Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Покрај делото на Сервантес голема инспирација беа шпанскиот и македонски фолклор кои ги споивме на еден иновативен начин. Долго и темелно ја проучувавме шпанската култура од повеќе географски предели на земјата, научивме многу и тој процес ни отвори сосема нов музички свет полн со идеи – велат Дино Имери и Дијана Илкоска Имери, чие ново дело ќе биде промовирано вечерва во 19 часот во Националната опера и балет на настанот „Дон Кихот во ...
Три претстави ќе бидат изведени во Кочани до крајот на месецов. Ги организира Јуроп хаус како дел од есенската културна и едукативна програма во Кочани, во соработка со Центарот за култура „Бели Мугри“ и SupportKochani. На 25 октомври во 20 часот ќе биде изведена „Синиот портокал“ од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. На 27 октомври во 13 часот ќе биде изведена „Црвенкапа“ на ...
Има музичари кои кога настапуваат пред својата публика, а особено кога ретко доаѓаат на некое место, оставаат дел од својата душа. И кога ќе наидат на публика што не сака да ја напушти салата, тогаш тоа чувство двојно се засилува. По само година и пол, во петокот повторно имавме можност да уживаме во убавата енергија на Јасмин Леви, ладино пејачка и кантавторка, која прави исклучителен спој помеѓу фламенкото и музиката од Блискиот исток. На ...
Првата реприза на најновата премиера на Драмскиот театар во Скопје, „Куршуми над Бродвеј“, работена според Вуди Ален и Даглас Мекграт, а во режија на Ненад Витанов, е закажана за среда (22 септември) од 20 часот. По премиерната изведба во саботата и првичните реакции на публиката, претставата има големи изгледи да биде нов хит на Драмски. – Ова е претстава за непринципиелната коалиција меѓу мафијата и уметноста. На сцената се судруваат ...
Со филмот „Последната експедиција“ на режисерката Елиза Кубарска, инспиративна приказна за алпинистки кои тргнуваат по трагите на изгубените хероини од Хималаите, вечерва во 19 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде отворен 16. Фестивал на планински филм „Ехо“. Публиката ќе има можност да ги погледне и филмовите „Девојка качувач“ (The Girl Climber) и „After Antarctica“. Ќе биде промовирана и книгата „Ванда — приказна за силата на животот и ...
Автор: Славенка Дракулиќ Пресудниот настан во ширењето на заразата беше концертот на Хиподромот на 5 јули, од извесен пејач Марко Перковиќ (познат како Томпсон, по тип на оружје). Тие темелно ги проучија снимките и ги слушнаа бројните сведоштва. Тоа беше голем настан на кој се собра огромна маса — стотици илјади, главно млади, облечени во црно, со забранети симболи — кои во таа жешка вечер на концертот влегоа во транс, се прегрнуваа, ...
Поттикнување на креативно пишување е примарната цел на „Синхроницитети – Чувари на приказната“, новото дело на визуелниот уметник Марко Трпески. Станува збор за друштвена или осаменичка игра во надреалистички манир и препознатлив стил на Трпески, која интуитивно ја олеснува артикулацијата на потсвесните текови на оној што ќе се осмели да (ја) игра. – Компетитивноста и противниците во оваа игра не се норматив, а најважниот натпревар е ...
Претставата „Малата Фрида“ во режија на Аница Томиќ, а во изведба на Градскиот театар „Жар птица“ од Загреб, Хрватска го освои Гран прито на 4. издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во Скопје. Оваа претстава беше прогласена за најдобра и од детско-младинското жири во состав: Бисера Мојаноска, Ведран Маричиќ, Уна Дона Силјановска, Теофрил Сачкарски, Саша Димитревска, Софија Петрушева и Јанис Далајоргос. ...
Дали е можно да се гледа филм во живо? Да, и тоа се случи минатата недела во Националната опера и балет. И не беше првпат. Операта „Риголето“ од Џузепе Верди во режија на Пјер Франческо Маестрини од Италија премиерно беше изведена на отворањето на Мајските оперски вечери годинава. Гилермо Нова од Шпанија создал таква сценографијата, што уште првата сцена неодоливо навлекува на чувството дека гледате филм. Огромната фонтана на кат, украсена ...
Зоран Илијоски ја доби наградата за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“, а наградата „Колега Стиков“ ја доби Александар Муриќ Ученикот Зоран Илијоски ја доби наградата за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“ на 4. Конференција „Наука за деца“ што се одржа вчера и завчера во скопското училиште НОВА. Наградата „Колега Стиков“ ја доби Александар Муриќ за видеото посветено на теоријата на релативноста на Алберт Ајнштајн. Во ...
