Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Свој коментар во пресрет на утрешното финале на Мундијалот имаа и селекторот на Шпанија и капитенот, Луис де ла Фунте и Родри. Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, рече дека пласманот во финалето на Светското првенство е привилегија и рече дека неговиот тим сака да ужива во борбата за трофејот против актуелниот шампион Аргентина. Шпанија ќе игра против Аргентина во финалето на Светското првенство на стадионот ...
Во пресрет на утрешното финале на СП, селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, изјави дека навивачите се најголемата мотивација за неговиот тим во обидот да ја одбрани титулата светски шампион во финалето против Шпанија. Аргентина ќе игра против Шпанија во финалето на Светското првенство во недела, а Скалони истакна дека токму поддршката од навивачите ги држи гладни за нови успеси, и покрај фактот дека неговиот ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемување на цената на горивата со оглед на ситуацијата на Блискиот исток, но најавува и намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива. Немаме правено калкулација за покачувањата, но ќе има секако бидејќи нафтата и бензините драматично пораснаа изминатава недела, а и курсот на доларот е малку посилен во споредба со претходната недела. Како Влада ја продолживме кризната состојба уште три ...
Прогласување епидемија во Гостивар засега нема да има, сè додека не се утврди што е причината за зголемениот број граѓани кои во изминатите денови се јавуваат со стомачни тегоби, изјави министерот за здравство Сашо Клековски по посетата на Општата болница во Гостивар. Тој информираше дека бројот на пациенти кои бараат лекарска помош останува речиси ист како и претходните денови, без значително зголемување или намалување. – Првите пациенти се ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека правосудниот систем нема да добие дополнителни финансиски средства сè додека, како што рече, не покаже резултати и не почне да испорачува правда за граѓаните. Коментарот на Мицкоски следуваше по објавувањето на последниот извештај на Европската комисија за состојбите во правосудството, во кој се нотираат и позитивни оценки, но и забелешки за функционирањето на системот. – Пари повеќе нема да ...
Завршена е реконструкција на локалниот пат од Мешеишта до Волино во општина Дебрца, како дел од проектот на Министерството за транспорт за поврзување на локалните патишта. Од овој пат се поврзуваат неколку населени места на автопатот Охрид-Кичево, за што во изминатиот период работевме посветено за да можеме да испроектираме и да изградиме вкупно 18 километри пристапни патишта кои претходно не биле предвидени, рече заменик претседателот на ...
Граѓаните бараат систем на вредности, владеење на правото, еднаквост пред законите, како и ред и дисциплина во државата, порача денеска од Охрид лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски. Според него, воспоставувањето на таков систем е можно единствено преку одговорна и посветена работа на институциите. „Граѓаните бараат систем на вредности, владеење на правото и еднаквост на сите пред законот, ред и дисциплина. И, ...
Првпат имаме една ретка ситуација во истовреме да се градат шест автопатски делници, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски кој е задоволен од реализацијата на инфраструктурните проекти во државава. Мицкоски, кој денеска заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, беше во посета на Дебрца, во изјава за медиумите изрази очекување автопатот Кичево – Охрид да биде завршен и пуштен во употреба во првиот квартал или ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека испраќаат помош за Гостивар по забраната за пиење на водата откако голем број граѓани побараа лекарска помош со симптоми на труење, а надлежните институции истражуваат што се случило со водата од градскиот водовод во градот. - Во вакви моменти нема место за чекање – потребни се брза реакција, човечност и солидарност! Град Скопје веднаш испраќа цистерни со питка вода за жителите на ...
До крајот на СП 2026 остануваат уште два меча. Вечерва во Мајами Гарденс ќе биде одреден освојувачот на бронзените медали. Франција и Англија – две екипи кои го започнаа турнирот како главни фаворити, ќе мора да го надминат разочарувањето од своите соништа за титулата што е уништена. Натпреварот за третото место започнува во 23 часот по македонско време. „Петлите“ беа запрени од Шпанија со 0:2 во првото полуфинале, додека „Трите лава“ ...
СДС, Левица и ДУИ ја водат политиката на блокади и се повлекоа од договорот за измените на Изборниот законик, иако претходно учествувале во работните средби и предлагале измени, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Според него, претставниците на трите партии со месеци учествувале во подготовката на законските измени, а нивните предлози биле прифаќани. – Со месеци седеа на работни средби, предлагаа измени, бараа ...
