Десетици Палестинци ги загубија животите во најновите израелски воздушни напади врз Појасот Газа, објави палестинската новинска агенција WAFA. Според извештаите, од утрово до попладневните часови, телата на 41 загинат биле донесени во различни болници низ енклавата. Израелската армија соопшти дека продолжува со операции против, како што ги нарече, терористички организации во Газа, при што офанзивата во градот Газа е дополнително проширена. ...

Во Белград вечерва е уапсени двајца студенти по протестите што се одржаа пред зградата на Радио-телевизија Србија (РТС), пренесе телевизијата N1. Како што јави нивната репортерка, уапсените се Лука Пешиќ, студент на Машинскиот факултет, и уште еден студент од Факултетот Унион. Поддршка од колеги и граѓани Десетици студенти и граѓани се собраа пред полициската станица „Стари град“, на улицата Мајке Јевросиме, барајќи веднаш да бидат ослободени ...

Србија денеска е поле на паралелни протести: едните носат глас на студентите и граѓаните кои бараат правда и промени, другите – организирани од власта – служат како контра-одговор. Во Белград, студенти блокираа улици и повикаа на масовен протест пред зградата на РТС во 16:00 часот. Тие тврдат дека јавниот сервис е гласноговорник на власта, а не на граѓаните. „Ова е борба за вистина и демократија,“ изјави еден од организаторите. Истовремено, ...

Повеќе од половина членови на Лабуристичката партија не сакаат актуелниот британски премиер Кир Стармер да се кандидира како лидер на партијата на следните општи избори, покажуваат резултатите од анкета објавена од Sky News. Според анкетата спроведена меѓу членови на Лабуристичката партија, 53% од испитаниците изјавиле дека сакаат нов лидер пред изборите, додека само 31% сакаат Стармер да остане на функцијата до тогаш. Анкетата на порталот ...

Аш Пурнури, поранешниот менаџер на светски познатиот диџеј и продуцент Авичи (Тим Берглинг), конечно го крши молкот. Во ново соопштение, Аш вели дека приказната за последните години од животот на Авичи е „извитоперена“ и дека е подготвен да ја сподели својата перспектива – нешто што си го ветил уште во 2018 година. Неговите изјави доаѓаат во време кога тој се бори во тужба за клевета поврзана со документарецот „Avicii: True Stories“. Аш беше ...

На најмалку три авиони полни со туристи им беше одбиена дозвола да слетаат на аеродромот Фуертевентура поради појава на дронови кои летаа во близина на аеродромот. Овие дронови го спречија слетувањето на авионите, јавува The Sun. Еден од дроновите бил забележан во областа Плаја Бланка на Канарските Острови, јужно од Ел Маторрал. Пренасочените летови требаше да слетаат на шпанскиот остров во недела наутро – летови од Севиља, Сантијаго де ...

Министерството за здравство на Газа денеска соопшти дека во војната меѓу Израел и Хамас досега се убиени повеќе од 66.000 Палестинци. Во последните 24 часа, според извештајот, животот го загубиле 79 лица. Во своето дневно соопштение, Министерството наведе дека бројот на загинати се искачил на 66.005, а 168.162 луѓе се ранети од 7 октомври 2023 година наваму. Израелската армија ја продолжува офанзивата во Појасот Газа. Израелскиот премиер, ...

Полскиот скијач и авантурист Анджеј Баргиел влезе во историјата како првата личност што се искачи на Мон Еверест и се спушти со скии без дополнителен кислород. Ова беше неговиот трет обид да го освои највисокиот врв на светот, висок 8.849 метри, откако опасните услови го принудија да се откаже од претходните обиди во 2019 и 2022 година. „Самиот врв беше напорен и тежок. Никогаш претходно не сум поминал толку време на таква висина, што само по ...

Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во недела, на 28 септември 2025 година, во 11:59 часот, во западниот дел на Турција. Според достапните информации, епицентарот на потресот бил лоциран на географски координати со ширина 39.2338 и должина 28.9883. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), хипоцентарот на земјотресот се наоѓал на приближно 8 километри длабочина под површината на ...

Американскиот долар продолжува да расте и втора недела по ред, благодарение на силните економски резултати и претпазливиот пристап на Федералните резерви (ФЕД) кон идните каматни стапки. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на доларот во однос на шест главни светски валути, се зголеми за 0,55% и достигна 98,18 поени. Во однос на еврото, доларот зајакна за 0,35%, а курсот на еврото падна на 1,1705 долари. Во однос на јапонскиот јен, ...

