Пукната цевка со профил Ф600 на улицата „Франце Прешерн“ во населбата Влае е причина за прекинот на водоснабдувањето во повеќе скопски населби. Засега без вода се корисниците во Карпош, Ѓорче Петров, Влае и Хром, а од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека екипите се на терен. Не е познато кога ќе заврши санацијата на дефектот, ниту кога ќе биде воспоставено нормално водоснабдување. Жителите на Ѓорче Петров и порано се соочувале со ...

Вечерва во скопската населба Влае пукна една од главните водоводни цевки, поради што делови од градот останаа без вода, а повеќе куќи и дворови се поплавени. На социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа дека улицата е целосно под вода, а жителите велат дека водата навлегува во подруми и дворови. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека дефектот е на улицата Франце Прешерн бр. 100Д, каде пукнала цевка со дијаметар од 600 ...

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и Канализација Скопје“ Сериозен дефект на водоводна цевка Ф600мм во Влае е причината за поплавата во населбата, како и за тоа што во делови од градот вечерва снема вода, а на други места притисокот е намален. Од Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје соопштија дека голем дел од градот ќе остане без вода, а ...

Една од главните водоводни цевки вечерва пукна во скопската населба Влае. На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа дека е поплавена цела улица, а водата навлегува во дворовите и подрумите на куќите. Во меѓувреме, граѓани јавуваат дека без вода се делови од Хром, Ѓорче Петров, Влае и Карпош, додека во Центар и Аеродром има значително намален притисок. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје вечерва соопштија дека дефектот се наоѓа ...

Голем дефект на водоводната мрежа вечерва предизвика поплава во скопската населба Влае. Жителите на Влае пријавуваат дека нивните улици се целосно под вода, а во некои згради водата навлегла и во подрумите. Се претпоставува дека станува збор за руптура на цевка со големина f600 или f400, што може да предизвика сериозен прекин во водоснабдувањето во поширокиот дел на градот. Доколку дефектот е поголем, можно е без вода да останат делови од ...