Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Претставата „Народен пратеник“ на Македонскиот народен театар вечерва ќе биде изведена на сцената на театарот „Бора Станковиќ“ во Врање, Србија, во рамките на театарскиот фестивал „Борини позоришни дани“. Изведбата на претставата во режија на Егон Савин, е дел успешната регионална турнеја. Со ова дело, Бранислав Нушиќ уште еднаш потсетува дека смеењето е најсилното оружје против глупоста и корупцијата. Неговата извонредна сатира за човековата ...
„Билни прилагодувања“ ќе биде отворена вечерва во 20 часот во МСУ и ќе биде поставена до 19 ноември. Кураторка на изложбата е Ивана Васева По 18 години, мултимедијалниот ликовен уметник Оливер Мусовиќ, еден од водечките автори во својата генерација ќе го претстави своето творештво во Македонија. Изложбата „Билни прилагодувања“ ќе одбележи 30 години од неговото творештво, односно од неговата прва самостојна изложба во Уметничката галерија, ...
Кумјана Новакова за филмот „Молкот на разумот“ ја доби престижната „Меѓународна филмска награда за човекови права“ на Нирнбершкиот филмски фестивал за човекови права. Наградата ѝ беше врачена во Нирнбершката куќа на филмот. За наградата одлучуваше меѓународното жири составено од Дамиен Оунури, Фарахназ Шарифи и Борјана Гаковиќ. На врачувањето на наградите, од жирито изјавија: – Едногласно одлучивме да ја доделиме наградата на филмот, кој ...
Апстрактни скулптури од Александар Ефтимовски се трајно поставени во Младинскиот културен центар во Скопје. Ефтимовски е автор со големо интернационално искуство. Во неговото досегашно ликовно творештво има изработено скулптури во голем формат, поставени во повеќе од 30 европски и светски држави. Делата „Секвенца“, „Овални меки“ и „Импулс“ се создадени за МКЦ, изработени се од метал и се со големина од 1 метар. – Површината на скулптурите е ...
„Утре наутро“ е политичка драма во кој ги опсервирам луѓето кои ги носат одлуките со чии последици се соочуваме ние. Мене живо ме интересира кои се луѓето кои ги носат одлуките со кои ние се носиме, оној висок општествен круг луѓе. Ова е приказна инспирирана од вистински настани кои се случиле меѓу 2014 и 2017 година, рече режисерот Јани Бојаџи, на прес-конференција најавувајќи го својот нов игран филм „Утре наутро“, чија премиера е закажана на ...
Мултимедијалниот уметник Иван Ивановски во моментот е актуелен со изложбата „Човек во размер“ што ја реализира со архитектот Максим Наумовски во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје. Наскоро заминува во Кина каде ќе има самостојна изложба Преку редефинирање на поединецот во функција на колективот, на човекот во функција на градот или обратно, неговиот слоевит уметнички интерес постојано се вртка околу личноста, поточно околу колективниот на кој таа ...
„Македонски сновиденија“ е насловен концертот на Националниот џез оркестар што ќе биде изведен на отворањето на 25. издание на „Есенски музички свечености“ во сабота (25 октомври) во 20 часот во малата сала на Македонската филхармонија. Диригент е Владимир Николов. – Овој проект е ново поглавје во работата на Националниот џез оркестар – првпат од неговото формирање оркестарот подготвува нови обработки на македонски народни песни, како и ...
Во Офицерскиот дом во Битола утревечер во 20 часот концерт ќе одржи ансамблот „Консонанс“. На програмата се дела од Филип Иванов, Борјан Цанев и Дарко Илиевски. Ансамблот „Консонанс“ е основан во 2007 година, на почетокот составен исклучиво од дрвени дувачки инструменти. Денес во својот состав вбројува и други инструменталисти кои го збогатуваат звукот на овој ансамбл. „Консонанс“ е посветен на изведбата на камерната музика истражувајќи ги ...
Покрај делото на Сервантес голема инспирација беа шпанскиот и македонски фолклор кои ги споивме на еден иновативен начин. Долго и темелно ја проучувавме шпанската култура од повеќе географски предели на земјата, научивме многу и тој процес ни отвори сосема нов музички свет полн со идеи – велат Дино Имери и Дијана Илкоска Имери, чие ново дело ќе биде промовирано вечерва во 19 часот во Националната опера и балет на настанот „Дон Кихот во Скопје“ ...
Три претстави ќе бидат изведени во Кочани до крајот на месецов. Ги организира Јуроп хаус како дел од есенската културна и едукативна програма во Кочани, во соработка со Центарот за култура „Бели Мугри“ и SupportKochani. На 25 октомври во 20 часот ќе биде изведена „Синиот портокал“ од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. На 27 октомври во 13 часот ќе биде изведена „Црвенкапа“ на ...
