Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
На 20.06.2026 околу 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Никола Карев” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Х.(48) од Куманово и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Т.(21) од с.Визбегово, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски” во ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: За неполни две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализираше бројни проекти и политики што придонесуваат за економски раст, инфраструктурен развој и подобар животен стандард. Економските показатели покажуваат раст на БДП од над 3% во 7 последователни квартали. Отворени се 17.000 нови работни места, стапката на невработеност е намалена од 12,5% на 11,3%, а стапката на вработеност е зголемена од 45,6% ...
Ако нема пари за граѓаните, ако нема развојни проекти, каде завршија 2,5 милијарди евра нови задолжувања, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, говорејќи за економските политики на Владата на ВМРО по две години од мандатот. Филипче посочи дека и покрај огромното зголемување на јавниот долг, граѓаните не гледаат никаков бенефит, ниту пак се реализираат значајни развојни проекти. „Се поставува прашањето, ...
Соопштение за јавност на Левица: Левица бара Владата итно да интервенира за заштита на домашните млекопроизводители, да обезбеди целосен откуп на домашното млеко по цена над 30 денари за литар и да воспостави построги контроли врз увезеното млеко и млекото во прав од Србија, со цел да се зачува домашното производство и да се спречи негово дополнително уништување. Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, предупреди дека Македонија во моментов ...
На 20.06.2026 во 21:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил пронајден починат К.С.(63) од Скопје. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. На 20.06.2026 во 21:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил ...
На 20.06.2026 во 10:10 часот во ОВР Струга е пријавено дека на ул.„Маршал Тито” во Струга, патничко возило „фолксваген голф” со охридски регистарски ознаки, управувано од 60-годишиот М.Б. од Охрид, удрило во 10-годишно дете од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид. На 20.06.2026 во 10:10 часот во ОВР ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: За ВЛЕН, културата не е само уметност, туку вредност што ги обединува граѓаните и го зајакнува идентитетот на општеството. Спектакуларниот концерт на Филхармонијата на Северна Македонија, кој собра илјадници граѓани во Градскиот парк, ја потврди токму оваа моќ на културата да ги зближува луѓето надвор од сите разлики. Со три оркестри, три хора и повеќе од 200 музичари на сцената, оваа извонредна вечер потврди ...
Почитуван министре Тошковски, Со внимание ја проследив информацијата за измените на Правилникот со кои се дозволуваат видливи тетоважи и бради кај полициските службеници. На прв поглед, оваа одлука може да изгледа како чекор кон модернизација, усогласување со современите трендови и почитување на личните права и слободи. Но, дали навистина станува збор само за индивидуален избор на изглед или со оваа одлука се отвора едно многу подлабоко ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога. На 20.06.2026 во 10:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.С.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. На 20.06.2026 во 12:20 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, се додека 15-годишната ќерка, ...
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче, казниво според член 186 став 7 во врска со став 5 и став 1 од Кривичниот законик. На 18 јуни, додека жртвата се движела по пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип, осомничениот започнал да ја следи. Девојчето, чувствувајќи се непријатно, ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, рече дека едно од најголемите разочарувања по две години владеење на Христијан Мицкоски е целосниот неуспех да се испорача подобар животен стандард, и дебакл во борбата против корупцијата и реформите во правосудството, иако токму тоа беше едно од клучните ветувања пред изборите. Филипче потсети дека Мицкоски ветуваше одговорност, правда и искоренување на корупцијата во ...
Единаесеттиот ден од Светското првенство ни ги носи клучните случувања во второто коло од групната фаза. Преку богата програма што се протега во текот на целата недела и во понеделник навечер, следиме возбудливи дуели од Мексико преку САД. Првиот дуел на денот се игра во Атланта во 18:00 часот, каде што Шпанија и Саудиска Арабија се среќаваат во Групата Х. Во 21:00 часот Белгија ќе има „поправен“ испит Белгија која ќе игра против ...
Володимир Зеленски изјави дека Русија минатата недела лансирала околу 2.200 ударни дронови на украинска територија. „Вкупно, оваа недела Русите лансираа околу 2.200 дронови, повеќе од 1.800 наведувани воздушни бомби и 87 ракети од различни видови во Украина“, рече Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Укринформ . Зеленски додаде дека само во руските напади вчера загинале пет лица, а 26 биле повредени во Запорожје, додека во Полтава ...
Володимир Зеленски изјави дека Русија минатата недела лансирала околу 2.200 ударни дронови на украинска територија. „Вкупно, оваа недела Русите лансираа околу 2.200 дронови, повеќе од 1.800 наведувани воздушни бомби и 87 ракети од различни видови во Украина“, рече Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Укринформ . Зеленски додаде дека само во руските напади вчера загинале пет лица, а 26 биле повредени во Запорожје, додека во Полтава ...
Во пријатна и инспиративна атмосфера, пред многубројни љубители на книжевноста, писатели, студенти и професори од Филозофскиот факултет во Загреб, како и претставници на културниот живот во Хрватска, во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб се одржа книжевна вечер посветена на современата македонска книжевност и на авторите Снежана Младеновска Анѓелков и Игор Анѓелков. Творештвото на Снежана Младеновска Анѓелков и Игор Анѓелков, ...
Соопштение за јавност на граѓанската иницијатива И здравје и работа: Македонија не е сиромашна земја. Македонија е земја која со години не знае или не сака да ги искористи своите потенцијали. Додека многу европски држави ги развиваат своите минерални ресурси како двигател на економскиот раст, кај нас сè уште преовладуваат стравот, шпекулациите и дезинформациите. Ние од локалната иницијатива „И Здравје и Работа“ сметаме дека државата има ...
