Археолошки музеј на Република Македонија, Управа за заштита на културното наследство и Israel Antiquities Authority потпишаа Рамковен договор за воспоставување и унапредување на научната и стручната соработка во областа на археологијата и заштитата на културното наследство. Договорот беше потпишан од страна на м-р Магдалена Манаскова, директор на Археолошкиот музеј на Република Македонија, Весела Честоева, директор на Управата за заштита на ...

Филмот, во кој група поранешни револуционери се обединуваат да ја спасат ќерката на еден од нивните, кога по 16 години се појавува заедничкиот непријател, од Британската академија за филм и телевизија, покрај за најдобар филм, беше награден и за најдобра режија (Пол Томас Андерсон), споредна машка улога (Шон Пен), како и за адаптирано сценарио, кинематографија и монтажа. Филмот имаше 14 БАФТА номинации. Иако доби 13 номинации, вампирскиот ...

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ. Цената на бензините се зголемува за 0,5 денари, додека на дизелот за 1 денар по литар. Така цената на ЕУРОСУПЕР 98+ од утре ќе изнесува 75,5 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 73,5 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 69 денари по литар. Поскапува и екстралесното масло за домаќинство, од 67 на 68 денари по литар. Цената ...

Треба да се направи новиот состав на членови на Регулаторната комисија за енергетика, откако ова регулаторно тело остана без претседател по оставката на Марко Бислимоски. Во меѓувреме, Собранието преку објавен оглас бара пополнување на уште една позиција во Комисијата, бидејќи на заменик-претседателот Лирим Сулејмани му истекува мандатот во мај. Во јавноста веќе се шпекулира со неколку имиња, а како можен најсериозен кандидат за член на РКЕ ...

Kонцесионерите на минерални суровини од регионот ќе добиваат институционална поддршка, но исклучиво со целосно почитување на законите, еколошките стандарди и обврските кон државата и граѓаните. – Развој – да, но со правила што важат за сите. Компаниите што инвестираат и работат согласно со стандардите се наши партнери. Но државата ќе биде присутна на терен – порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. ...

Со кратењето на субвенциите, наместо да им се даде ветар во грб, земјоделците се сечат од корен. Земјоделците предупредуваат дека намалената буџетска поддршка и ниските откупни цени го загрозуваат домашното производство. Велат дека им се одземаат основните услови за опстанок и дека немаат никаква заработка од земјоделското производство. Порано со една нива од два декари прехранувале цело семејство, а сега не може да ги повратат ни вложените ...

Ангажирањето на нов снабдувач, кој ќе обезбеди јаглен за РЕК „Битола“ од грчки рудник, го менува досегашниот модел на набавки за најголемата термоелектрана во земјава. Зделката вредна 7,3 милиони евра е дел од поширок план за увоз на стотици илјади тони јаглен, во услови кога домашното производство не ги покрива потребите. Експертите предупредуваат дека ваквите договори, иако неопходни за одржување на производството, дополнително ја ...

Европската комисија и транспортните здруженија од Западен Балкан треба да ги продолжат преговорите за решавање на проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната. Вториот состанок на техничката група беше најавен за денеска, но, како што кажува Билјана Муратовска од „Макам-транс“, состанокот бил откажан и до затворањето на весникот не беше прецизирано за кога ќе се презакаже. Превозниците предупредуваат ...

Преку обуки и едукативни сесии, наставниците и учениците од основните училишта во Општина Кисела Вода ќе се здобиваат со стручни вештини и знаења за справување со природните појави. Паралелно со ова, Општина Кисела Вода дополнително ги надградува своите капацитети за сите идни планирања и градење објекти, со цел обезбедување високи стандарди за нивна сеизмичка безбедност. Ова произлегло од денешната работна посета на градоначалничката на ...

Општина Бутел започна со изградбата на 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради во Скопје-Север. Од локалната самоуправа информираат дека градежните активности предвидуваат реконструкција на пристапните влезови до станбените згради на улиците „Боро Менков“, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“ и „Костурска“. – Пешачките патеки ќе го олеснат движењето на граѓаните и ќе спречат поплавување на влезовите на зградите. Реализацијата на ...

Почнувајќи од денеска до 01.03.2026 година, на територијата на Општина Гази Баба ќе бидат поставени контејнери за одлагање кабаст отпад. Од јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ информираат дека контејнерите ќе бидат поставени на следниве локации: Ергеле, Трубарево, Гоце Делчев – ( Скопско Поле ), Јурумлери, Колонија и Дрма. Од претпријатието апелираат до граѓаните кабастиот отпад да го одлагаат навремено и исклучиво во поставените ...

