По својата успешна светска премиера, новиот филм на Теона Стругар Митевска, „Мајка“, ќе го започне својот киноживот во земјава од 16 октомври (четврток). Публиката ќе има можност да го погледне долгоочекуваното остварување кое носи длабока, инспиративна приказна заснована врз животот на Мајка Тереза. Филмот претставува интимен портрет на една од највлијателните хуманитарки на 20. век, фокусирајќи се на нејзината внатрешна борба, верба и ...

Книгата раскази „Последниот разговор меѓу Дафинка и Дафинка“ на авторката Мимоза Ристова ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во барот Mr Jack во Скопје. За книгата ќе зборува проф. д-р Маја Бојаџиевска, модератор ќе биде Билјана Георгиевска, а извадоци ќе чита актерката Тина Трпкоска. Книгата на проф. д-р Мимоза Ристова е во издание на „Просветно дело“. Ристова е авторка на неколку романи и драми. Нејзин последен роман е „Варшавската ...

Преку поврзување на јутените вреќи и нивното инсталирање на површината на зградата на музејот, делото истражува како историските настани се вградени во материјалноста на јутените вреќи и како преку оваа инсталација фасадата се преобразува во политичко огледало – велат од МСУ Фасадата на Музејот на современата уметност на Скопското кале деновиве е обвиткана со текстил како дел од претставувањето на реномираниот уметник Ибрахим Махама од Гана. ...

На површина од 32 квадратни метри ќе бидат претставени 70 автори застапени во каталозите, како и книгите и сликовниците илустрирани од 20 илустратори. Тука се и 11 книги кои лани беа преведени на англиски јазик, специјално за Саемот во Франкфурт Имаме квалитетна книжевност, писатели и илустратори кои се регионално и светски признаени и таа треба да се промовира онака како што заслужува, вели Бојан Саздов, претседател на Македонската ...

Добитници на наградата „23 Октомври“ во областа на културата и уметноста за 2025 година се: актерот Гоце Тодоровски, писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, поетот, романсиер, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и писателот акад. Божин Павловски. Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, ...

Култниот роман „Уна” од 1981 година на Момо Капор, синоќа вo Белград, на сцената „Данило Бата Стојковиќ“ на театарот „Звездара“, доби сосема ново, модерно театарско руво во режија на Дејан Пројковски. Главната улога на проф. Мишел Бабиќ ја толкува Никола Ристановски, а од авторската екипа од земјава, свој креативен придонес дадоа и Валентин Светозарев како сценограф и Горан Трајкоски како автор на музички теми. Вечната тема за борбата на ...

Актерката Теута Ајдини-Јегени, хорскиот диригент, проф. Летка Димовска-Полизова, продуцентот Иво Јанкоски од областа на културата и уметноста, и машинскиот инженер, проф. д-р Константин Димитров и хемичарот, академик Глигор Јовановски ги примија наградите за животно дело „11 Oктомври“, на денот на македонското востаниe во македонското Собрание. Државната награда „11 Октомври“ се доделува како највисоко признание за животно дело во областа на ...

Слем-поетот Виктор Спасески од Прилеп е победник на годинешното издание на „Поетски слем Македонија“, кое од 9 до 12 октомври по 15. пат се одржува во Прилеп. За прв пат на финалната вечер имаше тројца пласирани со ист број поени, па слем-поетите мораа да настапат уште еднаш за жири-комисијата одново да гласа. Горазд Китановки – Кени и Валерија Дамчевска беа другите двајца кандидати во тесна конкуренција за првото место. Виктор Спасески ...

Дороти Пачкова, Анамарија Митриќеска-Кал’чева и Татјана Антевска-Маркоска, три уметници од Македонија учествуваа на 2. Интернационален културен и ликовен симпозиум во Шарм Ел Шејк, Египет, што се одржа кон крајот на септември. Настанот, под покровителство на генерал-мајор д-р Халед Мубарак, гувернер на Јужен Синај, организиран од Мухамед Фарук Хемида (Ostraka Arts) е платформа за промоција на Египет како глобална културна и туристичка ...

Најновите научни сознанија поврзани со винската сорта „вранец“ беа споделени на 4. научна конференција „Вранец – Наука, иновации и глобални перспективи“ што ја организираше Земјоделскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во соработка со Здружението „Вина од Македонија“. Целта на собирот беше претставување на нови научни сознанија поврзани со „вранец“, винска сорта која се одгледува долги години во Македонија и во ...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски од утре во 19.30 часот ќе се прикажува во киното „Мис Стон“ во Скопје. Улогите ги толкуваат Ариф Јакупи, Агуш Агушев, Аксел Mехме, Дора Акан Златанова. „Диџеј Ахмет“ е прв дологметражен филм на режисерот Георги М. Унковски. Ова е п0риказна за Ахмет, 15-годишно момче од едно оддалечено јуручко село во Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката додека се справува со очекувањата ...

