
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Илустрациите од реномираните турски автори Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и Мурат Калкаван и од нашата илустраторка Наташа Андонова кои беа изложени на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ е поместена во трговскиот центар „Рамстор“ во центарот на Скопје. Посетителите на „Рамстор“ ќе можат уживаат во прекрасните илустрации и да се запознаат со работата на уметниците. – Преселувањето на изложбата во Рамстор мол ќе ...
„Боцкаме на кирилица“ е првиот настан што го организира редакцијата на Трн.мк вечерва во 20 часот во „Бруталиск“ во Скопје. – Многумина нè прашаа зошто не организираме друштвени настани? Не одговоривме никому ништо, туку седнавме, мислевме и еве го одговорот. Дојдете и „боцнете“ од кириличното мени – велат од Трн. Ќе настапат: Јовица Михајловски со кириличен поздрав, Џијан Емин со музичка подлога и диџејски сет, Ивана Павлаковиќ и Несрин Таир со ...
Изложбата „Монодиоптрија“ на фотографот Диоген Хаџи-Коста Милевски ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот во фоајето на Центарот за култура во Битола. Станува збор за визуелно патување и ретроспектива на најмоќните моменти од Интернационалниот фестивал на монодрама во периодот 2019 – 2023 година. Изложбата се состои од 30 фотографии кои ги визуелизираат емоциите и суштината на ликовите толкувани од 25 актери, во монодрамите одиграни на сцените ...
Музички спектакл ќе се одржи вечерва во 20 часот на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Меродиј“ во Скопје. Платото ќе се трансформира во музичка сцена по повод настаните околу Денот на Европа, оносно концертот што го организира Јуроп хаус насловен „Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“. Концертот ќе биде незаборавно патување низ времето, каде што старите македонски хитови ќе добијат свежо и модерно руво, и тоа преку изведбите на ...
Новите студенти на насоката џез и популарна музика во новата академска година ќе имаат можност да учат од квалитетна програма што ги следи европските и светските теркови, од причина што голем дел од наставниот кадар го има стекнато своето образование на најеминентните школи во Европа. Практично, студентите го добиваат истото знаење што се добива на европските музички универзитети, останувајќи во својата држава, вели Кирил Туфекчиевски, ...
На Средно Водно денеска во 11 часот ќе падне првата клапа од снимањето на македонскиот долгометражен филм со работен наслов „Касапско оро“, во режија на Срѓан Јанаќијевиќ. Станува збор за политички трилер со примеси на црна комедија во продукција на „Ново македонско видео“. Главните улоги ги играат актерите Никола Ристановски и Дарја Ризова. Идејата за филмот е на Срѓан Јанаќијевиќ, сценариото е на Сашо Кокаланов и Дејан Дуковски, а главен ...
Во галеријара „Драгутин Аврамовски-Гуте“ на Факултет за ликовни уметности во Сули ан во Старата скопска чаршија, вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена 37. изложба „Студентска графика – Драгутин Аврамовски-Гуте“. На отворањето ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во академската 2023/2024 година, а воедно ќе биде промовиран новоуредениот галериски простор. Ќе учествуваат студенти од сите студиски години од прв и ...
Со наградата „Роман на годината“ сѐ повеќе ги препознава и признава писмата на авторките и тоа ја прави најдемократска родова книжевна награда во Македонија, рече Лидија Димковска, на синоќешното врачување на наградата во Драмскиот театар, за нејзиниот роман „Единствен матичен број“. Романот е во издание на „Три“ и е 25ти добитник на оваа награда. Наградата „Роман на годината“ првпат е доделена во 1999 од весникот „Утрински весник“, а од 2017 до ...
Најмасовниот ревијален настан на тркала „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка ќе се одржи по осми пат на 2 јуни (недела) од 11 часот. Центарот на Скопје повторно ќе биде преплавен со најразлични видови превозни средства кои не ја загадуваат животната средина и нудат алтернативни опции за превоз низ градските улици, со што се поттикнуваат здрави животни навики и начин на ќе се живот. Стартот на трката е од „Порта ...
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска во 12 часот ќе биде промовирана книгата „Дни, години“ од Димитар Башевски, издание на „Слово“. За делото тој ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за 2023 година на Струшките вечери на поезијата. Градската библиотека во Скопје со децении традиционално го претставува добитникот на престижната награда за најдобро домашна поетска книга меѓу две изданија на СВП. ...
