Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, му честиташе на Христијан Мицкоски за функцијата премиер и изборот на владата искажувајќи целосна убеденост дека ќе „биде пример за инспирација“. Во објава на „Фејсбук“, Мета напиша дека верува дека со својата програма оваа влада ќе биде инспиративен пример за привлекување странски инвестиции и зголемување на извозот, во интерес на сите граѓани и економскиот ...
Денес се навршуваат 90 години од раѓањето на големиот македонски писател Петре М. Андреевски. По тој повод Ви испраќаме осврт на универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, којашто важи за најголем познавач на творештвото на Андреевски. За текстот има авторска согласност за негово интегрално или фрагментарно објавување. – И по девет децении од неговото раѓање, мора да се нагласи и да се запомни – магичниот збор ...
Мнозинството на пратеници во Собрание дадоа зелено светло за предлог Владата предводена од Христијан Мицкоски. По вечерашното гласање, тој е нов премиер на Македонија, а за време на свечената заклетва во законодавниот дом, тој го изговори уставното име на државата Македонија. Христијан Мицкоски е 13-ти премиер, а ова е 20-та влада од осамостојувањето на земјата. По изборниот резултат на 8 мај, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ ги избра коалицијата ...
Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата Илир Мета и неговата сопруга Моника Круемади се разведуваат по 26 години брак, што е главна тема во домашните медиуми. Информацијата ја потврди Мета, кој наведе дека веќе доставил барање до Судот во Тирана, но она што посебно се издвојува е дека Мета како адреса на живеење ја напишал онаа на канцелариите на Партијата на слободата на улицата „Сами Фрашери“, каде според ...
Компанија „Тимак“ го комплетираше првото албанско оклопно возило, кое ќе биде претставено на изложбата за одбрана и безбедност Eurosatory во Париз. Во претставувањето на прототипот, дизајниран од албанскиот дизајнер Григор Андони, се наведува дека името на првиот ваков автомобил е „ШОТА“. Арјета Пуца, сопственичка на компанијата вели дека автомобилот бил произведен за многу кратко време, околу три месеци, и оти веќе имало голем интерес од ...
Граѓаните на Албанија со важечки патни исправи може да патуваат во Азербејџан без визи. Амбасадорот на Азербејџан во Тирана, Анар Хусејнов во објава на социјалната мрежа Х информира дека „без виза во Азербејџан може да патуваат и граѓаните на Албанија со регуларни пасоши“. Договорот за укинување на визите за албанските државјани беше потпишан на 1 март годинава за време на посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Баку, кој ја предводеше ...
Најстариот македонски ресторан во континуитет надвор од границите на Македонија е ресторанот „Вардар„ на Петре и Лорета Стојановски од Англија кој денеска слави 45 годишен јубилеј. Ресторанот „Вардар„ е навистина енигма за бизнисмените кои се бават со гастрономија а можеби предизвик за нова научна студија: статистиката нѝ дава податоци дека 60% од рестораните не ја преживуваат првата година, додека пак 80% не успеваат да опстанат подолго од пет ...
По кратко боледување почина примариус д-р Илија Антоновски, еден од основоположниците на современата медицинска биохемија во Македонија. Антоновски беше роден во 1942 година во Прилеп. Високото образование го имаше стекнато на Медицинскиот факултет во Белград, како првенец на генерацијата. Тој беше вториот лекар во Македонија што по ослободувањето има остварено специјализација по медицинска биохемија. По стекнатото искуство ширум просторите на ...
На 19. 06. 2024 година во КИЦ во Скопје беше промовирана книгата „Последните православни семејства во подрачјето Дебарско Поле во Р. Албанија” од Спиро Дуковски. Промотори на овој труд беа проф. д-р Катерина Тодороска и проф. д-р Андријана Јаневска. Според зборовите на проф. д-р Катерина Тодороска овој труд има големо значење, не само за историјата на Македонците во Албанија, туку и за општата македонска историја од повеќе аспекти. Имено, во ...
