Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Градскиот театар „Сартр“ од Сараево ќе гостува вечерва во 20 часот на Фестивалот на регионални театри РУТА во Драмскиот театар во Скопје, со претставата „За цел живот“ во режија на Јасенко Пашиќ. Тој е и еден од актерите во претставата, заедно со: Сеад Пандур, Аднан Кресо, Давор Сабо, Кемал Ризвановиќ и Дино Хамидовиќ. – Сите нешта кои, во Сараево, се случувале во последните стотина години, сите поминуваа и низ фудбалскиот клуб Железничар. Кога ...
На малата сцена на Народниот театар од Охрид, вечерва во 20 часот ќе биде изведена претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле, во адаптација и режија на Андреј Цветановски. Станува збор за битово-социјална драма со мотиви од печалбарскиот живот. Темата е животот и трагедијата на едно македонско сиромашно семејство, принудено да го испрати својот единствен син на печалба, а идејата е јасно изразена во насловот – проклетството на парите. ...
„Вардар филм“ – Скопје го реализира едукативниот проект „Различни приказни, заедничко платно“, наменет за деца од 9 до 13 години. Проектот има за цел да поттикне пријателство, креативна соработка и меѓуетнички дијалог преку заедничка работа во областа на филмската уметност. Во текот на дводневните активности, на 8 и 9 ноември, 20 деца ќе имаат можност да учествуваат во интерактивни филмски работилници каде ќе се запознаат со основите на ...
Ако сакаме да го промовираме македонскиот јазик и македонската книжевност во светот – првиот чекор е да понудиме поддршка која ќе биде слична на онаа што ја даваат соседите. Инаку, не можеме да очекуваме поголемо поместување во однос на преводите на нашите дела во Европа и светот – вели Билјана С. Црвенковска. Во моментов она што нѐ обединува во регионот е книжевноста и уметноста, а нѐ разделуваат само политиките и политичарите. На полето на ...
По еден сребен и бронзен медал освоија членовите на 18. Јуниорска балканска олимпијада по информатика, што се одржа во Ларнака, Кипар. Сребрениот медал го освои Марко Кренков од Струмица, а бронзениот – Владимир Грчев од Кочани. Зоран Илијоски од Кичево и Јаков Грујовски од Скопје освоија олимписка пофалба. Олимпијадата се одржа од 24 до 30 октомври, а учесниците на овој престижен меѓународен натпревар беа ученици на возраст дои 15.5 години. ...
Претставата „Три милиони минути“ во продукција на Местно гледалишче љубљанско од Словенија, ќе биде изведена вечерва во 20 часот на сцената на Драмски театар во Скопје. Претставата е според филмското сценарио „7 години“. Психолошки трилер што се одвива во една просторија, на маса, на која е поставена шаховска табла. Адаптацијата за МГЛ е на Барбара Хинг-Самобор. Режисерката годините од насловот на пиесата ги претвори во минути, и пред сè, сите ...
Умно.мк во соработка со Europe Housе ја реализира рубриката „Надреден знак“, во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумни на теми што нè засегаат Пишува: Анастасија Павловска, Здружение за креативна одржливост „Комбо“ Во време кога сè повеќе живееме „секој за себе“, кога купуваме повеќе отколку што користиме, а ретко се прашуваме што оставаме зад нас – постои едно место што го создадовме во Железара и кое нè потсетува дека може и ...
Во време кога трката по оценки, броеви и резултати станува секојдневие, понекогаш забораваме да погледнеме под површината и да ја откриеме вистинската магија на учењето. Магијата што не се наоѓа само во учебниците, туку во очите на децата што првпат гледаат свет со љубопитност и во зборовите на наставниците што ги водат низ тој свет со трпение, љубов и верба. За најмладите, учењето е авантура, секое прашање е искра, а секој одговор – откритие. ...
Претставата „Мајки“ на Колектив Игралке и Рајна Рац, во продукција на Казалиште Улисис од Загреб, ќе биде изведена вечерва во 20 часот, на сцената на Драмскиот театар во Скопје. Гостувањето е во рамките на фестивалот РУТА, што ќе трае до 31 октомври. Ова не е претстава за мајчинството. Ова е претстава за одлуката за мајчинството. Авторките, сите во т.н средни триесетти години, насетуваат дека времето за мајчинството речиси им истекува. ...
