Очекуваме нова серија на телефони на преклопување Samsung, како и некои други гаџети. Јужнокорејскиот гигант Samsung објави дека следниот настан Unpacked ќе го одржи на 10 јули во Париз. Очекуваме нова Galaxy Z серија на телефони, кои ќе бидат подобрени со системот за вештачка интелигенција Galaxy AI. Покрај телефоните Galaxy Z Fold6 и Z Flip6, можевме да го видиме и долгоочекуваниот фитнес прстен Samsung. Galaxy Ring беше навестен на почетокот ...

На 14 Јуни Нептун Македонија ги отвори вратите на новиот, врвен центар на производи и гаџети, што нуди целосно ново искуство во интеракција со напредните технологии и уредите од премиум сегментот. На отворањето на продавницата, кое беше проследено со забава со Диџеј, пијалоци за сите, многу изненадувања, попусти до 50%, ексклузивни понуди и промо цени, присуствуваа голем број фанови и вљубеници во технологијата, чие задоволство од понудата и ...

Остануваат уште три дена од извлекувањето на среќните добитници кои ќе добијат летен одмор во Грција за целото семејство! СН Финансиско друштво, препознавајќи ја потребата на граѓаните за уживање без мака во летниот одмор, со понуда за туристички безкаматен кредит за сите граѓани. Понудата вклучува избор на летна дестинација по Ваш избор преку реномираната туристичка агенција ЈК Травел, а целосниот износ може да го плаќате на десет месечни ...

Новата функција, за Chrome за Android, дури има контроли слични на оние што ги нудат апликациите за подкаст. Google на корисниците на веб-прелистувачот Chrome на Android им нуди нова опција, наречена „Listen to this page“, која може гласно да чита содржина од веб-страниците. Функцијата доаѓа и со контроли за репродукција, слични на оние што се гледаат на музичките плеери или подкаст плеери, кои можат да ја променат брзината на читање, брзо ...

Ова ќе биде прв пат Apple да биде казнет според Законот за DMA. Европската комисија во март објави дека започнува истрага за новата структура за наплата на Apple за алтернативни продавници за апликации, а компанијата од Купертино сега се соочува со дневни казни до 50 милиони долари. Apple наплаќа таканаречен Core Technology Fee на програмерите кои сакаат да ги насочат корисниците надвор од App Store, а има дополнителни три проценти за ...

Компанијата користи аватари за да им помогне на креаторите на содржини и брендовите да продаваат производи. Во април се појавија информации дека TikTok работи на аватари генерирани со вештачка интелигенција, кои огласувачите може да ги користат за да ги продаваат своите производи на платформата. Сега тие планови се официјализирани, при што TikTok ги објави дигиталните аватари создадени со вештачка интелигенција што ќе започне да им ги нуди на ...

Според аналитичарите, iPad Pro бил само почеток. Наскоро би можеле да дознаеме каква идеја има Apple кога станува збор за дизајнот на производите на компанијата, а тука првенствено се мисли на нивната дебелина. Аналитичарот на екосистемот на Apple, Марк Гурман, тврди дека мисијата на Apple да го направи најтенкиот можен производ никогаш нема да заврши со уредот iPad Pro. Компанијата планира и потенок MacBook Pro, Apple Watch, а како што дознавме ...

Креаторот на Firefox донесе одлука да не се откаже од своите екстензии за да ја заобиколи цензурата. Пркосејќи на „упорните барања“ од рускиот медиумски регулатор Роскомнадзор, Mozilla неодамна соопшти дека ќе го врати локалниот пристап до пет екстензии што ја заобиколуваат цензурата. Mozilla ги повлече екстензиите на Firefox, вклучително и Censor Tracker и Runet Censorship Bypass, во Русија на почетокот на овој месец без директно да ги извести ...

Измамниците злоупотребуваат одредени брендови и индустрии почесто од другите. Првиот фишинг инцидент се случи во 1994 година, кога тинејџер од Пенсилванија испрати лажни пораки барајќи од корисниците на AOL да ги потврдат своите сметки. Оние кои одговориле на овие пораки ги откриле своите лозинки. Триесет години подоцна, многу од илјадниците фишинг-мејлови кои се испраќаат секој ден се потпираат на истата „технологија“: доверба на добро познат ...

Ваквите модели на iPhone не се безбедни, па затоа се препорачува повеќе да не се користат. Телефоните на Apple генерално се сметаат за побезбедни од Android бидејќи компанијата со години обезбедува безбедност и надградба на оперативниот систем на постари модели. Други компании почнаа да применуваат слични тактики, па Samsung и Google нудат седумгодишни безбедносни надградби, како и надградби на оперативниот систем, што е дури и повеќе од Apple, ...

