„Сосема обично“ е насловот на изложбата на уметникот Владимир Илиевски, отворена во галеријата „Метаноја“ во Скопје. Делата на Илиевски ќе бидат изложени во галеријата еден месец. – Светлината е најобична природна појава. Таа е толкав дел од нашето искуство така што забораваме дека не само што можеме самата неа да ја видиме, туку и заради неа гледаме сѐ друго. Како што псалмистот вели, „Во Твојата светлина гледаме светлина“ (Псалм 36:9). ...

Фросина Пармаковска за романот „Сè уште можам нешто да сторам“, издание на „Или-Или“ го доби Рациновото признание за 2024 година. Наградата ù беше врачена минатата недела на свеченото отворање на 61, издание на Рацинови средби во Спомен-костурницата во Велес. Одлуката за наградата во конкуренција од 25 книги ја донесе жирито во состав: Светлана Петрова-Џамбазова (претседателката) и Маја Апостоловска и Јасминка Делова-Сељанова (членки). Во ...

Со изложба на постери денеска во 13 часот во основното училипте „Кочо Рацин“ во кратовското село Коњух ќе бидат одбележани 25 години од почетокот на археолошките истражувања на локалитетот Големо Градиште. Археолозите го истражуваат локалитетот во рамките на долгорочен меѓународен проект помеѓу Археолошкиот музеј од Скопје и Колеџот „Гетисбург“ од од Пенсилванија, САД. – Истражувањата континуирано откриваат остатоци од непознат доцноримски град, ...

Иако соработувам со бројни институции од областа, најдраго ми беше предавањето на предлог на Универзитетското собрание, каде заедно со студентите ги анализиравме актуелните состојби во областа на екологијата – вели проф. д-р Марина Малиш Саздовска Младите генерации ги привлекуваат наставните содржини од областа на криминалистиката, криминологијата, полициското работење и други наставни програми кои се составен дел на студиските програми при ...

„Чемерски: Низ цртеж, отпосле“ е насловот на излошбата на дела од Глигор Чемерски која ќе биде отворена вечерва во 20 часор во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. со задоволство ве покануваат на отварањето на изложбата на македонскиот уметник Глигор Чемерски. – Најголем дел од цртежите и гвашевите претставени на оваа изложба се неизложувани дела, интимни формати од колекцијата на Galerie du Fleuve, создадени меѓу 1983 и 2003 ...

Повеќе од стотина учесници во Струга ќе го прследат Летниот регионален семинар што го организира Францускиот институт во Скопје. Во хотелот „Дрим“ утре во 18.30 часот учесниците ќе ги поздрави францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер. Обучувачите се експерти од Франција и ќе анимираат работилници на актуелни тематики врзани за наставата на и по француски јазик во рамките на образовниот систем. Семинарот повеќе од две децении обединува на едно ...

Повеќе од 900 деца од 4 до 12 години во различни возрасни категории си ги измерија силите на детската трка „Мини трчај бе“ која се организираше по втор пат, завчера во Битола. Децата се натпреваруваа во девет категории, трчајќи на растојанија меѓу 150 и 400 метри, под слоганот „Мали чекори за големи соништа“. – Децата сакаат да трчаат, иако возрасните често велат: „Не трчај!“ Викендов тие мали чекори се претворија во големи соништа на патеката, ...

Повеќе од 200 млади присуствуваа на втората конференција „Чувари на мудроста“, во организација на Халкбанк АД Скопје, на која своите искуства, совети и рецепти за успех ги споделија 14 говорници кои работат во различни области. Настанот беше вистинска платформа на која се обединија знаењето на успешните и реализирани професионалци и полетноста и амбициозноста на младите студенти и претприемачи. На првата панел дискусија „Од личен развој до ...

Ноќевање на монтажен кревет прицврстен среде карпа на 200 метри надморска височина во прекрасниот пејзаж на Демир Капија. Ова е една од авантурите што ќе ви ги приреди алпинистот Дарио Милошевиќ и неговиот тим од Rock Climbing Macedonia во Демир Капија. За идејата да го промовира ова место во светот, за потенцијалите што ги има, за љубовта кон планината, кон карпите, за позивот да се спаси човечкиот живот без да се бара ништо за возврат… Дарио ...

Амбасадорите Дејвид Гир и Кшиштоф Гжелчик во Македонски Брод – граѓаните заинтересирани да реализираат проекти со ЕУ-поддршка Општина Македонски Брод има огромен потенцијал за развој, а во тој процес од голема помош е поддршката од Европската Унија. Ова беа само дел од ставовите на граѓаните на Македонски Брод, со кои амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, и полскиот амбасадор, Кшиштоф Гжелчик, вчера имааа отворена средба во Домот на културата. Полска е ...

