Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Студентите и пензионерите денеска можат да ги набават билетите по поволни цени Неповторливо музичко доживување најавува Националниот џез оркестар вечерва во 20 часот во Национална опера и балет на концертот со еден од најзначајните современи џез-гитаристи Курт Роузенвинкел и диригентот Владимир Николовски. Билетите сè уште се во продажба, но во огреаничен број и може да се купат на https://mktickets.mk/event/kurt-rosenwinkel/. Студентите и ...
Книжевна вечер со истакнатиот поет, филозоф, критичар, антологичар и препејувач, Иван Џепароски ќе се одржи вечерва во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“. Настанот го организира Српскиот културно–информативен центар „Спона“. Средбата е посветена на српските изданија на неговите поетски книги „Светлината на Света Гора“ (2018) и „Град“ (2023). Оваа книжевна вечер е дел од циклусот книжевни средби и работилници „Паралели и синтези: ...
Театарот „Ателјеркунлеон“ од Бергамо, Италија ќе гостува вечерва во 20 часот на сцената на Албанскиот театар во Скопје, со претставата „Тврдина“. Гостувањето е во рамките на фестивалот „Скупифестивал“. Фестивалот беше отворен синоќа со претставата „Брак“ на Народниот театар од Приштина. Претставата е според делото на Меша Селимовиќ, во режија на Андреа Беналјо. Улогите ги толкуваат: Андреа Беналјо, Алина Фофанова, Мариела Сторто, Франческо ...
Книгата „30 современи грчки автори“ деновиве доживеа промоции во Скопје и во Атина. Книгата, која содржи препев на 30 песни од автори од Грција, во петокот беше свечено промовирана во Скопје, во соработка со Амбасадата на Грција во земјава. На настанот во Скопје лично присуствуваа четворица од авторите: Хрисанти Иакову, Ефтихија Кателанаки, Манос Мавромустакакис и Никос Влахакис, истакнати поети, чии песни се застапени во книгата. По случаен ...
Книгата афоризми под наслов „Афористичка татковина“, дело на Ирена Павлова де Одорико: поетеса, компаративка, новинарка, писателка, дводомна авторка која живее во Италија и во Македонија, ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во Друштвото на писателите на Македонија. Промоцијата на „Афористичка татковина“ (издание на „Интеракција плус“, 2023), која авторката ја посветува на својот татко, неодамна починатиот водечки македонски афорист Живко ...
Актерот Игор Џамбазов денеска ја прими наградата „Лауреат“, што му ја врачи Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“. Наградата на првенецот на МНТ, му беше врачена во големата сала на Општина Крива Паланка. – Ова значајно признание е израз на длабока почит кон неговиот исклучителен придонес во развојот на македонскиот театар, инспиративното творештво и длабокото културно влијание што го остави и сè уште го остава врз сцената и ...
Годинешниот добитник на наградата „Златна грива“ за особен придонес во филмската уметност, Даг Јохан Хагеруд, денеска во рамките на програмата на 10. МФФ „Киненова“ одржа мастерклас на Факултетот за драмски уметности, каде со студентите и учесниците од фестивалот разговараше за начинот на снимање, на пишување сценарио, избор на ликови, финансирање на филмовите. – Приказната не е важна за мене. Почнувам со многу едноставна приказна. Не сум ...
Младите од осум земји учесници на 13. „Џифони Македонија“ имаа богат викенд исполнет со проекции на филмови, ги започнаа своите работилници, а и дискутираа за филмовите што ги гледаа. Програмата на фестивалот се реализира во Кинотеката, каде што работат јуниорите, односно основците од шесто до деветто одделение, додека во Младинскиот културен центар се средношколците, кадети и сениори. Денес на програмата е средба со активистката Теодора ...
Книгата „Драмолетање“ во издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ќе биде промовирана утревечер во 19 часот во Факултетот за драмски уметности во Скопје. Четири драми избрани од првиот повик и пичинг форум што се организираше во рамките на 59-то издание на фестивалот, се застапени во ова важно издание за македонската драматургија. Станува збор за „Голи души“ од Иван Додовски, „Ложа“ од Марио Стојаноски, ...
Фестивалот за европска литература „Букстар“ (BookStar) почетокот на своето 11. издание ќе го означи вечерва во 19.30 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Главните настани ќе се одвиваат во КИЦ, но дел од програмата ќе биде и на други локации. Фестивалскиот слоган е „За писателцките работи“, а својот корен го има во делото на Крсте Мисирков (1874 – 1926), во пресрет на јубилејот сто години од неговата смрт (2026). – „Букстар“ во ...
Претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци од Скопје освои четири награди на 5. Меѓународен фестивал на куклена уметност – ФЛУМ 2025, што се одржа од 21 до 26 септември во Мостар. Меѓу наградите, овој театарски ансамбл освои и Гран при за најдобра претстава. Жирито ја награди продукцијата и во други категории: награда за најдобра режија – Јакуб Максимов, награда за најдобра сценографија и креација на кукли – ...
Меѓународниот театарски фестивал „Скупифестивал“ ќе се одржи од вечерва до 4 октомври на сцената на Албанскиот театар во Скопје, под мотото „На крајот, секоја маска мора да падне”. Свеченото отворање ќе биде во 20 часот, со гостување на Националниот театар на Косово од Приштина, Косово со претставата „Брак” од авторот Витолд Гомбрович, во режија на Норберт Раковски. Играат: Арменд Смајли, Иљбер Барди, Менсур Сафќиу, Шеќерие Бучај, Шкљзен ...
Изложбата „ЦЕРН и Универзумот: Науката која нè поврзува“ отворена во трговскиот центар „Дајмонд мол“ во Скопје ќе биде отворена до 15 октомври. Сите заинтересирани може бесплатно да ја посетат, да откријат фасцинантни факти за универзумот Со изложбата „ЦЕРН и Универзумот: Науката која нè поврзува“ отворена во трговскиот центар „Дајмонд мол“ во Скопје, Делегацијата на Европската Унија и Јуроп хаус викендов ја одбележаа Европската ноќ на ...
По повод Светскиот ден на интелигенцијата, „Менса Македонија“ организира тестирање на интелигенција во Скопје со цел прием на нови членови. Тестирањето е на 1 октомври во 18.30 часот на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Во согласност со иницијативата на Менса за подршка на крводарителството и младите лица, сите крводарители, ученици и студенти имаат попуст од 50 отсто. Повеќе информации можете да најдете на ЛИНКОТ. ...
Повеќе од 200 објавени наслови, монографии, зборници, списанија, многубројни соработки со институции и организации дома и во странство, вредни научни партнерства и заеднички проекти зборуваат за институцијата која веќе шест децении претставува еден од темелите на општествените науки во нашата земја, рече проф. д-р Бојана Наумовска на одбележувањето на 60-годишнината од формирањето на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања ...
Во Националната опера и балет вечерва во 20.30 часот свечено ќе биде отворен филмскиот фестивал „Киненова“. Фестивалот ќе биде отворен со „Изгубениот сон на тимот од соништата“ на Јуре Павловиќ. Фестивалот ќе трае до 5 октомври. Во рамките на „Киненова“ во Киноверзум во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода ќ бидат прикажани: „Беше некогаш во Газа“ на Араб Насер и Тарзан Насер, „Паноптикум“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе, „Помеѓу Боговите“ ...
Етнолошко-документарниот филм „Хембој“, во продукција на Музејот на Македонија, на авторката Елизабета Конеска, освои Гран при од публиката за најдобар документарен филм на TEФ Фест Крк 2025 — меѓународен фестивал за туристички и етно филмови, кој се одржува на островот Крк, Хрватска. Филмот триумфираше меѓу 72 селектирани остварувања од вкупно 127 пријавени од целиот свет. Елизабета Конеска повеќе од три децении работи на полето на ...
Фестивалот „Џифони Македонија“ е посебен, затоа што ги става младите во центарот на вниманието, правејќи ги вистински учесници. „Џифони“ се роди во Италија пред повеќе од 50 години, од едноставна, но моќна идеја, да им даде глас на младите луѓе преку филмот, тоа е посебен момент за младите генерации, да го откриваат светот, различните култури, да ги споделуваат своите лични погледи на свет и да ги хранат своите умови. Фестивалот се реализира ...
Среќен сум за наградата „Златна камера 300“, зашто доаѓа од прекрасен фестивал и од кинематографери. Треба да верувате во својата визија и во себе, рече Давид Шамбиј, кинематограферот на филмот „Нов бран“, добитник на главната награда на 46. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Жирито беше согласно дека Шамбиј ја добива наградата поради „не само убаво, туку и уверливо прикажаните слики и поради тоа што камерата носи ...
Во Заводот за заштита на спомениците од културата и музеј во Струмица вечерва во 19.30 часот ќе се одржи 15. издание на манифестацијата „100 илјади поети за промена“. Прво ќе боде промовирана истоимената збирка и ќе се одржи поетско читање на дел од застапените поети, меѓу кои гостите од Унгарија, Словенија, Грција, Албанија, Косово, Србија, Бугарија и од Македонија. Во 21.30 часот во кафулето „Нагоре“ ќе биде отворена изложба на плакатите од ...