Град Скопје веќе почнал да ги доставува решенијата за отстранување на дивопоставените објекти во градот што, низ годините, биле без соодветна документација, узурпирајќи јавни површини, велосипедски и пешачки патеки, како и зелени зони. Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, во медиумско гостување соопшти дека бројот на времени објекти што ќе се отстрануваат изнесува меѓу 60 и 80 во повеќе скопски општини, набројувајќи ги Чаир, Центар и ...

Жителите од Кисела Вода и од околината на Теферич реагираат дека иако е поправан пред пет месеци, патот до ова место повторно пропаднал, со што, како што велат, се доведува во прашање нивната безбедност. На социјалните мрежи, со фотографии на кои се гледа дека е патот во сериозна состојба, тие предупредуваат да се избегнува оваа делница. Од Општина Кисела Вода велат дека интензивно работат на надминување на проблемот во координација со сите ...

Обновата на украинската економија ќе чини околу 588 милијарди долари во следната деценија, соопштија во понеделник Светската банка, Обединетите нации, Европската комисија и владата на Украина, еден ден пред четвртата годишнина од тоталната инвазија на Русија. Најновата проценка, заснована на податоци од 24 февруари 2022 година до 31 декември 2025 година, покажува зголемување од 12% во споредба со минатата година, делумно поради зголемување од ...

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Иран ќе го смета секој напад врз своја територија, вклучително и ограничени напади, како „чин на агресија“. Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно изјави, во врска со преговорите со иранските претставници за ограничување на нуклеарната програма на земјата, дека се надева дека ќе се постигне дипломатско решение, но дека не ја исклучува употребата ...

Најбараниот наркобос во светот, Немесио Осегера Сервантес, попознат како Ел Менчо, бил ранет во неделата во рација на картелот „Нова генерација Халиско“ – ЦЈНГ, но починал при транспортот со хеликоптер до болница. Во Мексико владее хаос што го предизвикуваат членови на картелот како одмазда за убиството на водачот, а претседателката, Клаудија Шајнбаум, повика на смиреност. Синот, зетот и братот на убиениот водач на картелот се во американски ...

– Нашата општина е пример како може локалните заедници да создаваат одржливи и иновативни решенија. Кавадарци, иако е потврдена винска туристичка дестинација во Македонија, сепак, досега отсуствуваше стратешко планирање за развојот на туризмот – изјави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, на работилницата за финална валидација „Стратегија за екотуризам за Општина Кавадарци и посета на Кавадаречкиот Дол“, во организација на ...

Нови изборен законик е она што треба да произлезе од скорешниот почеток на работата на меѓупартиската група во македонскиот Парламент што треба да предложи нови решенија за изборното законодавство. По повеќемесечни најави дека ќе почне да се работи на тоа, се очекува почетокот во текот на оваа недела. Какви сè промени ќе бидат вградени во новиот законик, дали ќе има и каква промена на изборниот модел, ќе се види набрзо. Министерот за правда, ...

Пандорче АНТЕСКА Што се крие зад предавањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби, е прашање кое можеби тежи онолку колку што е проценета штетата за која е осомничен за злоупотребите во државната лотарија, над 8 милиони евра!? Политичките партии од двата блока утрово, веднаш по информацијата која падна како гром од ведро небо се тркаа кој побрзо да ја пласира својата теорија за предавањето на Груби. А тој ако пред година и два месеца ...

Убави вести! Поп-пејачот Адријан Гаџа, кој е од албанската музичка сцена во Македонија, и кој пред десетина години ја претставуваше Македонија на Песна на Евровизија во Белград, Србија, деновиве соопштува преубави вести. Од приватниот живот. Пејачот, кој со години важи за многу згоден и обожаван од жените, конечно застана на „лудиот камен“. Избраничката на Гаџа е згодната Сидорела Даути која, според информациите објавени од албанскиот портал ...

Новото балканско музичко шоу во знакот на момче од Македонија! – Праќам голем поздрав за братска Македонија. Вие сте прекрасен народ, не смее никој да ве чепка. Со големо срце сте и со голема душа. А, ти Зоки, изгледаш барем 20 години помладо, дури не си ни побелен во косата – воодушевено зборуваше Карлеуша Балканското ТВ-шоу „Ѕвездите на Пинк“, кое веќе по само неколку емитувања му е опасен конкурент на „Ѕвездите на Гранд“, минатиот викенд ...