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово отворена е ретроспективната изложба „50 години творештво на Мики Трендафиловски“. Изложбата содржи 50 дела работени во повеќе временски периоди. Мирослав Трендафиловски-Мики е сликар, роден во 1958 година во Куманово каде живее и работи како самостоен уметник. Досега реализирал 35 самостојни изложби и учествувал на повеќе од 100 групни изложби во земјава и во странство. Во последните 25 ...
Филмот „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска доби две номинации за престижните Critic’s Choice Awards што ги доделува Американското здружение за избор на критичари. Филмот е номиниран за најдобар документарец и за најдобра кинемататографија за Жан Дакар. За Тамара Котевска ова нема да бидат први номинации за нејзин документарец. Со „Медена земја“, што го корежираше со Љубомир Стефанов, во 2019 година ја добија наградата за ...
Филмот „Лена и Владимир“ на режисерот Игор Алексов освои дури четири награди од жирито на Red Brick Road Film Festival во Оклахома, САД. Филмот е прогласен за најдобар, а е награден и за најдобра кинематографија (Душан Кардалевски), најдобар спореден актер (Петар Мирчевски) и најдобар актер (Тони Наумовски). – Ова извонредно признание е доказ за непоколебливата посветеност и уметничката визија на нашиот тим, кој со сè срце и душа ја оживеа ...
Претставата „Сино“ на Грчкиот куклен театар Hop Signor, еден од најиновативните колективи на европската сцена, вечерва во 19.30 часот ќе гостува на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во Скопје, на сцената на Театарот за деца и младинци. Со оваа претстава ќе биде затворен фестивалот во свој стил – храбро, визуелно и со многу смеа. Претставата е наменета за публика над 14 години и има превод на македонски јазик. Авторот ...
Со „Маалски бувљак“ што ќе се одржи денеска меѓу зградите во скопската населба Железара од 12 до 16 часот, во соработка Здружението за креативна одржливост „Комбо“ ќе го прослави својот прв роденден. – Дојдете заедно да јадеме торта, да слушнеме добра музика, да се подновиме со нешто ново или да се ослободиме од нешто старо и да го прославиме нашиот прв роденден – велат сестрите Анастасија и Ивана. Пријавувањето за продавање стари предмети е ...
Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп објавува отворен повик за учество на второто издание на пичинг-форумот „Драмолетање“, кое ќе се одржи за време на 60. издание на фестивалот во јуни 2026. По успешното прво издание на форумот „Драмолетање“, кое овозможи простор за афирмација на нови автори и современи драмски текстови, од фестивалот го најавуваат новиот циклус посветен на развивање на македонската современа драма и ...
Дрвени остатоци во најраните слоеви археолошкиот локалитет Влахо во Пелагонија, кој датира помеѓу 6.400 и 6.000 година пред новата ера, открија археолозите на годинашните истражувања. Локалитетот кој доби научна потврда дека е меѓу најстарите неолитски населби во Европа, го истражуваа археолози од Центарот за истражување на предисторијата и Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола. Екипата годинава истражуваше во ...
Два концерта се на програмата на 44. Скопје џез фестивал на втората фестивалска вечер. Од 20 часот прв ќе настапи Марк Рибо, со проектот Map of a blue city, а во 22 часот ќе следува Kahil El’Zabar’s Ethnic Heritage Ensemble. Фестивалот беше отворен синоќа со настапот на Андреј Јагоѓински трио од Полска, кои од класиката создадоа џез видување, а следуваше енергичниот концерт на Националниот џез оркстар предводен од Зиги Хајгл, а со Луис ...
Куратор на изложбата е Викторија Васева-Димеска, организатори се Маја Неделкоска Брзанова, кустос-советник и Александра Зиновски-Вилиќ, кустос двете од Националата галерија на Македонија. Изложбата ќе биде отворена 30 дена „Континуитет како метафора 1967-2012 / 2012-2025“ е насловот на изложбата на Васил Василев која вечерва во 19 часот ќе биде отворена во Даут-пашиниот амам во Скопје. Куратор на изложбата е Викторија Васева-Димеска, ...
Во Интернационалното училиште НОВА денеска и утре ќе се одржи третата конференција „Наука за деца“ под мотото „Надгради ја твојата реалност“. Свеченото отворање е вечерва во 18:30 часот, а настанот ќе може да се следи и онлајн, на фејсбук-страницата на „Наука за деца“. Во програмата влегуваат пет предавања на деца кои минатата година од Фондација „Кантарот“ добија стипендии за извонреден научен потенцијал. Децата беа менторирани од наши ...
