Посебно впечатлив е начинот на којшто Блондел и актерите градат атмосфера на митски мината, каде ритуалното, фантазмагоричното и сонуваното се спојуваат во едноставна, но длабоко сугестивна шекспировска приказна Пишува: Звонко Димоски Публиката имаше уникатна можност да ја види претставата „Кралот Лир“, во адаптација и режија на Џон Блондел, во извонредна изведба на Театарот „Лит Мун“ од Санта Барбара, САД, на третиот ден од 11. Битола ...

Кога го снимав „Црна мачка, бел мачор“ со Кустурица, дојдов до состојба да оставам се’ и да заминам. Многу ми беше напорно, многу бараше од мене. Се сеќавам дека за една сцена можеби 44 пати повторувавме. „Да, јас сум многу изискателен човек, но верувај дека после овој филм, ако работиш други филмови, работата ќе ти биде лесна“, ми рече тој. Поминаа точно три децении од неговата прва улога во „Џипси меџик“ на Столе Попов. Актерот Северџан ...

Денеска се навршуваат точно 100 дена отпор. 100 дена откако секое утро, без исклучок, одиме на патот кон шумата за да го заштитиме она што не штити нас. Навидум сме десетици луѓе од едно мало преспанско село, а всушност, не сме малку, туку нè има многу и насекаде. Сите сме обединети со иста цел и истата заложба. И стоиме секој ден. Исто место. Исто време. Иста цел. Сечата над Љубојно не е само уништување на дрвја, тоа е кршење на природниот ...

Факултетот за ликовни уметности – Скопје најавува предавање и специјализирана работилница што ќе се одржи в понеделник (24 ноември) во 13.30 часот во библиотеката и предавалната на Факултетот за ликовни уметности, во кампусот „Педагошка“ во населбата Карпош. Настанот ќе го водат професорот Фалк Хубнер и истражувачката Хелен де Хун од Фонтис академијата за уметности (Fontys Academy of the Arts) од Холандија. Работилницата има за цел да ги ...

Членовите на бендот „Невладина организација“ беа изненадени од долгиот аплауз на скопската публика, делумно несвесни дека на паното зад нив е портретната фотографија на Влада Дивљан. Во негова чест синоќа се одржа концертот „Само една љубов имам“ со кој беа одбележани десет години од смртта на Дивљан. Публиката на нозе ги пееше песните од времето на „Идоли“, „Олд старс“ бендот, „Невладина организација“ и „Лјетно кино“ и солистичките дела со ...

Филмот „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски имаше триумфален викенд освојувајќи шест награди на три различни фестивали во само два дена. На Босфорскиот филмски фестивал филмот ги освои специјалната награда на жирито, а актерот Ариф Јакуп ја освои наградата за најдобра машка улога за насловната улога. На Севилскиот европски филмски фестивал следеа две нови признанија – Гран при на жирито и награда за најдобар актер — повторно за Ариф Јакуп. На ...

Величествениот објект кој ги изненадува археолозите повеќе од една деценија и годинава откри дел од своите тајни. Годинава за првпат ископувањата ги вршеше меѓународен тим Сопственикот на палатата што живеел во 4 век на територијата на денешно Валандово бил личност од висок сталеж штом можел да си дозволи луксуз од оваа мера, вели археологот м-р Радомир Ивановиќ од Археолошкиот музеј во Скопје кој и годинава го раководеше тимот што ...

„Оган“ е насловена изложбата на слики од Бојана Артиновска што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Фокус во поставката има огнот како движење, страст и внатрешна сила. Отворањето на изложбата ќе биде проследено со перформанс на Емил Петро, визуелен уметник, дизајнер и истражувач кој работи со светлина, дигитална анимација и современи сценски визуализации. Тој ќе изведе светлосни проекции и движења ...

Самостојна изложба на цртежи од архитектот Љубе Чаловски ќе биде отворена денеска во 13 часот во галеријата „Ко-Ра“ про Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. Воведен збор ќе има Кристинка Чулак, претседателка на Комората на овластени архитекти и инженери во Македонија. Изложбата ќе претстави дел од импресивниот опус на Чаловски во изминатите децении ширум светот, од Блискиот Исток до Јужен Сибир, како и мотиви од повеќе предели од ...

Особено интересно во оваа адаптација е сценското функционирање на ликовите, коишто, како и самиот текст, се движат по границите на илузијата и вистинитоста Пишува: Звонко Димоски Второто претставување пред македонската публика на Драмскиот театар „Александер Венгерко“ од Бјалисток, Полска, се случи на вториот фестивалски ден од 11. Битола Шекспир фестивал, овој пат со своја интерпретација на шекспировата „Дванаесетта ноќ“, во режија на Игор ...

