На 3-ти ноември во Младински Културен Центар впо јубилеен петти пат ќе се одржи Skopje Drum Festival. Фестивалот носи моќен спој на ритам и талент како единствен фестивал од овој карактер во државата. Со учество на реномирани тапанари, овој еднодневен настан ја слави уметноста на тапанот преку настапи во живо. Фестивалот е ретка можност да се доживее врвно тапанарско искуство одблизу, инспирирајќи искусни музичари, како и нови ентузијасти. ...

Станува збор за зборници на трудови во издание на Катедрата за славистика при Институтот за славистика и балтичка филологија, објавени во реномираната едиција „Opera Slavica Budapestinensia (Linguae Slavicae)”. Приредувач на двете изданија е Златко Панзов, а преводот од македонски на унгарски јазик е на Анамарија Цинеге-Панзова. Зборникот Блаже Конески „За македонскиот јазик“ (Blazse Koneszki: A macedón nyelvről) е издаден по повод ...

Свемирко е бенд кој ги поместува границите на поп-музиката, истовремено поставувајќи нови трендови и рушејќи ги жанровските бариери. Под водство на Марко Вуковиќ, креативниот ум и срцето на бендот, Свемирко продолжува да создава музика која не само што освојува, туку и предизвикува, инспирира и заинтригира. Трилогијата од албуми – „Ванилија“ (2017), „Тунгузија“ (2018) и „Скаламерија“ (2020) – ја потврди Свемирко како водечка сила на ...

Црната пластика може да изгледа добро во кујната, но многу луѓе престануваат да ја користат од здравствени причини. Забранетите токсични материи кои го забавуваат пламеот, можат да се најдат во различни предмети за домаќинството, вклучувајќи кујнски прибор и контејнери за храна, покажува новото истражување. Црната пластика стана дел од многу кујни, бидејќи изгледа добро. Сепак, според новото истражување, за него нема место во кујната. ...

Доколку некој ве замоли да именувате место на земјата со отровни животни, веројатно би ја именувале Австралија или Јужна Америка, додека Европа би била на дното на таквата листа. Меѓутоа, во последниве години, стравот од малото суштество со осум нозе се зголеми во јужна Европа, бидејќи се повеќе смртни случаи се припишуваат на конкретниот пајак кој може да биде смртоносен . Последниот познат случај се случи летово во италијанскиот град Бари, ...

Денеска е Светски ден на анимираниот филм, на цртаните. Многумина веруваат дека историјата на анимацијата започнува и завршува со Волт Дизни. Со основањето на Pixar Studios, како и пресвртниците во анимацијата, со првата рачно нацртана анимација „Снежана“ и со првиот целосно компјутерски анимиран долгометражен филм „Приказна за играчките“, лесно е да се поврзе Дизни со секаква анимација. Сепак, можеби ќе бидете изненадени кога ќе дознаете дека ...

Состојбата наречена тетрахроматија може да им даде на носителите на наследниот ген потенцијал да видат и до 10 пати повеќе бои отколку што се смета дека ние обичните луѓе имаме потенцијал да ги видиме до 100 милиони бои, покажува последното истражувањата. Далтонизмот е доста честа појава, а зафаќа приближно еден од 12 мажи и една од 200 жени ширум светот, меѓутоа, многу поретка состојба од ова е тетрахроматијата, што е сосема спротивно од ...

На 30 октомври во 20.00 часот во КСП Центар-Јадро ќе се одржи разговор на македонскот визуелен уметник Дарко Алексовски со Ана Франговска, кураторка и историчарка на уметност. ,,Поттикнати од фактот дека на нашата сцена сме постојано соочени со недостаток на континуитет на структурирана анализа и историографија на работата на нашите визуелни уметници и дизајнери, во 2020 година ја започнавме серијата разговори и презентации на визуелни уметници, ...

По повод Светскиот ден на ромскиот јазик, Ромалитико организира настан кој ќе се одржи на 4 ноември со почеток од 18:30 часот во Едукативниот културен центар Laboratorium. ,,На настанот ќе имате можност да слушнете искуства поврзани со ромскиот јазик и да проследите креативен перформанс на ромски јазик. На настанот ќе биде изложена библиотека со книги на ромски јазик, а ќе имате и можност да добиете книги од нашите соработници” велат ...

Од 3 до 6 ноември, Аксиома ја претставува Омнибустопија 6. Годинешната програма претставува своевидна рекапитулација на активностите на Аксиома во последните 12 месеци, но и антиципација на она што ќе следува во догледна иднина. Тоа значи дека музиката, повеќе од кое било претходно издание на Омнибустопија, ќе биде во преден план. Публиката ќе има можност да проследи несекојдневни концерти, изложба, разговори и работилница. ГЛАВНА ПРОГРАМА 3 ...

