Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на Даунинг стрит бил моментот со кој е најгорд во неговиот живот. „Свртивме нова страница во историјата на нашата земја по години разочарување и очај. Ова беше можност да ги промениме животите на милиони луѓе на подобро. Токму затоа влегов во политиката“, рече Стармер. Тој се сети како пред шест години го презел раководството на Лабуристичката ...
Општина Центар ги започна градежните активности за реконструкција на дел од улицата „8 Март” во Дебар Маало, со која е предвидено формирање мини пјацета на површина од околу 140 квадратни метри. Новото урбано катче ќе биде поплочено со травертин, материјал кој обезбедува висок квалитет, издржливост и современ естетски изглед. На локацијата е предвидено поставување урбана опрема, современо осветлување и ново зеленило. На влезната точка која ...
Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – пратеничка и потпретседателка на СДСМ После две години од Владата на ВМРО, вистината денес е дека наместо поголем, животниот стандард на граѓаните е намален – народот живее потешко, поскапо и понеизвесно. Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ранливите категории на граѓаните. Единствено нешто што се забрзано се ...
Иран и САД се согласија да формираат „група за управување со конфликти“ за да прекинат судирите во Либан, кои го слабеат сегашниот прекин на огнот на Блискиот Исток, соопштија посредниците Пакистан и Катар, цитирани од светските агенции. „Страните се согласија да формираат група за управување со конфликти што ќе ги обедини страните и Република Либан и ќе биде предводена од посредниците, со цел да се обезбеди почитување на прекинот на ...
Со изолирани ресорти, приватни базени, спа-центри од светска класа и извонредна гастрономија, Туркије се издвојува како врвна дестинација за луксузни романтични и свадбени патувања. Благодарение на лесната достапност преку глобални авионски врски и ВИП-услугите со богат избор на ексклузивни доживувања, земјата привлекува многу патници желни за незаборавни романтични искуства. Со својата медитеранска клима во текот на целата година, златни ...
Општина Карпош започна со реализација на активности за унапредување на јавниот простор, поттикнување на рекреативни содржини и создавање места за дружење и активен живот на граѓаните. Како дел од овие активности, поставени се пет нови шах маси со две седишта кои овозможуваат истовремено користење од двајца играчи. Со оваа иницијатива, јавните површини во Карпош добиваат содржина која ги обединува генерациите и го поттикнува развојот на ...
Три лица се убиени, а пет се повредени во пукотница во училиште во централниот дел на Филипини, соопшти денеска филипинската полиција. Двајца осомничени се уапсени по пукотницата во Националното средно училиште Сан Хозе во градот Таклобан, кој се наоѓа во покраината Лејте, наведува полицијата. Пукањето се случило околу 9 часот наутро по локално време, соопшти полициската канцеларија на градот Таклобан, додавајќи дека е во тек истрага за да ...
Утре со почеток во 09:30 часот, во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје свечено ќе биде отворена меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026″. Конференцијата, која ќе се одржи на 23 и 24 јуни 2026 година, ќе собере поранешни шефови на држави, министри, дипломати, универзитетски професори, истражувачи, претставници на меѓународни организации, бизнис-лидери и млади од повеќе земји од Европа и Азија, со цел да разменат идеи и ...
Гостувањето на Слаткаристика во „Полиграф“ кај Стефонатор донесе редок увид во тоа како еден артист размислува за искреност, вера и родителство пред детектор на лаги. Во текот на емисијата, тој повеќепати користи т.н. „кока-кола батон“ – можност да не одговори, наместо да лаже. „Гледам да не лажам, ако некам да кажам, притискам копче,“ вели тој, објаснувајќи дека свесно сака да избегне неискреност. Полиграфот покажува „пад“ на неколку ...
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека економската политика дава резултати. Стандардот на граѓаните постојано се подобрува, а платите континуирано растат. Македонската економија бележи стабилен раст веќе 7 квартали по ред, со БДП од 3%, што е јасен показател дека земјата е на вистинскиот пат. Резултатот на конкретната и посветена политика на Владата ги става граѓаните на прво место, се покачија платите на ...
Шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал по само десет минути игра ја затресе мрежата на Саудиска Арабија и на својот прв натпревар како стартер на Мундијал постигна гол. Со постигнатиот гол тој влезе во ТОП 10 најмлади фудбалери, кои успеале да постигнат гол. Јамал има 18 години и 343 дена и е осми најмлад стрелец на Светско првенство. Најмлад стрелец на Мундијалите е легендарниот Пеле со 17 години и 239 дена, а потоа следуваа Мексиканецот ...
Гувернерот Славески учествува на годишниот состанок на Конституенцата на ММФ и Светската банка во која припаѓа нашата земја, под мотото „Претворање на неизвесноста во долгорочна можност”, што се одржува во Варна, Република Бугарија. На средбите се става акцент на одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност во услови на светска неизвесност, дигиталната трансформација, продуктивноста и финансиската вклученост, како и на местото на ...
Соопштение на СДСМ: Две години по доаѓањето на власт на Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ, ветувањата дадени пред граѓаните останаа само празни зборови. Анализата на програмата „Платформа #1198″ покажува дека по две години дури 90% од ветувањата не се исполнети. Мицкоски и ВМРО ветуваа повисок животен стандард, а денес паричниците и фрижидерите на граѓаните се попразни. Ветуваа пониска инфлација од 2,5%, а цените на храната растат, инфлацијата е ...
Со настанот „Future Shift; Економија, технологија, млади“, денеска ќе биде промовиран стартот на работата на РЕФОРМ5 – Платформа за економска и технолошка трансформација, чиј претседател е поранешниот премиер на Македонија, Димитар Ковачевски. Настанот ќе се одржи на 22 јуни 2026 година (понеделник), со почеток во 18:00 часот, во EU House Skopje, а на него ќе бидат презентирани анализи и истражувања поврзани со економскиот развој, ...
