Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Ученикот кој вчера беше прободен во основно училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Нападот го извршил поранешен ученик, а повредениот е ученик во деветто одделение. „Со жалење и сериозна вознемиреност ја примив информацијата за немилиот настан кој се случил во училиште во Ченто, каде што еден поранешен ученик кој минатата година го завршил своето образование во ова ...
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изврши увид на изградбата, односно завршницата на еден капитален објект за Битола. Центарот за спорт и спортски активности е еден од шеснаесетте проекти финансирани од Владата на Македонија преку Министерството за спорт со вкупна вредност од над 43 милиони денари. Надвор во завршна фаза е довршувањето на фасадата на објектот, а во внатрешноста на објектот се довршува подот. Објектот е на два ката со ...
Министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова разговараше телефонски со првиот дипломат на Израел, Гидеон Саар. Министерот Саар ѝ честиташе на Велислава Петрова за преземањето на функцијата министер за надворешни работи на Бугарија и ѝ посака успех во високоговорната мисија, јавува МНР на Бугарија. За време на разговорот, кој се одржал на иницијатива на израелската страна, двајцата ја истакнаа стратешката природа на односите ...
За првиот дипломатски претставник на Бугарија во САД раскажува Актуално во својата едиција од написи „Невоспеаните херои“. Стефан Панаретов е роден на 4 октомври 1853 година во Сливен. Детството го поминува во Цариград, каде што се школува во бугарското училиште при црквата „Свети Стефан“, а потоа дипломира на Robert College. Подоцна повеќе од 40 години предава бугарски јазик таму и активно работи на преводи на бугарска литература на англиски ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на СОС Детско село РС Македонија по повод одбележувањето на 25-годишнината од постоењето и работата на организацијата. Таа упати честитки по повод значајниот јубилеј до вработените, соработниците и поддржувачите на организацијата, посакувајќи им понатамошен успех во остварувањето на стратешките приоритети. Соговорниците ја запознаа претседателката со досегашните ...
Град Скопје ја модернизира Противпожарната бригада со ново специјално навално противпожарно возило од производителот MAN, наменето за гасење пожари во урбана средина и технички интервенции, кое е донација од приватна компанија, соопштија од Град Скопје. Возилото располага со цистерна од 6.000 литри, пумпа со нормален и висок притисок, витло од 60 метри и современа противпожарна опрема, вклучително и монитор-млазница со далечинска контрола за ...
Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, додели Почесни знаци на претседателот на личности и институции како признание за нивните заслуги во образованието, културата, литературата и уметноста. Церемонијата се одржа во Салата со државниот грб, во зградата на претседателската институција во Софија, јавува БТА. Меѓу наградените е Национална академија за театарска и филмска уметност „Крсто Сарафов“, по повод 150 години од раѓањето на ...
Ученичка била нападната во основно училиште во Скопје, а нејзин соученик снимал со мобилен телефон. Според информациите на МВР, вчера М.Д.(52) од Скопје пријави дека на 08 мај околу 12:00 часот во дворот на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзина соученичка, при што настанот бил снимен со мобилен телефон од друг малолетник. Известени биле стручните служби во училиштето, ...
Синоќа во 21:28 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат во с.Ратавица, кај место викано „Глобица“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(56) од Кочани и патничко возило „пежо“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.М.(29) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „југо“, кој со возило на Итна ...
Тројца ученици кои биле на екскурзија во парк шумата Гази Баба биле нападнати и ограбени од други малолетници. Според информациите на МВР, вчера од основно училиште на подрачјето на општина Аеродром е пријавено дека за време на еднодневна екскурзија организирана преку училиштето во парк шума Гази Баба, неколку ученици биле физички нападнати од неколку други малолетници, а на еден ученик му бил одземен личен накит. „Во 16:13 часот во СВР ...
Починато петмесечно бебе било утрово донесено на Детската клиника. Според информациите од МВР, утрово во 06:05 часот во СВР Скопје, од Детска клиника при Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив било донесено починато петмесечно бебе од скопско. Според пријавеното, таткото на бебето околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Чучер-Сандево го пронашол своето бебе починато, кое било предвреме родено, и ...
На денешната јавна расправа за Предлог-законот за пробација, министерот за правда Игор Филков истакна дека новото законско решение претставува значаен чекор кон воспоставување современ, поефикасен и поправеден систем за извршување на санкциите и примена на пробациските мерки. „Со ова законско решение воспоставуваме јасен и модерен пробациски систем кој носи три клучни резултати: поефикасно извршување на мерките во заедницата, посилна ...
Скопјанец бил ограбен додека бил во неговиот автомобил, крадецот ја отворил совозачката врата. Според информациите на МВР, 11 мај, во 01:30 часот во СВР Скопје, Н.И.(41) од Скопје пријави дека околу 00:10 часот, додека бил во неговото возило, едно лице од совозачката страна ја отворило вратата и му одзело чанта со пари, банкарски картички, лични документи и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Скопјанец бил ...
Петнаесетгодишен малолетник нападнал ученик со остар предмет во основно училиште на подрачјето на Гази Баба. Според информациите на МВР, вчера, полициски службеници од СВР Скопје уапсија 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето. Предметот е одземен ...