Витаминот Д е од суштинско значење за одржување на здрави коски, поддршка на имунолошката функција и регулирање на расположението. Обезбедувањето соодветен дневен внес на витамин Д е особено важно за време на постудените месеци, кога многу луѓе поминуваат значително помалку време на сонце. Овој витамин можете да го внесете преку суплементи, но и со конзумирање на храна која е природно богата со него, како што е тврдат од Eating Well, ...

Мерките за чист воздух да бидат приорет за локалните власти, побараа младите од Куманово, Кавадарци, Скопје, Велес и Гостивар, кои во рамките на проектот „Младинска акција за чист воздух“ на Центарот за климатски промени, учествуваа на 15 младински форуми, пишува „Мета.мк“. Младите од овие градови креираа и свои барања и ги претставија пред општинските службеници и советниците. Тие побараа да се зголеми свесноста за намалување на употребата на ...

Во светот на здравите пијалоци, чајот од цимет се издвојува како едноставен, но исклучително корисен сојузник за регулирање на шеќерот во крвта. Овој чај не само што може да го поддржи варењето, туку може да помогне и во одржување на стабилно ниво на гликоза во крвта, намалувајќи го ризикот од сериозни здравствени проблеми поврзани со високиот шеќер. Чајот од цимет е ценет уште од античко време поради неговите антивоспалителни и дигестивни ...

Во вторник (29.10.2024), наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, но во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло. Минималните температури ќе се движат од 1°C до 8°C, додека максималните ќе достигнат 21°C до 27°C. Во среда (30.10.2024) се очекува зголемена облачност и повремен локален дожд. Утринските температури ќе се движат од 2°C до 10°C, а максималните ќе паднат на 19°C до 24°C. Ќе дува ...

На први ноември во 19 часот во Комитет ќе се одржи настанот „Книжевен кружок на Штефица Цвек“ „Пред да продолжите на журка за Ноќта на вештерките. Повелете на неформален разговор со вештиците-писател(к)и кои вешто ја прекројуваат македонската книжевна сцена.Овој настан е посветен и на сите автор(к)и кои влегоа во поширокиот круг на признанието, и тие исто така срдечно се поканети да се приклучат на разговорот“ велат организаторите. Лидија ...

Театар Комедија има нов мурал во склоп на проектот „Цртај на македонски јазик“. На конкурсот „Цртај на македонски“, кој започна во 2022 година иницијатива тогашната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, со цел да се афирмираат македонскиот јазик и кирилското писмо, започна проектот на свежи уметнички идеи на младите автори, кои во изминатите две години ја раздвижија културната понуда во нашата држава. Конкурсот за 2024 беше ...

15 пожарникари излегле на терен во Берово со четири противпожарни возила од противпожарната служба во Берово. Тие побарале помош и од противпожарните служби во Кочани и Струмица како и од доброволното противпожарно друштво од Пехчево. „Пожарот е локализиран. Дел од летната тераса е зафатена, не е дозволено да се прошири пожарот на хотелот, на собите. Мислам дека има голема материјална штета, но спречено е да не се прошири пожарот на хотелот“ ...

Овие луѓе не сакаат да се усогласат со очекувањата на другите луѓе и наместо тоа да креираат свој пат. Знаците во кои се раѓаат такви луѓе се следниве: Водолија Водолиите се познати како визионери кои гледаат подалеку од секојдневието. Нивните умови секогаш се окупирани со идеи кои често го надминуваат обичното размислување. Нема да се двоумат кога е потребно да го кажат сопственото мислење, дури и кога знаат дека соговорникот ќе ги изненади. ...

Земјотресот бил почувствуван во 20 часот и 7 минути по локално време, во близина на Козан во турската провинција Адана. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на 30 километри североисточно од Козан, град со околу 90 илјади жители. Земјотресот бил почувствуван и во Османије, град со над 200 илјади жители. Турските власти соопштија дека на терен се испратени екипите за итни случаи со цел да се проценат евентуални штети, но ...

Сега се размислува и за чекор понатаму, односно за забрана за продажба на мобилни телефони за деца под 16 години. Мотивацијата зад оваа забрана лежи во загриженоста за неконтролираното онлајн насилство, пристапот до порнографија и изложеноста на насилна содржина. Поддржувачите на забраната, како Естер Геј, чија ќерка беше трагично убиена, тврдат дека насилната содржина на Интернет делумно го поттикнала насилството меѓу тинејџерите. Истражувањата ...

Формирањето на шестиот океан на Земјата започна во геолошки феномен, иако може да поминат милиони години пред да заврши процесот, објави американското списание „Geophysical research letters“. Во последниве години, истражувачите открија дека двата дела на африканското копно се оддалечуваат, процес кој, доколку продолжи, би предизвикал меѓу нив да почне да се формира нов океан. Новиот океан ќе предизвика африканскиот континент да почне да се дели ...

