Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Хрватска од вечерва до 7 ноември ќе го организира првото издание на Фестивалот на современата македонска книжевност. Фестивалот го организира во соработка со издавачката куќа ,,Македоника литера“ од Скопје. Идејата на фестивалот е да придонесе за афирмација и за продлабочувањето на македонско-хрватските културни врски, а посебно на соработката на полето на книжевноста. Фестивалот ќе отвора ...
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи разговор со писателка Хана Корнети. Нејзината збирка раскази „Каде леташ, Јулија?“ е книга на месецот во Библиотеката и дел од четвртиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“. Разговорот со Корнети ќе го води Александра Јуруковска, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Според Наташа Атанасова, расказите во „Каде леташ, Јулија?“ ...
И јас како урбаните рудерални растенија преживувам. И тоа не во меланхолична, туку во буквална смисла. Повеќето уметници што ги знам живеат во постојана несигурност. Системот е таков што бара видливост, а ретко обезбедува услови. Моето присуство, и дома и надвор, е повеќе последица на упорност отколку на стратегија, вели Мусовиќ Одамна одбив да припаѓам на некоја „сцена“. Не се усогласувам со очекувањата на институциите, ниту со трендовите. ...
Во скопската галерија „Матаноја“ вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција и изложба на „Синхроницитети – Чувари на приказната“, новото авторско дело на визуелниот уметник Марко Трпески. Станува збор за друштвена (или осаменичка) игра чија цел е да поттикне креативно пишување и патешествие низ значенските мапи на симболите, потсвеста и имагинацијата. Играта ги поврзува визуелното и зборот во еден интуитивен процес на создавање и размислување. ...
Во свет каде технологијата постојано ја редефинира иднината, Avenga Academy (Авенга Академи) веќе 15 години го гради мостот меѓу знаењето и реалните вработувања. Како дел од глобалната групација Avenga, академијата претставува еден од највлијателните центри за едукација во областа на ИТ, дизајн и бизнис, создавајќи заедница од над 20.000 алумни и 200 искусни ментори. Под мотото „When I complete Avenga Academy, I won’t tell, but there will be ...
Во чешкиот град Табор денеска во 17 часот ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж“ на Друштво на ликовните уметници на Македонија. Ќе бидат претставени дела од македонски современи ликовни уметници, кои учествуваа на истоимената изложба на ДЛУМ во 2023 и 2025 година. На изложбата се селектирани дела од седумдесеттина автори меѓи кои: Синиша Новески, Јасмина Главинче, Иво Пецов, Татјана Ристовска-Керамика, Ирена Паскали, Дијана ...
Филмот „Мајка“ ја имаше својата азиска премиера на престижниот фестивал од А-категорија во Токио, на 1 ноември. Режисерката Теона Стругар Митевска беше гостинка на фестивалот и го промовираше филмот, а по проекцијата, одговараше и на прашања од публиката и новинарите. Митевска беше пречекана и од Андријана Цветковиќ, поранешна амбасадорка на Македонија во Јапонија и актуелен програмски директор на една од програмите на фестивалот – за женско ...
Дејан Дуковски, еден од највлијателните и најизведувани македонски драмски автори, ќе биде Автор во фокус на претстојното 60. Јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Фестивалот ќе му посвети ден на авторот во кој со различни содржини ќе биде потенцирана важноста на Дуковски за македонската театарска меморија и култура, воопшто. Фестивалот годинава ќе се одржи од 12 до 19 јуни 2026 година. Името на ...
Стихозбирката „Таму каде што не сме“ од Георги Господинов, како 12 книга во едицијата „Поеза“ на „Или-Или“ ќе излезе од печат денеска. По шесте прозни изданија и една детска книга, ова е првата стихозбирка на скопската издавачка куќа од популарниот писател во препев на Никола Маџиров, а нејзиното објавување е поддржано од „Традуки“ и Министерството за култура. Георги Господинов е еден од највлијателните современи бугарски писатели, роден во ...
„Идентитетски паралели“ е насловот на изложбата од Лудовико Елиа Персич од Италија и Ана Трајковска од Македонија што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Изложбата е дел од европскиот проект „Креарт“, платформа за запознавање и вмрежување на уметници, уметнички форми, истражувања и реализации од различни европски градови кои оствариле соработка во период од еден месец. Според историчарката на ...