Анатомијата кај тој мал пациент беше толку променета, што моделот на вештачка интелигенција кој го користевме не успеа да препознае ниедна структура, па мораше целиот модел да се прави „пешки“, вели Арсеников Како што не постојат исти луѓе, така не постојат исти органи. Секој е различен. Затоа за хирурзите е особено важно да можат да ги видат во 3Д форма органите што треба да ги лекуваат. Понекогаш, ова може да значи и спасување нечиј живот. ...

Четири филма од португалската кинематографија ќе бидат прикажани во Кинотеката во Скопје идната недела. Станува збор за ремастирани копии на општествено ангажираните, неколку децении стари филмски творби. – Ова е несекојдневна можност да се видат вакви филмови, кои се речиси непроценлив историски документ, создадени во центарот на турбулентните настани во тогашната Португалија. Тоа се и своевидни манифести за односот меѓу киното и политиката, за ...

Македонскиот танчер и кореограф Бојан Мицев ја освои втората награда од публиката во Оснабрук, Германија за неговата нова кореографија “Limitless” во тамките на вечерта за млади кореографи. Станува збор за програма каде кореографите ги создаваат и презентираат своите дела во склоп на репертоарната програма на Театар Оснабрук со вкупно 5 претстави, а публиката при секоја претстава гласа која кореографија најмногу им се допаѓа. Годинава беа ...

Четворица средношколци ја претставуваат Македонија на 6. Балканска олимпијада по физика, пто се одржува во Никшиќ, Црна Гора. Македонија ја преставуваат: Искра Нечаковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, Елена Трифуновска и Марко Митевски од Математичко-информатичката гимназија од Скопје и Даниел Христовски од „Јахја Кемал“ од Скопје. Водачи на тимот се бидат Ирена Златановска и Гоце Геговски, додека член на Научниот одбор на оваа ...

Во Музејот на македонската борба вечерва во 20.30 часот концерт ќе одржат флејтистките Јана Каевска и Ана Трсунова и пијанистката Ивона Базгалоска. Тие ќе изведат дела од Г. Коларовски, Ф. Мартен, С. Прокофјев, А. Грнин, П.И. Чајковски и од Т. Прокопиев. Концертот е во рамките на манифестацијата Скопско лето. Јана Каевска е родена во Скопје, 1999 година. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2021 година како дел од класата ...

„Вештачката интелигенција, културниот идентитет и личноста“ е темата на јавната дискусија што ќе се одржи денеска во 18.30 част во бифето во демирхисарското село Смилево. На дебата ќе учествуваат: проф. д-р Благој Ристевски, декан на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола, проф. д-р Ивица (Иван) Џепароски, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, проф. д-р Александар Прокопиев, професор на Институт за македонска ...

„Во постојано движење“ е насловот на завршната групна изложба од програмата „Артс хаб“ што ќе се одржи денеска од 12 до 22 часот во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје. Ќе бидат претставени петте колаборативни и партиципативни пректи на повеќе автори. Настанот почнува напладне со мал хепенинг во кој Никола Узуновски ќе подготвува храна користејќи го методот на соларна кујна, а изложбата ќе може да се погледне во текот на целиот ден. Ќе бидат изложени ...

Без никаква поддршка од Град Скопје, со намален буџет од Министерството за култура вечерва во 20.30 часот во Куршумли ан ќе биде отворено 45. издание на Скопско лето. Манифестацијата почнува со концертот на хрватскиот пијанист Звјездан Ружиќ. Во наредните 40 дена, посетителите ќе проследат 22 концерта, 7 театарски претстави, исто толку изложби и две промоции на книги. Фестивалот ќе биде затворен со концертот на Камерниот оркестар на Музичка ...

Охридскиот архив ќе ја преземе архивската документација на Охридско лето. Целта е да се сочува документарното богато наследство на фестивалот. Според меморандумот за соработка помеѓу Охридско лето и Државниот архив, тимот на Арховот ги заврши архивските процедури да преземе дел од документите на трајно чување. – Свесни за значењето на богатата историја на Охридско лето презедовме голем чекор за трајно да ги сочуваме сведоштвата на сè она што ...

Стотина гости, еминентни претставници од светот на културата и кинематографијата и љубители и поддржувачи на македонската филмска индустрија присуствуваа на доделувањето на почесните награди во рамките на филмската ревија „Златна рамка“ на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) во Младинскиот културен центар во Скопје. Наградите им беа врачени на Тони Михајловски како најистакнат актер, Владимир Анастасов-Вац за најистакнат филмски ...

„Време“ е темата на традиционалната модна ревија која вечерва во 20 часот ќе се одржи на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Со свои дела ќе се претстават студентите од Институтот за текстилно инженерство, под менторство на проф. Лидија Георгиева, по повод прославата на 65-годишнината од основањето на ТМФ. – Тие го истражуваа поимот време како континуум, река која постојано тече и со себе го носи наследството од минатото низ патеките кон ...