Две третини од граѓаните на Европската Унија би го поддржале враќањето на Велика Британија во блокот, додека повеќето британски гласачи веруваат дека Брегзит бил грешка по клучните прашања и сакаат поблиски врски со ЕУ, вклучително и нивоа на интеграција како што е слободата на движење, кои долго време се сметаа за спорни. Ова го покажа истражување десет години по референдумот за Брегзит, пишува „ Гардијан“ . Поддршка низ цела Европска Унија ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Не е тешко да се заклучи што Венко Филипче сака да постигне со неговата гласност за внесување на Бугари во Уставот, со оглед на тоа што СДС секогаш се движи по истата траекторија на национални отстапки. Последните уставни измени кои се случија беа за промена на името на државата, за што заслужен беше менторот на Филипче, Заев. СДС дојде на власт со изгубени избори, со лажни ветувања за европска иднина, а ...
Утринава, на денот на летната долгодневица, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствуваше на археолошкиот локалитет Кокино, каде што го следеше изгрејсонцето – редок природен и астрономски феномен што со векови го привлекува вниманието на научниците, истражувачите и посетителите. На настанот, организиран од Музејот во Куманово, покрај министерот Љутков, присуствуваа и директорката на Музејот во Куманово, Марија Живачки, ...
Франција ја забрани продажбата и консумирањето алкохол на некои настани за време на националниот музички фестивал Fête de la Musique, бидејќи топлотниот бран ги крева температурите на рекордно ниво. Годишната прослава привлекува милиони луѓе на улиците, но со оглед на тоа што 35 француски региони се под највисоки предупредувања за топлина, владата воведе забрана за јавни места под црвена тревога, објави Би-Би-Си. „Издадени се упатства за сите ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Две години од владеењето на Христијан Мицкоски, наместо ветениот подобар живот, граѓаните добија економски неуспех, намален животен стандард и секојдневна борба за егзистенција. Мицкоски ветуваше повисоки плати, подобар животен стандард и повеќе пари кај граѓаните. Наместо тоа, граѓаните добија маратон во сиромаштија. Македонија се соочува со сериозни економски проблеми после 2 години. Платите на македонските ...
Еквадор не успеа да ја скрши одбраната на најмалата земја учесник на еден Мундијал, репрезентацијата на Курасао, Од самиот почеток на средбата Еквадор тргна офанзивно и создаде бројни шанси пред голот на Курасао. Сепак, одбраната на гостите, предводена од голманот Елој Ром, успеа да ги одбие сите налети. Еквадор во второто полувреме заигра уште поофанзивно. Вистинско чудо е што сè преживеа Курасао, кој на крајот освои бод – прв во својата ...
Руските сили вчера извршија серија напади врз неколку украински региони, користејќи наведувани воздушни бомби и друга муниција против инфраструктурата. Најмалку осум лица беа убиени, а десетици повредени во нападите врз Запорожје, Суми и Полтава. Во Запорожје, пет лица загинаа во напад со наведувана бомба, едно лице е убиено во регионот Суми, а две лица се убиени во одделен напад во Полтава. Поради оштетување на инфраструктурата во Запорожје, ...
Од охридскиот аеродром од денеска се воспоставува нова авиолинија од Виена до Охрид што ќе ја реализира Austrian Airlines. По повод пристигнувањето на првиот лет од Виена до Охрид најавена е прес-конференција на Охридскиот аеродром на која ќе се обратат генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, како и Матијас Хуменбергер, заменик шеф на Мисијата во Австриската амбасада во Скопје и Штефан Линхарт, виш директор за продажба за ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Денес недела 21 јуни, во попладневните часови особено во западните и во северозападните планински предели од Македонија ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме. Температурите денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, а во Скопје и околината максималната температура денес ќе се искачи до околу 34 ...
Македонската заедница во Полска е завиена во црно по трагичната смрт на 72-годишната Емилија Котевска Аврамчева, долгогодишен и истакнат активист во македонската дијаспора, која го загуби животот по тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат S8 во близина на Варшава. Несреќата се случила вчера околу 15:50 часот кај крстосницата Опач-Колонија, во правец кон Варшава. Според информациите на полските служби, Котевска Аврамчева го запрела ...
Богата со витамини, минерали и антиоксиданси, дињата го зајакнува имунитетот, го поддржува здравјето на срцето и му помага на телото да остане хидрирано во текот на летните денови. Покрај тоа што е освежителна, дињата придонесува за здравјето на срцето, очите и имунитетот. Слатката и сочна диња не е само омилено летно освежување, туку и вистинска ризница на хранливи материи. Таа е богата со витамини кои го зајакнуваат имунитетот, минерали ...
Портпаролот на ирачкото Министерство за нафта, Салим Фархуд, изрази очекување дека во рок од еден до два месеци“ производството на нафта во Ирак ќе се врати на нивото од пред војната. Воениот конфликт на Блискиот Исток предизвика колапс на извозот на нафта од Ирак. Меморандумот за разбирање, потпишан оваа недела меѓу САД и Иран за завршување на непријателствата, донесе одредено олеснување, иако разговорите за траен мир се неизвесни. Фархуд ...
Репрезентацијата на Холандија ја декласира Шведска со 5:1, во второто коло во Ф групата и со една нога е во нокаут фазата. „Лалињата“ на овој натпревар станаа осмата репрезентација што постигнала најмалку 100 гола на Светските првенства. Холанѓаните во „првата четвртина“ ја најавија победата, кога џокерот на Роналд Куман, напаѓачот на Сандарленд, Брајан Броби постигна два гола, во шестата и 17-та минута. Следуваше потоа период на добра игра ...