Студентските средби „Скомрахи“ на Факултетот за драмски уметности и годинава ги обединуваат во Скопје студентите од повеќе европски драмски академии. Под мотото „Друг свет“, тие својата креативност, идеи и енергија ќе ја претстават од 5 до 8 ноември на Академската сцена на ФДУ, во Драмскиот и во Албанскиот театар. Публиката ќе има единствена можност да види театарски претстави на студенти од Белгија, Словачка, Турција, Србија заедно со оние ...
Осум претстави ќе бидат дел од програмата на 11. Битола Шекспир фестивал што годинава ќе се одржи од 14 до 21 ноември. Публиката ќе може да види претстави од: Полска, САД, Хрватска, Англија, Бугарија и од Македонија, под мотото „Стореното не може да се поништи“. На програмата ќе бидат „Дванаесеттата ноќ” на Драмскиот театар „Александар Венгерко“ од Бјалисток, Полска (15 ноември), „Крал Лир” на “Lit Moon Theatre” од САД (17 ноември), ...
Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул вечерва во 19 часот концерт ќе одржи „Македонскиот брас квартет“. На програмата се дела од Хендл, Верди, Моцарт, Равел, Корсаков, Пјацола и од Зографски. „Македонскиот брас квартет“ е составен од четворица истакнати музичари, членови на Националната опера и балет: Стојанче Косовски (труба), Александар Златески (труба), Горан Јанев (хорна) и Владан Дробицки (тромбон). Формиран во 2013 ...
Уште денес може да се гласа онлајн за наградата Cinema Eye Honors Audience Choice Award за најдобар документарец, на кој еден меѓу 16-те кандидати е и македонскиот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска. Гласањето е едноставно и може да се направи на следниот ЛИНК. Филмот ја имаше својата светска премиера на Филмскиот фестивал во Венеција 2025 година, каде што доби извонредни критики и беше наречен „триумф“ и „чудо над ...
Друштвото на ликовните уметници на Македонија ги врачи наградите на изложбите „Мал формат“ и „МиниАРТура“, отворени во Културно-информативниот центар во Скопје. Уметничкиот совет на ДЛУМ ги награди Ненад Тонкин за „Мал формат“ и Давор Кешќец за „МиниАРТура“. И КИЦ додели две награди за мал формат – „Вангел Коџоман“ на Никола Смилков и „Константин Мазев-Коце“ на Марија Чепишева. На изложбите се претставени дела во дводимензионален и ...
Пишува: Марко Погачар Пораснав асинхроно. Од самиот почеток добро ми беше познат тој чувствителен, тивок немир: искуството на лесна несовпаѓање на личното време со доминантното време на светот. Поставките, во тој поглед, за поголемиот дел од луѓето, се чини, се слични — можеби дури и универзални — и тешко е да се замислат поинаку. Мислам притоа на оние рани, во вистинска смисла формативни години за личноста, во голем дел сè уште нецелосно ...
Операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет в петок (7 ноември) во 20 часот. Диригент е гостинот од Унгарија, Кочар Балаж, режијата е на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, а костимографијата – на Никола Булески. Кореографијата е на Олга Панго, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстор – Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Ќе настапат: Дешира ...
Во средното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија денеска во 12.30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Одблесоци на сонот“, збирка раскази и есеи од ученици од градот. Во збирката се опфатени наградените раскази и есеи испратени на литературните конкурси на Библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија, реализирани во соработка со наставниците од сите основни и средното училиште во градот. На промоцијата ќе се претстават и дел од учениците, ...
Во средното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија денеска во 12.30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Одблесоци на сонот“, збирка раскази и есеи од ученици од градот. Во збирката се опфатени наградените раскази и есеи испратени на литературните конкурси на Библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија, реализирани во соработка со наставниците од сите основни и средното училиште во градот. На промоцијата ќе се претстават и дел од учениците, ...
Археолошкиот локалитет Исар кај валандовското село Марвинци е населба и некропола со континуитет од 7 век пред новата ера до 4 век Скелет од коњ од железното време открија археолозите на локалитетот Исар Марвинци кај Валандово. Тимот е од Археолошкиот музеј во Скопје го предводеше археологот м-р Јане Клековски, а учествуваа неговите колеги м-р Сања Битрак и Васил Николовски и археолозите Андриана Петковска и Игор Ширтовски. – На римската ...