Со измените во Законот за организација и работа на органите на управата скративме доста институции. Идејата ни е да правиме и втор кратење на директорски места, рече Александар Николоски, пратеник и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе биде и иден вицепремиер и министер за транспорт на вечерашното гостување во емисијата Топ тема што се емитува на телевизија Телма. „Точно е дека го скративме бројот на институции во државава за околу 20 ...
Во Собранието на Македонија денеска (19 јуни) се одржа комеморативна седница со која му беше оддадена почит на првиот собраниски претседател Стојан Андов, кој почина вчера на 89-годишна возраст. На седницата присуствуваа пратеници, поранешни високи функционери, претставници на верските заедници. Седницата започна со едноминутно молчење, а за животот и делото на Андов, зборуваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Андов, како што рече ...
Албанија и Хрватска го одиграа најинтересниот меч во досегашниот дел од ЕВРО 2024, дуел во Хамбург што заврши без победник, 2-2, а двете селекции ќе имаат за што да жалат. Албанците што при предноста од 0-1 имаа две стопроцентни шанси и беа подобар ривал во второто полувреме, а Хрватите што по големиот пресврт и двата гола за три минути не успеаја да стигнат до цел плен примајќи гол во 95. минута. Исто како и во првото коло против Италија, ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го пречека рускиот претседател Владимир Путин во Пјонгјанг со спектакуларна церемонија во средата, одбележувајќи ја првата официјална посета на рускиот лидер на земјата од 2000 година. Двајцата лидери ја започнаа официјалната церемонија на плоштадот Ким Ил Сунг во центарот на Пјонгјанг околу пладне во средата. Воен оркестар ги отсвири националните химни на двете нации, проследено со истрели од пушки за ...
Сојузниот претседател Штајнмаер го прими во палатата Белви Албанскиот претседател Бајрам Бегај. Сојузниот претседател го увери својот колега дека Германија ќе продолжи да ја поддржува Албанија на нејзиниот пат кон ЕУ. За ова се важни дополнителни реформски чекори. Двајцата претседатели разговарале и за актуелната ситуација во Украина. Сојузниот претседател ја истакна важноста на поддршката за Украина и му се заблагодари на претседателот Бегај ...
Малезија се подготвува да стане членка на БРИКС, изјави премиерот Анвар Ибрахим. Групата, првично составена од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, почна да се шири минатата година за да постави нови предизвици за светот во кој сè уште доминира Западот. Досега, БРИКС ги вклучуваше Саудиска Арабија, Иран, Египет, ОАЕ, Аргентина и Етиопија, а уште 40 земји изразија интерес за приклучување кон групата. -Донесовме одлука, наскоро и формално ...
На 15 јуни 2024 година се одржа 15-тата традиционална средба на Македонците од с. Горно Крчишта, Општина Маќеларе во Албанија. Македонска средба секоја година се одржува по повод големиот христиански празник Спасовден кај црквата Свети Спас во Горно Крчишта. Оваа црква датира од 1232 година и од страна на албанската држава е прогласена за споменик на културата. Националниот совет за реставрација на Албанија во април 2020 година најави дека ќе ...
Македонско друштво “Илинден“-Тирана на 31. 01. 2023 година испрати барање бр. 953/2023 при Комитетот за национални малцинства за поставување на повеќејазичната табла во Комитетот за национални малцинства. На 10.02.2023 година од Комитетот за национални малцинства беше испратен одговор на барањето со бр. 38 во кое пишува дека ќе биде земено предвид барањето. Но, помина повеќе од една година, а таблата не беше поставена. Поради тоа, Македонско ...
На 89-годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов. Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година. Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член на македонската делегација во Соборот ...
Македонија во државниот Буџет за 2024 година за потребите на одбраната има предвидено 263 милиони долари, што претставува 2,22 отсто од БДП на земјата, се посочува во најновиот извештај на НАТО за одбранбените трошоци на земјите членки. Согласно дефинициите на НАТО, како трошоци за одбраната се сметаат исплатите направени од страна на националните влади за потребите на своите вооружени сили, на сојузниците или на Алијансата. Во расходите за ...