Шест и пол децении Факултетот за електротехника и информациски технологии се етаблираше во водечка образовна и научно-истражувачка институција кај нас и во регионот. Денес не го славиме само 65-годишниот јубилеј, туку и нашето патување исполнето со бројни достигнувања, труд и справувања со предизвици рече проф. д-р Владимир Атанасовски, декан на ФЕИТ на одбележувањето на јубилејот. Од 1959 година до денес, ФЕИТ се разви во стожер на образование, ...

Им оддаваме чест на тројцата брилијантни научници, д-р Хабенер, д-р Мојсов и д-р Холст кои ги поставија темелите на оваа извонредна приказна со клучните револуционерни откритија, велат од Фондацијата Македонката Светлана Мојсов заедно со Џоел Хабенер и Јенс Јуул Холст се добитници на престижната награда Танг за биофармацевтска наука кој во азискиот свет е своевиден пандан на Нобеловата награда. Признанието се доделува на истакнатаи научници за ...

Во книжарницата „Антолог“ во Центар, вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на „Ехо на споделеното лудило“ од Благоја Стојков, издание на „Антолог“. Промотор ќе биде Алек Василевски, а модератор е Билјана Велкова. Благоја Стојков (2003, Кочани), живее на релација Зрновци-Скопје. Студент е во Скопје. Автор е на четири книги – „Гонејќи дух“, „Двете ѕвезди“, „Пеколен меден месец“ и „Ехо на споделеното лудило“. Своето слободно време го исполнува ...

Во хотелот „Сириус“ во Струмица денеска почна Втората светска конференција за дијалог и соработка во религијата. До 22 јуни онференцијата ќе ги собере водечките експерти од целиот свет за да дискутираат за важни прашања поврзани со религијата и нејзината улога во меѓународните односи и дипломатијата. Ова е одлична можност за сите заинтересирани да се вклучат и да дознаат повеќе за оваа значајна тема. Годинава активно ќе учествуваат околу 60 ...

Театар Куманово освои награда за колективно уметничко остварување на 34. Фестивал во Враца, Бугарија. На Фестивалот за малите театарски форми во Враца, театарот од Куманово ја освои наградата за колективно уметничко остварување за претставата „Драма изгубена во времето“, според текст на Сашко Насев, а во режија на Владлен Александров. Во претставата играат: Кети Дончевска-Илиќ, Горан Илиќ и во улога на гостин во краткиот филм актерката ...

Галеријата „Грал“ и Младинскиот културен центар ја организираат изложбата „Чемерски: Низ цртеж, отпосле“ на реномираниот македонски уметник и академик Глигор Чемерски. Изложбата ќе биде отворена на 24 јуни во 20 часот, во галеријата на МКЦ. – Во текот на 1980-тите и на почетокот на 1990-тите, Чемерски често престојуваше во Париз, каде што беше застапуван од галеријата Галери ди Флев (1983 – 2003). Постојано присутен на тамошната ликовна сцена, ...

Претставата „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески, ќе гостува на фестивалот „Скопско лето“, на 24 јуни во 20.30 часот , на малата сцена во Националната опера и балет во Скопје. Претставата е копродукција помеѓу штипскиот театар и „Моушн нетворк“, а е поддржана од Министерството за култура. Улогите ги толкуваат: Ефтим Трајчов Ѓаурски, Димитрина Мицкоска Трајкоска и Милорад Ангелов. Сценографија е на Трајчов Ѓаурски и на режисерот ...

„Одисеја 2024“ насловот на традиционалниот концерт на отворено кој Македонската филхармонија ќе го изведе вечерва во 21 часот во Градскиот парк во Скопје. Под диригентската палка на маестра Дијана Имери-Илкоска, ќе бидат изведени музички теми од големите композиторски имиња од светот на класичната музика: Моцарт, Бетовен, Штраус, Росини, Хачатуријан, Елгар, Хендл, Пук и Шостакович, а кои ги одбележаа маестралните филмови: „Одисеја 2001“, ...

Ниту Агенцијата за филм ниту Министерството за култура побарале извештај од нас. Во Друштвото поминаа сите можни инспекции од Министерството за култура, финансиската полиција, Државниот завод за ревизија, Комисијата за спречување корупција. Кај нас е сè чисто, рече Игор Иванов-Изи Друштвото на филмските работници на Македонија е формирано во 1950 година, веднаш по основањето на Друштвото на писателите на Македонија и на Друштвото на ликовниоте ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
56%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
69%
1021
weather icon

Загреб

23ᴼ / 18ᴼ
1.03
68%
1023
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
5.66
60%
1019
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.44
85%
1018
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
2.06
82%
1024
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
6.17
53%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
53%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
7.72
34%
1018
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
67%
1018
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 18ᴼ
1.03
59%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
73%
1013
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75