Претставата „Мајки“ на Колектив Игралке и Рајна Рац, во продукција на Казалиште Улисис од Загреб, ќе биде изведена вечерва во 20 часот, на сцената на Драмскиот театар во Скопје. Гостувањето е во рамките на фестивалот РУТА, што ќе трае до 31 октомври. Ова не е претстава за мајчинството. Ова е претстава за одлуката за мајчинството. Авторките, сите во т.н средни триесетти години, насетуваат дека времето за мајчинството речиси им истекува. ...

Во „Јавна соба“ во Скопје вечерва во 20 часот ќе се одржи „Поетроника за млади“, уникатен музичко-поетски перформанс што ја претвора поезијата во живо, звучно и современо искуство. На сцената ќе настапат Оливер Митковски, Андреј Салпе и Радмила Петровиќ, најпрогресивната поетеса од Србија, која ја опишува „Поетроника“ како судир на интензивности, спој меѓу традицијата и електронската култура во време кога уметноста станува сè по хибридна. ...

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ вечерва во 19 часот ќе биде промовирана збирката раскази „Приказничар“ од Жарко Кујунџиски, добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување според Друштвото на писателите на Македонија во 2025 година. Модератор и промотор е Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. -Расказите на Жарко Кујунџиски се раскошно славење на приказната. Без разлика ...

Романот „Ништо“ од современиот британски писател Ханиф Курејши, како 241 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“, ќе излезе денес од печат. Преводот од англиски на македонски јазик е на Милан Дамјаноски, а објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура. Во својот роман „Ништо“, Курејши нè воведува во светот на Валдо – пензиониран режисер прикован за кревет, чие секојдневие е исполнето со ...

Со култниот филм на холандскиот режисер и фотограф Антон Корбајн вечерва во 19 часот во киното „Фросина“ ќе биде отворено 11. издание на Фестивалот за музички документарни филмови „Скопје синема сити 2025“. Корбајн е годинашен лауреат, добитник на наградата за животно дело ја добива за неговите достигнувања во областа на фотографијата, музиката и филмот. Земја во фокус на фестивалот годинава е Холандија, а фестивалот ќе трае два дена. ...

Претставата „Народен пратеник“ во режија на Егон Савин, на Македонскиот народен театар, ја освои главната награда „Борисав Станковиќ“ за најдобра претстава во целина на 45. фестивал „Борини позоришни дани“ во Врање, Србија, беше прогласена претставата „Народен пратеник“, во продукција на Македонскиот народен театар. Со едногласна одлука, жирито во состав: Наташа Гвозденовиќ, театарска критичарка, Трајче Кацаров, драматург, и Васил Василев, ...

Во рамките на „Кадар-на“/Her Frame, утре во 14 часот во киносалата на „Вардар филм“ во Скопје ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе може да се погледнат се: „Сенките на месечината“ (2025) – во режија на Тина Величковиќ, „Река“ (2024) – во режија на Угљеша Ранисављевиќ, продуцентка Милена Бркиќ, ...

Здружението на копаничарите на Македонија ја одржа 38. колонија во манастирот „Св. Јован Бигорски“, од 18 до 22 октомври. Настанот го беше поддржа Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер од Скопје. Колонијата ја отвори ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, а со пригодна реч се обратија и деканот на ФДТМЕ, проф. д-р Ѓорги Груевски, како и претседателот на Здружението на ...

Филмот „Планината не оди никаде“ на режисерката Петра Селишкар, освои три награди на Фестивалот на словенечкиот филм што се одржа во Порторож. Режисерката Петра Селишкар ја освои „Весна“, наградата за најдобра режија, Лорелин Делом и Сашко Потер Мицевски ја добија наградата за најдобра монтажа, а филмот ја доби и наградата за најдобар игран филм, според Словенечката филмска асоцијација. Филмот „Планината не оди никаде“, копродукција помеѓу ...

Београдско драмско позориште ќе гостува на Фестивалот на регионални театри РУТА, вечерва во 20 часот на сцената на Драмскиот театар, со претставата „Повеќе од игра“, што претставува адаптација на текстот на култната српска серија. Режисер е Иван Вуковиќ. Претставата ќе трае четири часа, со една пауза. „Повеќе од игра“ е особен драматуршки предизвик, имајќи го предвид и нејзиниот длабок траг во филмската и во популарната култура на нашиот ...

Со претставата „Чиста куќа“, вечерва во 19 часот, Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ќе гостува на сцената на Народниот театар во Гевгелија. Претставата е работена според текст на Сара Рул, во превод и режија на Тамара Стојаноска. „Чиста куќа“ е претстава што раскажува длабока човечка приказна за животот и смртта, преку пет различни, но меѓусебно испреплетени ликови. Како што вели режисерката Стојаноска: „претставата зборува за ...