Во „Јавна соба“ во Скопје вечерва во 20 часот ќе се одржи „Поетроника за млади“, уникатен музичко-поетски перформанс што ја претвора поезијата во живо, звучно и современо искуство. На сцената ќе настапат Оливер Митковски, Андреј Салпе и Радмила Петровиќ, најпрогресивната поетеса од Србија, која ја опишува „Поетроника“ како судир на интензивности, спој меѓу традицијата и електронската култура во време кога уметноста станува сè по хибридна. ...
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ вечерва во 19 часот ќе биде промовирана збирката раскази „Приказничар“ од Жарко Кујунџиски, добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување според Друштвото на писателите на Македонија во 2025 година. Модератор и промотор е Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. -Расказите на Жарко Кујунџиски се раскошно славење на приказната. Без разлика ...
Романот „Ништо“ од современиот британски писател Ханиф Курејши, како 241 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“, ќе излезе денес од печат. Преводот од англиски на македонски јазик е на Милан Дамјаноски, а објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура. Во својот роман „Ништо“, Курејши нè воведува во светот на Валдо – пензиониран режисер прикован за кревет, чие секојдневие е исполнето со сомнежи, ...
Со култниот филм на холандскиот режисер и фотограф Антон Корбајн вечерва во 19 часот во киното „Фросина“ ќе биде отворено 11. издание на Фестивалот за музички документарни филмови „Скопје синема сити 2025“. Корбајн е годинашен лауреат, добитник на наградата за животно дело ја добива за неговите достигнувања во областа на фотографијата, музиката и филмот. Земја во фокус на фестивалот годинава е Холандија, а фестивалот ќе трае два дена. „Контрола“ ...
Претставата „Народен пратеник“ во режија на Егон Савин, на Македонскиот народен театар, ја освои главната награда „Борисав Станковиќ“ за најдобра претстава во целина на 45. фестивал „Борини позоришни дани“ во Врање, Србија, беше прогласена претставата „Народен пратеник“, во продукција на Македонскиот народен театар. Со едногласна одлука, жирито во состав: Наташа Гвозденовиќ, театарска критичарка, Трајче Кацаров, драматург, и Васил Василев, ...
Во рамките на „Кадар-на“/Her Frame, утре во 14 часот во киносалата на „Вардар филм“ во Скопје ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе може да се погледнат се: „Сенките на месечината“ (2025) – во режија на Тина Величковиќ, „Река“ (2024) – во режија на Угљеша Ранисављевиќ, продуцентка Милена Бркиќ, ...
Здружението на копаничарите на Македонија ја одржа 38. колонија во манастирот „Св. Јован Бигорски“, од 18 до 22 октомври. Настанот го беше поддржа Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер од Скопје. Колонијата ја отвори ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, а со пригодна реч се обратија и деканот на ФДТМЕ, проф. д-р Ѓорги Груевски, како и претседателот на Здружението на копаничарите, ...
Филмот „Планината не оди никаде“ на режисерката Петра Селишкар, освои три награди на Фестивалот на словенечкиот филм што се одржа во Порторож. Режисерката Петра Селишкар ја освои „Весна“, наградата за најдобра режија, Лорелин Делом и Сашко Потер Мицевски ја добија наградата за најдобра монтажа, а филмот ја доби и наградата за најдобар игран филм, според Словенечката филмска асоцијација. Филмот „Планината не оди никаде“, копродукција помеѓу ...
Београдско драмско позориште ќе гостува на Фестивалот на регионални театри РУТА, вечерва во 20 часот на сцената на Драмскиот театар, со претставата „Повеќе од игра“, што претставува адаптација на текстот на култната српска серија. Режисер е Иван Вуковиќ. Претставата ќе трае четири часа, со една пауза. „Повеќе од игра“ е особен драматуршки предизвик, имајќи го предвид и нејзиниот длабок траг во филмската и во популарната култура на нашиот ...
Со претставата „Чиста куќа“, вечерва во 19 часот, Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ќе гостува на сцената на Народниот театар во Гевгелија. Претставата е работена според текст на Сара Рул, во превод и режија на Тамара Стојаноска. „Чиста куќа“ е претстава што раскажува длабока човечка приказна за животот и смртта, преку пет различни, но меѓусебно испреплетени ликови. Како што вели режисерката Стојаноска: „претставата зборува за ...
Изведбата на едно од најпопуларните и највесели музички дела – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II ќе се одржи утревечер во 20 часот. Ова е прва реприза на „Лилкајот“, по успешната премиера на 25 октомври. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Верица Ламбевска, ...
