Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Утре, на 25 септември 2025 година со почеток во 11:00 часот, во хотел „Александар Палас” – Скопје ќе се одржи Иницијативна средба за формирање на Национално собрание на млади согласно Законот за младинско учество и младински политики. Според Националниот младински совет, настанот претставува значаен чекор во процесот на воспоставување на Националното собрание на млади, предвидено со Законот за младинско учество и младински политики. „Целта е, ...
Германија предлага формирање групи на држави кои заеднички би купувале оружје во приоритетни области. Берлин ја изрази својата подготвеност да преземе водечка улога во процесот на повторно вооружување на армиите на земјите-членки на Европската унија, пишува Financial Times, повикувајќи се на план што го претставиле германските власти. Според планот, Германија предлага создавање на групи држави кои би вршеле заеднички набавки на вооружување во ...
Во партнерска соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје соопштувањето и доделувањето на наградите „Драги“ ќе се случи на 2 октомври (четврток)во 10.30 часот во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, со пригодна свеченост во чест на добитникот и номинираните. Кусо претставување на финалистите Ермис Лафазановски (1961) e современ македонски раскажувач, романописец, историчар и теоретичар на литературата, фолклорист и ...
Фестивалот, кој се одржува од 22 до 27 септември, ќе понуди натпревар меѓу шест претстави во категориите: најдобра претстава, најдобра актерка и најдобар актер. За наградите ќе одлучува тричлено жири. Фестивалот „Отело“, кој започна пред речиси една деценија, прерасна во значаен културен настан и глас за театарот во локалната заедница. Иако е создаден од ентузијазмот на Здружението за култура и уметност „Отело“, тој успеа да стане релевантен во ...
Во сабота, 27 септември во 21 часот, скопскиот клуб Ла Кања е местото каде јапонското дуо ќе одржи свој концерт. Со ова започнувајќи го концертниот серијал на современа и експериментална музика, насловен: ПРЕΔИЗВУК: од хаос до хармонија Двојката го напушти родното Токио во 2021 година и оттогаш практично живее на турнеја. Досега имаат свирено на повеќе од 150 концерти во 37 земји, носејќи ја својата музика насекаде, од сквотови до големи ...
Инфлацијата се очекува да изнесува 3,5%, повисоко од претходната проценка од 3,1%, при што зголемените цени на храната се наведуваат како главен фактор. Прогнозата за економски раст на Обединетото Кралство е благо зголемена на 1,4% годинава, но се очекува забавување на растот следната година на 1%, предизвикано од потенцијални зголемувања на даноците, намалување на државните расходи и зголемени трошоци за трговија. Министерката за финансии ...
Признавањето доаѓа по скоро две години војна во Газа и зголемени обвиненија против Израел. Надер Салајме, фармацевт од источен Ерусалим, за N1 изјави дека признанијата се добредојдени, но дека е важно и останатите околу 40 земји што сè уште не ја признале Палестина, да го сторат тоа. Тој додава дека Палестинците се надеваат дека овие чекори ќе создадат притисок врз Израел за да се прекине конфликтот и насилството во Газа и на Западниот Брег. ...
Епидемијата, предизвикана од контаминирана храна или вода, се проширила на сите 18 сојузни држави во земјата, откако избила во јужната држава Касала во јули минатата година. Заменицата на претставникот на СЗО во Судан, Хала Худари, изјави дека организацијата започнала вакцинација на 406.000 луѓе во Северен Дарфур, но бројот на случаи продолжува да расте со „алармантна стапка на смртност“. До неделата се пријавени околу 12.739 случаи и 358 смртни ...
Трамп истакна дека Украина, со поддршка од ЕУ и НАТО, може да ја врати целата своја територија, нарекувајќи ја руската армија „тигар од хартија“. „Путин и Русија се во огромни економски проблеми, а сега е моментот Украина да дејствува“, порача тој. Американскиот државен секретар Марко Рубио објасни дека промена на ставот на Трамп е резултат на руското одолговлекување со мировниот процес и новата ескалација на нападите. „Претседателот е трпелив, ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска на прес-конференција на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк дека Италија ќе ја признае Палестина кога ќе бидат ослободени сите израелски заложници и кога Хамас повеќе нема да има никаква улога во управувањето. „Сѐ уште сметам дека признавањето на Палестина не го решава проблемот и не носи конкретни резултати ако таа држава не ги исполнува условите за суверенитет. ...
