Новинарот Тони Димков 35 години остава траен медиумски печат од културната сцена во Македонија. Речиси нема тип на медиум низ кој Димков како културен хроничар и новинар не прошол и оставил белег со своите интервјуа, разговори, текстови, информации. „Културен печат“ е неговото дело кое излегува секоја сабота, а го подготвува самиот. Димков е гостин во 16. епизода на „Умен поткаст“. Премиерата е закажана вечерва во 19 часот на Јутјуб-каналот ...

Стоби, крстосница на цивилизациите од дамнешни времиња. Овој антички град позициониран во централниот дел на Македонија постојано е предизвик за археолозите. Стоби е единствениот археолошки локалитет во земјава кој работи како самостојна институција. За значењето и потенцијалот на Стоби зборува д-р Силвана Блажевска, в.д. директорка на Националната установа „Стоби“. Таа зборува за историјата на локалитетот, за стобјаните, но и за проектите и ...

Џијан Емин е мултиинструменталист, аранжер, оркестратор, композитор. Постојано немирен во својот музички дух да истражува нови форми, нови изрази, соработувајќи со колеги музичари од земјава, но и по светот. Заедно со Националниот џез оркестар е дел од создавањето на вредна музичка приказна, што расте со секој нов концерт на националната институција. Во новата епизода на „Умен поткаст“ со него разговараме за неговото весело детство со многу ...

Гробницата откриена лани во селото Корошишта дава одговори на многу прашања поврзани со погребувањата во Требеништа кои повеќе од еден век се тајна за домашните и за светските археолози. Кои биле луѓето кои живееле во Охридско-струшкиот Регион во 6 век пред новата ера? Одговор на ова и на многу други прашања дава д-р Перо Арџанлиев, кустос-советник во Археолошкиот музеј во Скопје и раководител на ископувањата во Корошишта. Арџанлиев е гостин во ...

Децата во Македонија имаат „кликер“ за наука, но дали возрасните имаат „кликер“ како на вистински начин да им ја претстават на децата? Што се случува во најниските нивоа на образование, зошто македонските ученици упорно покажуваат лоши резултати на меѓународните тестирања. Каде грешиме? Ова се дел од прашањата што ги отворивме со Драгана Стикова, директорка на Фондацијата „Кантарот“ што ја издава платформата Наука за деца во #12 епизона да „Умен ...

Деновиве е дома, во Македонија, активен на промоција на „Буки“, дигиталната платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик. Тој е пишувач, блогер, истражувач и иноватор, многу активен на социјалните мрежи што е невообичаено за еден научник. Тој е еден од македонските научници што успешно работат во светот, но постојано и постојано се враќа дома. Затоа што е уверен дека може да работи научни истражувања ...

Во десеттата епизода на „Умен поткаст“ наш гостин е актерот Тони Наумовски. Роден во Битола, растен во Сиднеј, завршил на актерската академија во Софија, а во последните повеќе од 15 години својата кариера ја гради во Њујорк. Повеќе од 200 актерски улоги бележи Наумовски во ТВ серии, претстави на Офф-Бродвеј, а постојано му се навраќа и на македонскиот филм. Негово последно остварување во Македонија е „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов. ...

Кога често го слушавме терминот „Новото нормално“, таа си ја нарече својата мисија „Најново нормално“. Целта ѝ беше да ги навикне луѓето на викенди да одат на изложби. И успеа во тоа. Гостинка во #9 епизода на „Умен поткаст“ е Бојана Јанева, историчарка на уметност, кустос во Одделот за едукација и музејско водење при Музејот на современата уметност во Скопје. Со неа опфаќаме многу теми, во какви услови ја почна иницијативата „Најново ...

Психотерапевтот и психолог Радмила Живановиќ е наша следна гостинка во „Умен поткаст“. Секогаш отворена за разговор на која било важна тема, со неа разговараме овој пат за депресијата и анксиозноста кај младите и како да им помогнеме полесно да ги совладуваат овие состојби. Живановиќ од 2018 година е дел од „Психотерапика“, професионален колектив на европски акредитирани психолози-психотерапевти, тренери и супервизори. Следете ја премиерата ...