Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Бугарија се утврдува како регионален центар за вештачка интелигенција, изјави бугарскиот министер за иновации и дигитална трансформација Иван Василев на отворањето на Третата средба на академиите на науките од регионот на Црноморската економска соработка во Софија, пренесува Радио Бугарија. Форумот е посветен на темата „Вештачката интелигенција како катализатор за научна соработка во црноморскиот регион“. Василев ја истакна улогата на ...
Управата за јавни приходи продолжува со засилени теренски контроли за фискализација, при што во првите четири месеци од 2026 година кај над 40% од контролираните субјекти се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), од кои 30% се неправилности кои директно значат неиздавање фискални сметки, издавање непропишани сметки и непоседување фискална каса. Во овој период, Управата за јавни приходи (УЈП) ...
Христијан Мицкоски денеска повторно се обидува да ја префрли вината на СДСМ за сопственото нефункционирање, реагираат од СДСМ, на изјавата на премиерот. „Реалноста е следнава: Тој сам ја укина Техничката влада. Тој рече дека „СДСМ не му треба“. Тој вети дека до 1 јуни ќе ги заврши сите точки од Реформската агенда. Сега, кога не успеа да исполни ништо, повторно бара „разум од СДСМ“. Основниот услов за продолжување на преговорите со ЕУ е ...
Измамена жена во Градско, ја излажале дека ќерка ѝ е во болница и дека за операција се потребни 240.000 денари. Жената ги однела парите пред болница и ги дала на женско лице, а подоцна сфатила дека е измамена. Според информациите на МВР, вчера во 14:30 часот во СВР Велес, 58-годишна жена од село во општина Градско, пријави дека била измамена за сума од 240.000 денари. Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило ...
Концертот на Дејвид Гета кој ќе се одржи на Градски стадион во Скопје на 8 септември по повод 35 години независност на Македонија е распоредаден за помалку од 12 часа, соопшти Авалон. „Ве информираме дека официјално е распродаден целиот капацитет на Арена „Тодор Проески“! Продадени се 50.000 влезници во помалку од 12 часа! Повеќе од 250.000 луѓе! Голем дел од нив во ист момент, се приклучија на avalonbooking.mk, што предизвика потешкотии при ...
На 14.05.2026 на подрачјето Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода Е.И.(26) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Имено, на 13.05.2026 во полициска станица, 61-годишен скопјанец пријавил дека во периодот од 09.05. до 13.05.2026 на мобилна апликација на негов број добивал пораки од едно лице кое го уценувало и ...
По повод Меѓународниот ден на семејството, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го посети СОС Детско село, каде што оствари средба и дружење со децата, згрижувачките семејства и тимот на организацијата. За време на посетата беа донирани подароци, но, како што истакна, најголем впечаток оставиле животните приказни, талентот и истрајноста на младите луѓе кои растат во СОС Детско село. „Овие деца се вистински херои. Меѓу нив има ...
Секојдневно сме сведоци на булинг, физички пресметки, закани и инциденти со ладно оружје во училиштата и ученичките домови. Ова е јасен сигнал дека системот потфрла, и уште колку инциденти треба да се случат во училиштата за Министерството за образование конечно да признае дека состојбата е алармантна? Кој ќе понесе одговорност?, праша Јованче Манасков, претседател на Комисијата за образование и наука, на денешната прес-конференција. „Кога ...
Скопјанец нашол стара рачна бомба додека го чистел дворот на подрачјето на Гази Баба. Според информациите на МВР, вчера во 08:38 часот во СВР Скопје, А.С.(38) од Скопје пријави дека при чистење на дворот на подрачјето на Гази Баба пронашол стара рачна бомба. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гази Баба, а бомбата била подигната за понатамошна постапка. Скопјанец нашол стара рачна бомба додека го чистел дворот на подрачјето ...