Големи оштетувања на Куќата-музеј на Владо Малески во Струга, заштитено културно наследство се направени за време на изградба на соседен објект. Направени се значителни оштетувања – рушење на јужниот калкански ѕид и дел од кровната конструкција, додека се правел ископ за новата градба. Владо Малески (1919 — 1984) е истакнат македонски писател и автор на текстот на македонската химна „Денес над Македонија“. Вчера и денеска граѓаните рагираат и ...
Две претстави и панел-дискусија се на програмата на вториот фестивалски ден на 4. Интернационален фестивал „Игор Маџиров“, што беше отворен синоќа во Театарот за деца и младинци во Скопје. Фестивалот беше отворен со наградуваната претстава „Франкенштајн“ на Театарот за деца и младинци. Во 10 часот на сцената на Албанскиот театар ќе биде изведена претставата „Играј со мене!“ на Андреј Бока, во продукција на Детскиот театар од Суботица. Во 13 ...
4. Научна конференција „Наука за деца“ ќе се одржи утре и задутре во приватното училиште „Нова“ во Скопје, а оваа година темата е вештачка интелигенција (ВИ) Менторската програма е едно од највредните искуства што им ги нуди „Наука за деца“ на своите стипендисти. Младите научници од Македонија добиваат шанса да работат со наши научници кои денес се дел од врвни универзитети ширум светот, вели м-р Драгана Стикова, директорка на Фондацијата ...
После една година од премиерната изведба на седумнаесетминутната претстава „Вампири – театарска минијатура за вампирите во театарот”, екипата на проектот организира видеопроекција и дискусија на тема „Дали може да се убие вампир?” Настанот е закажан на 22 октомври (среда) од 20 часот, во Кафе и филм „Котур“ во Скопје. Актерките Ангела Стојановска, Марина Поп Панкова и Филарета Атанасова, како и режисерот Милош Андоновски ги интересира што ...
Во рамките на програмата Jazz cinema, на Скопскиот џез фестивал, вечерва во 20 часот во киното „Фросина“ во Скопје ќе биде прикажан музичкиот документарец We Want the Funk! на режисерот и продуцент Стенли Нелсон. Филмот е од 2025 година, корежисер и продуцент е Никол Лондон. Станува збор за синкопирана одисеја полна со ѕвезди и фанк патешествие коe ги прати и препознава и африканските и госпел корените, од Џејмс Браун до ...
Филмот „Mајка“ во режија на Теона Стругар Митевска е избран во академската потесна селекција на филмовите што се натпреваруваат за 38. Европски филмски награди, во категоријата игран филм. Овие престижни награди, кои го слават најдоброто од европската кинематографија, ќе се одржат на 17 јануари 2026 година во Берлин, Германија. На годинешната потесна листа се избрани 67 извонредни долгометражни филмови – 44 играни, 15 документарни и 8 ...
Под слоганот „Сцена за сечиј сон“, од вечерва до 18 октомври во Скопје ќе се одржува 4. издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, што го организира Театарот за деца и младинци од Скопје. Шесте претстави на фестивалот ги избра режисерката Драгана Милошевски-Попова. Фестивалот ќе ја обедини регионалната театарска сцена со претстави што „преку игра, хумор и фантазија го допираат живиот корен на човечкото искуство“. ...
Премиера на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус Помладиот, едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња, ќе биде изведена на 25 октомври во 20 часот во Националната опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор-мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Верица Ламбевска. Во солистичката екипа ...
Од печат излезе романот „Фобос“, дебитантско дело на Соња Станковска, во издание на издавачката куќа „Или-Или“ од Скопје. Романот е објавен во едицијата ПРОаЗА како 240 книга а во оваа едиција досега се објавени и многу други дебитантски книги на сега веќе етаблирани македонски автори. За романот, писателката Фросина Пармаковска вели: – „Фобос“ е уникатен пример на колажиран, нелинеарен и мошне комплексен хибриден текст кој умешно ги ...
Претставата „Аматери“ во режија и авторство на Синиша Евтимов е најновата премиера на Театар Комедија што ќе биде изведена утревечер во 20 часот на матичната сцена. Првата реприза е на 16 октомври. „Аматери“ е сатирична и експлозивна театарска претстава што ги меша историјата, поп-културата и современиот апсурд во еден хаотичен, магично-забавен свет. Од Солунските атентати, преку партизани во „Фортнајт“ универзумот, до пародични реклами за ...