Во рамките на 45. издание на Скопско лето вечерва во 20.30 часот во Сули ан во Старата скопск чарпија ќе биде изведена театарска претстава „Веселинови“, во продукција на Драмското студио „Бронзена наметка“ од Штип. Играат Оле Поцкова (Весела) и Игор Стојанов-Баркли (Веселко). Интерпретацијата на песна е на Нела Гегова. Претставата е авторски проект на Трајче Кацаров. Весела и Веселко не се надвор од аглите и сташиците што ги поставува семејниот ...

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворен Патувачкиот интердисциплинарен и мултимедијален фестивал „Културен амалгам“. На програмата се „24“ – изложба на фотографии од Никола Јовановиќ и проекции на филмовите – „Митот за Сара“, „Мангава диско панк“ и „Долу од рајот“ од Саша Станишиќ. Во својата основа целта на фестивалот е да отвори врати кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија ...

„Генеза на хроничната мистерија“ е насловот на мултимедијалниот проект од уметникот Емил Солески што ќе биде претставен вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Тој ќе се претстави со триптих – алегорија за губењето на идентитетот. – Во време кога надминуваме одредени предрасуди и се бориме со стереотипи, разгорува распаднатото огниште, се занишува празната лулка, а паланзата, и без тег ќе измери нешто, потамина ако ...

Во црквата „Св. Софија“ во Охрид вечерва во 21 часот концерт ќе одржат пијанистките Марија Ѓошевска и Славица Мицовска-Смилевска. На програмата за четирирачно пијано се дела од Едвард Григ, Волфганг Амадеус Моцарт и од Морис Равел. Марија Ѓошевска е една од најистакнатите пијанистки во нашата земја. Дипломира, магистрира и докторира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на истакнатиот пијанист и педагог проф. Борис Романов. ...

Наградата ќе му биде врачена на отворањето на фестивалот, на 1 август, во 20.30 часот, во Амфитеатарот во Струмица Македонскиот режисер и сценарист Антонио Митриќески е лауреат на наградата „Астер“ на 19. издание на „Астерфест“. Наградата ќе му биде врачена на отворањето на фестивалот, на 1 август, во 20.30 часот, во Амфитеатарот во Струмица. Статуетката за наградата „Астер“ специјално ја изработи македонскиот уметник Никола Пијанманов. Мото на ...

Златните медали на младите таленти Дамјан Давков на Светската олимпијада по математика и на Јан Стојановски на Европската олимпијада по физика уште еднаш потврди колкав е научниот капацитет на подмладокот на Македонија. За жал, потврди и колку ниту една власт мува не ја лази за овие талентирани ученици. Вклучувајќи ја и актуелнава. Особено актуелнава. 2024 година испадна најтешка за талантираните ученици во Македонија и нивните семејства. Кој се ...

Оркестарот на ФАМЕ’С Институт вечерва во 20.30 часот ќе одржи концерт во Сули ан, во Старата скопска чарпија. Ќе настапат и гостите од Соединетите Американски Држави, диригентот Скот Флавин и виолинистката Ирина Мурешану. На програта се дела од Ф. Прајс, М. О Конор, Џ. Лесард, А. Копланд, Л. Бернштајн, С. Џоплин, Х. Манцини и од Џ. Гершвин. ФАМЕ’С европскиот окрестарски изведувачки институт е музички образовен центар, создаден во рамките на ...

На сцената на Долни Сарај во Охрид вечерва во 19.30 часот Народниот театар од Битола премиерно ќе ја изведе претстава „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Багријана Попов. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, а музиката е на Александар Димовски. Улогите ги толкуваат: Јулијана Мирчевска, Илија Волчевски, Огнен Дранговски, Катерина Аневска-Дранговска, Васко Мавровски, Соња Ошавкова, Леонида ...

Весна Митевска e новата в.д. директорка на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“. Таа е истакнат играч од прв ред, солист и прва жена-раководителка на ансамблот во неговото 75-годишно постоење. Родена е во Скопје во 1986 година и љубовта кон фолклорот и традицијата ја носи уште од најраното детство. Набрзо потоа таа станува член на КУД- Скопје, каде активно ќе членува сè до 2001 година кога во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, за прв пат во ...

Фестивалот „Преку езерото“ што се одржува во Дојран, од годинава ќе ја воведува наградата „Мето Јовановски“ за „Извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот“. Ова беше споделено вчера на средба во Гевгелија, на организаторите на фестивалот со културни работници од регионот – Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран. Фестивалот годинава ќе се одржи од 7 до 11 август. Со проекции на пет долгометражни филма, од кои четири играни и еден ...