Во извлекувањето на 76-то коло од играта Eurojackpot, одржано во вторник навечер, извлечени беа следните броеви: 7, 18, 31, 32, 33 – 10, 11 Овие броеви му донесоа на некој играч од Германија добивка од 5+2 во износ од 120 милиони евра. Станува збор за најголемиот добиток во историјата на Eurojackpot, и воедно максималниот износ што може да се добие. Ова е седми пат досега како се освојува ваков максимален џекпот. Следното извлекување на ...
Супертајфунот Рагаса, најсилниот тропски циклон во светот годинава, го погоди Хонг Конг со урагански ветрови и поројни поплави во средата, додека обилните дождови на Тајван предизвикаа смрт на најмалку 14 луѓе. Во Хонг Конг, улиците беа празни откако властите ги повикаа граѓаните да останат во своите домови. Поплавени се делови од источниот и јужниот брег на азискиот финансиски центар. Рагаса, со ветрови до 200 километри на час, ќе му се ...
Видеото, кое стана вирално на социјалните мрежи, го прикажува Макрон заглавен на патот неколку минути откако го напушти седиштето на ОН во понеделник. „Навистина ми е жал, господине претседателе, сè е блокирано“, се слуша како полицаецот му се обраќа на Макрон. Потоа на видеото се гледа како францускиот лидер му се јавува и разговара со својот американски колега по телефон. „Погодете што, чекам на улицата токму сега затоа што сè е блокирано ...
Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Коциу, потврди дека го сменила својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во еден ресторан во САД. На својот профил на Фејсбук, Коциу напишала дека го сменила Андии Махила на основа на пријава од еден државјанин на Албанија кој живее во Њујорк. Махила, кој бил во посета, во ресторан испушил цигара, што предизвикало вознемиреност меѓу присутните. Албана Коциу е првата жена која е ...
На конференцијата „Албанија – нов хоризонт“, Рама го оцени дијалогот меѓу Белград и Приштина под посредство на ЕУ како „голем неуспех“ и истакна дека не е постигнат никаков напредок. „Тажен сум што нема никаков напредок. Убеден сум дека постои златен пат“, рече Рама. Тој нагласи дека Косово треба да го „направи своето домашно“ за ЕУ, без да се води според тоа што бара Србија. „Косово мора да ги исполни своите обврски и да ја достави целата ...
Полска ја затвори границата со Белорусија поради руско-белоруската воена вежба во Белорусија. Загриженоста на Полска поради воената вежба „Запад 2025“ беше зголемена откако 21 руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор ноќта помеѓу 9 и 10 септември. – Завршувањето на воената вежба ги намалува, иако не можам да кажам дека ги елиминира, различните закани. Земајќи ги предвид економските интереси на полските превозници и ...
„Покрај овозможувањето анонимни заканувачки телефонски повици, овие уреди можат да се користат за извршување низа телекомуникациски напади. Ова вклучува оневозможување на антените за мобилни телефони, овозможување напади со одбивање на услуга и олеснување на анонимна и шифрирана комуникација помеѓу потенцијално злонамерни актери и криминални организации“, соопшти американската Тајна служба. Исто така се наведува дека Тајната служба запленила ...
Во брифингот на Европскиот парламент за законодавството за еутаназија во ЕУ се наведува дека неколку членки ја водат промената на законите на ова поле и секоја од нив има изработено решенија за да се избегнат злоупотреби. Се истакнува дека ниту законите на ЕУ, ниту Европската конвенција за човекови права, не содржат одредби кои ја спречуваат членките на ЕУ да донесат закони за еутаназија. Како одговор на прашањето на евродепутатите, Европската ...
Неговата лична жртва прерасна во симбол на пошироката борба за академска и општествена слобода, како и за еднакви закони што важат за сите. Поддршки за Богдан пристигнуваат од студенти, професори, истражувачи и граѓани од цела Србија – од Нови Сад, Белград и Ниш, до Ваљево, Кикинда и Прибој. Во секое од овие охрабрувачки писма се нагласува дека примерот на Богдан, неговата храброст и истрајност се инспирација за сите што не се помируваат со ...
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, во седиштето на ООН во Њујорк рече дека Хрватска треба да ја признае палестинската држава, истакнувајќи дека тоа не е награда за Палестинците, туку нивно право, соопшти неговиот кабинет. Палестина треба да се признае, тоа треба да го направи и Хрватска. Кога тоа ќе се случи зависи од предлогот што ќе дојде од Владата во Собранието, јас ќе го поддржам, рече Милановиќ синоќа по учеството на Меѓународната ...
