Апелацискиот суд Скопје денеска на јавна седница ја разгледуваше жалбата на Обвинителството поднесена против ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Обвинителот Дарко Јакимовски оцени дека првостепениот суд не ги анализирал доволно доказите, што, според Обвинителството, упатуваат на негова вмешаност во настаните што претходеле на киднапирањето. Одбраната на Ѓорчевски, пак, остана на ставот дека ...

Со одлука за одржување главна, јавна и усна расправа, денеска заврши подготвителното рочиште во Основниот кривичен суд против 13-те полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, кои се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“. На почетокот на рочиштето беше констатирано дека една од судијките поротнички е во роднинска врска со сопругата на еден од обвинетите. Судот го одби ...

Делегација од Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска, 11 до 13 мај 2026 година, ќе престојува во официјална посета на Вооружените сили на Република Албанија. За време на посетата, генералот Лафчиски, согласно агендата, ќе оствари официјална средба со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, генерал-потполковник Арбен Кинџи. Во ...

Најголемиот глобален хуманитарен мото-хепенинг наречен The Distinguished Gentleman’s Ride оваа година го слави своето 11-то Скопско издание. Да се биде дел од ова глобално хуманитарно движење секако е чест, но и обврска. Пред 11 години, Скопје и официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните мотоцикли и модата, во борбата против машките болести. 11-та Скопска едиција досега наговестува импресивни ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини учествуваше на Belgrade Energy Forum 2026, еден од најзначајните регионални енергетски форуми, каде заедно со министри, претставници на Енергетската заедница, меѓународни институции и водечки експерти се дискутираше за енергетската безбедност, декарбонизацијата и иднината на енергетскиот сектор во регионот. На панелот посветен на енергетската транзиција и регионалната соработка, ...

Одложено е денешното судско рочиште за случајот „Онкологија“, што се води во Основниот кривичен суд во Скопје, заради, како што беше кажано, спреченост на техничкиот советник на Обвинителството да присуствува, поради оправдани причини – неодложни работни обврски. Следното рочиште за случајот е закажано на 1 јуни. Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, ...

Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) го одбележува 10 Мај – Светскиот ден на лупус, со цел подигнување на свеста за ова комплексно автоимуно заболување кое најчесто ги погодува жените во нивните најпродуктивни години. Годинава, овој значаен ден се совпаѓа со одбележувањето на Неделата на женското здравје, ставајќи посебен акцент на една од најчувствителните теми – интеракцијата помеѓу лупус и бременоста. Лупус не смее ...

Поврзувањето е стратешко позиционирање и цел на Владата. Коридорите 8 и 10 се стратешки за Македонија како држава од многу аспекти и затоа тоа е наш најголем приоритет, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски при увидот на активностите за изградба на автопатот Гостивар – Букојчани. – Изградбата на автопатот, модернизацијата на пругата, брзата пруга на Коридорот 10, енергетското поврзување преку далекуводи, како и гасното – интензивно се ...

При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче во Општина Аеродром, на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад. Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно член 130 од Законот. За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност. Општина Аеродром продолжува со ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос пред денешната седницата на министрите за надворешни работи во Брисел, истакна дека во ЕУ има место за сите држави од Западен Балкан. Очекувам сите овие земји цврсто да останат на патот кон ЕУ, наведе Кос. Според неа, се дискутира можноста за постепено пристапување, вклучувајќи не само единствениот пазар, туку и соработка во областа на одбраната. Еврокомесарката за проширување Марта Кос пред ...

Соопштение на Левица: Ацо Ристов, новиот претседател на РКЕ, во првото медиумско појавување најави ревидирање на блоковите и ефтината тарифа во сметките за електрична енергија, со што јасно стави до знаење дека струјата ја третира како роба која мора да има единечна, а не пет различни цени. Со ова тој предизвика загриженост кај граѓаните кои се обидуваат да штедат електрична енергија. Доколку РКЕ донесе ваква скандалозна одлука тогаш директно ...

