 октомври ќе ги следат 1.341 набљудувач, од кои 700 домашни и 639 меѓународни, како и двајца странски новинари. Државната изборна комисија (ДИК) врши достава недоверливиот изборен материјал до сите општински комисии, а в четврток и петок ќе се доставува и доверливиот изборен материјал. Тоа беше соопштено на денешната 144. седница на ДИК. Доставата на доверливиот изборен материјал, како што ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски, најави дека градот продолжува со засилената динамика на уредување нови зелени површини и создавање современи простори за рекреација и одмор. „Зад мене е новиот уреден парк во Нова Битола, кој претставува уште еден чекор во создавањето на поубав, поурбан и позелен град,“ истакна Коњановски, додавајќи дека на оваа површина, која претходно била целосно запуштена, сега е изграден ...

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја претстави својата визија за главниот град како место што се грижи за сите граѓани, без разлика на возраст, здравствена состојба или социјален статус. „Скопје ни е дом на сите нас – на младите кои сонуваат, на семејствата кои градат иднина, на старите кои нè воспитале и на сите кои заслужуваат достоинствен живот“, истакна Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека главниот град не смее да ...

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, ја претстави својата визија за развој на градот, со акцент на создавање на достоинствен и современ живот за сите граѓани. Еден од клучните проекти што тој го најави е изградбата на новата населба „Градина“, која треба да стане пример за урбан развој и стандарди за долги години напред. Населбата ќе се наоѓа на просторот на поранешните оранжерии, на само 1,5 километар од центарот ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати емотивна порака до пензионерите, истакнувајќи дека тие се темелот на градот и дека нивниот труд и љубов се вградени во секој дел од заедницата. „Нашите пензионери се темелот на Пробиштип. Тие го вложија своето време, труд и љубов за градот што денес го имаме. Сега е ред ние да им возвратиме — со почит, грижа и поддршка, за нивните денови да бидат мирни, достоинствени и ...

Битола синоќа заблеска во зелено-белите бои – боите на гордоста, традицијата и љубовта кон фудбалскиот клуб Пелистер. По повод 80 години постоење на клубот, неколку значајни објекти во градот беа осветлени во чест на симболот на битолскиот спорт и дух. „Нашата Битола блеска во боите на Пелистер – симбол на гордоста, истрајноста и љубовта кон градот. Со овие моменти покажуваме дека Пелистер не е само клуб, туку емоција што ги поврзува ...

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на приемот, што по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, се одржа во Генералниот конзулат во Венеција (Местре). Пред присутните гости, припадници на македонската дијаспора во Италија, порача дека дијаспората мора да биде рамномерен партнер во нашиот најважен потфат – да бидеме стандардна европска држава, во која младите ќе остануваат, со која ...

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го претстави планот за целосна дигитална трансформација на главниот град, преку 17 стратешки проекти што ќе го претворат Скопје во прв целосно дигитализиран, модерен и транспарентен град во државата. „Кога зборуваме за иднината на Скопје, зборуваме за град кој функционира паметно, брзо и чесно – град во кој системот, а не врските, ја движат работата. Таков град се создава со вистинска ...

,,Во Охрид ќе имаме историски најголема победа на 19. октомври, Кирил Пецаков реализираше бројни проекти и е првиот градоначалник на општината што има далеку поголема поддршка за разлика од првиот пат кога бил избран“, истакна вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на средба со охриѓани. ,,Не е лесно во општина како Охрид, после 4 години да се застане со чист образ и да се побара уште четири години мандат, и притоа да ...

По повод јубилејот – 80 години од основањето на ФК Пелистер, денес во Општина Битола беше остварен прием со највисоките претставници на реномираниот романски клуб ФК Динамо Букурешт. На средбата присуствуваа претседателот Андреј Николеску, спортскиот директор Козмин Михалеску, директорот за комуникации Богдан Алеку и претставникот на клубот Костир Шолц. Во пријателска и спортска атмосфера беше извршена размена на специјални дресови по повод ...

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска најави проект за изградба на најголемиот парк во Волково, кој ќе стане нова зелена оаза на градот. „Овде ќе никне излетнички центар од 30.000 квадратни метри, со пешачки и велосипедски патеки, детски и фитнес зони и современо еколошко осветлување. Паркот Волково ќе биде место што живее и дење и ноќе, со светло, живот и свежина“, истакна Проданоски. Тој додаде дека паркот ќе ...

Од утре, албанското Министерство за внатрешни работи ќе спроведе операција за забрана на движењето на електрични тротинети. Веста ја објави министерката Албана Кочиу, која денес ги претстави новите мерки за јавна безбедност поврзани со употребата на електрични скутери и тротинети. Кочиу изјави дека Министерството добило голем број поплаки од граѓани за опасноста што ја претставуваат овие возила, особено за малолетници и постари лица кои се ...

