
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека трговскиот договор постигнат меѓу Европската Унија и САД е антируски по природа. „Договорот е очигледно антируски по природа и забранува купување на наша нафта и гас“, напиша Медведев на својот Телеграм канал. Според него, Европа се согласила на трговски договор со американскиот претседател Доналд Трамп и забрана за купување руски енергетски ресурси во ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека е разочаран од рускиот претседател Владимир Путин и дека ќе го скрати рокот од 50 дена што му го даде на Путин за постигнување договор за прекин на огнот во Украина. „Разочаран сум од Путин. Ќе го скратам рокот од 50 дена за постигнување договор за Украина. Ќе му дадам помал број“, рече Трамп пред средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Шкотска, објави ...
Десетина дена нè делат од распишувањето на општинските избори, а Владата, министрите и градоначалниците кои уште еднаш ќе ја бараат довербата од граѓаните, веќе одамна се влезени во предизборна кампања. Локалните избори се од клучно значење за иднината на владиното партнерство, а исходот за тоа ќе се чека од изборниот резултат на коалицијата „Вреди“. Собранискиот спикер Африм Гаши најави дека изборите ќе ги распише на 8 август, а како датум кога ...
Денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Охрид, Регионалниот центар за гранични работи Запад и Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. При тоа ги посети на терен и полициските службеници од СВР Охрид кои патролираат со велосипеди низ градот, како и српските полициски службеници кои и оваа година учествуваат во заеднички патроли во текот на туристичката ...
Странските медиуми објавуваат дека трансферот на Луис Дијаз е договорен. Колумбиецот треба да го напушти „Енфилд“ ова лето и да ја продолжи кариерата во Германија. Баерн Минхен наводно постигнал договор со Ливерпул за трансферот. Според германските медиуми, двете страни веќе постигнале договор и трансферот ќе изнесува 75 милиони евра. Луис Дијаз ќе потпише договор со тимот од „Алијанц Арена“ до 2029 година, за плата од 14 милиони евра по сезона. ...
Извршниот директор на компанијата за вештачка интелигенција OpenAI, Сем Алтман, ги предупреди корисниците на популарната алатка ChatGPT внимателно да размислат пред да ја користат како замена за терапевт, бидејќи законот сè уште не обезбедува заштита на приватноста кога станува збор за разговори со вештачка интелигенција. „Луѓето ги споделуваат најинтимните работи од своите животи со алатката ChatGPT. Младите луѓе особено ја користат како ...
Изгладнувањето на луѓето од Газа, изгладнувањето на десетици деца до смрт е злосторство, a парадоксот е што израелските власти го објавија ова минатата година, а денес светот дозволи тоа да се случи. Во август 2024 година израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрих, рече дека е „можеби праведно и морално“ да се изгладнуваат два милиони жители на Газа додека не се вратат израелските заложници, но дека никој во светот нема да им дозволи да ...
Долгоочекуваното примирје меѓу Тајланд и Камбоџа конечно е договорено – примирјето стапува на сила вечерва, на полноќ по локално време, изјави специјалниот пратеник Анвар. Камбоџанскиот премиер Хун Сен и вршителот на должноста премиер на Тајланд, Фумтам Веџаџаџа, постигнаа договор за итен и безусловно прекин на огнот, нагласувајќи дека се подготвени веднаш да ги запрат борбите. Повеќе од 300.000 луѓе од двете страни на границата се раселени, а ...
Луѓе со ментални и со физички ограничувања, кои не би можеле да поминат на регрутација во нормални услови, станаа дел од украинската армија. Војник што бил регрутиран оваа пролет изјавува за „Дојче веле“ дека во центарот за регрутирање видел бездомници со отечени нозе, зависници од дрога и алкохоличари. Тој вели дека првиот медицински преглед често е само формалност, а некаде дури и не се спроведува, додека подетална проверка на здравјето на ...
Германската влада денес изјави дека е подготвена да преземе дополнителни чекори за „вршење притисок“ врз Израел во врска со хуманитарната ситуација во Газа. Германскиот канцелар Фридрих Мерц беше многу јасен во телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кога рече дека федералната влада е подготвена да го зголеми притисокот со цел да се постигне напредок, го цитираше Ројтерс портпаролот на германската влада, кој додаде дека ...
Изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме ќе има денеска попладне, во текот на ноќта и утре претпладне, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата на УХМР, до четврток и особено тој ден ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи ќе ...
Нема драстична промена во политичката сцена во Бугарија, но последната анкета на Галуп што ја објавија бугарските медиуми бележи пад на проевропската ПП-ДБ, по претходно забележаниот пад на поддршката на бугарскиот претседател Румен Радев и потпретседателката Илијана Јотова. ГЕРБ-СДС останува најсилна партија со стабилна и значајна поддршка од 25,7%. Тоа покажува дека владејачката политичка сила има конзистентна база, без значајни осцилации. ...
Во пикот на летната сезона, во повеќе градови во државата се пуштаат во функција затворени и отворени базени. Денеска, во Општина Кисела Вода беше пуштен во употреба затворен базен, кој се наоѓа во состав на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“. Базенот ќе го користат основците од оваа скопска општина. – Базенот, чија изградба започна во 2019 година, денес, конечно, е завршен и ставен во функција благодарение на заедничката акција на Владата, ...
Општина Зрновци обезбеди осум милиони денари со кои ќе се реализираат три проекти, значајни за подобрување на патната инфраструктура во најмалата општинa во државава. Со овие средства ќе се изврши целосна реконструкција на улиците „Илија Танев“ и „Димчо Петров“ во селото Мородвис, а Видовиште ќе добие нови локални патишта – едниот ќе го поврзува селото со локацијата каде што е подигнат крстот, а другиот со селските гробиштата. – Овие проекти се ...
Македонија, која секојдневно се бори со десетици пожари, не може да смета на помош од воздух од европскиот механизам, затоа што веќе се ангажирани сите расположливи воздухоплови за гаснење во земјите од јужна Европа, каде што огнената стихија прави пустош. Затоа кај нас се ставени во функција сите оперативни летала на ДЗС, Армијата и на полицијата, како и специјални возила и голем број луѓе што се ангажирани деноноќно. Од Словенија и Франција ни ...
Убава вест за македонските извозници во САД очекува премиерот Христијан Мицкоски да пристигне деновиве од Вашингтон, откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на САД, Доналд Трамп постигнаа договор за решавање на трговскиот спор околу зголемувањето на царините. – Заедничката изјава на Европската Унија и САД ние ја поздравуваме, бидејќи голем дел од нашите производни капацитети преку компаниите од ЕУ ...
Трите најголеми банки во земјава наскоро ќе објават нови тарифници со намалени надоместоци за извршување на платните услуги. НЛБ Банка е во подготовка на измена на тарифата на услуги во домашниот платен промет, во насока на намалување на провизиите, а некаде и целосно укинување на одредени провизии. Поконкретно, за кредитните трансфери преку дигиталните канали за физички лица, НЛБ Банка ќе понуди цени почнувајќи од 1 евро за најниските рангови, ...
„Инженери на Македонија“ упатија барање до Владата и до ресорните министерства да добијат пристап до информациите од јавен интерес во врска со најавениот почеток на изградбата на ветерниот парк на странскиот инвестициски фонд „Алказар енерџи“. – Се работи за отстапување на многу важни природни ресурси, поради што граѓаните ќе претрпат големи загуби и за што сметаме дека не се почитувани многу законски процедури – велат оттаму. Бараат да им биде ...
Странски државјанин за среќа поминал без повреди во Бечиќи кога падобранот што го влечел глисер се олабавил поради ветерот, пишува Подгорички портал. Туристот за среќа слетал токму во хотелскиот базен. Се работи за адреналинскиот спорт парасејлинг. Инцидент не бил пријавен во полиција. Пред месец и половина, српска државјанка загина практикувајќи го истиот спорт, откако се одврзала од сајлата. View this post on Instagram A post shared by ...
Поранешниот играч на Милан, Емерсон Ројал, потпиша договор со Фламенго до 2028 година. Како што објавија италијанските медиуми, 26-годишниот бразилски дефанзивец потпишал договор до 2028 година, со опција за продолжување на договорот за уште 12 месеци. Некои медиуми објавија дека трансферот е вреден девет милиони евра. Емерсон минатата година се пресели од Тотенхем во Милан, за кого одигра 26 натпревари и не постигна ниту еден гол. Во текот на ...