Изведбата на едно од најпопуларните и највесели музички дела – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II ќе се одржи утревечер во 20 часот. Ова е прва реприза на „Лилкајот“, по успешната премиера на 25 октомври. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Верица Ламбевска, ...

Пишува: Звонко Димоски Во проектот „Пополнување на празнината…“, празното место во училишната клупа станува скулптура, а тишината се променува во материјал. Преку фотографија и објект, Димоска Николоска ја визуелизира пораката и просторот после заминувањето. Делото е тивко, но остро – сведоштво за општествен феномен што обично се мери со бројки, а ретко со чувства. „Јас сум дете на родители кои целиот живот работеа надвор од Македонија,“ ми ...

За суштината на наставничката професија и за тоа што навистина значи да се биде добар учител вчера се зборуваше на панел-дискусијата, дел од кампањата „Магијата е во знаењето“, што ја организираше Министерството за образование и наука. Наставник што верува во секое дете, што станува глас на охрабрување, водич низ секојдневието и сојузник во учењето, токму такви примери беа во фокусот на средбата, насловена „Добриот наставник прво е пријател, ...

Книгата „Индиго солзи“ од Нино Наумовски во издание на „Бата прес“ ќе биде промовирана вечерва во 19.19 часот во Салон Импреијал 2 во Културно-информативниот центар во Скопје. За делото ќе зборуваат Снежана Стојчевска и Александар Русјаков „Индиго солзи“ е бит-балада на младоста што се соочува со првите предизвици на зрелоста, рокенрол-елегија за бунтот што произлегува од бесмислените апсурдни детали на патетичноста и поетичноста меѓу ...

За многумина од студентите ова е прво искуство на научна конференција и верувам дека ќе биде одлична подготовка за поголеми меѓународни настани во иднина, вели проф. д-р Зоран Здравковски На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје денеска и утре ќе се одржи 16. Студентски конгрес на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ). Со собирот ќе биде одбележана 31 година од првиот студентски собир организиран од Сојузот, традиција што ...

Во Културно-информативниот центар во Скопје, утревечер во 20 часот, ќе биде отворена изложба на дела настанати на работилниците за алтернативна фотографија кои се одржаа во село Смилево, во организација на фестивалот „Зрно“. Од 17 до 23 јули, манастирот „Св. Петар и Павле“ во Смилево беше дом на едно од највпечатливите летни уметнички собирања каде околу педесет фотографи и млади автори од различни европски земји, заедно со волонтери од ...

Претставата „Ќелавата пејачка“ во режија и адаптација на Јагош Марковиќ, ќе гостува вечерва во 20 часот во Драмски театар во Скопје, на Фестивалот на регионални театри РУТА, што беше отворен синоќа. Претставата е според текстот на Ежен Јонеско, а ликовите ги толкуваат регионалните актерски ѕвезди: Олга Одановиќ, Бранко Видаковиќ, Дубравка Дракиќ, Момчило Оташевиќ, Сандра Бугарски и Бранимир Поповиќ. Продукцијата е на Центарот за култура ...

Пишува: Александра Јуруковска Најновиот поетски ракопис на младата Светла Јакшиќ е прекрасен спој на младешка сила и зрело поимање на поезијата. Таа беспоштедно се втурнува во треската што ја дава и носи со себе стихотворењето и на хартија пренесува многу силни слики од стих. Во „Ноќен суфлер“ бесконечноста, минливоста и вечноста се среќаваат во една песна, некогаш и во една строфа или еден стих. Понекогаш песната се претвора во побожо пеење, ...

Втората панел-дискусија, со наслов „Добриот наставник прво е пријател, па потоа учител – Магијата на ‘Добро утро, деца’“, што ја организира Министерството за образование и наука, ќе се одржи во Прилеп утре во 11 часот во кино „Мис Стон“ во рамките на Домот на културата „Марко Цепенков“. ПрвиотПо првиот панел во Скопје, одржан на 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, Министерството за образование и наука продолжува со активностите во рамки ...

„Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ утревечер во 20 часот ќе го отвори фестивалот РУТА во Драмски театар Скопје. Во копродукцијата учествуват ансамблите на Драмски театар Скопје, Београдско драмско позориште, Местно гледалиште љубљанско и Центар за култура Тиват. Улогите во претставата правена во формат на комедија дел арте им се доверени на актерите: ...

Педесеттата јубилејна изведба на монодрамата „Торонто експрес“, актерот Александар Микиќ ја изведе синоќа на малата сцена на матичната сцена – Македонскиот народен театар. По 50-ти пат Микиќ сам на сцена ја одушеви публиката, која и овојпат го наполни гледалиштето на малата сцена. Претставата е работена според мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ од Зоран Спасов-Ѕоф, а во режија на Јордан Симонов. Публиката уживаше во секој момент – ...