Најзначајната средба со Петре М. Андреевски за мене беа романите „Пиреј“, „Небеска Тимјановна“ и „Тунел“, кои ги читав во средношколските денови. Тука ја видов длабочината до која проникнува тој во уметничкото прикажување на сè што сме ние и како Македонци, и како луѓе, на сè што сме сакале, а не сме можеле Пишува: Наташа Атанасова Во купчето книги што ги спакував за да ги читам на одмор, првата беше „Книга за Петре“ (издание на „Арс ламина“), ...

На малото плато пред Офицерскиот дом во Битола вечерва во 22 часот концерт ќе одржи Марко Виденовиќ со својата музичка формација „Квинтето“. Составот го сочинуваат Игор Бакревски, кларинет, Владимир Лазаревски, обоа, Кристијан Кожумановски, бас гитара, Благоја Антовски тапани и Марко Виденовиќ, виола, клавијатури и композитор. – Музиката што ја негува „Квинтето“ е спој на повеќе правци како што се етно, џез, а на моменти и класична музика. ...

Златен медал освои Дамјан Давков на 65. Интернационалната математичка олимпијада во Англија што се одржува во Бат, Англија. Алексиј Тасиќ и Леонид Тодороски освоија бронзени медали, а Никола Цветаноски, Бранко Јангеловски и Ивано Божиновски освоија пофалници. Македонската репрезентација на олимпијадата ја водеа менторите Илија Јовчески од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје и Мирко Петрушевски од Машинскиот ...

Ќе бидат одбележани годишнините на двајца наши истакнати поети – 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски и 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски и на Матеја Матевски „Допир на убавината“ е мотото на 62. издание на Струшките вечери на поезијата, што годинава ќе се одржи од 22 до 26 август во Струга. Свеченото отворање на фестивалот ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, познат и како Дом на поезијата, а свеченото ...

„За послушноста“ е насловот на изложбата од Перо Кованцалиев што ќе биде отворена вечерва во 20.30 часот Друштвото на ликовните уметници на Битола. Тој ќе се претстави со дела во кои го разгледува човековото однесување на кое се должи формирањето на секое негово групирање од фамилијата до државите и без кое не би преживеела ниедна социјална структура. – Послушноста е предиспозиција за разните форми на владеење, фундаментот за формирањето на ...

Во рамки на 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ вечерва во 20.30 часот во Сули ан концерт ќе одржи хорот „Кочо Рацин“ под диригентската палка на Ангелина Спасовска. На програмата се дела од Драган Шуплевски, Стеван Мокрањац, Антон Арнески, Стефан Гајдов и народни композиции. Хорот „Кочо Рацин“, формиран во 1946 година, во Горно Врановци, е еден од најстарите хорови во Македонија. Од самото негово формирање, низ одбраниот репертоар и ...

На сретсело во Смилево, Демирхисарско, вечерва во 20.30 часот почнува патувачкото кино на Фестивалот на документарен филм „Македокс“. – Магаренцето на „Македокс“ патува веќе 15 години и стана препознатливо по своето волшебно самарче. Патувачкото кино раскажува и забележува приказни, тоа е неговата суштина. Спојува луѓе, енергии, судбини, преплетува исконски и современи приказни. На културата гледа пошироко од кино сали и помпезни настани. Ги ...

Во црквата „Св. Софија“ во Охрид вечерва во 21 часот концерт ќе одржи ансамблот „Маре Нострум“ од Италија. Ќе настапат: Џулија Болкато, сопран, Данило Пасторе, контратенор, Масаши Томосуги, баритон, Анџело Тестори, тенор, Маргерита Буратини, харфа, Џулио Фалцоне, теорбо, Томас Чигиони, виолончело, Серена Сегетини, виола да гамба, Амлето Матеучи и Аучија Аделаиде ди Никола, клавичембало и оргула. На програмата е „Санта Пелагија“, ораториум за ...

ДФРМ им честита на сите ученици за достојното претставување на Македонија на оваа олимпијада. Јан, Емилија и Дамјан се дел од тимот кој ќе ја претставува Македонија на 54. Меѓународна олимпијада по физика во Исфахан, Иран Матурантот Јан Стојановски го освои првиот златен медал за Македонија на 8. Европската олимпијада по физика која се одржува во Кутаиси, Грузија. – Честитки за Јан. Не се сомневавме дека ќе го донесе првото историско злато од ...

Филмот на Столевски ќе биде прикажан вечерва и утревечер во Кинотеката, со почеток во 20.30 часот Филмот „Домаќинство за почетници” по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на „Лист продукција“, освои две награди „Златна арена“ на Филмскиот фестивал во Пула, што беше затворен синоќа. Горан Столевски „Домаќинство за почетници” беше дел од натпреварувачката програмата за малцински копродукции и ја освои „Златната арена“ за ...