„Бог на колежот“ во режија на Весна Петрушевска, во продукција на Македонскиот народен театар ја освои наградата за најдобра претставана 28. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово 2025. Актерот Ѓорѓи Јолевски од истата претстава ја доби наградата за најдобар актер, додека Рада Каирјакова од претставата „Постојаната сопруга“ на Сатиричен театар „Алеко Константинов“ Софија – е најдобра актерка. Жирито е во состав: ...

Ви претставуваме извадок од расказот „Рецептот на Шопер за долговечност“ на Мимоза Ристова, што е поместен во книгат раскази „Последниот разговор меѓу Дафинка и Дафинка“. Книгата, во издание на „Просветно дело“, ќе биде промовирана на 14 октомври (вторник) во 19 часот во Mr Jack во Скопје. По не знам каква случајност, тогашната министерка за образование токму мене ме номинираше за да ја претставувам Македонија заедно со неколку помлади колеги ...

Пет погребувања од крајот на железното време и доцноархајскиот период на локалитетот Милци, кај Гевгелија беа истражени во рамките на меѓународниот проект што заврши завчера. Археолошките истражувања беа спроведени во рамките на поширока научна програма насочена кон продлабочување на знаењата за погребните практики, материјалната култура и општествените структури на заедниците од железното време и архајскиот период во долината на Вардар. ...

Во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје отворена е самостојната изложба на дизајниран накит и облека од Александра Вељановска. Проектот е насловен Imagination, а целта му е да го афирмира ретро дизајнот, поврзан со периодот на минатиот век, на дваесеттите, триесеттите, шеесеттите години. – Овој проект нуди времеплов каде што старото се спојува со новото и со техниките на изработка збогатени со нота на денешното модерно секојдневие. Во ...

Наградата ја додели Форумот на словенски култури во Требиње, Босна и Херцеговина, каде се одржа и меѓународна конференција, а ја прими директорот на музејот Горан Патчев Заводот за заштита на спомениците и музеј од Охрид ја доби наградата „Жива“ за 2025 година за најдобар словенски локалитет. Наградата ја додели Форумот на словенски култури во Требиње, Босна и Херцеговина, каде се одржа и меѓународна конференција, а ја прими директорот на ...

Во барот „Rebel Rebel“ во Скопје денеска во 14 часот ќе се одржи финале на конкурсот за млади уметници. Конкурсот беше отворен за млади автори до 35 години, инспирирани од панк, пост-панк културата и духот на бунтот, а најдобрите шест дела ќе бидат изложени во барот. Најдоброто дело ќе биде откупено и трајно изложено во „Rebel Rebel“. Победниците ќе ги изберат жири и публиката преку гласање на Инстаграм. Настанот ќе биде во форма на дневно ...

Годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Прилеп е синоќа беше отворена во Ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, во рамките на одбележувањето на празникот 11 Октомври. – Годинава својата креативност ќе ја изразија 13 уметници, членови на ДЛУП, кои се претставуваат со творештво во различни техники и материјали преку кои ја прикажуваат својата креативност во подем – вели Маја Ралева-Миладиновски од ...

Унгарскиот писател Ласло Краснахоркај е добитник на Нобеловата награда за литература за 2025 година, за „неговиот неодолив и визионерски опус“. Неколку негови дела добија филмска адаптација во режија на унгарскиот режисер Бела Тар. Седумдесет и едногодишниот Краснахоркај има добиено бројни меѓународни награди, вклучувајќи ја Букеровата, исто така годинава. Опишан како „современ господар на апокалипсата“, Краснахоркај објавил девет романи во ...

Наградуваната книга „Се викам Храброст“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се најде на престижната книжевна листа „The White Ravens“ за 2025 година. Оваа селекција секоја година ја прави Интернационалната младинска библиотека од Минхен, објавувајќи листа на најдобри книги за деца и млади, од автори од целиот свет, кои ги препорачува во својот годишен каталог. „Се викам Храброст“ е дело посветено на 50 исклучителни ...

Во Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе биде изведена операта „Риголето“ од Џузепе Верди, со диригентот Џанлука Мартиненги од Италија, во режија на неговиот сонародник Пјер Франческо Маестрини. Насловната улога на Риголето ќе ја толкува гостинот од Јужна Кореја, Леон Ким. Во улогата на Џилда ќе настапи, Биљана Јосифов, во улогата на Војводата од Мантова – Чуан Ванг од Кина. Улогата на Спарафучил ќе ја толкува Владимир Саздовски, ...

