Во локалот Books&Dogs Café во скопската населба Аеродром вечерва во 20 часот ќе биде поставена аудио-визуелната инсталација „Ноксиа“. Автори на проектот се видео-авторката Вероника Камчевска и дизајнерoт на звук Горан Москов. Актерката Јасмина Василева ја деконструира човековата состојба, а поезијата е на авторката Елена Пренџова и Владимир Петровиќ. Ова е почеток на серија истражувања на влијанието на алатките на ВИ, а како прв ...

Во Драмскиот театар во Скопје вечерва во 20 часот премиерно ќе биде изведена комедијата „Фај-Фај“ од Мирољуб Недовиќ-Рики во изведба на Драмското студио од Тетово. Режисер е Мирко Видоески, кој воедно го преведе и адаптира текстот од српски на македонски јазик. Изведбата е во рамките на денови на претстави од независна продукција во Драмски. Во претставата настапува проверена актерска екипа на Драмското студио Тетово, која ја сочинуваат: ...

Во Охрид викендов се одржува Првиот меѓународен симпозиум за теоретска медитеранска археологија „Лихнида“. Симпозиумот е во рамките на Европските денови на наследството 2025 година, а ја организираат Заводот за заштита на спомениците на културата во Охрид во соработка со Институтот за културно наследство и археологија и Универзитетот „Хумболт“ во Калифорнија. Меѓународен директор на симпозиумот е амбасадорот проф. д-р Љубен Тевдовски од ...

Во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија вечерва во 18.30 часот ќе биде отворена изложбата на Друштвото на ликовните уметници на Македонија со наслов „Експериментален цртеж“. Изложбата ќе биде отворена во присуство на претседателката на ДЛУМ – проф. д-р Јана Манева Чупоска, претставници на управниот одбор, совет и членови на Друштвото. Учествуваат 42 ликовни уметници: Синиша Новески, Иво Пецов, Јасмина Главинче, ...

Балетската претстава „Градина на почетоците“ по музика на Стојан Стојков, ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на сцената на Националната опера и балет. Стари, антички музички записи биле инспирација за композиторот Стојков да ја создаде музиката пред повеќе години, а либретото е работено според поемата на Ефтим Клетников, „Маж и жена со лице спроти ѕвездите“. Kореографијата е на Џан Арслан од Турција. Со оваа претстава, НОБ ја ...

Со „Приказната за Силјан“ си потврдив уште еднаш дека најмногу сакам, но и најдобро знам да раскажувам приказни од Македонија. Секогаш ме фасцинира кога наоѓаме реални приказни во земјава кои истовремено личат на научна фантастика, рече Тамара Котевска за својот нов филм „Приказната за Силјан“. Филмот ја освои „Наградата на музата“ за најинспиративен филм на 82. Венециски филмски фестивал, а е и македонски кандидат за „Оскар“за 2026. „Силјан“ ...

Публиката на „Киненова“ во Скопје (28 септември – 5 октомври) ќе има можност да го види филмот „Соништа (Секс љубов)“ за кој Даг Јохан Хагеруд ја доби наградата на Берлинале, а и да го запознае авторот кој ќе одржи и мастерклас. Добитникот на годинешната „Златна мечка“ на Филмскиот фестивал во Берлин за најдобар филм, Даг Јохан Хагеруд годинава е добитник и на специјалната награда за особен придонес во филмската уметност. Норвешкиот писател, ...

Македонскиот народен театар вечерва ќе го отвори новиот Европски фестивал „Acting Europe – Театар без граници”, кој до 21 септември ќе се одржи во Ќустендил, Бугарија. Претставата е по текст на Данис Тановиќ, во режија на Александар Морфов, а играат: Сашко Коцев, Тони Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Борче Начев, Оливер Митковски, Софија Насевска-Трифуновска Александар Михајловски, Томе Станковски, Александар Ѓорѓиески, Ненад ...

Собраните стихови на поетот, прозаист, уредник и преведувач Игор Исаковски (1970-2014), во издание на „Или-Или“, ќе бидат промовирани утревечер во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Приредувач на „Совршен поет“ е Елизабета Баковска. – Издавачката куќа „Или-или“ го објавува ова, во многу аспекти и поради многу причини, посебно и капитално дело: собраните стихови на поетот, прозаист, уредник и преведувач Игор Исаковски ...

Во Градскиот парк во Скопје пред „Школка“ утревечер во 19 ќе почне Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“. Манифестацијата ја организира Детскиот културен центар „Карпош“. Дефилето на учесниците ќе тргне во 18.30 часот од Центарот. – Сите учесници ќе го формираат најголемото оро кое не познава граници, кое е симбол на пријателство меѓу децата. „Оро без граници“ е празник на градот кој широко ги отвора вратите на Европа и на ...