Виртуелниот асистент Siri добива интеграција ChatGPT, со надградби за давање подобри одговори и нови функции за вештачка интелигенција. Apple најави неколку функции за вештачка интелигенција кои доаѓаат до виртуелниот асистент Siri. Ова вклучува подобрен дизајн, подобрувања на говорот и разбирање на команди на странски јазици, како и интеграција со ChatGPT моделот на OpenAI. Некои од овие функции доаѓаат како дел од системот за интелигенција на ...

Корисниците на паметни телефони често сакаат малку да го разгалат својот паметен телефон, а ако сакате да го почестите со луксуз, Луј Витон има маска за iPhone 15 Pro. Овој скап додаток е во црна боја и има џеб со монограм со потпис на брендот. Но, колку добро го штити телефонот? Дали скапата маска може добро да го заштити телефонот од удари? Тајлер Морган (@hitomidocameraroll) реши да ја проба футролата за телефон од Луј Витон, а ја тестираше ...

Starlink сега е достапен во 100 земји, територии или други пазари ширум светот. Сателитската услуга Starlink во сопственост на американскиот претприемач и милијардер Илон Маск сега е присутна во 100 земји во светот, бидејќи неодамна и се приклучи Сиера Леоне како стота земја, беше објавено на социјалната мрежа X (Твитер). „Ова е стота земја, територија или друг пазар во светот каде што е присутен брзиот интернет на Starlink“, се наведува во ...

„Valve го узурпира пазарот и ги искористува гејмерите во Обединетото Кралство“, се тврди во новата тужба со која се бара да се принуди Valve да плати за преполнување на игрите на Steam. Valve е тужен во Велика Британија и обвинет дека ја искористил својата доминација на пазарот со платформата Steam за да принуди 14 милиони играчи да платат повеќе. Во тужбата, поднесена до Апелациониот суд за конкуренција во Лондон, се наведува дека деловните ...

Популарниот јутјубер MKBHD го интервјуираше Тим Кук – извршен директор на Apple. Маркез „MKBHD“ Браунли е еден од најпопуларните jутјубери во областа на информатичката технологија, а за време на конференцијата WWDC доби можност да го интервјуира извршниот директор на Apple, Тим Кук. За време на интервјуто, Кук коментираше за Apple Intelligence, како и за функциите што може да ги извршува вештачката интелигенција на компанијата, како што се ...

Sony во мај ја откри листата на игри со најмногу преземања на платформата PlayStation и ја потврди доминацијата на еден наслов – а ја продуцираше Xbox. Имено, пиратскиот MMO наслов Sea of Thieves забележа најмногу преземања на двата пазари: европски и северноамерикански. На европскиот пазар ова е веќе втор месец по ред како Sea of Thieves е на врвот. Иако ова е список на преземања, може да се користи и во контекст на продажни резултати ...

Гејмерите ги очекува возбудливо лето, а AMD се подготвува да им понуди значителна надградба во областа на процесорите. Серијата процесори Ryzen 9000 ќе биде лансирана во јули, а ова се првите десктоп чипови со новите јадра на процесорот Zen 5. Сепак, сегашните Ryzen 7000 X3D процесори ќе останат побрзи кога станува збор за игри, иако тоа се очекува да се промени кога првите Ryzen 9000 X3D процесори ќе пристигнат малку подоцна. AMD беше малку ...

Во првиот квартал од 2024 година се произведени вкупно 296 милиони паметни телефони, што претставува раст на производството од 18,7 отсто во споредба со истиот период минатата година. Неодамнешниот извештај на Trendforce открива силен раст од 18,7 отсто на годишно ниво во производството на паметни телефони во првиот квартал од 2024 година, со вкупни испораки од 296 милиони единици. Имено, на пазарот во првиот квартал од оваа година доминираше ...

Во рамки на првата фаза од реализацијата на комплексот „Гранд Скопје“ веќе се постигнати 35% зелена површина што е над законскиот минимум од 20% по градежна парцела. Ова е потврда дека при планирањето и изведувањето,„ Гранд Скопје“ ги запазува највисоките стандарди, не само за градба туку и за хумано живеење во урбаните средини. Ова го истакна Леонид Антиќ, член на управниот одбор на „Гранд Скопје“ кој визијата за „Новото обележје на градот“ и ...

Редици колони возила на македонско-грчката граница, полни плажи туристи- вака изгледаше почетокот на летната сезона во месец мај. Од најголемата македонска туриситчка агенција ЈК травел брифираат за пораст на аранжманите во овој период, а сезоната официјално ја започнаа на 15ти Мај со првите гости во Грција и Албанија. Трендот се должи на повеќе фактори, велат од ЈК Травел. Според податоците, ниските цени на аранжманите кои ги нуди ЈК Травел во ...