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за учебната 2026/2027 година. Идните студенти ќе имаат можност да се пријават во три уписни рокови. Првиот рок е предвиден за 18 и 19 август 2026 година, вториот за 10 и 11 септември, додека третиот рок ќе се одржи на 23 септември. Од УКИМ информираат дека прелиминарните ранг-листи со резултатите од успехот во средното образование ќе ...
По 19 години се случува историја. Сега веќе познатата слика од Меси, создадена во времето кога тој се пробиваше во Барселона, и многу малиот, штотуку роден Јамал, добија на важност дури и во времето кога Ламин се проби до првиот тим на Каталонците и го достигна статусот на ѕвезда. А потоа таа предизвика неверица во фудбалскиот свет. Потоа падна во заборав, но сега повторно е ажурирана за време на Светското првенство и повторно стана хит по ...
Според информациите, Кувајт бил под постојан напад, при што е погодена фабрика за десалинизација, а летовите на Меѓународниот аеродром во Кувајт биле прекинати поради повторени закани со ракети и беспилотни летала. Дополнително, иранските државни медиуми објавија дека во Бахреин, револуционерната гарда нападнала локација каде што биле собрани американски борбени авиони во воздухопловната база „Шеик Иса“ и Центар за разузнавачки податоци. ...
Температурите во некои делови од земјата би можеле да достигнат 40 степени. Седум департмани во Франција се под портокалово предупредување поради топлотен бран, откако од пладне и департманот Алп-Маритим е вклучен во највисокото ниво на предупредување за екстремни горештини, соопшти денеска метеоролошката служба „Метео-Франс“. Алп-Маритим им се придружи на департманите Буш-ди-Рон, Јужна Корзика, Горна Корзика, Гар, Еро и Вар, кои веќе беа ...
Според францускиот весник „Л’Екип“, некои француски репрезентативци му се обратиле на селекторот Дидие Дешамп со необично барање. Играчите сакале дозвола да се забавуваат во Мајами пред натпреварот за бронзениот медал. Таквиот предлог не наишол на одобрување од искусниот тренер, кој веднаш го отфрлил нивното барање. Дешамп не сакал ни да помисли на какво било опуштање пред последниот натпревар на Франција на Светското првенство оваа година. ...
Актерката објави неколку фотографии на социјалните мрежи на кои позира во комплет градник и боксерки во боја на морска пена. Новата линија, наречена „Small Town Girl“, е опишана како колекција од лежерна и разиграна облека дизајнирана за опуштени моменти. Таа претстави нови парчиња На фотографиите, Свини носи градник „First Base Scoop Neck“, кој чини 39 долари, и боксерки со висок струк „Back For More“, кои се продаваат по цена од 16 ...
Двесте пожари надвор од контрола горат ширум Канада, а нивниот чад ги прекри и подрачјата на североистокот на Соединетите Американски Држави, каде што живеат милиони луѓе. Според најновите податоци на канадските власти, од вкупно 893 активни пожари, дури 209 се надвор од контрола, пренесува агенцијата Франс прес. Иако досегашниот тек на сезоната на пожари беше помирен отколку во рекордната 2023 година или минатата година, интензитетот на ...
Маслиновото масло било многу повеќе од намирница во античкиот свет. Се користело во исхраната, медицината, верските обреди, козметиката, трговијата и во секојдневниот живот, поради што неговите траги во археолошките наоди претставуваат драгоцени докази за развојот на древните цивилизации. Меѓутоа, новото истражување покажува дека дел од она што со децении го сметавме за сигурни докази би можело да бара ново толкување, бидејќи самото земјиште ...
Микропластиката и нанопластиката станаа еден од поголемите проблеми на модерното време. Многу пластични предмети се користат само неколку минути или часови, но материјалот може да остане во животната средина со децении или дури со векови. Токму поради тоа, научниците решија да направат нов пристап – да создадат пластика која сама ќе се разградува, пренесува ScienceDaily. Познати како жива пластика, овие материјали содржат заспани микроби ...