Виетнам се подготвува за силен тајфун по име Буалој, кој се очекува да го погоди централниот дел на земјата – регион познат по производството на челик. Властите најавија евакуација на повеќе од 250.000 луѓе, бидејќи тајфунот се движи со ветрови посилни од 130 км/ч. Според метеоролошкиот завод, тајфунот ќе го погоди копното денеска околу 19:00 часот по локално време, додека моментално сè уште се наоѓа над морето. Најголемиот град во ...

Норвешки товарен брод со руски екипаж бил лоциран на неколку километри од аеродромот во Копенхаген за време на неодамнешен инцидент со дронови. Истражувањето на данскиот портал Danwatch открива дека сопствениците на бродот соработувале со руската паравоена организација RSB Group, која е под санкции од САД, ЕУ и Велика Британија. Бродот „Oslo Carrier 3“ бил во близина на три сомнителни хибридни настани во Европа: можно саботирање на бродот ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи денеска го повика генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш да спречи повторно активирање на механизмите за санкции кон Иран, кои беа повторно воведени од страна на ОН. Во писмо објавено на платформата Х (поранешен Твитер), Аракчи порача: „Го повикуваме генералниот секретар да спречи каков било обид за оживување на механизмите за санкции, вклучувајќи го и Комитетот за санкции ...

Во текот на ноќта, Русија изврши масовен воздушен напад врз Киев и други украински градови, користејќи тешки бомбардери Tu-95 и дронови Shahed. Воздушната тревога беше активирана низ цела Украина. Според извештаи, повеќе од 300 проектили и дронови биле користени. Во Киев, погодена беше станбена зграда, има повредени граѓани, и предизвикани се пожари во околните згради и домови. Исто така, сериозни оштетувања имало и во Запорижја, каде што ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ќе испрати војници во градот Портланд, во американската сојузна држава Орегон, за да се справат со „домашните терористи“, проширувајќи го контроверзното распоредување на војници во американските градови, јавија светските агенции. Трамп напиша на социјалните мрежи дека му наредил на Министерството за одбрана да „обезбеди сите потребни војници за да го заштити Портланд, кој е разорен од ...

Изненадувањето во шестото коло од Премиерлигата денеска го направи екипата на Кристал Палас која на домашен терен ја совлада екипата на Ливерпул со 2:1. За актуелниот шампион Ливерпул ова беше првиот пораз во сезоната откако претходно забележа пет победи на исто толку натпревари. Исмаила Сар ги доведе домашните во водство од 1:0 во деветтата минута од мечот, во 87. минута Киеза израмни на 1:1, и кога се мислеше дека Ливерпул извлече барем бод ...

Израелската офанзива во градот Газа ги принуди „Лекари без граници“ да ги прекинат своите основни медицински активности во областа поради брзо влошената безбедносна ситуација, објави синоќа меѓународната хуманитарна организација на својата официјална веб-страница. – Ескалирачките напади од страна на израелските сили создадоа неприфатливо ниво на ризик за нашиот персонал, принудувајќи нè да ги прекинеме медицинските активности што спасуваат ...

Девет лица се повредени, 4.328 куќи се оштетени, а 7.812 жители се евакуирани откако земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Лонгси, градот Дингси, во северозападната кинеска покраина Гансу, утрово, соопшти Кинескиот центар за земјотресни мрежи (CENC). Епицентарот бил на длабочина од 10 километри и бил силно почувствуван во соседните окрузи Џангсиан, Веијуан, Линтао и Вушан, објави Синхуа. Спасувачите ...

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над „Карул“ најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција. – Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција. Инаку во воената база надлетувана со дронови, сместени се и ловците од ...

Својата балканска турнеја „Танец“ ја започна со триумфален концерт во Валпово, пред целосно исполнета сала. Настапот предизвика огромен триумфален ентузијазам и беше награден со долготраен аплауз, поставувајќи висок стандард за целиот претстоен циклус на концерти. Веднаш по Валпово, успехот продолжи и во Крањ, Република Словенија, каде „Танец“ одржа спектакуларен концерт во Прешерново гледалишче Крањ, Со својата препознатлива мешавина на ...

Околу 2,3 милиони луѓе останаа без електрична енергија во југоисточно Мексико, што предизвика хаос, особено во туристичкиот град Канкун, соопштија тамошните власти. Прекинот на електричната енергија траеше четири часа во петокот навечер поради прекин на врските меѓу неколку мрежи, а половина од корисниците во силно погодените области на државите Јукатан, Кампече и Кинтана Ру сè уште се без струја. „Околу 2,3 милиони потрошувачи беа погодени“, ...

