Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Во Мобилната галерија во Паркот на франкофонијата во Скопје со 31 уметничко дело, по едно за секоја буква, ќе ја раскаже длабоката приказна за јазикот што нè именува, нè поврзува и нè чува низ времето „Македонска златна азбука“ е уметничка изложба што ја доживува азбуката како жив простор на идентитет, припадност и културна меморија. Уметницата Маја Танева вечерва во 19 часот во Мобилната галерија при Центарот за современи уметности, во ...
На третиот фестивалски ден на Скопскиот поетски фестивал, вечерва во 19 часот во „Буква“ во Скопје ќе биде промовирана книгата „Ништо ново под сукњата на современоста“, избор песни од Барбара Делаќ и Марија Вујошевиќ, и двете од Црна Гора. Изданието е на „Култура Бета“, Скопје. Промотори ќе бидат Марија Велинова и Андреј Медиќ Лазаревски. Еден час подоцна ќе следува промоцијата на стихозбирката „Тускулум“ Денис Шкофич (Словенија) во препев од ...
На третиот фестивалски ден на Скопскиот поетски фестивал, вечерва во 19 часот во „Буква“ во Скопје ќе биде промовирана книгата „Ништо ново под сукњата на современоста“, избор песни од Барбара Делаќ и Марија Вујошевиќ, и двете од Црна Гора. Изданието е на „Култура Бета“, Скопје. Промотори ќе бидат Марија Велинова и Андреј Медиќ Лазаревски. Еден час подоцна ќе следува промоцијата на стихозбирката „Тускулум“ Денис Шкофич (Словенија) во препев од ...
Со премиерата на две оперски претстави од Џакомо Пучини – „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, вечерва во 20 часот ќе биде отворен 54. фестивал „Мајски оперски вечери“ во Националната опера и балет во Скопје. Фестивалскиот оган ќе го запали нашата сопранистка со меѓународна кариера, Ана Дурловски. Седум оперски претстави од Пучини и Верди ќе бидат на програмата на врвниот фестивал, кој ќе трае до 31 мај. – Оваа година подготвивме репертоар што ...
Театарот за деца и младинци од Скопје вечерва во 19 часот ќе гостува на сцената на Драмски, во чест на 80 години постоење на Драмскиот театар со претставата „Садако сака да живее“, во режија и драматизација на Тамара Кучиновиќ од Хрватска. Улогите ги толкуваат: Анастасија Ласовска, Никола Наковски, Ана Левајковиќ-Бошков, Катарина Илиевска-Силјановска, Изабела Новотни и Марија Ѓорѓијовска. „Садако сака да живее“ е инспирирана од вистинската ...
Во просторот со силна духовна и историска меморија „Ex Capella Buon Pastore“, вчера свечено беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 61. издание на најпрестижниот светски настан од областа на современата уметност – Биеналето на уметноста во Венеција. На свечената промоција на годинашниот национален претставник, проектот „Пиета во прекривките на ургентноста/Will my eyes be closed or open?“ од уметникот Велимир Жерновски, во кураторска ...
Младиот музички талент Андреј Цековски, ученик во 5 одделение во нижото музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, под менторство на наставничката по пијано Марија Диманин-Богоевска, освои Прва награда на престижниот меѓународен натпревар International Youth Music Competitions, во категоријата „USA Classical Hobbyist“, одржан во март годинава. – Со својот впечатлив настап, Андреј се издвои меѓу учесници од повеќе земји од светот, ...
Уметницата Марија Павловска ќе биде дел од 61. Венециско биенале, со своето дело Building XL – Linguaggi. Таа ќе учествува на осмата изложба за современа уметност „Лични структури – Спојувања“, што ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември, а ја организира Европскиот културен центар во Палацо Мора. Павловска ќе биде меѓу 175 етаблирани уметници и нови гласови од повеќе од 40 земји. Изложените дела ги предизвикуваат традиционалните граници и рамки, ...
Во Венеција денеска во 18.30 часот ќе биде отворен Македонскиот национален павилјон на престижното 61. Биенале за уметност. Изложбата „Пиета во прекривките на ургентноста“ на мултимедијалниот уметник Велимир Жерновски ќе ја отвори Марија Станчевска-Ѓоргова, државен секретар во Министерството за култура и туризам. Проектот на Жерновски веќе привлекува големо внимание кај посетителите на Биеналето. Сместен во Спацио Кастело 77 на влезот во ...
