Претставата „На отворено море“ во изведба на Народниот театар од Битола, во режија на Благој Мицевски, завчеравечер ја воодушеви публиката на фестивалот Direction East во Бјалисток, Полска. Претставата е работена според делото на Славомир Мрожек, а во истата играат: Марјан Георгиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски. „Беше брилијантно, апсурдно и актуелно во исто време“, истакнуваат од фестивалот. Меѓу ...

Разговор со писателката Румена Бужаровска ќе се одржи во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, вечерва во 19 часот. Нејзиниот роман „Тони“, издание на Издавачкиот центар ТРИ е книга на месецот во Библиотеката и заедно со клубот на читатели се дел од 4. циклус на големата кампања на „Читаме современи македонски автори“. Разговорот со Бужаровска ќе го води Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј ...

Со старт на кампања за подигнување на јавната свест за суштинската важност на знаењето и незаменливата улога на наставниците во општеството, Министерството за образование и наука вчера го одбележува 5 Октомври – Светскиот ден на учителите. Почетокот на кампањата насловена „Магијата е во знаењето“ беше означен со две тематски панел дискусии посветени на институционалниот пристап кон образованието, статусот на наставниците, нивните предизвици и ...

Претставата „Медеја“ според Еврипид, во режија на Деклан Донелан, а продукција на Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија, го освои Гран прито на 19. „Скупифестивал“, што заврши синоќа во Албанскиот театар. Освен најглавната награда, жирито одлучи да ја додели и наградата „Љуран Ахмети“ за претставата „Половина – животот на Марија Кири“ на театарот „Метропол“ од Тирана, Албанија, а со специјална охрабрувачка награда посвети на театарот „Хера“ ...

Во пресрет на промоцијата на книгата „Приватна насмевка“ од Гоце Дртковски (9 октомври, 20 часот во „Јавна соба“) го објавуваме предговорот Пишува: Гоце Дртковски Умберто Еко вели: Напишав роман затоа што добив желба да го напишам. Мислам дека тоа е доволна причина човек да почне да раскажува. Би го парафразирал мотивот на Горан Стефановски кој го сретнав во едно негово рано интервју, каде што тој искрено зборува дека пишува за да ги помири ...

Од 1994 година, светот го одбележува 5 Октомври, Светски ден на наставникот, што го прогласи УНЕСКО. Ви ја споделуваме пораката што ја упати Елизабета Секирарска, пензионирана професорка од СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Кој со деца не работел, не знае. Не може да ја разбере фантастичната убост на училницата. Онаа која учителот го држи жив, му овозможува и покрај сè, да се грее на пепелта останата од некогашниот воспитно-образовен огин и да се ...

Со панел-дискусија денеска во 10 часот во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Скопје ќе почне националната кампања „Магијата е во знаењето“ што ја организира Министерството за образование и наука. Кампањата почнува на 5 Октомври, Светскиот ден на учителите и е насочена кон подигање на јавната свест за суштинската важност на знаењето и незаменливата улога на наставниците во општеството. Настанот ќе го отвори министерката за образование и ...

Филмот On the Way на турскиот режисер Самир Карахода ја доби наградата за најдобар филм во официјалната селекција на Фестивалот на филм и музика „Sирни“, што заврши синоќа. За наградата одлучи жирито во состав: Кристина Леловац, актерка; Трифун Ситниковски, режисер; и Дина Дума, режисерка. – Веруваме дека прашањата за миграцијата се меѓу најгорливите теми на нашето време, а Самир им пристапува со извонредна суптилност и нежност. Инспириран од ...

Битолскиот театар вечерва ќе гостува во полскиот град Бјалисток, каде ќе ја изведе претставата „На отворено море“, според текстот на Славомир Мрожек, а во режија на Благој Мицевски. Гостувањето е на фестивалот Direction East. Во претставата играат: Марјан Георгиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски. Драматург на претставата е Оливера Павловиќ, која во претставата отворено го поставува прашањето за тоа ...

Антологијата „Работилница за поправка на чувства (втора антологија на иднината)“ ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во холот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Станува збор за збирка поезија, проза и драма на 15 млади креативци кои беа дел од работилницата за креативно пишување на библиотеката, под менторство на писателот Александар Русјаков. Песни и проза ќе читаат застапените автори, а за проектот ќе говорат ...

„Среќен сум што дојдов на ова топло место, да настапам со овој прекрасен оркестар“, рече Курт Розенвинкел, еден од највлијателните современи џез-гитаристи кој неделава им приреди големо задоволство на љубителите на џез-музиката во Македонија. И уште еднаш потврди дека имаме врвен Биг бенд за светските сцени. Курт Розенвинкел Концертот го организираше Националниот џез оркестар. Публиката веќе се навикна на беспрекорната прецизност со која ...