Има музичари кои кога настапуваат пред својата публика, а особено кога ретко доаѓаат на некое место, оставаат дел од својата душа. И кога ќе наидат на публика што не сака да ја напушти салата, тогаш тоа чувство двојно се засилува. По само година и пол, во петокот повторно имавме можност да уживаме во убавата енергија на Јасмин Леви, ладино пејачка и кантавторка, која прави исклучителен спој помеѓу фламенкото и музиката од Блискиот исток. На ...
Првата реприза на најновата премиера на Драмскиот театар во Скопје, „Куршуми над Бродвеј“, работена според Вуди Ален и Даглас Мекграт, а во режија на Ненад Витанов, е закажана за среда (22 септември) од 20 часот. По премиерната изведба во саботата и првичните реакции на публиката, претставата има големи изгледи да биде нов хит на Драмски. – Ова е претстава за непринципиелната коалиција меѓу мафијата и уметноста. На сцената се судруваат световите ...
Со филмот „Последната експедиција“ на режисерката Елиза Кубарска, инспиративна приказна за алпинистки кои тргнуваат по трагите на изгубените хероини од Хималаите, вечерва во 19 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде отворен 16. Фестивал на планински филм „Ехо“. Публиката ќе има можност да ги погледне и филмовите „Девојка качувач“ (The Girl Climber) и „After Antarctica“. Ќе биде промовирана и книгата „Ванда — приказна за силата на животот и на ...
Автор: Славенка Дракулиќ Пресудниот настан во ширењето на заразата беше концертот на Хиподромот на 5 јули, од извесен пејач Марко Перковиќ (познат како Томпсон, по тип на оружје). Тие темелно ги проучија снимките и ги слушнаа бројните сведоштва. Тоа беше голем настан на кој се собра огромна маса — стотици илјади, главно млади, облечени во црно, со забранети симболи — кои во таа жешка вечер на концертот влегоа во транс, се прегрнуваа, повикуваа ...
Поттикнување на креативно пишување е примарната цел на „Синхроницитети – Чувари на приказната“, новото дело на визуелниот уметник Марко Трпески. Станува збор за друштвена или осаменичка игра во надреалистички манир и препознатлив стил на Трпески, која интуитивно ја олеснува артикулацијата на потсвесните текови на оној што ќе се осмели да (ја) игра. – Компетитивноста и противниците во оваа игра не се норматив, а најважниот натпревар е натпреварот ...
Претставата „Малата Фрида“ во режија на Аница Томиќ, а во изведба на Градскиот театар „Жар птица“ од Загреб, Хрватска го освои Гран прито на 4. издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во Скопје. Оваа претстава беше прогласена за најдобра и од детско-младинското жири во состав: Бисера Мојаноска, Ведран Маричиќ, Уна Дона Силјановска, Теофрил Сачкарски, Саша Димитревска, Софија Петрушева и Јанис Далајоргос. Наградите ...
Дали е можно да се гледа филм во живо? Да, и тоа се случи минатата недела во Националната опера и балет. И не беше првпат. Операта „Риголето“ од Џузепе Верди во режија на Пјер Франческо Маестрини од Италија премиерно беше изведена на отворањето на Мајските оперски вечери годинава. Гилермо Нова од Шпанија создал таква сценографијата, што уште првата сцена неодоливо навлекува на чувството дека гледате филм. Огромната фонтана на кат, украсена со ...
Зоран Илијоски ја доби наградата за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“, а наградата „Колега Стиков“ ја доби Александар Муриќ Ученикот Зоран Илијоски ја доби наградата за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“ на 4. Конференција „Наука за деца“ што се одржа вчера и завчера во скопското училиште НОВА. Наградата „Колега Стиков“ ја доби Александар Муриќ за видеото посветено на теоријата на релативноста на Алберт Ајнштајн. Во ...
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово отворена е ретроспективната изложба „50 години творештво на Мики Трендафиловски“. Изложбата содржи 50 дела работени во повеќе временски периоди. Мирослав Трендафиловски-Мики е сликар, роден во 1958 година во Куманово каде живее и работи како самостоен уметник. Досега реализирал 35 самостојни изложби и учествувал на повеќе од 100 групни изложби во земјава и во странство. Во последните 25 ...
Филмот „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска доби две номинации за престижните Critic’s Choice Awards што ги доделува Американското здружение за избор на критичари. Филмот е номиниран за најдобар документарец и за најдобра кинемататографија за Жан Дакар. За Тамара Котевска ова нема да бидат први номинации за нејзин документарец. Со „Медена земја“, што го корежираше со Љубомир Стефанов, во 2019 година ја добија наградата за ...