Претставата „Народен пратеник“ на Македонскиот народен театар вечерва ќе биде изведена на сцената на театарот „Бора Станковиќ“ во Врање, Србија, во рамките на театарскиот фестивал „Борини позоришни дани“. Изведбата на претставата во режија на Егон Савин, е дел успешната регионална турнеја. Со ова дело, Бранислав Нушиќ уште еднаш потсетува дека смеењето е најсилното оружје против глупоста и корупцијата. Неговата извонредна сатира за човековата ...

„Билни прилагодувања“ ќе биде отворена вечерва во 20 часот во МСУ и ќе биде поставена до 19 ноември. Кураторка на изложбата е Ивана Васева По 18 години, мултимедијалниот ликовен уметник Оливер Мусовиќ, еден од водечките автори во својата генерација ќе го претстави своето творештво во Македонија. Изложбата „Билни прилагодувања“ ќе одбележи 30 години од неговото творештво, односно од неговата прва самостојна изложба во Уметничката галерија, ...

Кумјана Новакова за филмот „Молкот на разумот“ ја доби престижната „Меѓународна филмска награда за човекови права“ на Нирнбершкиот филмски фестивал за човекови права. Наградата ѝ беше врачена во Нирнбершката куќа на филмот. За наградата одлучуваше меѓународното жири составено од Дамиен Оунури, Фарахназ Шарифи и Борјана Гаковиќ. На врачувањето на наградите, од жирито изјавија: – Едногласно одлучивме да ја доделиме наградата на филмот, кој ...

Апстрактни скулптури од Александар Ефтимовски се трајно поставени во Младинскиот културен центар во Скопје. Ефтимовски е автор со големо интернационално искуство. Во неговото досегашно ликовно творештво има изработено скулптури во голем формат, поставени во повеќе од 30 европски и светски држави. Делата „Секвенца“, „Овални меки“ и „Импулс“ се создадени за МКЦ, изработени се од метал и се со големина од 1 метар. – Површината на скулптурите е ...

„Утре наутро“ е политичка драма во кој ги опсервирам луѓето кои ги носат одлуките со чии последици се соочуваме ние. Мене живо ме интересира кои се луѓето кои ги носат одлуките со кои ние се носиме, оној висок општествен круг луѓе. Ова е приказна инспирирана од вистински настани кои се случиле меѓу 2014 и 2017 година, рече режисерот Јани Бојаџи, на прес-конференција најавувајќи го својот нов игран филм „Утре наутро“, чија премиера е закажана ...

Мултимедијалниот уметник Иван Ивановски во моментот е актуелен со изложбата „Човек во размер“ што ја реализира со архитектот Максим Наумовски во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје. Наскоро заминува во Кина каде ќе има самостојна изложба Преку редефинирање на поединецот во функција на колективот, на човекот во функција на градот или обратно, неговиот слоевит уметнички интерес постојано се вртка околу личноста, поточно околу колективниот на кој таа ...

„Македонски сновиденија“ е насловен концертот на Националниот џез оркестар што ќе биде изведен на отворањето на 25. издание на „Есенски музички свечености“ во сабота (25 октомври) во 20 часот во малата сала на Македонската филхармонија. Диригент е Владимир Николов. – Овој проект е ново поглавје во работата на Националниот џез оркестар – првпат од неговото формирање оркестарот подготвува нови обработки на македонски народни песни, како и ...

Во Офицерскиот дом во Битола утревечер во 20 часот концерт ќе одржи ансамблот „Консонанс“. На програмата се дела од Филип Иванов, Борјан Цанев и Дарко Илиевски. Ансамблот „Консонанс“ е основан во 2007 година, на почетокот составен исклучиво од дрвени дувачки инструменти. Денес во својот состав вбројува и други инструменталисти кои го збогатуваат звукот на овој ансамбл. „Консонанс“ е посветен на изведбата на камерната музика истражувајќи ги ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1018
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
5.58
69%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
72%
1008
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
4.63
71%
1019
weather icon

Сараево

-6ᴼ / -6ᴼ
1.76
94%
1022
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
95%
1008
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
71%
1020
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
62%
1015
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
1.34
65%
1022
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
95%
1012
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
81%
1023
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

3663.67

Алуминиум

3.15

Платина

83354.78

Калај

54.20

Родиум

348835.60

Паладиум

5433.48

Иридиум

221848.72

Бакар

11.71

Рутениум

45750.51

Злато

150834.91

Кобалт

64.04

Цинк

3.34