Дамјан Давков освои златен медал, а Ивано Божиновски и Андреј Тасиќ освоија бронзи на Балканската математичка олимпијада што се одржа во Солун. Во македонскиот национален тим беа и младите успешни математичари Марко Митевски, Леонид Тодороски и Валентино Атанасоски. Учеството на БМО го организираше Сојузот на математичарите на Македонија, научно здружение што ги организира националните натпревари и е акредитирано за организацијата на ...
Изложбата „Архивски документи“ на професорката и ликовна уметница Жанета Вангели ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Културно-информативниот центар во Истанбул, Турција. Изложбата ќе ја отворат Диме Ратајковски, директор на КИЦ, кураторката на изложбата, Маја Крстевска и директорот на Национална галерија, Али Синани. Изложбата „Архивски документи“ е прво самостојно претставување на Вангели пред турската публика и содржи 41 дело во техника ...
Во Македонскиот КИЦ во Белград, вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Куварице мање збори“ од Јана Јакимовска. Пред белградската публика, за Јакимовска и за изложбата ќе зборува директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров. Со проектот „Куварице мање збори“, Јана Јакимовска ја поставува жената како субјект што ја везе историјата, прашањата и критиките, истовремено вплеткувајќи ги традицијата и дигиталноста, интимното и политичкото, ...
Продукцијата „Дрим фектори“ го започна снимањето на филмот „Снешко“ (Snowman)— тинејџерска бајка за девојка која никогаш не видела снег. Станува збор за драма за едно тинејџерско созревање со елементи на фантазија. Во главните улоги настапуваат: Ирина Апелгрин, Христијан Ристевски, Тони Наумовски, Даниела Ивановска, Симеон Дамевски, Тони Михајловски и др. Кинематографер е Дејан Димески, костимограф е Гео Павлов, сценограф е Влатко ...
Во Младинскиот културен центар во Скопје, вечерва во 20 часот ќе биде отворен 6. Скопски поетски фестивал. Мотото годинава е „(Со) стих спроти наратив!“. Фестивалот ќе се одржува до 9 мај во МКЦ и во „Буква“. Претходно, од 18 часот во киното „Фросина“ во МКЦ, како преднастан на официјалното отворање, ќе се одржи читачката промоција на поетската панорама на поезија пишувана од млади ‒ „Техна и епистема“, што по повод минијубилејот ‒ 5 години ...
Собранието на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“, по иницијатива на семејството на Кирил Ристоски, донесе одлука името на големиот актер, професор и долгогодишен директор на фестивалот, да ја краси наградата за главна машка улога. Годинава навршуваат 15 години од прераното заминување на актерот – Земајќи го предвид неговиот придонес за театарот во Македонија за време на неговиот краток животен век, како еден од најнаградуваните актери, ...
Реномираната бугарска поетеса Роза Бојанова и македонскиот поет, академик Ристо Василевски се лауреати на наградата „Книжевен жезол“ за 2026 година, соопшти Друштвото на писателите на Македонија. Наградате се доделува за поетски опус на еден домашен и на еден странски автор. „Книжевен жезол“ се состои од статуетка и од плакета што ќе им бидат врачени на добитниците на церемонија во ДПМ на 20 јуни, кога ќе бидат одржани и беседи за ...
Светски реномираниот дизајнер на звук Енди Кенеди, кој работеше на „Игра на троновите“, „Хари Потер“, Peaky Blinders, денеска во 11 часот во „Синеплекс“ ќе одржи мастерклас. Влезот е слободен, но местата се ограничени. Гостувањето го организира Агенцијата за филм, по повод 20 години постоење. Оттаму најавуваат дека во наредниот период ќе се случуваат серија мастеркласови со врвни меѓународни професионалци. Енди Кенеди е еден од водечките ...
На 18 мај со почеток во 20 часот на големата сцена во МНТ ќе гостува претставата „Татко“, работена според текст од францускиот писател Флоријан Зелер, во режија на Наташа Поплавска, а во продукција на Никшиќко позориште. Актерската екипа е: Владан Гајовиќ, Ања Дрљевиќ, Никола Васиљевиќ, Маја Стојановиќ, Јован Кривокапиќ и Андреа Драшковиќ. Претставата „Татко“ е едно од најпознатите дела на Зелер и има освоено престижни награди. По истиот ...
Жерновски во Венеција го претставува своето дело преку кое ги преиспитува границите на човечкото, размислувајќи надвор од нив и создавајќи нови етички сензибилитети. Тој ја обвиткува препознатливата „Пиета“ со златни ургентни прекривки, изработени од метализиран пластичен филм, материјал првенствено произведен за вселенски мисии Со монументалната инсталација „Пиета во прекривките на ургентноста“ од мултимедијалниот уметник Велимир Жерновски ...