„Трансформации – Flusso – Flux: 1998-2025“ е насловот на изложбата на Љупка Делева што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Чифте амам, во Старата скопска чаршија. Делева, по повеќедецениското живеење и творење во Венеција, пред скопската публика ќе се претстави со поставка која има ретроспективен и критички карактер. Куратор на проектот е д-р Ана Франговска, кустос-советник во Националната галерија. -Изложбата е мултимедијален архив на ...

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ најавува голема балканска турнеја што претставува исклучителна можност за публиката низ регионот да го доживее богатството и убавината на македонскиот фолклор преку врвните изведби на нашите уметници. Турнејата насловена „Ритамот на душата-бојата на традицијата“, ќе опфати повеќе градови во соседните земји. На 24 септември ќе настапат во Културниот центар „Матија Петар Катанчиќ“ во Валпово, Хрватска. ...

Во продажниот ликовен салон на Културно-информативниот центар во Скопје утревечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата на скулптури „Празно саќе“ од Маргарита Симовска. Таа вели дека со изложбата сака да го вклучи алармот за подигнување на еко свеста на глобално ниво. -„Празно саќе“ се поврзува со природата, учи од нејзината мудрост и од нејзиниот начин на функционирање. Користејќи го принципот fair share, природата ни става до знаење: ...

Како еден од ретките, всушност единствен во суштина независен филмски фестивал, поминавме 10 неверојатно турбулентни години, 10 изданија низ кои ги преживуваме филмските и лични приказни на бројни храбри автори од целиот свет. Се соочивме со обиди за цензура, за замолчување, обиди дури и за стопирање на подемот, на растежот, на развојот на овој пркос од фестивал. Беседевме со мајсторите на седмата уметност и создадовме уметнички бури, ...

16/09/2025 02:18 - Умно

Пишува: Ана Витанова-Рингачева Ако Ван Гог не продал ни пет слики, ако не се знае Моцартовиот гроб, ако Хомер пеел за смртта на Хектор за еден пехар вино, кој е тој човек што би можел да каже за себе дека заслужил некоја награда и кој би смеел да ликува поради неа? (М. Маџунков) Во светот на уметниците постои еден парадокс. Тие си пречат еден на друг. Тие се закана еден за друг. Уметноста е заедничкиот дом за сите. Општеството со ...

Идентичен изглед, но поширок прстенест ходник, покомотно гледалиште и сцена која ќе може да се прошири на цел партер ќе има реконструираната Универзална сала во Скопје. „Нема да може да се изведуваат спектакли бидејќи сепак правиме реконструкција која налага да ги задржиме основните параметри на објектот. Но, ќе може да се организираат концерти, покомплексни претстави и кинопроекции“, рече на вчерашната прес-конференција архитектот Бујар Муча ...

Оваа адаптација несомнено е значаен и амбициозен обид да се внесе Кушнеровиот свет во театарскиот контекст на земјава. Но, и покрај вложениот труд, претставата често делува недоречено и останува впечатокот на пропуштена можност да се создаде моќна и оригинална интерпретација Пишува: Звонко Димоски Драмата „Ангели во Америка: Гeј фантазија за национални теми“ (1991–92) на Тони Кушнер претставува едно од најзначајните драмски остварувања од ...

Во време кога трката по оценки, броеви и резултати станува секојдневие, понекогаш забораваме да погледнеме под површината и да ја откриеме вистинската магија на учењето. Магијата што не се наоѓа само во учебниците, туку во очите на децата што првпат гледаат свет со љубопитност и во зборовите на наставниците што ги водат низ тој свет со трпение, љубов и верба. За најмладите, учењето е авантура, секое прашање е искра, а секој одговор – ...

Во Друштвото на писателите на Македонија вечерва во 19 часот, ќе се одржи „Вечер со Олга Панкина“ – преведувачка, поетеса и промоторка на македонската книжевност и култура. Воедно, со оваа вечер ќе бидат одбележани два значајни јубилеи: педесет години од основањето на Лекторатот за македонски јазик во Московскиот државен универзитет „Ломоносов“, и петнаесет години од отворањето на Македонскиот културен центар во Москва. Вечерта ќе ја отвори ...

Во рамки на фестивалот „Планет Шекспир“ во Верона, Италија се изведе претставата „Д (како Дездемона)“ на Рисима Рисимкин во продукција на Скопје танцовиот театар на сцената на театарот „Камплој“ на 13 септември. По втор пат дело на Рисимкин, работено врз творештвото на Шекспир, е покането во шекспировската Верона. Познавачите на неговото творештво, како и публиката присутна во театарот „Камплој“ беа маѓепсани од начинот на кој беше ...

Околу 50 учесници од 11 земји од светот учествуваа на Меѓународната конференција „Македонија во етнолошката и антрополошката наука – од внатре и од надвор“ што се одржа викендов во Охрид. Со конференцијата беа одбележани 20 години од основањето на Институтот за етнологија и антропологија и 25 години од излегувањето од печат на списанието „ЕтноАнтропоЗум“. Конференцијата во петокот ја отворија ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ...