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нов, модерен градски базен кој ќе го врати симболот на летото, радоста и детството во градот. „Пробиштип беше еден од првите градови со свој базен – место каде што растеа генерации, се раѓаа пријателства и се создаваа најубавите спомени под сонцето. Време е повторно да го вратиме тој дух и да отвориме ново поглавје за сите наши сограѓани“, истакна Тоневски. ...

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, кандидатот за градоначалник Дејан Проданоски ја претстави својата визија за развој на градот, истакнувајќи ја важноста на историското наследство и современиот развој. „Денес, стоиме на место каде што предците го започнаа народното востание. Нивната борба беше за слобода, а нашата борба денес е за напредок, развој и достоинствен живот тука, дома“, рече Проданоски. Тој потенцира дека градот долго време бил ...

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави изградба на нов, модерен Луна Парк и целосна реконструкција на Зоолошката градина, како дел од неговата визија за враќање на радоста и современиот дух во главниот град. „Скопје мора повторно да стане град во кој детството има свое место, своја радост и свој дом,“ изјави Ѓорѓиевски, истакнувајќи дека по долгогодишно одолговлекување и празни ветувања, конечно ...

Албанија со гол во последните секунди од првиот дел, водат со 0:1 во Лесковац, Србија. Херој на гостите е напаѓачот Реј Манај, кој го замолкна целиот стадион Токму кога се чинеше дека двете репрезентации ќе заминат на пауза со почетниот резултат, се случи моментот на одлука. По еден прекин, топката дојде доРеј Манај, кој одлично се снајде во шеснаесетникот и ја смести зад грбот на Петровиќ. Голот предизвика делириум на клупата на Албанија и ...

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на сите Македонци им го честита 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, симболот на непокорот, слободољубието и непоколебливата храброст на македонскиот народ. Македонците од Албанија, рамо до рамо со своите сонародници, се приклучија на македонските партизански единици за време на Втората светска војна, давајќи голем придонес во борбата за ослободување на Македонија ...

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес учествуваше на марш организиран од Унијата на жени од Скопје, посветен на подигање на свеста за ракот на дојка. Октомври, месецот на розовата лента, служи како потсетник за важноста на редовните прегледи и превенцијата, кои можат да спасат животи. Ѓорѓиевски истакна дека „розовиот октомври“ е симбол на борбата против најчестиот карцином кај жените и дека оваа борба ја водат ...

Со голема почит кон загинатите борци, народни херои и дејци и на сите што ги дале своите животи во НОБ и Револуцијата, сите кои се втемелија во државноста и она што се нарекува независна и суверена Македонија, давајќи го најдрагото, својот живот, во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Ви го честитаме 11 Октомври – Денот на Востанието на македонскот народ против фашистичкиот окупатор. Да го почитуваме и славиме овој голем ден, стои ...

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во рамки на својата програма го претстави столбот „Скопје – град на слоеви, град на култура“, посветен на обновата и ревитализацијата на културното наследство на главниот град. „Скопје е град со историја, карактер и душа. Град што многупати бил погоден, но секогаш се издигнувал и продолжувал напред. Денес, кога зборуваме за иднината на Скопје, не зборуваме само за улици и ...

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во градежните активности за поставување на новата фекална канализација во местото Бабин Дол, во населбата Припор. Проектот, долг 1.130 метри, е еден од најзначајните инфраструктурни зафати што жителите го очекуваат со децении. „Со реализацијата на овој проект, жителите на Бабин Дол конечно ќе добијат функционален фекален систем, а ќе биде исчистена и дивата ...

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес се обрати од народниот митинг во општина Гевгелија, кој се одржа во рамки на изборната кампања со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“, за локалните избори закажани на 19 октомври годинава. Николоски зборуваше за проектите на кои се работеше изминатиов период во Гевгелија, а се осврна и на обиколницата околу Гевгелија, којашто целосно ќе ја ...

Претседателот Бајрам Бегај, на конференција во Тирана на академици од Албанија и Косово, рече дека демографската криза е факт кој не може да се отфрли. На Конференција посветена на еден од најголемите предизвици на развојот: демографските промени и динамиката на пазарот на трудот, тој меѓу другото посочи дека бројот на учениците е во постојан пад, а поради заминувањето на работоспособното население од Албанија, присутен е недостиг на пазарот ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, заедно со пратеничката Драгана Арсова, денес оствари средба со пензионерите во Пробиштип. Тоневски изрази благодарност за можноста да се сретне со, како што рече, генерацијата што ја градела основата на градот со својот труд, знаење и љубов. „Секогаш е чест и радост да се биде меѓу луѓето кои ја создадоа нашата сегашност. Разговаравме искрено – за минатото и нивниот придонес, ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35