Со 4 бронзени медали од 22. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки ќе се врати од Сочи, Русија, тимот од Македонија. Медалите ги освоија: Валентино Атанасоски, ученик во прва година ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, Дора Милева, ученичка во прва година во СОУ „Јане Сандански“ Штип, Јордан Соколовски, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, Дамјан Чамушев, ученик во деветто одделение ООУ „Ванчо Прке“ Штип. На олимпијадата ...
По еден сребен и бронзен медал освоија членовите на 18. Јуниорска балканска олимпијада по информатика, што се одржа во Ларнака, Кипар. Сребрениот медал го освои Марко Кренков од Струмица, а бронзениот – Владимир Грчев од Кочани. Зоран Илијоски од Кичево и Јаков Грујовски од Скопје освоија олимписка пофалба. Олимпијадата се одржа од 24 до 30 октомври, а учесниците на овој престижен меѓународен натпревар беа ученици на возраст дои 15.5 години. ...

