Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
И оваа година, ЈП Комунална хигиена-Скопје зема активно учество во масовната акција за чистење „Генералка викенд“, што се одржа на 8 мај. Акцијата започна на Кејот на реката Вардар, опфаќајќи ги двете страни на речното корито, при што стотици учесници во акцијата собираа најразлични видови на непрописно одложен отпад од брегот и пешачките патеки. Воедно, акцијата се одвиваше и во сите скопски општини каде што учесниците во посебно одредени ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место во населбата Баир каде една жена беше лишена од живот. Издадена е наредба за обдукција за починатата, а од лице место се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење, велат од ЈОРСМ. Осомничениот за извршување на кривичното дело е лишен од слобода, а за натамошниот тек на постапката против него обвинителството ќе ја информира ...
Парламентарната делегација, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, а составена од потпретседателите Јован Митрески и Весна Бендевска, координаторите на пратеничките групи Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски, пратеникот Миле Лефков и генералниот секретар Марина Димовска, одржаа работни сесии во Берн од 12 до 14 мај во рамките на програмата „Планински дискусии за парламентарната ...
Странската комисија која анализираше 13 случаи во врска со скандалот со непотребни операции на срце во државните и приватните болници во Македонија, утврди дека кај деветмина постојат сомнителни наоди, додека кај четири пациенти констатира дека обезбедениот третман во целина бил медицински соодветен. „Од анализираните 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени операции или непотребно упатени за операција, странската комисија кај ...
Денес во просториите на Општина Кисела Вода се одржа официјална средба помеѓу градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и амбасадорката на Романија во РС Македонија, Адела Моника Аксинте. За време на посетата, градоначалничката ја запозна амбасадорката со тековните проекти и стратешките цели на локалната самоуправа, насочени кон модернизација и подобрување на услугите за граѓаните. Двете страни разговараа за потенцијалот за идна соработка, ...
Активисти на Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ информираат дека жители на Пештани деновиве им приложиле фотографии од хотелот „Десарет“ и состојбата во која се наоѓа истиот. „Деновиве жители на Пештани ни ги приложија фотографиите во прилог „со цел да постигнеме правно решавање на случајот и постапување по издадено решение без да се штитат поединци.“ Се работи за објектот на хотелот „Десарет“, стои во информацијата од Активисти на ...
Вчера полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 22-годишниот Е.Х. и 22-годишниот М.И. од село Сарај, скопско, постапувајќи по пријава од А.С. на 12.05.2026 дека пред теретана во Скопје му бил одземен велосипед. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите се идентификувани и приведени во полициска станица, а велосипедот е вратен на сопственикот. По ...
Бугарската заедница во Средниот Запад на САД ќе го одбележи празникот 24 Мај со веќе традиционалната Парада на Бугарија. По петти пат претставници на сите бугарски училишта, културни организации, фолклорни и творечки состави и родољубиви организации ќе му оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј со свечено дефиле и празничен ден за целото семејство. Специјален гостин оваа година ќе биде бугарската поп ѕвезда Орлин Горанов, ...
САД се надеваат дека ќе ја убедат Кина да преземе поактивна улога и да изврши притисок врз Иран да ги промени своите постапки во Заливот, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Изјавата на Рубио дојде пред официјалното патување на американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг, а беше објавена во интервју за „Фокс њуз“ емитувано во среда, објави Ројтерс. Државниот секретар на САД го изрази својот став во интервју со водителот ...
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека правдата во Македонија уште еднаш е ставена во служба на СДС и ДУИ. „Не за џабе за време на седумгодишниот период на власт, правосудниот систем го наполнија со нивни кадри и послушници кои во даден момент, како овој, наместо по слово на законот тие да носат одлуки во корист на поединци од СДС и ДУИ“. Според нив, скандалозна е последната одлука на ЈО ГОКК, под раководство на соседот на Али Ахмети од Зајас, Ислам ...
„’Со гадење’ вака внукот на Гоце Делчев, Христо Христов, во интервју за бугарски медиуми дадено пред два дена, одговара на прашањето ‘Ако Гоце Делчев денес го видеше Балканот, како мислите дека би ја оценил ситуацијата меѓу народите за чие ослободување и обединување се бореше?’ Гоце Делчев би се гадел од ВМРО-ОКГ и Мицкоски“, велат од СДСМ. „Тој се бореше за единство и слобода, а не за поделби и конфликти. Гоце Делчев се бореше за правда, а ...
Д-р Гуракуч Кучи/специјално за БГНЕС Србија поттикнува антикосовско расположение меѓу граѓаните на Црна Гора и Северна Македонија, стремејќи се постепено да ги пренесе, во рамките на својата стратегиска комуникација против Косово, на институционално и државно ниво. Овие ставови повеќе не се наоѓаат на периферијата на политичкиот живот или меѓу националистичките групи. Тие се манифестираат во општините, кај парламентарно претставените партии и ...
Полска ја активираше својата воздушна одбрана околу 13 часот откако беше пријавен голем руски напад со беспилотни летала врз Украина. Полските борбени авиони и хеликоптери се во воздух, а копнените системи се исто така во состојба на готовност. Полска и претходно беше сведок на вакви превентивни активирања на воздушната одбрана. За време на нападот, Словачка, исто така, привремено ги затвори граничните премини со Украина. Поради голем руски ...
Министерството за здравство ги демантира информациите кои се појавија во дел од медиумите за „колапс на Клиниката за хематологија“. „Во врска со објавите со наслов „Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за хематологија“, најостро ги демантираме изнесените наводи како целосно невистинити и неосновани. Според информациите од стручниот колегиум на Клиниката нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту пак е утврден застој во ...