Во текот на изминатите два дена (09/10.05.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1433 издадени платни налози, 861 прекршок се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишено од слобода за безобѕирно управување на возило е 21 лицe, од кои пет за возење под дејство на алкохол, 11 за ...

Со својата единствена енергија, Истанбул секогаш бил неисцрпна инспирација за уметниците и дизајнерите. Овој град со богата и историја и култура, секоја година е домаќин на над 20 меѓународни уметнички и дизајнерски настани, а од 13 до 16 мај, годинава за првпат во Истанбул се одржува Глобалниот форум за дизајн, што дополнително ја зајакнува неговата улога како место за средби за глобалната дизајнерска заедница. Глобалниот форум за дизајн ...

Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции и поправка и санација на постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на локалната самоуправа. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека со оваа мерка продолжува поддршката за подобрување на условите за домување и унапредување на безбедноста на граѓаните. „Сите станбени заедници во Општина Центар кои ...

„Евровизискиот натпревар“ во Виена е под политички притисок уште пред да започне. Сепак, за љубителите на најголемото музичко натпреварување во светот, сè се врти околу музиката и прашањето: Кои се фаворитите за финалето, за победата? Во својата 70-годишнина, „Евровизија“ се враќа во австриската престолнина. Во градот којшто претставува симбол на културата и различноста. Ова е третпат Виена да биде домаќин на настанот: првиот пат беше во 1967 ...

Вкупно 344 деца починале од почетокот на епидемијата на мали сипаници во Бангладеш во март оваа година, а бројот на случаи продолжува да расте, соопштија здравствените службеници во земјата, цитирани од ДПА. Од 344 деца кои починале од 15 март, кај 65 е потврдена инфекција со мали сипаници, додека останатите имале симптоми. Генералниот директорат за медицински услуги на владата соопшти дека 11 деца починале за само 24 часа до недела наутро. ...

Во Основниот кривичен суд денеска почнува судскиот процес против 13 полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, кои се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“. Според наводите во предметот, на 16 март обвинетите биле дежурни, но истовремено биле и ангажирани во дискотеката. На критичната ноќ кога избувнал пожарот, полициските службеници ниту ја прекинале забавата, ниту ...

Во рамки на подготвителните активности за Светското првенство во спортски риболов на крап, вчера беше извршено порибување на Мавровското Езеро со 2.000 килограми крап, информираат од националниот парк „Маврово“. Воедно, ЈУНП „Маврово“ ги известува сите спортски риболовци дека од денес стапува во сила забрана за лов на крап, која ќе важи во наредниот период, односно до завршувањето на Светското првенство. Од управата на најголемиот ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Брисел учествува на Советот за надворешни работи на Европската Унија, со кој претседавa високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Во изјава дадена пред почетокот на Советот, министерот Муцунски истакна дека проширувањето е императив и за Европската Унија и за земјите кандидати, нагласувајќи дека станува збор за тоа ...

Овен Денот ви носи силна енергија и чувство дека конечно работите почнуваат да се движат во ваша корист. Ќе бидете мотивирани да расчистите недоразбирања и да ги завршите обврските што долго време ви стојат над глава. На работното место може да дојде до разговор со личност која има влијание врз вашата иднина, па внимавајте како ги претставувате своите идеи. Не влегувајте во конфликти со колеги бидејќи импулсивноста денес лесно може да ви ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се надева дека ќе го одвикне Израел од американската воена помош во рок од една деценија, бидејќи неговата земја се стреми да ги зајакне врските со земјите од Заливот, рече тој во вчера објавено интервју за американската телевизиска мрежа Си-би-ес. „Сакам да ја намалам на нула американската финансиска поддршка, финансиската компонента на воената соработка што ја имаме“, рече Нетанјаху во емисијата „60 ...