Од 15 до 18 октомври, во Ријад, Саудиска Арабија, втора година по ред ќе се одржи егзибицискиот турнир наречен „Шест крала“, каде што ќе настапат најдобрите шест тенисери во светот. Веќе се познати и учесниците на турнирот, а најдобриот на светот, Шпанецот Карлос Алкараз, и најтрофејниот во светот, Србинот Новак Ѓоковиќ, директно се пласира во полуфиналето. Ѓоковиќ за противник во полуфиналето ќе го чека подобриот од мечот меѓу Италијанецот ...

Нацрт-резолуцијата предложена од Кина и Русија за поштедување на Иран од санкции беше отфрлена во Њујорк во петокот вечерта. Девет од 15-те членки на советот гласаа против, две беа воздржани, а четири, вклучувајќи ги Кина и Русија, гласаа „за“. Тоа значи дека веќе од утре, би се вратиле санкциите на ОН врз Иран, кои беа во сила од 2006 до 2010 година. Германија, Франција и Велика Британија, трите земји колективно познати како Е3, минатиот ...

Двајца 17-годишни тинејџери беа уапсени оваа недела во Холандија под сомнение дека шпионирале во корист на проруски хакери, објави весникот „Телеграф“. Портпаролката на обвинителството Брехте ван де Мосдејк потврди дека апсењата биле извршени во понеделникот, но одби да даде дополнителни информации поради тоа што осомничените се малолетници. Според „Телеграф“, повикувајќи се на таткото на едно од момчињата, тие се обвинети за контакти со ...

Двете млади туристки од Португалија, кои денеска се изгубиле во реонот од врвот на Водно кон Матка, попладнево се пронајдени, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување. „Денес околу 17:00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка. Дирекцијата за заштита и спасување итно изврши мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш беше ...

Со оваа услуга, компанијата Meta на Марк Цукерберг одговара на предупредувањата од регулаторите за користење на лични податоци при прикажување персонализирани реклами. Новата претплата ќе им овозможи на корисниците пристап до двете мрежи без следење и обработка на нивните податоци за таргетирање на огласи. Регулаторите веќе подолго време ја притискаат Meta да понуди алтернатива за корисниците кои не сакаат нивните информации да се користат за ...

Благодарение на брзата интервенција и координација на тимовите на Црвениот крст и на Дирекцијата за заштита и спасување, две лица беа експресно пронајдени на падините на Водно и веднаш безбедно транспортирани во градот Скопје, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). На бројот за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи денеска беше пријавено исчезнување на машко лице, полски државјанин, на падините на планината Водно. ...

Ова монументално остварување повеќе од два века ја фасцинира и инспирира публиката ширум светот и се смета за едно од најзначајните и најизведувани дела во светската музичка литература. Секоја нота од „Реквием“ го носи печатот на Моцарт и ја потврдува неговата вечна музичка величина. Големата сцена на Македонската опера и балет на 3 октомври во 20:00 часот ќе оживее со енергијата на маестро Џанлука Мартиненги и магијата на солистите: ...

На прес конференцијата ќе се обратат директорот на фестивалот, Небојша Јовановиќ, уметничкиот директор, Гена Теодосиевска, селекторот на програмата, Игор Анѓелков, како и претставници од екипата на филмот „Изгубениот сон на тимот од соништата“, кој ќе ја отвори јубилејната 10. сезона на фестивалот. Медиумите се поканети да присуствуваат со свои новинарски екипи, фоторепортери и сниматели, со што ќе имаат можност да добијат ексклузивни ...

Голем број делегати на Генералното собрание на ОН ја напуштија салата во знак на протест при обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Иницијативата за масовен излез ја предводеа земји кои го критикуваат израелското раководство и неговите политики кон Палестинците. Протестот, кој предизвика внимание во светските медиуми, беше јасна порака на делегатите дека не се согласуваат со политиките на Израел. Откако говорот заврши, ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.98
50%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.68
66%
1016
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
92%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.56
60%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.63
45%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.95
86%
1017
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.24
44%
1016
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.52
48%
1017
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.61
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
2.24
61%
1016
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
0.89
49%
1015
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 19ᴼ
1.56
100%
1016
Currency

61.645

Currency

54.0748

Currency

72.2733

Currency

37.5845

Currency

38.2802

Currency

66.639

Currency

7.94166

Currency

0.6944

Currency

0.3326

Currency

0.52508

Currency

1.14476

Currency

0.56011

Алуминиум

3.18

Кобалт

56.29

Паладиум

41378.01

Калај

52.95

Сребро

1891.04

Родиум

260421.05

Цинк

0.00

Рутениум

49029.89

Платина

52309.26

Злато

130535.25

Иридиум

247560.75

Бакар

12.79