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи информира дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за ...
По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во населбата Козле е волк, а не куче или мешанец, потврдија од ЗОО Скопје. „Во текот на денот, во ЗОО Скопје дојдоа и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагале веќе два месеци, кои на лице место се уверија дека не станува збор за нивното куче, туку за вистински волк, што и самите го ...
Државниот јавен обвинител Ненад Савески вчера првпат телефонски разговарал со премиерот Христијан Мицкоски. Според информацијата од обвинителството, во разговорот не станало збор за детали од конкретни предмети, вклучително и за одлуката за запирање на истрагата за набавката на мазут за „ТЕЦ Неготино“. „Јавниот обвинител на РСМ не може да спречи некого да му се јави телефонски. Вчера за првпат воопшто телефонски му се јави Претседателот на ...
Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем, вели министерот за правда, Игор Филков во неговата реакција за запирање на истрагата за мазутот. „Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница. Како министер за правда, сметам дека ...
Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година дека во текот на утрешниот ден ќе бидат достапни на нивните сметки. Доцнењето, како што појаснуваат настанало поради дополнителни усогласувања и проверки во постапката на пресметка и координација со надлежните институции, со цел исплатата да биде реализирана во согласнот со важечките законски и финансиски прописи. ...
Примирјето меѓу Израел и „Хамас“ во Појасот Газа се почитува, но е „далеку од совршено“. Тоа го изјави врховниот претставник на Советот за мир за Газа, бугарскиот дипломат Николај Младенов, јавува АФП, пренесува БГНЕС. „Ако погледнеме кон десетиците милиони тони урнатини што треба да бидат отстранети, кон бројот на луѓе — повеќе од еден милион лица кои имаат потреба од некаков вид постојано засолниште, како и од основни услуги за ...
Бугарија регистрира раст на БДП од 2,9 отсто во првото трoмесечје од годината во споредба со истиот период во 2025 година, како и раст од 0,7 отсто во однос на претходното трoмесечје. Податоците се совпаѓаат со денеска објавените сезонски прилагодени податоци на Националниот статистички институт (НСИ) на Бугарија, јавува БНТ. Бугарската економија бележи втор најголем годишен раст меѓу земјите од ЕУ во првото трoмесечје од 2026 година, при што ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува случајот за набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“ во кој се осомничени поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, сопствениците на компанијата „РКМ“, Ерџан Сулкоски и Ратко Капушевски, Асмир Јахоски од „Пуцко Петрол“ и уште деветмина, да биде вратен на повторно разгледување. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) соопшти дека ја сопира постапката оти по една ...
Вчера на локален пат на Водно полицискиот службеник М.Т. (32) од село Радишани, скопско, управувајќи мотоцикл „Хонда“ во сопственост на МВР, изгубил контрола над возилото и паднал. Според пријавеното, до несреќата дошло откако тој се обидел да избегне лисица која излегла на патот. Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По настанот, увид извршила увидна екипа на ...
На 12.05.2026 година во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б. (50) од село Соколарци, општина Чешиново–Облешево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, при што паднал од висина. Поради сериозноста на повредите, В.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, заедно со претседателот на Владата и претставници на релевантните институции, одржаа онлајн состанок со високи претставници на Европската комисија во врска со спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан. На состанокот учествуваше генералниот директор за проширување и источно соседство во Европската комисија, Копман, како и други ...
Операционите сали на Градската општа болница „8 Септември“ се обновени со 12 милиони евра од ТАВ, но ќе бидат ставени во функција за околу два месеци кога се очекува да се обезбедат сите дозволи за работа, а здравствените работници да поминат обуки за работа со новата опрема. Денес низ обновените сали свечено се прошетаа премиерот, министрите за здравство и транспорт заедно со претставници од ТАВ. Директорот на ТАВ Македонија, Неџат Курт кажа ...
На возраст од 10 до 13 години биле девојчињата за кои постои сомнеж дека ги допирал по телото управителот на образовниот центар во Штип. Обвинителството информира дека тој е под истрага, а се работи за дело извршено во период од три години. „Од септември 2023 година до 11.05.2026 година, осомничениот користел прилика во која на девојчињата на возраст од 13, 11 и 10 години им држел дополнителни часови во образовен центар и им се приближувал и ...
Најдоброто што можеме да го направиме за нашите деца и за нашата иднина е постојано да ги зголемуваме средствата за научно-истражувачка дејност, да ја регулираме сферата со јасни правила и стандарди со новиот Закон за научно-истражувачка дејност, а со новата Национална програма за научно-истражувачка дејност да ја уредиме распределбата на средствата и да ги поврземе институциите, истражувачите и индустријата, рече министерката за образование ...
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, изјави дека студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се соочуваат со лоши услови за живот, вклучително недостаток на топла вода, несоодветна храна и нехигиенски услови. Тој ја обвини власта за, како што рече, злоупотреба на јавни средства преку тендери и партиски вработувања, додека младите живеат во лоши услови. „Наместо европски студентски стандард, модерни кампуси и услови какви што ...
За да им се олесни изборот на деветтоодделенците при уписите во средно образование, Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование со поддршка од Швајцарската амбасада подготвија онлајн водич за квалификации – kvalifikacii.crso.gov.mk, кој ќе им овозможи да донесат информирана и правилна одлука за струката во која ќе продолжат да се едуцираат и понатаму да работат. На денешната промоција на водичот, од ...