Филмот „Лена и Владимир“ на режисерот Игор Алексов освои дури четири награди од жирито на Red Brick Road Film Festival во Оклахома, САД. Филмот е прогласен за најдобар, а е награден и за најдобра кинематографија (Душан Кардалевски), најдобар спореден актер (Петар Мирчевски) и најдобар актер (Тони Наумовски). – Ова извонредно признание е доказ за непоколебливата посветеност и уметничката визија на нашиот тим, кој со сè срце и душа ја оживеа оваа ...
Претставата „Сино“ на Грчкиот куклен театар Hop Signor, еден од најиновативните колективи на европската сцена, вечерва во 19.30 часот ќе гостува на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во Скопје, на сцената на Театарот за деца и младинци. Со оваа претстава ќе биде затворен фестивалот во свој стил – храбро, визуелно и со многу смеа. Претставата е наменета за публика над 14 години и има превод на македонски јазик. Авторот и ...
Со „Маалски бувљак“ што ќе се одржи денеска меѓу зградите во скопската населба Железара од 12 до 16 часот, во соработка Здружението за креативна одржливост „Комбо“ ќе го прослави својот прв роденден. – Дојдете заедно да јадеме торта, да слушнеме добра музика, да се подновиме со нешто ново или да се ослободиме од нешто старо и да го прославиме нашиот прв роденден – велат сестрите Анастасија и Ивана. Пријавувањето за продавање стари предмети е ...
Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп објавува отворен повик за учество на второто издание на пичинг-форумот „Драмолетање“, кое ќе се одржи за време на 60. издание на фестивалот во јуни 2026. По успешното прво издание на форумот „Драмолетање“, кое овозможи простор за афирмација на нови автори и современи драмски текстови, од фестивалот го најавуваат новиот циклус посветен на развивање на македонската современа драма и ...
Дрвени остатоци во најраните слоеви археолошкиот локалитет Влахо во Пелагонија, кој датира помеѓу 6.400 и 6.000 година пред новата ера, открија археолозите на годинашните истражувања. Локалитетот кој доби научна потврда дека е меѓу најстарите неолитски населби во Европа, го истражуваа археолози од Центарот за истражување на предисторијата и Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола. Екипата годинава истражуваше во ...
Два концерта се на програмата на 44. Скопје џез фестивал на втората фестивалска вечер. Од 20 часот прв ќе настапи Марк Рибо, со проектот Map of a blue city, а во 22 часот ќе следува Kahil El’Zabar’s Ethnic Heritage Ensemble. Фестивалот беше отворен синоќа со настапот на Андреј Јагоѓински трио од Полска, кои од класиката создадоа џез видување, а следуваше енергичниот концерт на Националниот џез оркстар предводен од Зиги Хајгл, а со Луис Бониља. ...
Куратор на изложбата е Викторија Васева-Димеска, организатори се Маја Неделкоска Брзанова, кустос-советник и Александра Зиновски-Вилиќ, кустос двете од Националата галерија на Македонија. Изложбата ќе биде отворена 30 дена „Континуитет како метафора 1967-2012 / 2012-2025“ е насловот на изложбата на Васил Василев која вечерва во 19 часот ќе биде отворена во Даут-пашиниот амам во Скопје. Куратор на изложбата е Викторија Васева-Димеска, ...
Во Интернационалното училиште НОВА денеска и утре ќе се одржи третата конференција „Наука за деца“ под мотото „Надгради ја твојата реалност“. Свеченото отворање е вечерва во 18:30 часот, а настанот ќе може да се следи и онлајн, на фејсбук-страницата на „Наука за деца“. Во програмата влегуваат пет предавања на деца кои минатата година од Фондација „Кантарот“ добија стипендии за извонреден научен потенцијал. Децата беа менторирани од наши научници ...
Големи оштетувања на Куќата-музеј на Владо Малески во Струга, заштитено културно наследство се направени за време на изградба на соседен објект. Направени се значителни оштетувања – рушење на јужниот калкански ѕид и дел од кровната конструкција, додека се правел ископ за новата градба. Владо Малески (1919 — 1984) е истакнат македонски писател и автор на текстот на македонската химна „Денес над Македонија“. Вчера и денеска граѓаните рагираат и го ...
Две претстави и панел-дискусија се на програмата на вториот фестивалски ден на 4. Интернационален фестивал „Игор Маџиров“, што беше отворен синоќа во Театарот за деца и младинци во Скопје. Фестивалот беше отворен со наградуваната претстава „Франкенштајн“ на Театарот за деца и младинци. Во 10 часот на сцената на Албанскиот театар ќе биде изведена претставата „Играј со мене!“ на Андреј Бока, во продукција на Детскиот театар од Суботица. Во 13 ...