Маж од Гостивар следел и вознемирувал 15-годишна малолетничка преку апликација на мобилен телефон. Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против Г.А.(44) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Во периодот од 13.03.2026 до 24.03.2026 пријавениот следел и вознемирувал 15-годишна малолетничка преку апликација на мобилен телефон. Маж од Гостивар следел и вознемирувал 15-годишна ...
Министерството за внатрешни работи и А1 Македонија денеска официјално ја претставија националната општествено одговорна кампања „Одговорно со технологијата“, насочена кон подигнување на јавната свест за ризиците од користење мобилен телефон и дигитална дистракција во сообраќајот. Кампањата има за цел да поттикне поголема одговорност кај сите учесници во сообраќајот – возачи, пешаци, велосипедисти и корисници на електрични тротинети, ...
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, по повод Меѓународниот ден на семејството, информира за континуираната поддршка, мерките и иницијативите насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, со посебен фокус на младите семејства, децата и повозрасните. По тој повод, општина Центар ја истакнува својата заложба за создавање подобри услови за живот и зајакнување на социјалната сигурност на сите категории граѓани. ...
Општина Ѓорче Петров започна со реализација на пилот-проект за селекција на отпад, со цел подигнување на еколошката свест и унапредување на одржливото управување со отпадот на локално ниво. Во рамки на проектот, а во соработка со Центарот за климатски промени – Гевгелија и АлпакЕко, се доделуваат канти за селекција на отпад од ПЕТ (пластична) амбалажа на вкупно 60 домаќинства на територија на општината. „Проектот претставува почетна фаза од ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали активно се работи на патно поврзување на Кичево, изјави: „Ние пред некој ден имавме со новинарите посета на градежните активности коишто се случуваат на автопатот, најпрвин Гостивар-Букојчани, а потоа Кичево-Охрид. Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна делница и очекувам делницата Кичево-Охрид да биде завршена некаде, еве најдоцна да ...
Во Бугарски културно-информативен центар во Скопје на 14 мај беше одбележан Денот на бугарската просвета, култура и словенската писменост – 24 Мај, со патувачката изложба „Заедно по патот на Кирил и Методиј“, арт-инсталацијата „За буквите“ и програма подготвена од учениците од неделното училиште „Здравеј“, јавува БТА. Инсталацијата „За буквите“, создадена од „Духовно огледало“, содржи 32 чадори со букви од кирилицата и глаголицата и нивното ...
Ислам Абази како шеф на обвинителството за ГОКК, наместо да го гони и сузбива организираниот криминал и корупција, тој стана џелат на правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Затворањето на постапката за предметот „Мазут“ за кој постојат основани сомненија за сторен криминал тежок 167 милиони евра е скандал и доказ за активирање на послушниците на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче за одбрана на криминалците од СДС и ДУИ. ...
Секојдневните сведоштва за булинг, физички пресметки, закани и инциденти со ладно оружје во училиштата и ученичките домови се јасен сигнал дека системот за превенција потфрла, а Министерството за образование и наука не презема соодветни активности. Ова на денешната прес-конференција го истакна претседателот на Комисијата за образование и наука на СДСМ, Јованче Манасков, кој обвини дека во образовниот систем недостасуваат стратегија и ...
На предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Владата донесе одлука за отворање на Амбасада на Република Северна Македонија во Република Литванија, со седиште во Вилнус. Воспоставувањето постојано резидентно дипломатско присуство во Вилнус ќе придонесе за зајакнување на директниот политички дијалог меѓу двете земји, поефикасно застапување на нашите национални интереси и унапредување на билатералната соработка со ...
Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците во Собранието за да ги дооформат предлозите за измени на Законот за основно образование, со кои се предвидува казна за родителите на децата кои се насилни во училиште, информираше министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа потврди дека одлуката е веќе донесена и дека овие измени ќе бидат направени во собраниска процедура. Според најавените измени, останува предлогот казната ...
Вчера во 16:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Коце Металец“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.П. од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а возачот А.П. е лишен од слобода по член 300 ...