Kнижарницата ТРИ во Градскиот трговски центар слави 20 години од своето отворање. По повод јубилејот, денешниот ден во книжарницата во ГТЦ ќе биде одбележан со подароци за секој читател што ќе си купи книга. Од ТРИ ги покануваат сите љубители на литературата да се вклучат во прославата и да го одбележат овој значаен ден заедно со оние кои ја даваат смислата на книжарницата етаблирајќи ја како споменар на читателски мигови, сведок на ...

Еден од најдобрите полски пијанисти, композитор и аранжер, Анджеј Јагоѓински, и неговото трио, како и Националниот џез со Зиги Фајгл и Луис Бониља, ќе го отворат 44. Скопје џез фестивал на 16 октомври во 20 часот. До 19 октомври на фестивалот ќе настапат: Марк Рибо, Кафил ел Забар, Вадада Лио Смит, Џејмс Брендон Луис… Според Оливер Белопета, директор на СЏФ, годинашната програма, која ќе трае до 19 октомври, сигурно ќе ја потврди високата ...

Претставата „Разбуди се Тина“ во режија на Драгана Таневска, ќе ја има својата премиера вечерва во 20 часот, на сцената на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Со премиерата ќе бидат затворени Деновите на комедија. Комедијата е работена според текстот на Милан Ѓуриќ, а игра поголемиот дел од кумановскиот театар. Ова е трета соработка со Таневска за кумановскиот театар, а влезниците за премиерата и за првата реприза се веќе ...

Книгата со раскази „Приватна насмевка“ од Гоце Дртковски ќе биде промовирана вечерва во 20 часот во „Јавна соба“ во Скопје Во „Приватна насмевка“ се вгнездил заборавот. Без сочувство и емотивен патос, без лифтинг и фотошопирање, со неподнослива леснотија се зборува за животот. На прашањето дали така мораше да биде, некој глас таму спокојно вели: „Да, така мораше да биде“, вели Гоце Дртковски, новинар, колумнист, публицист, издавач, автор е на ...

Со гордост можеме да кажеме дека сме имале македонски ученици на сите 18 колеџи низ светот. Истовремено, измината година го надминавме бројот на 100 македонски алумни — со првиот ученик, истакнатиот проф. д-р Александар Шиколе, кој заминал на UWC колеџ во далечната 1971, за време на Југославија – вели Марко Ингилизов, дел од програмата United World Colleges Macedonia. Секој ден, се потсетувам колку сум благодарен на моето двегодишно искуство, ...

Во Кинотеката на Македонија по 11 пат се одржува дводневниот Меѓународен фестивал на етнографски филм – ЕТНОФФ. Фестивалот нуди избор на филмови кои преку визуелна антропологија ја истражуваат културната, социјалната и политичката стварност. Денеска на репертоарот се: „Училиште за животот“ во решија на Манца Филак, чија проекција е закажана за 19 часот. По проекцијата следува разговор со режисерката. Во 20.15 ќе боде прикажан краткиот „Ама“ ...

Со аудио-визуелна презентација водена од Тошо Филиповски, со мноштво видео и фотоматеријал, вечерва белградската публика ќе има ретка можност да присуствува на програма посветена на историјата на македонската рок музика и рок култура. Тошо Филиповски, роден во Кочани во 1969 година, од своите најрани младешки години е посветен не само на корените на македонскиот рок од почетокот на 60-тите години од минатиот век, туку во најголем дел од ...

Според неофицијалните информации, нивото на водата во Преспанското Езеро е намалено за околу 10 метри од највисокото ниво од средината на 20 век Преспанското Езеро се смета дека е едно од најстарите езера во светот. Геолошките истражувања укажуваат дека басенот на езерото е формиран пред повеќе од пет милиони години, а голем дел од ендемичните видови од Преспа се присутни во најстарите седименти од Охрид, што дава можност Преспанското Езеро ...

Уште кога излезе краткиот филм на Унковски – „Налепница“ (Sticker) во 2019 година, се насетуваше автор со посебен сензибилитет, со изразена но одмерена смисла за хумор, непотрошена, неисклиширана, туку многу дозирана. Уште тогаш знаев дека Георги М. Унковски и неговиот прв долгометражен филм, ќе биде полн погодок. Ретко се случува кај нас режисер да извади и комплетно сценарио и при тоа да не ве изнервира со некои недоследности, до пола ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1018
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
5.58
69%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
72%
1008
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
4.63
71%
1019
weather icon

Сараево

-6ᴼ / -6ᴼ
1.76
94%
1022
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
95%
1008
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
71%
1020
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
62%
1015
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
1.34
65%
1022
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
95%
1012
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
81%
1023
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.34

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Злато

150834.91

Паладиум

5433.48

Бакар

11.71

Алуминиум

3.15

Калај

54.20

Иридиум

221848.72

Кобалт

64.04

Родиум

348835.60

Сребро

3663.67