Националната опера и балет ќе ја отвори новата сезона 2025/2026 со едно од најмоќните и најемотивни ремек-дела во историјата на класичната музика – „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт на 3 октомври со почеток во 20.00 ч. Под диригентската палка на истакнатиот италијански диригент, Џанлука Мартиненги, македонската публика ќе има можност да присуствува на извонредна изведба на дело што ја отсликува генијалноста, длабочината и духовната сила на ...
Францускиот претседател Емануел Макрон се нашол во невообичаена ситуација додека го напуштал седиштето на Обединетите Нации во Њујорк. Додека Макрон со своите соработници се упатувал кон француската амбасада неговото возило било запрено поради колоната во која се наоѓал неговиот американски колега Доналд Трамп. Како што се гледа на видеото што се појави на социјалните мрежи, Макрон му пристапил на полицаец за да го праша за блокадата на патот. ...
Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште” испрати соопштение до јавноста во кое ги демантирааат тврдењата на ВД градоначалникот на општина Аеродром дека нивните протести се под водство, влијание или во служба на која било политичка партија или организација. „Нашата иницијатива е исклучиво граѓанска, чесна и независна – за здравјето на сите нас, за воздух без чад и отров, за иднината на нашите деца. Протестите ги организираме и ги водиме ...
Македонскиот КИЦ во Белград од вечер, 23 септември, со свеченото отворање во 19 часот, па до средината на месец октомври, ќе биде домаќин на изложбата „Пресек за скулптурата над” од реномираниот македонски скулптор Славчо Спировски. Изложбата ќе ја отворат директорот на КИЦ Белград, проф-др Васко Шутаров и Тони Цифровски, новинар во Македонското радио, кој ќе го поздрави настанот и прочита дел од ликовната рецензија од Маја ...
Синоќа, улиците на Општина Центар беа темелно исчистени и измиени во рамки на акција за унапредување на јавната хигиена. Екипите на општината заедно со градоначалникт Горан Герасимовски работеа до доцна по полноќ, расчистувајќи ги преполнетите контејнери и отстранувајќи го расфрланиот отпад од тротоарите, паркинзите и јавните површини. Просторите околу контејнерите беа целосно исчистени, а неколку критични точки добија и дополнително миење, со ...
Според локални хуманитарни организации, активисти и суданската војска, нападот го извршила паравоена формација Сили за брза поддршка во петокот наутро, за време на молитви, при што загинале најмалку 70 луѓе, а многумина останале заробени под рушевините. UNICEF наведува дека во нападот загинале деца на возраст од 6 до 15 години, а многу други се повредени, оценувајќи го нападот како „шокантен“. Во Судан од 2023 година беснее граѓанска војна ...
„Аеродромот моментално е затворен за полетувања и слетувања, бидејќи во областа беа видени два до три големи дрона. Не е познато колку долго ќе трае прекинот,“ соопшти полицијата на платформата X. Според податоците на FlightRadar, сообраќајот е прекинат во 20:26 часот по локално време, а најмалку 15 летови биле пренасочени кон други аеродроми. Портпаролот на аеродромот потврдил дека сообраќајот е целосно запрен, но не изнел дополнителни детали. ...
Според соопштението, Детската болница „Ал-Рантиси“ била сериозно оштетена пред неколку дена во воздушен напад, а поради нови напади затворена е и Очната болница. „Ниту една од здравствените установи нема безбедни пристапни рути што им овозможуваат на пациентите и повредените да стигнат до нив“, наведува Министерството, пренесе Ројтерс. Израел засега нема дадено коментар. По речиси две години војна, Израел го нарекува градот Газа „последен ...
Програмата беше привремено суспендирана поради коментари кои Кимел ги даде во врска со смртта на Чарли Кирк, што предизвикаа силни реакции во јавноста. „Минатата среда одлучивме да ја прекинеме продукцијата за да избегнеме дополнително продлабочување на тензиите во чувствителен момент за нашата земја“, стои во соопштението што го пренесе Би-Би-Си. Од компанијата додаваат дека во изминатите денови се воделе интензивни разговори со Кимел и дека, ...
Додека некои хороскопски знаци лесно подлегнуваат на искушенија, постојат и оние кои остануваат верни во врската. За нив љубовта не е само момент, туку избор кој го прават постојано – ден по ден. Бик Биковите се познати по својата стабилност и истрајност, а тоа најсилно доаѓа до израз во љубовта. Откако ќе најдат партнер на кој му веруваат, нивната лојалност станува речиси непоколеблива. Не сакаат игри ниту краткотрајни авантури – за нив ...