Деновите понеделник и вторник (11/12 Мај 2026) ни носат засилен до повремено силен ветер од западен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час. Инаку токму ова ќе биде резултат поради циклонската активност која ќе биде со центар над Џенова и истата покрај силниот ветер нема да ни донесе целосно стабилна атмосфера во Македонија. По стабилното претпладне со повеќе сончеви периоди, во попладневните часови локално ќе се ...

Во Апелацискиот суд во Скопје денеска на јавната седница треба да бидат разгледани жалбите на пресудата за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и за второто дело на обвинетите. Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ...

Соопштение на ВЛЕН: ВЛЕН изразува разбирање за паниката во ДУИ, која произлегува од новата политичка реалност. На 9 мај се потврди спротивното од она што се пропагираше две години: ВЛЕН не само што не се распадна, туку се обедини во единствен политички субјект. Пет партии во заедничка структура претставуваат историско достигнување и нова, поконсолидирана политичка сила. Во овој контекст, и обидите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за обединување ...

Вкупно 94 патници и членови на екипажот досега се евакуирани од крузерот „Хондиус“ зафатен од смртоносниот хантавирус. Како што соопшти шпанската министерка за здравство, Моника Гарсија, станува збор за државјани на 19 земји, кои вчера со осум специјални лета ги напуштиле Канарските Острови. За денеска е најавена евакуација на уште шест лица за Холандија и 18 лица за Австралија. Евакуацијата се случува една недела откако Светска здравствена ...

Иранските државни медиуми објавија дека иранското раководство го одбило предлогот на САД за прекин на војната на Блискиот Исток бидејќи претставувал повик за предавање на Техеран. Прифаќањето на предлогот би значело дека Исламската Република ќе се покори на „прекумерните барања“ на американскиот претседател Доналд Трамп, рано утринава коментираше Press TV, радиодифузер поврзан со раководството на Иран, пренесе ДПА. Од друга страна, планот на ...

Барселона вечерва го победи Реал Мадрид со 2:0 на свој терен во 35. коло од шпанското фудбалско првенство. Маркус Рашфорд го отвори резултатот во 9. минута. Феран Торес го дуплираше водството во 18. минута. Барселона има 91 бод и ја обезбеди титулата во Ла Лига три кола до крајот на сезоната 2025/26. Реал Мадрид е втор со 77 бода. „Каталонците“ ја освои својата втора последователна и 29. титула во шпанското првенство. Реал Мадрид го држи ...

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе достигнува брзина од над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо ...

Пет месеци по седницата на собраниската Комисија, одржана по претставката на Здружението „16 Март 2025“, родителите на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани сè уште бараат одговори, правда и одговорност. На седницата, која беше проследена со силни емоции, солзи и сведоштва за болката низ која поминуваат семејствата, родителите јавно прашаа зошто, според нив, биле изманипулирани и од власта и од опозицијата. Томче ...

Многу луѓе тврдат дека пред дожд, студено време или ненадејна промена на времето, ги болат зглобовите, грбот, колената или местата на стари повреди. Науката нема сосема едноставен одговор на тоа: тоа чувство не е измислено, но врската помеѓу времето и болката не е подеднакво докажана кај сите луѓе и во сите услови. Најчестото објаснување е промена во барометарскиот притисок, или воздушниот притисок. Кога времето се менува, особено пред дожд ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.29
77%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
3.13
72%
1017
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.31
68%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.76
84%
1016
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
0.69
73%
1014
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.93
76%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
65%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.78
68%
1016
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.09
73%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
72%
1014
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 22ᴼ
1.34
45%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
4.93
72%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.4789

Currency

71.3492

Currency

37.7153

Currency

38.3863

Currency

67.1515

Currency

7.90489

Currency

0.72592

Currency

0.33362

Currency

0.52505

Currency

1.16107

Currency

0.56326

Платина

57067.58

Родиум

258813.51

Алуминиум

3.60

Бакар

12.61

Злато

139164.58

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Паладиум

38805.95

Сребро

2181.05

Рутениум

49769.36

Кобалт

45.39

Калај

54.25