Оценките да не се доживуваат како крајна и единствена цел, туку како алатка што го следи и охрабрува напредокот на учениците. Ова беше еден од заклучоците на панел-дискусијата „Магичниот пресврт – ,Што научи?‘ или,Што доби?‘“ што се одржа вчера во Куманово во рамките на националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука. Државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска истакна ...

Во Салон 19.19 при Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 19,19 часот ќе се одржи пијано-рецитал под наслов „Скопје во петолиние 2028“. Рециталот претставува интимна пијанистичка нарација која го пренесува духот и енергијата на градот директно до срцето на публиката. На пијаното ќе настапи Давид Павиќ, млад, но веќе признат пијанист кој го претставува новиот бран на македонски уметници. – Со внимателно одбраниот репертоар, ...

Во Младинскиот културен центар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Надеж – светлина низ темнината“ од уметницата Ана Митевска. Куратор е Јасминка Намичева. Изложбата ги обединува сликарството, звукот и пораката на надежта, преку серија апстрактни дела создадени во последните две години. – Митевска низ својата естетика на светлина и рефлексија ја истражува човечката издржливост, тивката верба и моќта на внатрешниот мир – ...

Со овој „Макбет“, Битола не создаде авангардно чудо, но постави значаен чекор кон современ европски сценски јазик – претстава со силни визуелни идеи, перформативни решенија и јасно чувство за темнината што денес го обележува европскиот театарски пејзаж Пишува: Звонко Димоски Сабо К. Иштван, режисер на претставата „Макбет“ ја прими наградата Гран при „Јон Карамитру“ за 2025 година синоќа во Народниот театар во Битола со премиера на претставата ...

Денес библиотеката поседува фонд од над половина милион книги во сите објекти – 4 матични, 14 подружници и еден библиобус За библиотеките да имаат блескава иднина, потребни се визија, стратегија и план – каде чекориме и која е нашата цел. Библиотеките не се трошок, тие се инвестиција во образованието, културата и иднината на една држава – рече Снежана Стојчевска, директорка на скопската градска библиотека „Браќа Миладиновци“ која вчера ...

Големиот концерт посветен на еден од најзначајните музички автори на овие простори, Влада Дивљан ќе се одржи утревечер во 20 часот во Филхармонијата во Скопје. Специјални гости се Кирил Џајковски, пионер на електронската музика и уметник чиј препознатлив звук одамна ги надмина локалните рамки и Констракта, артистката што внесе свежа уметничка перспектива на регионална сцена со уникатен пристап, интелигентен хумор и современа естетика. – ...

Поетесата Славица Гаџова Свидерска почина денес на 41 година. Родена во Битола на 1984 година, Гаџова Свидерска беше доктор по филолошки науки и лекторка по македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Факултетот за странски јазици во Тирана. Зад себе остави богато поетско, есеистичко и научно творештво од областа на теорија на книжевноста. Преведувана е на десетина јазици и добитничка е на повеќе поетски награди во ...

Пано со 63 фотографии на млади, насмеани лица ја предводеше толпата од луѓе во црнина која вчера поминуваше низ улиците на Скопје. Луѓе со души завиени во црнина кои цврсто на градите ги стискаа сликите на своите најмили кои загинаа кобната вечер во пожарот во Кочани, а неколкумина подоцна им подлегнаа на повредите. Ова беше 30. „Марш за ангелите“. Родителите, семејствата и роднините на жртвите поддржани од многу граѓани во Скопје ја пренесоа ...

Во Ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 19 часот ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики на уметникот Боро Арсовски – Бабата. Со изложбата авторот одбележува 55 години уметничка дејност. Според историчарот на уметноста, Роберт Цветковски, при обидот за евалуација на авторскиот придонес кон македонската наива, специфично движење на неакадемските ликовни уметници во доцните 60-ти и раните ...

„Изворни минијатури“ е насловен концертот на Ансамблот „Танец“ што ќе се одржи на 22 ноември (19.30 часот) во Националната опера и балет. Пред публиката ќе бидат изведени автентични ора и песни во нивната интегрална форма, како што егзистирале на теренот. – Публиката ќе види и раскош на дијалекти со што ќе се потсетиме на најстарите слоеви од македонскиот музички и сценски фолклор. Машките, женски и мешаните ора ќе бидат изведени од врвни ...

Здружението за развој на технологија, роботика и иновации (CTRI) во партнерство со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје, реализираше уникатна инклузивна работилница под слоганот „Лего инклузија: Сетилен пат до иновација“. Работилницата отвора ново поглавје во современото инклузивно образование. За прв пат во Македонија се изработени специјално адаптирани тактилни лего-модели, ...