Зошто да не го „посвоиме“?! Во Охрид, по концертот и по Турција, се подготвува продолжение на прославата за 40. роденден на Саша, на македонски начин – со ора и чочеци. Саша се изјасни дека го сака етнодухот на Македонија. – Ќе ми биде драго што воедно ќе го прославиме со публиката и големиот македонски државен празник, 2 Август – Илинден – весело раскажува поп-пејачот – Добре дојдовте 40! Драги луѓе, благодарам за преубавите желби и честитки. ...
Драмски театар Скопје отворањето на новата театарска сезона ќе го започне со проектот „Денови на независната продукција“. – Со овој проект, Драмски ја продолжува традицијата на поддршка на уметниците од независната сцена. Преку Јавен повик објавен на веб-страницата на Драмски и на социјалните мрежи, театарот ги повикува уметниците да аплицираат за термин за изведба на претстава во продукција на независната сцена. Јавниот повик е отворен до 1 ...
Со концертот „Мозаик“, камерниот ансамбл „Консонанс“ завчеравечер се претстави пред публиката на фестивалот „Охридско лето“. Извонредните уметници – флејтистката Елена Дојчинова, Маја Чанаќевиќ која свири на англиски рог, кларинетистот Здравко Ангелов, Сашо Темелковски на бас-кларинет и Дарко Илиевски на хармоника, кои се и професионални музичари во Македонската филхармонија, ја збогатија фестивалската програма на класична музика со дела ...
Mинистерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски, потпиша договор за финансирање на реконструкцијата на мултифункционалниот центар во Ново Лисиче, во вредност од 99 милиони денари. – Овој центар, прв во Општина Аеродром, ќе се гради во наредните две и пол години и ќе биде особено значаен за независната сцена – посочи министерот Љутков. Според Митевски, објектот е со површина од околу ...
На владина седница, донесена е одлука за откуп на пченица за стоковните резерви и прв пат за откуп на оризова арпа, со што ќе им се помогне на земјоделците што ги произведуваат овие житни култури. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е донесена одлука да бидат откупени околу 9.000 тони пченица и околу 2.400 тони ориз и оризова арпа од реколтата 2024. – Во првиот случај, кај пченицата, можеби ќе згрешам со бројките, но секој индивидуален ...
Владата е на чекор до усвојување конкретни мерки за справување со растот на цените на прехранбените производи, а моментално се врши анализа на базичната инфлација. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека анализата е во завршна фаза и дека веднаш по нејзиното финализирање, Владата ќе излезе со пакет мерки со цел да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните. – Мерки во моментот нема бидејќи сè уште трае анализата. Но, во моментот кога ќе биде ...
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 0,2 проценти во јуни во однос на мај годинава, а за 5,3 проценти споредено со јуни лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Како што наведува ДЗС, во јуни, на месечно ниво, има зголемување на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 0,7 проценти и ...
Летувањето во Грција не е веќе толку евтино. Многу туристи се жалат на социјалните мрежи дека цените на грчките плажи рушат рекорди. Велат дека, освен лежалките, поскапени се и пијачките и дека во некои барови на плажа, за едно пиво се плаќа 9 евра. Македонците изминатите години ја заменија Грција со Албанија поради пониските цени, но тоа не е случај и годинава. Туристите што летуваат годинава на албанските плажи велат дека го нема тој метеж што ...
Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и со градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска го отворија новиот базен во ООУ “Невена Георгиева Дуња” -Овој базен е дел од проектот за изградба на пет базени низ државата, започнат од поранешната Агенција за млади и спорт уште во 2019 година, но оставен заглавен и недовршен. Во интерес на граѓаните и на спортот, како Министерство за спорт, се ...
Општина Гази Баба започна акција за подигнување на отпадните возила оставени на јавни површини, кои подолг период ги узурпираат тротоарите, улиците и паркинг-местата во Општината. Акцијата ја спроведува Инспекторатот на Општина Гази Баба и ќе трае сè до целосно отстранување на сите возила за кои се води постапка согласно со Законот за постапување со дополнителните текови на отпадот, кој ги пропишува законските процедури за отстранување на ...