Според истражувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45,4 отсто, со многу низок процент на луѓе – пет проценти кои успешно се обиделе и се откажале од пушење во последните години. Употребата на тутун кај нас е многу висока. Последните истражувања покажуваат дека процентуалната застапеност на население кое употребува тутун нѐ става меѓу земјите во светот со најголеми стапки на граѓани активни пушачи. ...

Силвија Плат беше поетеса, есеистка и романсиерка, чии дела откриваат интимен поглед во нејзините најдлабоки мисли и емоции. Со својот уникатен стил, таа постојано истражуваше теми како љубовта, смртта, изгубената надеж и личните конфликти. Нејзината искреност и храброст да ги открие најранливите аспекти на својата душа, ја направија икона меѓу читателите и авторите, кои и денес се инспирираат од нејзините стихови. The Bell Jar – Платовиот ...

Меѓутоа, О’Нил е скептичен во однос на иднината на оваа валута. Тој истакна дека БРИКС не може да го продолжи својот глобален план без помош од САД и Европа. Слично на тоа, додаде дека и САД и Европа не можат многу да направат во источниот регион без помош од Кина, Индија и во помала мера Русија и Бразил. О’Нил нагласи дека валутата на БРИКС ќе остане „далечен сон“ поради внатрешните поделби кои го отежнуваат блокот. Државите-членки стојат ...

Алтернативните музички и културни сцени во Македонија (а и пошироко) се постојано на стаклени нозе, токму поради тоа што, дефинициски, имаат неконвенционален начин на опстанок. Супкултурните сцени кои не се во главниот град уште толку повеќе мора да се туркаат и трудат за да опстанат. Затоа, можеби би ве изненадило дека има здружение во Куманово кое 17 години ја „турка“ алтернативната сцена во градот. Тоа не зависи од институции или од големи ...

Канаѓанецот рекордот го соборил со кучиња од шелтер кој спасува кучиња од Јужна Кореја и им наоѓа домови во САД. „Сите овие кучиња се одлични животни и заслужуваат дом и им треба љубов“ вели Руди. Руди за соборување на рекордот успеал да прошета 38 кучиња цел километар, со надеж дека ќе го привлече вниманието на нив со цел полесно и побрзо да најдат дом. Помеѓу правилата на Гинисовата книга на рекорди е дека кучињата треба да се шетаат еден ...

Во свет каде што повеќето луѓе седат за работа, патување и релаксација, секојдневното пешачење може да бидат едноставен и ефективен начин за зголемување на нивото на вашата активност. Сепак, доколку не земете во предвид еден фактор, може да бидат залудно потрошени 10 илјади чекоро дневно. Мора да внимавате на тоа колку чекори правите во минута. Ако сакате да уживате во максимални придобивки, одењето со темпо од 100 и повеќе чекори во минута и ...

Долго време се веруваше дека Патот на свилата ги поврзува градовите во низините, но, користејќи технологија за далечинско набљудување, археолозите сега пронајдоа најмалку два града високо во планините кои се наоѓаа покрај клучните раскрсници на тие трговски патишта, јавува Би-Би-Си. „Историјата на Централна Азија сега целосно се менува со ова откритие, бидејќи се веруваше дека трговските патишта, кои се протегаа низ Евроазија, ги избегнуваа ...

Официјалното лансирање на Apple Intelligence ни е пред вратите, а следниот бран на ажурирања на вештачката интелигенција се очекува да ја направи Siri многу покорисна. Претстојното ажурирање на iOS 18.2 – сега достапно како бета верзија на програмери – почнува да го прави вашиот телефон многу попаметен со додавање на визуелна интелигенција и можност за пренесување на барањата од Siri на ChatGPT. На телефоните што поддржуваат Apple Intelligence, ...

Ајтолахот на Иран, Али Хамнеи рече дека иранските власти треба да размислат како да му ја покажат моќта на Иран на Израел по израелскиот напад пред два дена. „Злото што го изврши ционистичкиот режим (Израел) пред две ноќи не треба ниту да се минимизира ниту да се преувеличува“, изјави Хамнеи, цитирана од ИРНА, иранската новинска агенција. Иран во саботата го омаловажи воздушниот напад на Израел во текот на ноќта врз ирански воени цели, велејќи ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Белград

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
100%
1027
weather icon

Загреб

3ᴼ / -1ᴼ
1.03
73%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.42
91%
1028
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
1.03
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
79%
1025
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
93%
1024
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
84%
1029
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1028
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
5.66
81%
1028
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

37.0288

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.25985

Currency

0.6019

Currency

0.3825

Currency

0.52517

Currency

1.6635

Currency

0.68578

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71