Петнаесет млади поети на возраст од 16 до 25 години се избрани да читаат на „Отскочна даска #3“, преднастан на четвртиот „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа 41 пријава, а интерната жири-комисија, составена од членови на управниот одбор и на организацискиот одбор на фестивалот, го направи изборот. Наедно, УО на фестивалот изрази задоволство од бројот на примените пријави, како и од квалитетот на песните и талентот на ...
Претставата на Велешкиот театар „Вечера за глупаци“ од Францис Вебер во режија на Ненад Витанов синоќа го отвори 61. издание на Драмскиот аматерски фестивал во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Настапија Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски, Сандра Танчева, Талија Настова, Благојчо Стојанов, Кире Ацевски и Јордан Витанов. До сабота (25 мај) ќе бидат изведени 16 претстави. Денеска на репертоарот се „Валентајн, не благодарам“, на „Прва ...
Во аулата на Ректоратот на Универзитетот „Св, Кирил и Методиј“ во Скопје, во рамките на патрониот ден 24 Мај и одбележувањето на 75 годишнината од постоењето на Универзитетот беа доделени наградите на најдобро дипломираните студенти за учебната 2022/2023 година. Наградите на најдобрите студенти им ги врачи ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова. На свеченоста покрај наградените студенти и членовите на нивните потесни семејства, ...
Шестмина предавачи ќе учествуваат на првата Конференција за психолози и психотерапевти што ја организира Македонската асоцијација на психолози и психотерапевти, денеска во 4.20 часот во „Јавна соба“ во Скопје. По краткото обраќање на претседателката на асоцијацијата, Дора Попова Узуновски излагање ќе има Ана Чочова-Анастасовска на тема „Аутизам и екранизам карактеристики, сличности и разлики“. Нина Блажевска ќе зборува за предизвиците со кои се ...
Во библиотеката на гимназијата се одржа креативната работилница по пишување поезија и други литературни творби на која учествуваа 30 талентирани ученици од шест скопски средни училишта Во програмата за 4 година по предметот Македонски јазик и литература, творештвото на Анте Поповски се работи со патриотската лирика и тоа најчесто со „Вардар“ и „Македонија“, за жал на само еден наставен час. Колку малку простор за да се објасни сè што има ...
Новата хибридна инклузивна сликовница на кирилско писмо и на Брајова азбука во издание на „Арс Ламина“, „Шарени ириси“, ќе биде промовирана вечерва во 19 часот, во „Литература.мк“ во Дајмонд мол“. Промоцијата ќе се одржи во рамките на првото издание на „Видик“ – новиот фестивал за литература и општа култура. Ова издание на „Арс Ламина“ е со текст на Јована Матевска Атанасова и акварелни илустрации на Симонида Филипова Китановска, кои длабоко и ...
Во малиот салон на галеријата „Ко-Ра“ во Скопје утревечер 20 часот ќе биде отворена изложбата „Македонска мисла“ на м-р Славица Танеска. Самостојната изложба „Македонска мисла“ на која се претставени 20-ина дела, го афирмира македонскиот јазик и кирилското писмо преку народни поговорки. Во денешното време има многу парчиња облека со написи на неа, но редок е случајот тоа да е со кирилично писмо и на македонски јазик, вели авторката. -Преку овие ...
Со доделување на наградите за најдобра илустрација, најдобар текст и најдобра сликовница во целина вчера во Младинскиот културен центар во Скопје беше затворено 6. издание на Меѓународен фестивал на литература и илустрација за деца „Литера“. Наградата за најдобра илустрација „Си беше еднаш… Најубавите бајки на сите времиња“ илустрација Наталија Лукомска, адаптација на текст Оливера Ќорвезироска, издание на „Арс ламина“. Лукомска ќе има своја ...
Во Драмскиот театар во Скопје, утревечер во 19.30 часот на Лидија Димковска ќе ù биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2023 година. Наградат ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а Димковска ја доби за романот „Единствен матичен број“, издание на „Три“. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка (изработка на академскиот скулптор Сашо Саздовски) и паричен износ од 150.000 ...
Со доделување на наградите за најдобра илустрација, најдобар текст и најдобра сликовница во целина вчера во Младинскиот културен центар во Скопје беше затворено 6. издание на Меѓународен фестивал на литература и илустрација за деца „Литера“. Наградата за најдобра илустрација „Си беше еднаш… Најубавите бајки на сите времиња“ илустрација Наталија Лукомска, адаптација на текст Оливера Ќорвезироска, издание на „Арс ламина“. Лукомска ќе има своја ...
