Изложбата „Поврзани / Connected“ на авторот Виктор Соколовски, ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Станува збор за колекција од 33 фотографии создадени во изминатите две години. Фотографиите се реализирани за време на концерти во земјата и регионот, патувања, посети на музички клубови, како и во урбани и секојдневни амбиенти, на улица и во скопските паркови. „Поврзани / Connected“ е негова десетта ...
Виктор Соколовски е активен како фотограф од 2007 година, кога за првпат самостојно се претставува пред публиката во Скопје, во винoтеката „Темов“, со изложба од 200 фотографии – претежно портрети на музичари и посетители, создадени во тогаш култниот ноќен клуб. Неговата работа се развива паралелно со ангажманот како фотограф-дописник за SEECULT, еден од најреномираните портали за култура во регионот. Во 2010 година изложува во Франција (Каен ...