Немаме ниту 100 минути, а камо ли 100 дена грејс период – засукајте ги ракавите и почнете со работа веднаш им порача мандатарот Христијан Мицкоски на идните министри во владиниот кабинет кој тој ќе го предводи. Само со напорна работа од првиот ден ќе ја оправдаме довербата која и ја дадоа граѓаните на ВМРО-ДПМНЕ дециден е Мицкоски. Според него, идната власт нема да подлегнува на темите кои ги разединуваат и оддалечуваат Македонците, и ...
Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков. На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги нагласи македонскиот интерес и подготвеноста за натамошно севкупно унапредување и развој на односите и соработката со Казахстан во сите домени од заеднички интерес, како на ...
На граничниот премин Требиште – Џепиште областа Голо Брдо, регистрирани се вкупно 483 патнии, од кои на излез 243, додека на влез 240 патници, потврдија од Министертвото за внатрешни работи. Граничниот премин Требиште – Џепиште“ областа Голо Брдо е на 15-тина километри од Дебар, е од локален карактер, па во летниот период работи од 8 до 20 часот и право да го користат имаат само жителите од граничниот регион, што подразбира општина Дебар и ...
Денеска (16.06.2024) во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Палата др. Христо Татарчев во 18:00 часот се одржа седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а во 19:00 часот се одржува седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. По завршување на седниците предвидено е во 20:00 часот пред Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1) изјава за медиуми да даде Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Неговата ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам лично и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на исламската вероисповед им го честита големиот верски празник Курбан Бајрам. На сите што го празнувате овој голем празник, вели тој во честитката, ви посакувам многу здравје, среќа и нека празничните мигови ви поминат во спокој, љубов и радост со најблиските. Курбан Бајрам, се додава, да го поминете во ...
Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Курбан Бајрам. Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат. Помеѓу луѓето постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга ...
Полиција приведе пет лица по нередите предизвикани на денешниот протест пред градското собрание на Тирана, организирани од демократите на Бериша, а поддржани од Партијата на слободата на Илир Мета. Опозицијата по 12-ти пат собра приврзаници пред градското собрание, со барање за оставка на градоначалникот на Тирана Ерион Велиај, а сега и со барање за ослободување на Сали Бериша. Но, споредено со претходните, насилното однесување на учесниците на ...
Европската слободна алијанса ќе продолжи да биде гласот на различноста на Европа во Европскиот парламент. По европските избори, нашите европратеници ќе продолжат да се стремат кон подемократска и поразновидна Европа од нивното место во Европскиот парламент. Од ЕФА, сакаме да им се заблагодариме на сите што ни се придружија за време на оваа кампања, засилувајќи ја нашата порака и правејќи ја да стигне до секој агол на континентот. Избраните ...
Собранието на Македонија во рамките на третата седница без расправа и едногласно ги избра пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ за потпретседатели на Собранието, кои денеска беа утврдени на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Собранието во рамките на третата седница без расправа и едногласно ги избра пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна ...
Репрезентациите на Германија и на Шкотска вечерва, од 21 часот, во Минхен го отвораат Европското првенство во фудбал, натпреварување со голема привлечност. Европскиот шампионат во минатото издание, во 2021 година, имаше вкупна бројка од 5,2 милијарди гледачи во живо, просечна публика во живо за финалето од 328 милиони, просечна публика на натпреварите во живо од над 100 милиони гледачи и било гледано во 229 земји, преку 137 радиодифузери, ...
Германската полиција изврши координирани рации во седум сојузни држави и заплени кокаин вреден милијарди евра. Истражителите наведуваат дека ова е најголемата заплена на кокаин во Германија, пишува Билд. Запленети се десетици тони дрога, а седум лица се уапсени. Рациите беа извршени во Северна Рајна-Вестфалија, Баварија, Берлин, Бранденбург, Хамбург, Хесен и Долна Саксонија. Засега не се познати повеќе детали, ниту пак кој е приведен. Јавното ...