Добитници на наградата за животно дело се: Атила Клинче, актер, Сашо Миленковски, режисер, Љубомир Чадиковски, основач на Театар за деца и младинци и сценограф и Веби Ќерими, актер. Десет претстави во официјална и четири во придружна програма ќе бидат на програмата на јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи во Прилеп од 5 до 12 јуни 2026 година. Под мотото „Храбриот нов театар“, и ...
Претставата „Вечера за глупаци“ по текст на Франсис Вебер, во режија на Ненад Витанов, ќе биде изведена вечерва во 20 часот на сцената на Драмскиот театар од Скопје. Гостувањето е дел од одбележувањето 80 години Драмски театар. Играат: Жарко Спасовски, Сандра Танчева, Јордан Витанов, Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Талија Настова, Кире Ацевски и Сашко Костов. Комедијата следи приказната на група „џентлмени“ кои секоја недела организираат ...
Чувството беше неверојатно – успеав да направам атмосфера која ги спои луѓето и да покажам каква музичка магија носи Македонија, вели младата талентирана музичарка Младата виолончелистка Ана Велкоска беше единствената учесничка од Македонија во престижниот проект „DF#A“ – програма за млади и талентирани музичари, што се одржа пред една недела во Виена. Програмата ја организира „Меѓународна културна комуникација“ под покровителство на „Ротари ...
Актерот Дамјан Цветановски е наш следен гостин во новата епизода на Умен поткаст. До минатата година во Драмски, од 2025-та е дел од ансамблот на Македонскиот народен театар. Тој е еден од најангажираните актери во нашиот театар во последните години, со посебна страст и желба е посветен на своите улоги. „Страв и надеж“ му е последната премиера во МНТ, а на репертоарот на најголемиот национален театар игра и во: Ангели во Америка, Бели ноќи, ...
Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар вечерва во 20 часот ќе настапи во престижниот Културен центар „Бозар“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“. „Macedonian Dreams“ е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со гордост ја носи на сцената на Културниот центар Bozar ...
Изложбата „Поврзани / Connected“ на авторот Виктор Соколовски, ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Станува збор за колекција од 33 фотографии создадени во изминатите две години. Фотографиите се реализирани за време на концерти во земјата и регионот, патувања, посети на музички клубови, како и во урбани и секојдневни амбиенти, на улица и во скопските паркови. „Поврзани / Connected“ е негова десетта ...
Научното дело „Континуитетот на македонскиот јазик“ (приказ на лексиката меѓу Слепченскиот патерик, Огледало и Различна поучителна наставленија) од авторите проф. д-р Соња Новотни и проф. д-р Михајло Марковиќ ја доби државната награда „Гоце Делчев“ за 2026 година. Наградата им беше врачена вчера во македонското Собрание, а е наменета да им се даде општествено признание за особено значајни остварувања во областа на науката. Министерката за ...
Апели за донации пристигнуваат од блиските на семејствата на младите математичари кои сами ги финансираат патувањата на своите деца, за тие да ја претстават Македонија на меѓународните натпревари по математика. Во моментот тимот што ја претставува нашата земја на Балканската математичка олимпијада е во Солун. Три ученика од тимот ја претставуваа Македонија и на првата Европска математичка олимпијада што се одржа во Вилнус, Литванија. Дамјан ...
Филмот „17“ на Косара Митиќ освои две награди на Меѓународниот филмски фестивал во Лас Палмас де Гран Канарија (Las Palmas de Gran Canaria International Film Festival), Шпанија. Филмот ја освои наградата од публиката, a актерката Ева Костиќ доби специјално признание за најдобра актерка од жирито. Членовите на Популарното жири истакнаа дека дебитантскиот филм на режисерката и сценаристка Косара Митиќ „нè приближува, со голема чувствителност и ...
Во рамки на манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија, вечерва во 18 часот во Cinema Galeries во Брисел, ќе биде филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески. По проекцијата ќе следува сесија на прашања и одговори со актерот Благој Веселинов, кој ја толкува главната улога во филмот. Проекцијата е дел од пошироката програма на „Деновите на македонската култура“, кои имаат за цел да ја афирмираат македонската уметност и култура пред ...
Наградите „Злате лав“ ќе бидат доделени на 22 ноември, откако Меѓународното жири минатата недела поднесе колективна оставка Македонскиот национален павилјон на Венециското биенале ќе биде отворен в петок (8 мај) во 18.30 часот, каде ќе биде изложен проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ на мултимедијалниот уметник Велимир Жерновски. Во Венеција пристигна уметничкиот тим што ќе ја претставува Македонија на 61. Биенале за уметност. ...