Сагата помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид продолжува кога станува збор за трансферот на Хулијан Алварез, како што се огласи еден од лидерите на клубот, а со своите зборови, се чини дека создаде уште поголем проблем. Не е тајна дека Барселона се обидува да го доведе Хулијан Алварез ова лето, и испрати понуда од 100 милиони евра до Атлетико Мадрид, но таа беше одбиена. Атлетико е лут што Барселона го контактираше и играчот бидејќи Алварез ...
На 18 јули 1967 година во Охрид, на Третиот црковно-народен собор, Светиот синод на Македонската православна црква (МПЦ), донесол одлука за прогласување автокефалност на МПЦ како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопштил новиот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј чие световно име е Димитрија Стојковски. По него за архиепископи на МПЦ се избрани г. Ангелариј (Цветко Крстевски), потоа г. Гаврил (Ѓорѓи ...
По седум години без учебници по странски јазици и со чести проблеми во наставниот процес, од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека образованието повторно е еден од државните приоритети. Според соопштението, учениците веќе втора година по ред ги добиваат учебниците уште на првиот училиштен ден, а наставниците имаат предвидлив систем за раст на платите и можност за кариерен напредок. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во училиштата се испорачани над еден милион ...
Министерот за здравство Сашо Клековски во 11:30 часот ќе ја посети Општата болница – Гостивар откако повеќе граѓани со симптоми на повраќање, дијареа и температура побараа лекарска помош. Министерството за здравство соопшти дека предвидено е изјава да даде министерот Клековски. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е ...
Интересот за финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија ги зголеми цените на билетите на неверојатни височини, па само најбогатите навивачи ќе можат да присуствуваат на спектаклот на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси. Побарувачката за билети е огромна од крајот на полуфиналето, а цените на пазарот секојдневно растат. Според податоците од платформите за продажба и препродажба на билети, најевтиниот билет што моментално е ...
Додека Светското првенство што се одржува во Северна Америка се ближи кон крајот, американскиот претседател Доналд Трамп изрази желба САД повторно да бидат домаќин на Светско првенство во блиска иднина – говорејќи на прием во Њујорк пред неделното финале. „Треба повторно да ги изберете САД“, рече Трамп на приемот во „Трамп тауер“. „Но, овој пат, ќе ги изоставиме Канада и Мексико како домаќини.“ САД беа домаќини на 78 од вкупно 104 натпревари ...
Македонскиот интернационалец Георг Стојановски не можеше да посака подобар старт на новата сезона во бугарската елитна лига. Напаѓачот на Спартак Варна беше главна фигура на отворањето на шампионатот, постигнувајќи спектакуларен погодок во ремито 2-2 против ЦСКА 1948. Стојановски во 13. минута го отвори резултатот со гол кој уште сега се вбројува меѓу најубавите на стартот од сезоната. Откако ја прими топката во близина на централниот круг, ...
Мајкл Рубин, бизнисмен со околу 12 милијарди долари, објави селфи од Светското првенство со голем број спортски и шоу-бизнис гиганти. Кевин Дурент, една од најголемите ѕвезди во НБА, направи селфи со шпанскиот капитен Родри, иконата на американскиот фудбал Том Брејди, аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, раперот Тревис Скот, легендата на Манчестер Јунајтед и Англија, Рио Фердинанд, Лионел Меси, Рубин и комичарот Кевин Харт додека го држи ...
Во четвртокот низ теснецот поминале само осум брода – што е најниска бројка забележана во изминатите три недели – соопшти „Kpler“ на платформата „X“. Во средата, низ теснецот поминале 15 брода. Пред две недели, низ теснецот поминале 48 брода. Пред почетокот на војната, кон крајот на февруари, низ Ормускиот теснец дневно поминувале во просек повеќе од 100 брода. Иран во петокот се закани со „сеопфатна офанзива“ откако Соединетите Држави ја ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го пофали Џани Инфантино за „уште една одлична одлука“ откако привремено беше поништена суспензијата од еден натпревар на Фоларин Балогун. Тоа се случи откако Трамп имаше телефонски повик со претседателот на ФИФА за црвениот картон на американскиот напаѓач што предизвика голем скандал на Светското првенство. На настан во Трамп Тауер на Менхетен во петокот – каде што ниту Трамп ниту Инфантино не одговараа ...