Светската научна елита од денеска до 19 септемеври присуствуваат на 13. Конгрес на Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа (AIESЕE), за првпат во 60 години Ставовите и мислењата на научниците за минатото и за иднината се од круцијално значење за иднината на светот. Речиси сите војни, меѓународни конфликти и недоразбирања, во основа имаат свој пандан во минатото од кои може да се извлечат примери и донесат заклучоци како ...

Онлајн настава од денеска до петок ќе имаат основците во четири училишта во скопската Општина Гази Баба, во близина на Трубарево поради загадениет воздух од пожарот што изби завчера во магацинот со отпадна пластика, батерии и електронски отпад на рециклаторот „Ф-Групација“. Министерството за образование и наука соопшти дека онлајн настава ќе имаат основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ – Поради ...

Галење на сите сетила, прошетка низ спомени, низ личното длабоко, но и колективното минато. Синоќа сведочевме убавина благодарение на Крсте Роџевски и неговата гостинка, виолончелистката Томика Рид на концертот што се одржа во Македонската филхармонија. Некои луѓе кога ќе ги слушнете на концерт сфаќате колку ви недостигаат почесто да можете да ги слушате во вашиот град. По шест години Роџевски и Рид настапија заедно во Скопје. Синергијата што ...

Националната галерија од 18 септември (20 часот) vо објектот Чифте амам ќе ја претстави авторката Љупка Делева. По повеќедецениското живеење и творење во Венеција, македонската авторка го презентира својот најнов проект „Трансформации – Flusso – Flux: 1998–2025“, кој има ретроспективен и критички карактер. Изложбата е мултимедијален архив на нејзиниот творечки опус, вклучувајќи фотографии, видеа, перформативни акции, акварели, цртежи, ...

Наградата за високо актерско достигнување на 33. МФКТ „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица, ја доби актерката Биљана Драгичевиќ Пројковска. Таа е наградена за улогата на Корин Фел во претставата „Гидионовиот јазол“ од Џоана Адамс, во продукција на Драмскиот театар од Скопје. За наградите одлучи жирито во состав: Лео Долорес Поповиќ, претседател, Анастас Попдимитров, актер и режисер, и Иван Додовски, универзитетски професор и драмски ...

Секој јазик носи една и единствена приказна зад себе. Историја која претрпела толку многу пресврти. Култура на која никој не може да и го најде почетокот Пишува: Ива Трпески Ме радува кога можам да препознаам на кој јазик зборуваат некои туристи на кои случајно им го забележувам разговорот, а уште повеќе ме радува можноста да им помогнам доколку ме прашаат за некоја туристичка дестинација низ Македонија. Повозрасните секогаш велат дека ...

Книжевна вечер преку разговори за три книги ќе се одржи вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, во рамките на 9. издание на фестивалот „АртАреа“. Во 19 часот е закажан разговор за книгата „Антисвет“ од Ана Тодоровска (Илика, 2025), а разговараат Марија Велинова и авторката. Во 20 часот фокусот е на „Микроскоп, телескоп, стетоскоп“ од Васко Марковски (Бегемот, 2025). Со Марковски ќе разговара Владимир Мартиновски. Во 21 часот ќе се ...

„Арс Ламина“ го распишува и вториот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2026 година. Конкурсот ќе трае од 11 септември 2025 година до 11 јануари 2026 година. Ракописот „Џинџуџе“ на Ермис Лафазановски е победник на првиот конкурс за најдобар необјавен роман за деца и млади „Оливера Николова“. На изборот за наградата, која ја востанови издавачката куќа „Арс Ламина“ со поддршка на семејството на ...

„Арс Ламина“ го распишува и вториот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2026 година. Конкурсот ќе трае од 11 септември 2025 година до 11 јануари 2026 година. Ракописот „Џинџуџе“ на Ермис Лафазановски е победник на првиот конкурс за најдобар необјавен роман за деца и млади „Оливера Николова“. На изборот за наградата, која ја востанови издавачката куќа „Арс Ламина“ со поддршка на семејството на ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1018
weather icon

Белград

2ᴼ / 2ᴼ
5.01
70%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1008
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
5.14
72%
1020
weather icon

Сараево

-6ᴼ / -6ᴼ
1.59
95%
1022
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
96%
1009
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.93
73%
1020
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
71%
1015
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
1016
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -4ᴼ
2.06
73%
1023
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
4.63
95%
1012
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
81%
1023
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

49.78

Родиум

339190.38

Алуминиум

3.06

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Сребро

3663.67

Цинк

3.37

Злато

159322.70

Паладиум

56617.46

Кобалт

64.04

Бакар

12.10