Комисијата за заразни болести формирана при Министерството за здравство одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер со хантавирус – андес варијанта во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот и здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата. Институтот за јавно здравје располага со реагенси за лабораториско докажување на вирусот, ...
Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска, учествуваше и се обрати на 134-та сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа, која годинава се одржа во Кишињев, Република Молдавија. На сесијата учествуваа министри за надворешни работи на земјите членки и високи претставници на Организацијата. Во услови на значајни геополитички предизвици, засилени притисоци врз мултилатерализмот и ...
Општина Кичево се гради и развива, а дадените ветувања пред кичевчани се исполнуваат, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Тој изрази уверување дека сите отпочнати проекти од прилично амбициозната агенда ќе бидат завршени. Премиерот упати благодарност до градоначалникот на Кичево за неговата голема и забележлива амбициозност, како и до администрацијата која ги подготвува проектите и советниците во Советот кои ја поддржуваат ...
На 7 јуни Софиската филхармонија за првпат ќе настапи во Големата сала на Моцартеум — една од најпрестижните концертни сцени во Европа. Под диригентство на Најден Тодоров, оркестарот ќе изведе програма со дела од Карл Филип Емануел Бах и Волфганг Амадеус Моцарт, меѓу кои Концерт за флејта, Концерт за виолина бр. 1 и Симфонија бр. 40 во г-мол, јавува БГНЕС. Основана во 1841 година, салата на Моцартеум е позната по својата исклучителна акустика ...
Регионот на Разлог бил вклучен во подготовките за Априлското востание, изјави д-р Георги Тренчев од Македонскиот научен институт на отворањето на Националната научна конференција „Априлското востание и националноослободителните борби на Бугарите во Македонија“, јавува БТА. Тој истакна дека иако главниот акцент при одбележувањето на 150-годишнината е ставен на местата каде се воделе најжестоките борби, подготовките за востанието се одвивале и ...
Бугарско-германските односи во периодот од 2009 до 2026 година прераснаа од класичен политички дијалог во стратешко и индустриско партнерство во рамките на ЕУ и НАТО, пишува во материјал на бугарската информативна агенција БГНЕС. Германија останува најголем трговски партнер и еден од најважните инвеститори во Бугарија, со трговска размена што во последните години надминува 12 милијарди евра годишно. Германските инвестиции во бугарската ...
Додека Мицкоски е премиер, нема да мрднеме од точката на која сме сега и нема да се движиме кон Европската Унија. Тоа е антимакедонска политика, затоа што местото на Македонија е во Европската Унија, во заедницата на цивилизираните современи нации. Може да очекувате неколку последователни формални покани од Мицкоски и нашите министри до Радев и министрите од неговата влада да дојдат во посета на Македонија. Мицкоски ќе манипулира во насока: ...
Бугарската поп ѕвезда DARA се пласираше во големото финале на музичкиот натпревар Евровизија во Виена. Таа настапи на сцената во второто полуфинале под реден број 1, за да ја изведе својата песна „Bangaranga“. Во финалето по втората полуфинална вечер покрај Бугарија, се пласираа: Украина, Албанија, Романија Кипар, Норвешка, Данска, Малта, Чешка, Австралија. Големото финале е на 16 мај (сабота) со почеток од 21 часот и ќе биде емитувано на ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство при вршење семејно насилство, односно квалификувано според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Утрово, осомничениот ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал четири заеднички малолетни деца. Откако се осигурал дека нејзиниот татко ...
Во Штип беше претставен завршениот проект „Заедно за инклузивна општина“, на здружението „Хендикеп Плус“ и општина Штип, финансиран во рамки на Бугарската помош за развој, јавува БТА. Целта на проектот е обезбедување на социјални промени во општината, иницирани од лица со попреченост за потранспарентно, поодговорно и поинклузивно управување на локално ниво. Специфичните цели се насочени кон поттикнување на исполнувањето на обврските од ...