Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Вчера во 14:42 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Плачковица – Штип, во насока од с.Таринци кон с.Стар Караорман, штипско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (21) од с. Јунузлија, општина Карбинци (кој го управувал возилото без возачка дозвола), патничко возило „рено клио“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(45) од Штип и ...
Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека вчерашната одлука на Владата за продолжување на мерките за намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за дизелот и за бензините до 1 јуни ќе значи дека и понатаму ќе имаме горива со најниски цени во регионот. -Вчера имваме вонредна онлајн седница на Владата на која до 1 јуни ги продолживме мерките што значат намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за бензините и за дизелот. Со тоа ние како држава ...
Премиерот Христијан Мицкоски во врска со предлог-законот за игрите на среќа изјави дека новите законски решенија имаат цел да воведат ред и ограничувања во оваа дејност, нагласувајќи дека државата мора да се заштити од негативните последици на неконтролираната експанзија на казината и објектите за коцкање. „Имаме чувство дека државата наликуваше на Лас Вегас. Буквално, на секој чекор гледавме дуќани, кои со силни светлечки реклами се ...
Финалето на натпреварот „Евровизија“ 2026, емитувано во живо на 16 мај на БНТ 1, привлече 895.000 гледачи во најгледаниот момент од емитувањето, соопштија од Националната телевизија. Според официјалните пиплметарски податоци на GARB Audience Measurement Bulgaria, директниот пренос од Виена во просек го следеле речиси 600.000 гледачи (588.591) и ја поставил БНТ 1 на лидерска позиција во бугарскиот телевизиски етер синоќа со удел на публика од ...
Победата на бугарската пејачка DARA на Евровизија предизвика силни реакции и честитки од бугарскиот државен врв, кој успехот го оцени како историски момент за бугарската култура и повод за национално обединување. Претседателката Илијана Јотова во објава на Фејсбук напиша „Триумф за DARA и триумф за Бугарија на Евровизија“. Таа им честиташе на пејачката, на целиот тим што стои зад победата, како и на Бугарската национална телевизија за ...
Најголемиот глобален хуманитарен мото-хепенинг „The Distinguished Gentleman’s Ride“ годинава го одбележува своето 11-то издание во Скопје, како дел од светското движење кое ги обединува љубителите на класични мотоцикли и елегантен стил со цел подигнување на свеста за машкото здравје. Како што информираат организаторите, денеска се очекува на улиците на главниот град да продефилираат повеќе од 220 „дотерани“ моторџии со своите класични ...
Коалицијата СДС-ДУИ, освен во политиката продолжува беспрекорно да функционира и во судско обвинителскиот систем. Тандемот Ислам Абази – Катерина Коларевиќ, едниот како шеф на ОЈО ГОКК, другата како обвинител во тоа обвинителство кои треба да ги гонат и сузбиваат криминалот и корупцијата, во стилот на коалицијата СДС и ДУИ, прават се само да ги спасат од одговорност лицата блиски до овие партии, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Овој коалициски тандем, ...
Полицијата од СВР Скопје ноќеска го лиши од слобода 19-годишниот М.Б. од село Бојане, по основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот започнал по пријава на телефонската линија 192, кога таткото на осомничениот, И.Б., пријавил дека неговиот син му признал дека усмртил 18-годишно лице од истото село. Според пријавеното, убиството се случило на 15 мај 2026 година во ...
Бугарија ќе биде домаќин на следното издание на „Евровизија“. DARA и „Bangaranga“ ги освоија срцата на жирито и публиката и триумфираа на 70-тото издание на музичкиот натпревар. За првпат победникот убедливо победи и во гласањето на жирито, и кај публиката. „Толку сум горда. Тоа што DARA го направи беше навистина неверојатно. Сакам да ви кажам „Добредојдовте во Софија следната година!“. Благодарност до целиот тим на БНТ кој стои зад DARA, до ...
Бугарската пејачка Дара е победник на 70. Натпревар за Песна на Евровизија, што се одржа синоќа во Виена. Дара настапи со песната Бангаранга и победи со гласовите од жирито и гласовите од публиката, а второ и трето место освоија претставниците на Израел и на Австрија. На второто место заврши Израел со 343 поени, а трета беше Романија со 296. Бугарија, која се врати по три години пауза, беше далеку од фаворит пред почетокот на раскошното ...