Претставата „Едвард Втори”, според Кристофер Марлоу, режија на Андриј Жолдак и драматургија на Сашо Димоски, копродукција меѓу Велешкиот театар и Драмскиот театар од Пловдив, селектирана е во официјалната селекција на фестивалот МЕС, Сараево, БиХ. МЕСС е најстариот театарски фестивал во Југоисточна Европа, основан во 1960 година и уште од своите зачетоци е иноваторски, ризикувајќи и вложувајќи во најхрабрите уметнички проекти. Ова е прво учество ...

Под мотото „Уметноста на традицијата“ денеска во Битола започнува 54. издание на фестивалот „Илинденски денови“ во организација на Центарот за култура. Овој фестивал, на кој се слават народни песни и игри од целиот свет, ќе трае 13 дена и ќе учествуваат 1.300 учесници од Македонија, Романија, Боливија, Јужна Кореја, Северен Кипар, Мексико, Турција, Србија и САД. Мисијата на фестивалот е да ја зачува и негува традицијата, вредност која се одржува ...

Ова се институтите каде може да го продолжите своето образование, прочитајте што можат да ви понудат Од етнологија до економска математика, од географија до медицинска физика, од сеизмолигија до нанохемија и нутриционизам… Каква примена во секојдневниот живот имаат насоките и студиските програми што им ги нуди Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје на идните студенти. Според проф. д-р Валентина ...

Наградата „Златно сонце“ за најдобар филм на 23. „Синедејс“ ја доби турскиот филм „Јурта“ во режија на Нехир Туна. Наградата ја доби за „реалистичниот и артистички неприкосновен портрет на млад човек, кој расте меѓу два спротивставени света што се одраз на турското општество во минатиот век и денес“. Ова го одлучи жирито во состав: Марија Димитрова, продуцентка, Андреас Јонсен, режисер и Бојана Андриќ, кинематограферка. Во селекцијата посветена ...

Преку механизмот за цивилна заштита се обезбедува помош за да се гаснат пожарите во критичните места во земјава, соопшти Делегацијата на Европската Унија. – Преку овој механизам мобилизиран е еден хеликоптер од Србија, два хеликоптера од Словенија, два авиона и еден хеликоптер од Турција, еден авион од противпожарната флота на ЕУ од Хрватска и еден авион од Романија 🇷🇴. Овие единици за поддршка веќе се ангажирани во гаснење на пожарите – ...

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје вечерва во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата на дигитални слики „Алегории“ од Игор Поп Трајков. Тој ќе се претставува палета од новите дигитални изразни средства, во комбинација во вештачката интелигенција и класичните сликарски техники. Во изложбата, авторот претставува и композиции кои се комбинации на дидактика, оние од релацијата историја и уметност, антропологија и политика, или би можеле да ...

Повеќе од 150 цртежи и слики од младите уметници од Ликовното студио при Центарот за култура во Крива Паланка се изложени во Центарот. Млади ликовни таленти веќе 13 години работат во ликовното студио под менторство на академскиот сликар Роберт Цветковски и досега оттука произлегле многу личности кои изградиле успешна кариера. – Едно вакво отворено ликовно студио значи многу за градот. Сиот потенцијал што го имаат младите може да биде искористен. ...

Велешкиот театар, Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби”, како и македонскиот театарски контекст, вчера успешно беа претставени на Меѓународниот театарски форум во Јужна Кореја. Во присуство на бројни директори на театри и фестивали од сиот свет, директорот на Велешкиот театар имаше презентација на продукциите, ансамблот и го претстави фестивалот „Стоби” како значајна платформа за меѓународна соработка. Театарската асоцијација на ...

Со концертниот настап на македонскиот гитарист Мухамед Ибрахими во Завод и Музеј Битола вечерва во 20.30 часот ќе биде отворен 18. Балкански етно фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“. Ибрахими е мултиинструменталист на жичани инструменти од Скопје. Својата гитара (мандолина, саз итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, доста интуитивен и инспиративен. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како ...

Од вкупно 46 пријавени проекти, „МСУ – Скопје ремек дела за сите” е единствен македонски проект, избран уште во првиот повик за грантови од „Фондот за културно наследство на Хедли за Југоисточна Европа“ за 2024 година, преку „Балканската мрежа на музеи“ (BMN). Членовите на стручната евалуациона комисија едногласно заклучија дека МСУ – Скопје е еден од водечките музеи во државата и затоа е од суштинско значење музејот да започне со трансформација ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
44%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
1.03
62%
1020
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.0
57%
1023
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
6.17
56%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
5.59
66%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
78%
1024
weather icon

Атина

29ᴼ / 28ᴼ
3.09
46%
1011
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
39%
1014
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
8.75
30%
1018
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
72%
1016
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
3.6
47%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
6.69
69%
1013
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75