Филмот „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска ја освои наградата Silver Hugo за најдобар документарец на Чикаго филмскиот фестивал. Филмот на Котевска веќе засилено го оди својот фестивалски пат, како дел од американска турнеја. Котевска учествуваше и на програмата Docs to Watch, престижна селекција на The Hollywood reporter, во рамките на SCAD Савана филм фестивал, на кој учествуваа режисери од десетте најуспешни документарци од ...
Изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“ ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Завод и музеј – Прилеп. Изложбата е резултат на десетгодишната соработка меѓу Завод и музеј – Прилеп и Центарот за истражување на предисторијата која беше насочена на проучување на овој извонреден археолошки локалитет во Пелагонија. На изложбата ќе бидат претставени најновите резултати од мултидисциплинарните истражувања меѓу повеќе македонски и европски ...
Градскиот театар „Сартр“ од Сараево ќе гостува вечерва во 20 часот на Фестивалот на регионални театри РУТА во Драмскиот театар во Скопје, со претставата „За цел живот“ во режија на Јасенко Пашиќ. Тој е и еден од актерите во претставата, заедно со: Сеад Пандур, Аднан Кресо, Давор Сабо, Кемал Ризвановиќ и Дино Хамидовиќ. – Сите нешта кои, во Сараево, се случувале во последните стотина години, сите поминуваа и низ фудбалскиот клуб Железничар. ...
На малата сцена на Народниот театар од Охрид, вечерва во 20 часот ќе биде изведена претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле, во адаптација и режија на Андреј Цветановски. Станува збор за битово-социјална драма со мотиви од печалбарскиот живот. Темата е животот и трагедијата на едно македонско сиромашно семејство, принудено да го испрати својот единствен син на печалба, а идејата е јасно изразена во насловот – проклетството на парите. ...
„Вардар филм“ – Скопје го реализира едукативниот проект „Различни приказни, заедничко платно“, наменет за деца од 9 до 13 години. Проектот има за цел да поттикне пријателство, креативна соработка и меѓуетнички дијалог преку заедничка работа во областа на филмската уметност. Во текот на дводневните активности, на 8 и 9 ноември, 20 деца ќе имаат можност да учествуваат во интерактивни филмски работилници каде ќе се запознаат со основите на ...
Ако сакаме да го промовираме македонскиот јазик и македонската книжевност во светот – првиот чекор е да понудиме поддршка која ќе биде слична на онаа што ја даваат соседите. Инаку, не можеме да очекуваме поголемо поместување во однос на преводите на нашите дела во Европа и светот – вели Билјана С. Црвенковска. Во моментов она што нѐ обединува во регионот е книжевноста и уметноста, а нѐ разделуваат само политиките и политичарите. На полето на ...
По еден сребен и бронзен медал освоија членовите на 18. Јуниорска балканска олимпијада по информатика, што се одржа во Ларнака, Кипар. Сребрениот медал го освои Марко Кренков од Струмица, а бронзениот – Владимир Грчев од Кочани. Зоран Илијоски од Кичево и Јаков Грујовски од Скопје освоија олимписка пофалба. Олимпијадата се одржа од 24 до 30 октомври, а учесниците на овој престижен меѓународен натпревар беа ученици на возраст дои 15.5 години. ...
Претставата „Три милиони минути“ во продукција на Местно гледалишче љубљанско од Словенија, ќе биде изведена вечерва во 20 часот на сцената на Драмски театар во Скопје. Претставата е според филмското сценарио „7 години“. Психолошки трилер што се одвива во една просторија, на маса, на која е поставена шаховска табла. Адаптацијата за МГЛ е на Барбара Хинг-Самобор. Режисерката годините од насловот на пиесата ги претвори во минути, и пред сè, ...
Умно.мк во соработка со Europe Housе ја реализира рубриката „Надреден знак“, во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумни на теми што нè засегаат Пишува: Анастасија Павловска, Здружение за креативна одржливост „Комбо“ Во време кога сè повеќе живееме „секој за себе“, кога купуваме повеќе отколку што користиме, а ретко се прашуваме што оставаме зад нас – постои едно место што го создадовме во Железара и кое нè потсетува дека може и ...
Во време кога трката по оценки, броеви и резултати станува секојдневие, понекогаш забораваме да погледнеме под површината и да ја откриеме вистинската магија на учењето. Магијата што не се наоѓа само во учебниците, туку во очите на децата што првпат гледаат свет со љубопитност и во зборовите на наставниците што ги водат низ тој свет со трпение, љубов и верба. За најмладите, учењето е авантура, секое прашање е искра, а секој одговор – ...