Бугарија е големиот победник на 70-тото издание на „Евровизија“. Настапот на бугарската претставничка Дара се издвои и убедливо го освои првото место, јавува БГНЕС. Австралија, Малта, Данска и Литванија ѝ ги доделија максималните 12 поени на Бугарија. Така Бугарија го освои гласањето на националните жири-комисии и убедливо се најде на врвот со 204 поени. Гласовите од публиката ѝ донесоа на Бугарија уште 312 поени. Така, ДАРА со „Бангаранга“ ...
Попладнево на автопатот Велес–Скопје, автобус со прилепски регистарски таблички се запалил во близина на наплатната станица Отовица. Сите патници навреме го напуштиле автобусот и нема повредени. Веднаш по пријавата на терен пристигнале екипи на Територијалната противпожарна единица, како и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес. Според информациите дадени досега, пожарот избувнал додека автобусот ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против 45-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничен е дека вршел семејно насилство во Кисела Вода при што телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. Како што се наведува во соопштението од ЈОРСМ, ја извлекол на сила од домот во кој живеела жртвата, ја влечел и туркал до ...
Насер Селмани Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, наместо да придонесува за национално единство, сè повеќе делува како продолжена рака на пропагандата на власта. Нејзиниот најнов политички наратив е барањето Северна Македонија да се оценува според исполнувањето на Копенхашките критериуми,кои ако се исполнат се станува членка на ЕУ. Таа ги користи овие критериуми како аргумент за оправдување на владината политика, која фактички ги ...
Семејното насилство претставува сериозен општествен и здравствен проблем што бара координиран институционален одговор, поголема доверба во системот и ефикасна примена на Националната стратегија, порачаа учесниците на трибина на тема „Борбата со семејното насилство и насилството врз жената како социјален предизвик: институционален, психосоцијален и вредносен одговор“, нагласувајќи дека жртвите и натаму се соочуваат со страв, недоверба и ...
Во недела, 17 мај, во Скопје ќе се одржи 14. издание на спортско-рекреативниот настан „Прв до врв“, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во рамки на настанот, велосипедската трка ќе стартува во 9:45 часот пред Музејот на град Скопје, а учесниците ќе се движат по улиците „Св. Кирил и Методиј“, булеварите „Св. Климент Охридски“ и „Мајка Тереза“, потоа по улицата „Тодор ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.К.(53) од беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „насилство врз дете“, соопшти полицијата. Во периодот од 03.02.2026 до 10.02.2026, пријавениот, вработен како хигиеничар во основно училиште во истото село, извршил психичко насилство над тројца ученици и ги снимал со неговиот мобилен телефон. Надворешната канцеларија за ...
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (36) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“. Како што соопшти полицијата, осомничениот бил лишен од слобода околу 1 часот по полноќ од страна на полициски службеници, а при извршен претрес во неговиот дом, со наредба од Основен суд Битола, бил пронајден и одземен пиштол. Според пријавата, М.Ѓ. на 30 април 2026 ...
Дневната програма на фестивалот „Виноскоп“ за денеска е откажана и се преместува за утре поради најавените врнежи и од безбедносни причини, соопштија организаторите. Согласно измените, утрешната програма ќе се реализира на Школка во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 12:00 часот и ќе трае до полноќ. Во првиот дел од програмата, од 12:00 до 18:00 часот, посетителите ќе можат да уживаат во дневната програма со настапи на DJ Oky Doky, DJ ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски денеска соопшти дека обвинителите Ислам Абази и Катерина Коларевиќ намерно ги изоставиле извештаите на Државниот завод за ревизија (ДЗР) во случајот поврзан со набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во вторникот соопшти дека ја запрело постапката за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ бидејќи во истрагата, која траеше една година, ...