Соработката помеѓу MintIns и Interdomestik гарантира дека клиентите со која било полиса за осигурување склучена преку MintIns сега ќе добијат членство во Interdomestik. Ова членство обезбедува сеопфатна помош и го олеснува добивањето на побарувањата, нудејќи бројни придобивки, вклучувајќи: – Бесплатна консултација за утврдување на правната основа за надомест на сите видови штети – Процедури за надомест на штета од осигурителната компанија – ...

Google Maps го реши проблемот кој ги мачи корисниците веќе неколку недели. Почнувајќи од крајот на минатиот месец, корисниците не можеа да креираат патувања со повеќе застанувања на уредите со Android. Откако ќе го поставите првиот дел од вашето патување во апликацијата со тоа што ќе имате почетна точка и дестинација, притиснете го копчето „+“ под првата дестинација и додадете друга – можете да додадете до девет. Кога оваа функција работи, треба ...

Ферас Хамад, поранешен вработен во Мета во одделот за машинско учење, ги изнесе обвинувањата против технолошкиот гигант. Тој ја тужеше Мета и тврди дека бил отпуштен поради начинот на кој се справувал со содржината на Инстаграм поврзана со Палестина. Хамад смета дека само ги посочил неправилностите во оваа работа, а од компанијата велат дека палестинските познати личности неправедно се под „ограничувања“ на Инстаграм. Токму поради тоа, како што ...

Додека компаниите денес главно се фалат со тоа што можат да направат нивните уреди, Light Phone има поинаков пристап. „Има многу работи кои Light Phone 3 едноставно не може да ги направи“, се зборовите со кои започнува промо видеото на третата генерација на овој уред, кое носи сосема поинаков поглед на користењето на телефонот. Овој уред, како што е нагласено во видеото, не може да објавува на социјалните мрежи, да праќа мејлови, но не може ниту ...

Досега непознатиот малициозен софтвер, кој може да зарази повеќе платформи, наводно бил воведен за шпионажа и сајбер криминал и бил активен со години. Станува збор за „backdoor“ вметнат од сајбер-криминалци кои зборуваат кинески, а безбедносната компанија Trend Micro вели дека тоа е сосема нов вид на малициозен софтвер. Името на малициозниот софтвер е Noodle RAT, познат е и како ANGRYREBEL и Nood RAT, а доаѓа во верзии и за Windows и за Linux. ...

22/06/2024 01:34 - USB - +1

Светот на Android доживеа голема промена. Дејв Бурк, до неодамна потпретседател на инженерството за Андроид, рече дека се повлекува од позицијата. Како што изјави, ќе остане на Alphabet, но истовремено ќе бара „нови можности во AI/биотехнолошката сфера“. „AI има потенцијал да игра клучна улога во брзиот развој на лекови кои би имале широка примена, вклучително и тешки педијатриски карциноми, што е тема блиска до мене“, рече Бурк на LinkedIn. So… ...

Еден фотограф бил дисквалификуван од натпревар бидејќи користел вистинска фотографија наместо слика со вештачка интелигенција. Да бидеме фер, Мајлс Естрај влезе во конкуренција со фотографија од фламинго што изгледа прилично нереално. Единствениот проблем е што тоа е вистинско животно на реална слика, а тој ја поднесе работата во категоријата за вештачка интелигенција на натпреварот 1839 Color Photography. Thanks @JacquiPalumbo over at @CNN for ...

Поранешниот извршен директор на OpenAI, кој работеше на соборување на извршниот директор Сем Алтман, даде некои од најстрогите предупредувања за иднината на вештачката интелигенција. Во интервју за време на AI+ Самитот, Хелен Тонер – поранешен член на одборот на OpenAI сугерираше дека ризиците што вештачката интелигенција ги поставува за човештвото не се само најлошите сценарија од научната фантастика. „Мислам дека понекогаш луѓето ја слушаат ...

Европскиот пазар на паметни телефони забележа раст по 12 последователни квартали во минус. Samsung има најголем удел на пазарот, најмногу благодарение на серијата Galaxy S24. По 12 последователни квартали на пад, европскиот пазар на паметни телефони конечно забележа раст. Според најновиот извештај на аналитичката компанија Canalys, во периодот од 1 јануари до 31 март во Европа биле испорачани 33,1 милиони паметни телефони, што претставува раст ...

Google се обидува да ја поправи својата функција AI Overviews. Откако новата функција AI Overviews на Google беше „фатена“ како дава бесмислени и погрешни одговори на прашањата за пребарување по лансирањето, технолошката компанија се обидува да ги поправи своите прегледи за пребарување генерирани од вештачка интелигенција. Исто така, се чини дека Google дава резултати со вештачка интелигенција на многу помалку корисници, што сигнализира барем ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
43%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
1.03
52%
1011
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
53%
1010
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
42%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.8
47%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
60%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.58
47%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
49%
1011
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
44%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
52%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
63%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52