Проектот „Старата скопска чаршија: визии за иднината“ ќе биде промовиран вечерва во 20 часот во Сули ан во Старата скопска чаршија. Настанот е дел од „Бела ноќ“, а заедно го организираат Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, заедно со Институтот Гете, Амбасадата на Германијаа, Универзална Сала и град Скопје. Проектот „Старата скопска чаршија: визии за иднината“ се заснова на меѓукултурен и меѓугенерациски дијалог, ...

Два софиски театри ќе гостуваат вечерва на 19. „Скупифестивал“ во Скопје. Од 19 часот ќе гостува „Јалта арт рум“ со изведбата на „Икс“, додека во 20.30 часот ќе следува изведбата на „Медеа“ на Националниот театар „Иван Вазов“. Автори на „Икс“ се Омар Kајам и Бојан Крачалов, а режијата е на Крачалов. Настапува актерот Васил Дуев – Туиг. – Да ја наречеме „Икс“ точката каде што се сече нашиот јавен лик – оној што го конструираме „за пред ...

Во „Цреша бар“ во Скопје утре на пладне ќе се одржи промоцијата на книгата-сликовница „Градина полна латици“ од Иван Антоновски со илустрации на Иванка НиБа, а во издание на „Светулка“. Промоторка ќе биде Билјана С. Црвенковска. Настанот ќе биде наменет и за оние чии очи првпат го запознаваат светот, и за оние кои светот го гледаат со очила, зашто долго го гледале – како што оценува критиката: „Градина полна латици“ е книга за сите генерации. ...

Филмот „Паноптикон“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе ја освои наградата за најдобар филм, Вук Ршумовиќ е награден за најдобра режија за „Помеѓу боговите“, а за сценарио – Момир Турудиќ и Вук Ршумовиќ Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, синоќа, во присуство на бројни филмски работници и љубители на филмската уметност, беа доделени наградите на јубилејното 10. МФФ Киненова. „Паноптикон“ е копродукција помеѓу Грузија, Франција и ...

Во галеријата на македонскиот Културно-информативен центар во Софија вечерва во 18.30 часот ќе биде отворена изложба на дела од Мирослав Масин. Авторот ќе присуствува на отворањето. Делата што ќе бидат изложени се работени во класична техника, на големи формати – се повеќе од слики: тие се внатрешни пејзажи, визуелни прашања и емоционални извештаи од едно внатрешно патување. Мирослав Масин, роден во Ниш во 1963 година, а образован и созреан ...

Новинарката Весна Ивановска-Илиевска и Умно.мк добија благодарница од Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија за „непресушниот ентузијазам и поддршката што ја добива македонскиот тим на меѓународните олимпијади по хемија“. Благодарници добија и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Базднкин, наставниците-ментори од средните училишта што ги подготвуваат олимпојците по хемија, ...

Караванот утре во 11 часот е во основното училиште „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци, а во 14 часот ќе се дружат со основците во „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија Тимот на „Наука за деца“, робот-кучето АВВИ и младиот Александар Динев утре ќе одржат работилници во Кавадарци и во Гевгелија. Во 11 часот се во основното училиупте „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци, а во 14 часот ќе се дружат со основците во „Владо Кантарџиев“ во ...

Во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје синоќа е отворена изложбата „Отворање и ритам“ од Мартин Џепароски. Тој се претстави со поетска видеоинсталација составена од две видеа кои преку симболичка нарација и визуелна естетика ги истражуваат темите на внатрешно будење и животна динамика. Делото ги спојува природата и човечката емоција во сензорно и филозофско патување. – Првото видео „Откривање“, се фокусира на трагањето по ...

Секој од четирите текстови поместени во книгата „Драмолетање“ носи специфичен авторски глас и отвора простор за ново сценско истражување – од интимни прашања, преку социјални и политички теми, до хумор и апсурд. Со оваа книга не само што ја претставуваме новата генерација драмски автори, туку и поставуваме темели за идни соработки и нови претстави – рече Петар Антевски, приредувач на изданието „Драмолетање“, во продукција на Македонскиот ...

Филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска влезе во официјалната селекција на 38. Интернационален филмски фестивал во Токио, што ќе се одржи од 27 октомври до 5 ноември. За македонската кинематографија ова претставува значаен успех и продолжување на традицијата на присуство на еден од најреномираните филмски фестивали во светот. Во последните години македонските филмови добија значајна видливост на TIFF: „Медена земја“ на Тамара Котевска и ...