Од опозициската СДСМ реагираат дека, и покрај претходни изјави на Христијан Мицкоски, Тимчо Муцунски и Гордана Сиљановска-Давкова во кои, како што наведуваат, биле истакнати позитивни оценки за Преспанскиот договор, НАТО членството и заштитата на идентитетските прашања, останува отворено прашањето за реализацијата на реформската агенда. Во соопштението на СДСМ, се наведува дека повеќе од две години не е направен значаен напредок во ...
Деница Китанова/Актуално Откако новата бугарска министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова, ги нарече властите во Северна Македонија „северномакедонски партнери“, нејзиниот македонски колега Тимчо Муцунски се навреди и дури го повика бугарскиот амбасадор во Скопје поради зборовите на првиот дипломат на Бугарија. Според таа логика, Муцунски би требало да повика уште многу амбасадори, меѓу кои и амбасадорот на САД, поради истото. ...
Денеска попладне и Виница ќе се придружи на „Маршот на ангелите“ кој е посветен на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во пожарот во дивата дискотека загинаа 63 претежно млади, а повредени беа над 200 лица. Како што информираа од здружението на граѓани „16 март 2025“, собирот е предвиден од 16 часот и 45 минути на плоштадот „Ангел Винички“, со што, се повикуваат сите граѓани и поддржувачи, да се приклучат на ...
Мајка на 12-годишно девојче од Скопје пријавила во полиција дека момче, кое исто така е малолетно, но возраста во соопштението на МВР не се открива, од март наваму под закана ја принудувало нејзината ќерка да му испраќа експлицитни слики и видеа. „На 13.05.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од март 2026 до денот на пријавата, нејзината 12-годишна ќерка под закана преку мобилна апликација ...
Проф. д-р Пламен Павлов/Труд Во периодот 1929–1934 година светот е зафатен од глобална финансиска и економска криза, позната како „Големата депресија“, започната со „Црниот вторник“ (4 септември) на берзите во Соединетите Американски Држави. Започнува нагло опаѓање на производството и трговијата, што предизвикува масовна невработеност и социјални потреси… Бугарија не останува незасегната, иако во помал степен во споредба со големите економии. ...
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и амбасадорката на Словачката Република Ивета Хрицова на заедничка средба ги разгледаа можностите за идна соработка особено во областа на реализацијата на европските реформи во работата на Јавното обвинителство. Меѓу клучните активности во претстојниот период, преку контакти со словачкото обвинителство, ќе биде иницирана размена на искуства во повеќе области, студиски посети, ...
Со години, Комисијата за односи меѓу заедниците беше ставена на маргините, оценуваат од „Вреди“. „Беше де факто ослабена од политиките на ДУИ. Нејзината улога беше ослабена. Ја изгуби реалната тежина во процесите на одлучување, иако произлегува од Охридскиот рамковен договор. Од денес, тоа се менува. На чело на Комисијата е избран пратеникот на „Вреди“, Аднан Азизи. Тој ќе предводи нова фаза. Фаза на целосна функционалност и јасна ...
Во Амбасадата на САД во Софија беше одржана церемонија по повод Денот на припадниците на безбедносните органи, при што беше оддадена почит на загинатите полицајци и припадници на безбедносните служби на САД и на Бугарија, јавува БГНЕС. На настанот присуствуваа вршителката на должност заменик-шеф на американската амбасада Никол Фокс, бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и вршителот на должност главен секретар на МВР Георги ...
Претставници на Бугарија, Грција, Србија и Северна Македонија во Атина разговараа за проширување на т.н. Вертикален гасен коридор и зајакнување на регионалната енергетска соработка, јавува БТА. На средбата учествуваа грчкиот министер за енергетика Ставрос Папаставру, српската министерка Дубравка Хандановиќ, министерката за енергетика на Северна Македонија Сања Божиновска и заменик-министерот за енергетика на Бугарија Кирил Темелков. Главна ...
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со италијанскиот амбасадор во земјава Паоло Палминтери. Соработката на Јавното обвинителство со Република Италија е екстензивна, а Италија како еден од најсилните поддржувачи на Македонија во ЕУ е силно заинтересирана за областа владеење на правото. Италијанскиот амбасадор пред државниот обвинител ги презентираше досегашните активности во таа насока, ...