Експлозија во клучен терминал за извоз на природен гас во Катар во текот на ноќта предизвика пожар во кој беа повредени најмалку 54 лица, а 18 други се водат како исчезнати неколку часа подоцна, објавија светските агенции. Инцидентот во индустриската зона Рас Лафан би можел дополнително да ги наруши глобалните енергетски пазари, бидејќи Катар е еден од најголемите светски производители на природен гас. Земјата го запре производството додека ...
На Градскиот плоштад во Охрид денеска ќе се одржи Соларен саем во организација на Центарот за климатски промени со цел користењето на сончевата енергија и обновливите извори да се доближи до пошироката јавност. Посетителите ќе можат да се информираат за придобивките од користење соларна енергија, можностите за поставување фотонапонски системи во домаќинствата, како и пошироките чекори за вклучување во енергетската транзиција, вклучително и ...
Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред е амандманска расправа по Предлог на законот за судска служба и Предлог на законот за јавнообвинителска служба, и двата во второ читање. За Предлог-законот за судска служба поднесени се над 100 амандмани од пратеничките групи на СДСМ, Европски фронт и Левица, а за јавнообвинителска служба 27 амандмани од пратеничката група на СДСМ. ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Денешното утро понеделник, 22 јуни во Македонија ни донесе ведро и топло време со високи утрински температури на воздухот. Најтопло ова утро е на Скопје Петровец и на Скопје Зајчев Рид со измерена температура од 21 степен. Најниска температура ова утро е измерена во Берово, и тоа 10 степени. Денес попладне и рано навечер локално ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на ...
Пет лица се повредени во сообраќна несреќа во која учествувале три возила што се случила вчера попладне на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп. Повредените се хоспитализирани во прилепската градска болница. Поради несреќата од 15:45 часот сообраќајот бил во прекин во двата правци на патот Прилеп – Битола. „Во сообраќајната незгода учествувале три возила, при што пет лица се здобиле со повреди и се пренесени во Градската болница ...
Египет ноќеска го победи Нов Зеланд со 3:1 во натпревар од второто коло по групи на Светското фудбалско првенство 2026. Оваа победа е прва за Египет на Светските првенства. Претходно имаа три нерешени резултати и пет порази. Исто така, тоа беше првпат Египет да губи на полувреме во натпревар од Светското првенство. Египет со четири бода од два натпревари е лидер во групата Г, Иран и Белгија имаат по два бода, последен е Нов Зеланд со еден ...
На граничните премини „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува ...
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. Во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во ...
Македонија повторно има причина за музичка гордост. Бојан Илиевски е победник на најновата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ за 2025/2026 година, откако во големото финале ја доби најголемата поддршка од публиката и триумфираше со повеќе од 50.000 СМС гласови. Со оваа победа, 25-годишниот пејач ѝ ја донесе на Македонија четвртата титула во едно од најгледаните и најпрестижни музички натпреварувања на Балканот, потврдувајќи дека македонските ...
Мала ајкула денеска била забележана во плитките води кај Ханиоти на Халкидики, а видеото што го снимија туристи за кратко време се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции. На снимката се гледа како морското животно плива на само неколку метри од брегот, додека во позадина се слушаат изненадените реакции на капачите. Видеото е направено во Ханиоти, едно од најпосетуваните летувалишта на полуостровот Касандра, каде што секоја ...
Четириесет и тригодишен македонски државјанин го признал бруталното убиство на 45-годишната Ставрула Левендаки на грчкиот остров Крит, објавуваат грчките медиуми. По повеќечасовен интензивен распит, осомничениот детално ја опишал својата улога во злосторството, пренесува „Прототема“. Левендаки, која била сопственичка на куќата во која осомничениот живеел како потстанар, исчезнала на 30 мај. Нејзиното тело било пронајдено утрово, закопано во ...
Роднини и пријатели од Кочани пристигнаа во Скопје и започнаа потрага по исчезнатото лице Асанов Агуш, кој избегал од Државната болница. Потрагата започна од Кочани, а продолжува низ Скопје. Во моментов роднините се наоѓаат на Железничката станица, по што ќе продолжат со пребарување низ градот и во кругот на Државната болница, во кординација со тимот на Рома Прес. Се апелира до сите граѓани, доколку го забележат или имаат каква било ...
Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираа дека во рамките на предметот поврзан со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се обезбедени уште четири лица кои претходно биле недостапни за органите на прогонот. Според краткото соопштение на Обвинителството, двајца од осомничените денеска биле изведени пред судија на претходна постапка. За едниот осомничен судот определил мерка притвор, додека за вториот се ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 20 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 16 управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, а четири лица под дејство на алкохол. Во Скопје пет лица управувале возило без возачка дозвола (едно било и под дејство на алкохол), три лица во Кочани (еден малолетник), две лица во Гостивар и по едно лице во општина ...
Селекторот на Уругвај, Марсело Биелса, изјави дека паузите за хидратација на Светското првенство не придонесуваат ништо за фудбалот, објави Ројтерс. Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) воведе задолжителни паузи за хидратација за време на натпреварите на Светското првенство, кое се одржува во САД, Канада и Мексико, со образложение дека целта е да се заштити здравјето на играчите во услови на висока температура. „Играњето натпревари во ...
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека припадниците на Израелските одбранбени сили (ИДФ) кои дејствуваат во јужен Либан немаат ограничувања во елиминирањето на заканите за нивните единици. Во соопштението, Кац изјави дека „немало и нема ограничувања за војниците на Израелските одбранбени сили во Либан кога станува збор за дејствување за елиминирање на заканите“, додавајќи дека сите воени успеси досега во кампањата во Либан ...