Кај делумно скинатата тетива по имобилизација задолжително се препорачува физикална терапија и рехабилитација, кај комплетно скината по операција, се имобилизира тетивата 5 недели, а потоа следи рехабилитација. Целта на рехабилитацијата е да се поврати должината на тетивата, да се совлада контрактурата на скочниот зглоб и да се врати силата на мускулатурата која е изгубена при имобилизација. И на крајот да се врати функцијата на стапалото, ...

Тренчин во Словачка веќе наголемо започна со интересни настани кои имаат за цел зајакнување на заедниците кои живеат во градот, поддршка на современата уметност и активирање на јавните простори, но истовремено да понуди и врвно фестивалско доживување за сите генерации, особено за младите. Уметноста и културата во Оулу во Финска, пак, годинава стануваат одговор на прашањата за одржливост, заедница и иднината на животот во екстремни услови. ...

Во рамките на „Подари книга, подари свет“, на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, „Матица македонска“, од каде што и почна иницијативата за дарување книги, и „Алкалоид“, првата општествено одговорна компанија, заеднички донираа капитални дела за македонистиката на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. Во академската 1961/1962 година, во Љубљана беше отворен првиот Лекторат по ...

Со формирањето на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, Владата најавува засилен фокус кон економијата базирана на знаење и иновации. На конститутивната седница, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Советот ќе биде инструмент на стратешка промена, преку кој науката, истражувањето и дигитализацијата ќе станат двигатели на економскиот раст. – Светот се менува со огромна брзина. Дигитализацијата, новите технологии ...

Во втората половина од 2025 година биле евидентирани 5.237 закупувања, што е за 14,2 % повеќе во однос на тој период од претходната година. Најголем број од ова закупување се однесува на станови, 2.156 (41 %), и на деловни простории – 1.651 (32 %), покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижности. Според овие податоци, може да се забележи голема разлика во висината на закупнината. Така, во скопската општина Центар е остварен ...

Екипи на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – Скопје ја испитуваат статиката на мостовите на реките Брегалница и Отиња во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, вели дека се прават детални испитувања на конструкциите на мостовите, со цел да се утврдат нивната стабилност и нивната носивост. – На територијата на Штип имаме мостови што се изградени пред педесет години и е потребно соодветно испитување. ...

Македонското еколошко друштво информира дека по пријавување од Фондот за дива флора и фауна од Бугарија, викендов на терен констатирале, заедно со претставници на ОВР Кавадарци, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за животна средина и на Здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци, дека се пцовисани еден црн и еден белоглав мршојадец, на висорамнината Витачево, во атарот на селото Гарниково,. – Еден од ...

По кратка пауза денеска, утре ски-центарот „Копанки“ повторно продолжува со работа. – Ќе работи само горната патека, каде што се одлични условите за скијање и за уживање во зимската магија – известуваат од ски- центарот. Оттаму упатуваат покана до сите љубители на снегот, природата и на зимските спортови да го посетат Пелистер и да создадат нови, како што велат, снежни спомени во планинската атмосфера. Притоа, апелираат посетителите редовно ...

Дојранското Езеро добива дотур на нова вода по природен пат, од надојдената река Топлец, која, по обилните врнежи, се влева во каналот изграден пред дваесетина години, за спас на езерото од еколошката катастрофа. Реката Топлец при обилни врнежи, како оние од изминативе месеци, природно избива на површината под главниот пат на излезот од Нов Дојран и, по текот, се влева директно во притока направена во каналот од хидросистемот. Иако сè уште се ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
54%
1014
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
9.26
30%
1018
weather icon

Загреб

13ᴼ / 12ᴼ
6.69
56%
1019
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
7.2
48%
1019
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
8.37
44%
1019
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
5.66
55%
1019
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
8.05
73%
1009
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
38%
1010
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
51%
1010
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
8.75
47%
1021
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
7.2
32%
1021
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
11.83
76%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.436

Currency

71.3483

Currency

37.9704

Currency

39.0187

Currency

68.0212

Currency

7.75501

Currency

0.64828

Currency

0.33649

Currency

0.52492

Currency

1.20794

Currency

0.57779

Иридиум

258288.78

Бакар

11.49

Калај

47.03

Сребро

2840.84

Злато

166450.52

Цинк

3.19

Кобалт

66.14

Родиум

366518.51

Рутениум

56199.51

Паладиум

50058.71

Алуминиум

3.36

Платина

66937.85