„Under 600″ е првиот фестивал што ги обединува независните театри од Западен Балкан (поддржан од British Council) кој од завчера се одржува во Скопје и ќе трае до утре. Се реализира под мотото „И покрај сè”. Under 600 е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), финансиран од Европската унија, кој има за цел да го подобри дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор, како и развој ...
Наградата „Вавилон – Нова генерација“ за најдобар студентски превод ја доби Јана Секулоска, за нејзиниот превод на краткиот расказ „Мајките беа сите исти“ од Џозеф О’Конор, од англиски на македонски јазик. Наградата и’ беше врачена вчера во Јуроп хаус во Скопје, по повод Европскиот ден на јазиците. Наградата се доделува во соработка на Делегацијата на Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – ...
Златна камера 300 ја доби за Давид Шамбиј за филмот „Нов бран“, поради убаво и уверливо прикажаните слики и поради тоа што камерата носи енергија и дух на слобода на легендарниот Француски нов бран Како вонземјани доаѓаме од Холивуд во овој мал град Битола за кој не знаев досега. Дојдов овде и ја видов волшебната прослава на уметноста на кинематографијата и тоа за мене е неверојатно искуство. Од моментот кога излегов од автомобилот наидов на ...
Платформата „Наука за деца“ во соработка со Александар Динев подготвија научен караван со многу интересни експерименти и демонстрации. Сите заинтересирани може да се натпреваруваат денеска во 11 часот во ООУ „Крсте Мисирков“ во Куманово. Терминот во 14 часот е за школото „Тодор Скаловски-Тетоец“. На 4 октомври работилници ќе се одржат во Кавадарци во 11 часот во ОУ „Димката Ангелов – Габерот“, а терминот од 14 часот е за ООУ „Владо ...
Наградата „Вавилон – Нова генерација“ за најдобар студентски превод ја доби Јана Секулоска, за нејзиниот превод на краткиот расказ „Мајките беа сите исти“ од Џозеф О’Конор, од англиски на македонски јазик. Наградата и’ беше врачена вчера во Јуроп хаус во Скопје, по повод Европскиот ден на јазиците. Наградата се доделува во соработка на Делегацијата на Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – ...
Шармантни и среќни што им се случува филм, премиера, фестивал – екипата на филмот „Диџеј Ахмет“ предводени од режисерот Ѓорѓи М. Унковски вечерва ќе ја доживее својата македонска премиера на затворањето на 46. ИФФК „Браќа Манаки“. Пред проекцијата, ќе бидат врачени фестивалските награди. На прес-конференција, екипата на филмот појасни како настанал филмот. За кинематограферот Наум Доксевски, боите на фолклорот на Јуруците биле највпечатливи. ...
Изложбата „Пресек за скулптурата над“ од нашиот познат скулптор Славчо Спировски е отворена во Културно-информативниот центар во Белград. На отворањето на изложбата се обратија уметникот Спировски, директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров и новинарот од Македонско радио, Тони Цифровски. Во рецензијата за оваа изложба, Маја Чанкуловска-Михајловска, пишува дека: „Спировски го провоцира погледот на гледачот преку ритмичката игра на ...
Четворица грчки поети ќе бидат гости на промоција на книгата со поезија „30 современи грчки автори“ што е закажана вечерва во 20 часот во „Аудиокултура“ во Скопје. Настанот е дел од дополнителната програма на фестивалот ПРО-ЗА Балкан. Истата книга ќе има промоција и во Атина, на 29 септември. Во Скопје ќе имаме можност во живо да ги чуеме Хрисанти Иакову, Ефтихија Кателанаки, Манос Мавромустакакис и Никос Влахакис, истакнати поети, чии песни ...
На кинематограферите им требаат агенти бидејќи филмската индустрија е многу конкурентна, динамична и базирана на контакти. Агентот се грижи за договорите, хонорарите, авторските права и сите правни детали. Осигурува кинематограферот да добие фер услови и квалитетни проекти, пристап до поголеми и подобри проекти. Агентите имаат контакти со продуценти, режисери и студија. Тие ги поврзуваат кинематограферите со вистинските луѓе и често имаат ...
Две изложби ќе бидат отворени вечерва во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Во 19 часот во Ликовниот салон ќе биде отворена изложбата „Доминанта“ од прилепски уметници, членови на Друштвото на ликовните уметници на Прилеп. Во 20 часот во Ликовната галерија ќе биде отворена изложбата „Насмеани лица и состојби“ од прилепскиот уметник Емил Солески. На „Доминанта“ со дела ќе се претстават: Дарко Талески, Филип Јовески, Методи Исков, ...