Претставата „Фамилија Адамс” во Албански театар за деца и млади ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот. Режијата е на Теа Беговска, а играат: Валдета Исмаили, Мелика, Кастрати, Мумин Абдулахи, Деа Пајазити, Фљакрон Алиу, Елдин Широки, Гезим Жерка, Блерим Дартишта. – „Фамилија Адамс“ е приказна со која сите сме растеле и за поголемиот дел од публиката е веќе позната. Карактерите се препознатливи, многу атрактивни и предизвикувачки за ...
„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое денеска се одбележува Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, датум кој музејските институции низ светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977 година. На овој ден, музеите во земјава традиционално ги отворат своите врати и овозможуваат бесплатен влез за посетителите кои можат да ги видат актуелните изложби и да се запознаат со движното културно богатство. Музеите, освен својот придонес ...
Претставата „Парови“ од Ана Ристоска Трпеноска, во режија на Ивана Ангеловска, ќе биде празиведена вечерва во 20 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмскиот театар во Скопје. Улогите ги толкуваат: Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер. Драмски се издвојува и го држи приматот на национална куќа која дава најискрена ...
Петчасовната опера во три чина „Валкира“ од Рихард Вагнер во изведба на Софиската опера и балет ќе биде изведена денеска во Националната опера и балет во рамките на Мајски оперски вечери. Претставата почнува во 18 часто и ќе трае до 11. Диригент е Еван Алексис Крист, а режисер – Пламен Карталов. Настапуваат: Томас Хол (Вотан), Маријана Цветкова (Фрика), Мартин Илиев (Зигмунд), Ангел Христов (Хундинг), Гергана Русекова (Брунхилда), Цветана ...
Co ликовната работилница за деца „Летаме заедно“ што ќе ја води илустраторката Наташа Андонова, денеска во 10 часот во Младинскиот културен центар во Скопје почнува последниот ден од 6. издание Меѓународниот литературен фестивал „Литера“. Во 12 часот ќе се одржи работилницата „Си беше еднаш“ со илустраторката Наталија Лукомскa. Во 13 часот е закажана промоцијата и работилница за едиција „Неуредните“ – Мависол Јенер (Бата прес). Ќе следува ...
Невообичана енергија ја исполни старата бања, од уметници, колеги, пријатели, историчари на уметност, до луѓе кои немаат врска со уметност, но едноставно сакаа да бидат дел од настанот кој дефинитивно ќе ја одбележи годинава Толпа народ го преплави Даут-пашиниот амам во Скопје на отворањето на ретроспективната изложба на Мирослав Масин кој изложи 150 свои дела. Невообичана енергија ја исполни старата бања, од уметници, колеги, пријатели, ...
Музиката и илустрациите се во фокусот на денешната дебата во рамките на конференцијата „Стратегии во уметноста“ што ќе се одржи во 20 часот во „Ла кања“ во Скопје. Учествуваат: Вангел Ноневски (Аксиома), Виктор Танасковски (Синестетика), Марко Печеновиќ и Мартин Џорлев (Гола планина), Јоана Ристеска (Канал 103), Никола Николовски и Васил Јорданов (Отров). Следува концерт на „Намуз“ (Андреј Татарчевски и Кристијан Новковски) Дебатата се ...
Визуелната и мултимедијална уметница Пандора Апостолоска-Саздовска учествува на 6. Меѓународна изложба на современа уметност на уметници Ars Visibilis која вечерва во 20 часот ќе биде отворена во Медитеранскиот уметнички центар (MECA) во Алмерија, Шпанија. Куратори на изложбата се Роза Муњоз Бустаманте и Фернандо Барионево и таа ќе даде одговори за улогата што жените ја заземаат во уметничкиот свет и потребата да се направи видлив нивниот ...
Во рамките на фестивалот се одржува прв пат и Саем на сликовници и книги за деца, на кој учествуваат: „Арс Ламина“, „Чудна шума“, „Бата прес“ и „Артконект“. Саемот е отворен до 20 часот, а ќе трае и утре во текот на денот. Творештвото на турскиот илустратор Мурат Калкаван ќе биде промовирано денеска на пладне на третиот ден на 6. Меѓународниот литературен фестивал „Литера“ во Младинскиот културен центар. Калкаван, илустратор и уметник, роден е ...
121 година подоцна, во селото Смилево почнува своевидна културна револуција, како пандан на историските настани исклучително важни за македонската историја. Главната манифестацијата се одржува денеска и утре со преформанси, изложби, концерти Во кој здраворазумен правец би сакале да се движи идентитетот на еден народ или поединец? Културата е најбезбедното просторно-временско прибежиште и најстабилна идентитетска опора. Во оваа сложена ...