Пишува: Звонко Димоски Во проектот „Пополнување на празнината…“, празното место во училишната клупа станува скулптура, а тишината се променува во материјал. Преку фотографија и објект, Димоска Николоска ја визуелизира пораката и просторот после заминувањето. Делото е тивко, но остро – сведоштво за општествен феномен што обично се мери со бројки, а ретко со чувства. „Јас сум дете на родители кои целиот живот работеа надвор од Македонија,“ ми ...
За суштината на наставничката професија и за тоа што навистина значи да се биде добар учител вчера се зборуваше на панел-дискусијата, дел од кампањата „Магијата е во знаењето“, што ја организираше Министерството за образование и наука. Наставник што верува во секое дете, што станува глас на охрабрување, водич низ секојдневието и сојузник во учењето, токму такви примери беа во фокусот на средбата, насловена „Добриот наставник прво е пријател, па ...
Книгата „Индиго солзи“ од Нино Наумовски во издание на „Бата прес“ ќе биде промовирана вечерва во 19.19 часот во Салон Импреијал 2 во Културно-информативниот центар во Скопје. За делото ќе зборуваат Снежана Стојчевска и Александар Русјаков „Индиго солзи“ е бит-балада на младоста што се соочува со првите предизвици на зрелоста, рокенрол-елегија за бунтот што произлегува од бесмислените апсурдни детали на патетичноста и поетичноста меѓу сивилото ...
За многумина од студентите ова е прво искуство на научна конференција и верувам дека ќе биде одлична подготовка за поголеми меѓународни настани во иднина, вели проф. д-р Зоран Здравковски На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје денеска и утре ќе се одржи 16. Студентски конгрес на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ). Со собирот ќе биде одбележана 31 година од првиот студентски собир организиран од Сојузот, традиција што ...
Во Културно-информативниот центар во Скопје, утревечер во 20 часот, ќе биде отворена изложба на дела настанати на работилниците за алтернативна фотографија кои се одржаа во село Смилево, во организација на фестивалот „Зрно“. Од 17 до 23 јули, манастирот „Св. Петар и Павле“ во Смилево беше дом на едно од највпечатливите летни уметнички собирања каде околу педесет фотографи и млади автори од различни европски земји, заедно со волонтери од ...
Претставата „Ќелавата пејачка“ во режија и адаптација на Јагош Марковиќ, ќе гостува вечерва во 20 часот во Драмски театар во Скопје, на Фестивалот на регионални театри РУТА, што беше отворен синоќа. Претставата е според текстот на Ежен Јонеско, а ликовите ги толкуваат регионалните актерски ѕвезди: Олга Одановиќ, Бранко Видаковиќ, Дубравка Дракиќ, Момчило Оташевиќ, Сандра Бугарски и Бранимир Поповиќ. Продукцијата е на Центарот за култура Тиват. ...
Пишува: Александра Јуруковска Најновиот поетски ракопис на младата Светла Јакшиќ е прекрасен спој на младешка сила и зрело поимање на поезијата. Таа беспоштедно се втурнува во треската што ја дава и носи со себе стихотворењето и на хартија пренесува многу силни слики од стих. Во „Ноќен суфлер“ бесконечноста, минливоста и вечноста се среќаваат во една песна, некогаш и во една строфа или еден стих. Понекогаш песната се претвора во побожо пеење, ...
Втората панел-дискусија, со наслов „Добриот наставник прво е пријател, па потоа учител – Магијата на ‘Добро утро, деца’“, што ја организира Министерството за образование и наука, ќе се одржи во Прилеп утре во 11 часот во кино „Мис Стон“ во рамките на Домот на културата „Марко Цепенков“. ПрвиотПо првиот панел во Скопје, одржан на 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, Министерството за образование и наука продолжува со активностите во рамки на ...
„Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ утревечер во 20 часот ќе го отвори фестивалот РУТА во Драмски театар Скопје. Во копродукцијата учествуват ансамблите на Драмски театар Скопје, Београдско драмско позориште, Местно гледалиште љубљанско и Центар за култура Тиват. Улогите во претставата правена во формат на комедија дел арте им се доверени на актерите: ...
Педесеттата јубилејна изведба на монодрамата „Торонто експрес“, актерот Александар Микиќ ја изведе синоќа на малата сцена на матичната сцена – Македонскиот народен театар. По 50-ти пат Микиќ сам на сцена ја одушеви публиката, која и овојпат го наполни гледалиштето на малата сцена. Претставата е работена според мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ од Зоран Спасов-Ѕоф, а во режија на Јордан Симонов. Публиката уживаше во секој момент – многу ...