Промоција на книгата „Разбудена вода“ од Дијана Петкова и отворање на нејзината изложба на слики „Будна вода“ ќе се одржи вечерва во 20 во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. Промотори се Елена Пренџова и Цветанка Бурзевска. Петкова ќе се претстави со дваесеттина дела. Тематската изложба е инспирирана од природата, од водите, од нивното значење. Петкова е автор на повеќе стихозбирки, учествувала на повеќе групни изложби поврзани со ...

Во Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од Анета Симоновска-Стојчевска. Под наслов „Времеплов“ таа ќе се претстави со инсталација составена од три дела, изработени од разнородни материјали и во повеќе техники. Целта е да се акцентира улогата на постаментот низ историјата. Видео-инсталација е со аудиозапис на Мира Георгиевска, и неколку цитати појаснувања кон изложбата даваат авторката и ...

Фестивалот почнува утревечер во 20 часот со премиерата на „Магбет“ во режија на светски познатиот унгарски режисер и сценарист Сабо Иштван. Со оваа продукција, битолскиот Народен театар не само што го отвора Фестивалот, туку и го одбележува својот 81. роденден, како и Денот на основањето на првиот современ македонски театар Пишува: Звонко Димоски Од утре до 21 ноември, Битола и Народниот театар од градот Битола ќе бидат домаќини на 11. ...

Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Лимениот барабан“ на Гинтер Грас во режија и адаптација на Васил Христов, поставена на сцената на Југословенско драмско позориште во Белград Под мотото „Нашите во светот“, јубилејното 50. издание на фестивалот „Млад отворен театар“ (МОТ) ќе се одржи во Младинскиот културен центар од 19 до 25 ноември. Фокусот ќе биде на македонските автори кои успешно создаваат надвор од границите на Македонија и ...

Изложбата е избор на дела од колекцијата „Артист 2000+“ на Модерна галерија и националните колекции од Љубљана, во дијалог со колекцијата на солидарноста на Музејот на современата уметност во Скопје Дела од Казимир Малевич, Марина Абрамовиќ, но и од Петре Николоски, Симон Узуновски, Иван Кожариќ, Катаржина Козира ќе бидат изложени вечерва во 20 часот Музејот на современата уметност во Скопје во рамките на меѓународната изложба „Истокот e сè ...

Праизведба на претставата „Варвари“ од Максим Горки во режија на Владимир Милчин ќе се случи вечерва во 20 часот во Македонскиот народен театар. Следната изведба е закажана за утревечер во истиот термин. Импресивна актерска екипа ќе се појави вечерва на сцената: Тони Михајловски, Габриела Петрушевска, Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Софиа Насевска-Трифуновска, Владо Јовановски, Григор Јовановски, Ана Стојановска, Оливер Митковски, ...

Човекот што не доживеал 60 години зад себе остави огромно творештво, голем дел непознато и необјавено. Во годината кога Македонија одбележува сто години од раѓањето на Кирил Македонски, неговото семејство подари голем дел од неговиот легат Либретото за операта „Цар Самуил“ композиторот Кирил Македонски ја напишал во битолската кафеана „Македонија“, а музиката во кафеаната „Солун“. Не користел никаков инструмент. Во такви услови работел и ...

Почина Фросина Митрушева, професорката по математика која се пензионираше во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, која ги смени животите на многу млади луѓе што поминаа низ клупите во нејзината училница. Секогаш логична и математички прецизна, зад себе остави стотици луѓе од различни генерации со кои беше многу повеќе од средношколски наставник. Многумина ù прераснаа во блиски пријатели. А таа сите ги сметаше за свои деца. – 38 ...

Самостојната изложба „Простори помеѓу / Шепоти во вдлабнатините, светла на надежта“ од Ана Спасова ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот во галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ во Сули ан во Старата скопска чаршија. Куратор на изложбата е Гордана Велков. Изложбата претставува мултимедијална инсталација што се развива низ четири меѓусебно поврзани фази. Преку овој структуриран концепт, публиката постепено се воведува во комплексен визуелен ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
75%
1018
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
4.63
66%
1012
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
70%
1008
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
71%
1019
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
1.67
92%
1022
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
94%
1008
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
2.57
66%
1019
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
44%
1015
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1016
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -2ᴼ
2.06
55%
1022
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
95%
1012
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1023
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.15

Калај

54.20

Рутениум

45750.51

Паладиум

5433.48

Родиум

348835.60

Бакар

11.71

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Сребро

3663.67

Злато

150834.91

Цинк

3.34

Кобалт

64.04