Претставата „Дон Жуан“ на бугарскиот режисер Васил Василев, во продукција на Народно позориште од Ниш, Србија ќе биде изведена вечерва во 20 часот на сцената на Албанскиот театар во Скопје. Гостувањето е во рамките на Меѓународниот театарски фестивал „Скупифестивал“. Премиерата беше во јануари годинава. Главната улога во претставата ја игра Дејан Лилиќ, првенец во Драмскиот театар во Скопје. Играат и: Драгиша Вељковиќ, Маја Вукојевиќ ...

На Економскиот факултет во Прилеп при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола вчера се одржа првиот академски час. Овој факултет одбележува 65 години постоење, а со настанот започна и мандатот на новата деканка, проф. д-р Татјана Спасеска, која во своето прво обраќање им упати срдечно добредојде до студентите. – Започнувате возбудливо патување кое ќе ве инспирира и ќе ве научи на истрајност, храброст и посветеност. Искористете ги ...

Што сработиле учесниците на 13. „Џифони Македонија“, публиката ќе може да види вечерва во 19 часот на затворањето на фестивалот во киното „Фросина“ во Скопје. Џифонци ќе ги прикажат нивните дела кои се резултат на изминатите шест дена на работилниците за кратки документарни филмови, за фотографија, видео во еден кадар, работилница за кратки филмови, за стрип, а кај основците – за перформанс и мјузикл и за краток филм. По шест години, во ...

Со еден златен медал, две бронзи и олимписка пофалба за Македонија, националниот тим постави нов државен рекорд на 32. Балканската олимпијада по информатика што се одржа во Удине, Италија. Златен медал за Македонија освои Дамјан Давков од Штип, бронзени – Владимир Грчев од Кочани и Леонид Цуклев од Гевгелија, а Виктор Максимоски од Гостивар освои олимписка пофалница. Давков Тимот го предводеа лидерите, д-р Емил Станков и Благојче Павлески од ...

Разговор со светски познатиот турски писател Ахмет Умит, мајстор на модерниот криминалистички роман, ќе се одржи вечерва во рамки на фестивалот на европска литература „Букстар“ во Салон 19.19 во Културно-информативниот центар со почеток во 19:19 часот. Модератор на настанот ќе биде Јордан Коцевски. Умит ќе зборува за своето богато творештво, инспирациите зад неговите книги и за улогата на книжевноста во општеството. Од поезијата и расказите ...

Ванчоски матурираше во гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп и според постигнувањето на една од олимпијадите постигна врвен резултат – трет најдобар во светот во експерименталниот дел. Тој денеска ги почнува студиите на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје И во Македонија има многу добри услови за студентите. Сметам дека тука ќе стекнам добро образование, вели Марио Ванчоски, олимпиец кој годинава освои два медала ...

Филмот „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски од денеска ќе ја има и својата кинопремиера. Во Скопје ќе се прикажува во киното „Синеплекс“ со премиера во 20 часот, а исто така ќе игра и во 3Д киното при Центарот за култура во Битола, од истиот термин. Филмот минатата недела го затвори 46. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, а светската премиера ја имаше во јануари годинава на фестивалот на независниот ...

Зоран го познавам многу подолго отколку што тој ме познава мене. Ја слушав неговата музика дури и кога живеев во Скопје. „Канал 103“ тогаш беше главен извор на информации за сите нас кои се интересиравме за алтернативна култура, вели Максимовиќ „Праслован“ не е само филм за Зоран Предин. Тоа е приказна за едно време, за една сјајна генерација уметници која се трудеше да го направи општеството подобро, критикувајќи го системот и сите ...

Првиот академски час на новата академска 2025/26 година на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е закажан за денеска во 10 часот, на платото кај споменикот на светите Кирил и Методиј. Настанот има за цел да ги обедини сите бруцоши и целата академска заедница на едно место. Програмата ќе опфати: свечени обраќања, културно-уметнички настапи, информативна сесија на Универзитетското студентско собрание во соработка со „Студентарија“, ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1018
weather icon

Белград

2ᴼ / 2ᴼ
5.01
70%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1008
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
5.14
72%
1020
weather icon

Сараево

-6ᴼ / -6ᴼ
1.59
95%
1022
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
96%
1009
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.93
73%
1020
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
71%
1015
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
1016
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -4ᴼ
2.06
73%
1023
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
4.63
95%
1012
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
81%
1023
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

12.10

Алуминиум

3.06

Цинк

3.37

Кобалт

64.04

Родиум

339190.38

Калај

49.78

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Сребро

3663.67

Паладиум

56617.46

Злато

159322.70

Рутениум

45750.51