Творештвото на академскиот сликар Кирил Ефремов ќе биде претставено на голема ретроспективна изложба од вечерва во 19 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје. Ефремов (1938-2020, Штип) своето присуство во македонската уметност го најави во почетокот на 60-тите години на 20 век. Сликарство завршил на Училиштетото за применета уметност (проф. Лазар Личеноски и други), а Академија на ликовни уметности I степен во Белград. Кирил Ефремов во почетокот ...
„Меѓу реалноста и сонот“ е насловот на ретроспективната изложба на која ќе се презентира творештвото на академскиот сликар Кирил Ефремов, а ќе биде отворена на 25 декември 2025, во 19 часот во Даутпашиниот амам. Творештвото на Кирил Ефремов во доменот на надреално-фантастичното сликарство има посебно значење во поширокиот контекст на македонската уметност. Низ ретроспективната изложба публиката ќе има можност да го согледа во целина творештвото ...