Вчера околу 07:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Бранко Заревски“ и ул. „Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Т.М.(58) од Скопје, удрило во пешакот Ј.М.(79) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје. Полицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа на СВР ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Д.(39) од Куманово. Тој се сомничи за сторено кривично дело „фалсификување исправа”. Пријавениот изготвил фалсификувана диплома, во која внел неточни податоци дека има завршено четиригодишно средно образование, и во повеќе наврати во период од 2020 до 2026, при засновање на работни односи во повеќе правни субјекти, ја употребил како вистинска. СВР Куманово поднесе кривична пријава против ...
Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети испорачува за бандата и криминалците, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра, изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. „Шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој одработува за Филипче, Заев и Ахмети, односно за СДС и ДУИ, донесе контраверзна наредба за запирање на истрагата во предметот поврзан со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вреден 167 ...
Првиот заменик на Претседателот на Владата и Министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на дискусија посветена на дигиталната трансформација и поддршката на општините во процесот на европска интеграција. Во своето обраќање, Сали нагласи дека европската интеграција мора да биде видлива за граѓаните преку конкретни, функционални и достапни услуги на локално ниво. „Наш приоритет е да ги претвориме европските политики – од acquis, ...
Полицијата уапси скопјанец кој пукал во воздух со сигнален пиштол на територија на општина Аеродром. Според информациите на МВР, вчера е уапсен Ф.Д. (27) од Скопје затоа што истиот ден околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во движење пукал во воздух со сигнален пиштол. Со Ф.Д. е извршен службен разговор и од него е одземен сигнален пиштол со една рамка во која ...
Во Собранието, во рамки на Клубот на младински прашања и политики, се одржа средба меѓу пратеници и ученици од средните училишта, учесници во програмата „Најгласни“, која ја имплементираат Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД). Настанот беше посветен на унапредување на дијалогот меѓу младите и носителите на одлуки, со цел младинските ставови, идеи и предизвици директно да бидат слушнати во ...
Град Скопје го бележи најдобриот прв квартал во својата историја според реализацијата на капиталните инвестиции, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, посочувајќи дека за првпат е постигната рекордна реализација уште во првите месеци од годината. Според податоците од Градот, во Основниот буџет за 2026 година биле планирани капитални инвестиции во износ од 1,85 милијарди денари, што претставува зголемување од 32,4 проценти ...
Бугарскиот министер за култура Евтим Милошев на 11 мај во галеријата „Средец“ при Министерството за култура ја отвори изложбата „Слово и памет“ по повод 50-годишнината на Националниот литературен музеј. Во своето обраќање Милошев истакна дека не е случајно што изложбата се отвора на 11 мај – денот посветен на светите браќа Кирил и Методиј. Тој нагласи дека „литературната меморија не треба да остане затворена само во архивите – таа треба да ...
Општина Крива Паланка и оваа година обезбеди финансиска поддршка за сите матуранти од СОУ „Ѓорче Петров“, при што денес на сметките на учениците беа исплатени по 3.000 денари како симболичен придонес во пресрет на матурските прослави и одбележувањето на еден од најзначајните моменти во нивниот живот, завршувањето на средното образование. Оваа мерка се реализира четврта година по ред. Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ...
Претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски, и Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, денеска потпишаа Меморандум со кој се воспоставува институционална рамка за заеднички активности насочени кон унапредување на безбедноста во сообраќајоти јакнење на јавната свест за одговорно учество во сообраќајот. „Со Меморандумот се предвидува соработка на ...
Среќни сме што можеме да споделиме дека првата донација на книги за библиотеката при Амбасадата на Република Бугарија во Србија беше направена благодарение на г-ѓа Елисавета Шапкарева – правнука на Кузман Шапкарев, внука на Елисавета Багрјана и претседателка на Бугарското здружение на родовите од Македонија, јавуваат од Амбасадата на Република Бугарија преку својата Facebook страна. Особено вреден дел од донацијата се изданијата на самото ...
Триесет и петгодишнината од независноста на Македонија ќе се слави еден месец, од 8 август до 8 септември. Централниот настан ќе биде на 8 септември на Градскиот стадион во Скопје со настап на познатиот ди-џеј Дејвид Гета. Од Владата најавија дека ќе има настани низ повеќе градови во Македонија со учество на над 120 македонски уметници, а деталите ќе бидат објавувани од утре, за што ќе биде изготвена и посебна веб-страница. „Оваа година ги ...
Полицијата го уапси возачот на камион кој вчера прегази пешак на патот Прилеп-Градско. Според информациите на МВР, вчера во 18:05 часот е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89) од општина Росоман. Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт. По наредба на ...
Српски државјанин, осомничен да изврши убиство во име на криминална група, е уапсен во Скопје, информира српското Министерство за внатрешни работи. „Во соработка и врз основа на размена на информации помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Криминалистичката полиција, Службата за сузбивање на криминалот и Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во Скопје е уапсен С. М. (42)“, соопшти ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика младите во Центар да се пријават за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Тој посочи дека интересот за оваа мерка е зголемен и дека субвенциите претставуваат значајна поддршка за младите и нивните семејства. „Ме радува што годинава имаме зголемен интерес за оваа мерка. Субвенциите не се само олеснување за семејниот буџет, туку и вистински чекор кон ...
СДСМ бара вонредна седница на Советот на општина Карпош по, како што велат, повлекувањето на градоначалникот, Сотир Лукровски. „После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно излегуваат на површина и во ВМРО-ОКГ. Градоначалникот Сотир Лукровски се повлекува, затоа не сака да потпишува документи поврзани со бизнис интересите на Мицкоски и неговата група. Документи кои можат да значат лична кривична одговорност поврзана со сомнителни ...