Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе оствари средби со високи претставници на украинските државни институции. Во рамки на посетата, Сали учествуваше на комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина, при што беше изразена солидарност и поддршка кон украинскиот народ. За време на посетата, предвидена е билатерална средба со ...
Во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани, Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, набави и испорача во ЈЗУ Општа болница Кочани 90 (деведесет) комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација. Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролер и клон ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на ...
Патот кон Теферич е затворен за сообраќај објави на социјалните мрежи градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. „По денешниот повторен увид на терен со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, и извршените стручни анализи, во координација со сите релевантни институции, донесена е одлука за итно затворање на овој патен правец. Ја информираме јавноста дека интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и ...
Лидерите на девет европски земји пристигнаа во Киев утрово, на четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина. Лидерите на Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка, Шведска и Хрватска пристигнаа во украинската престолнина. I was glad to welcome our Croatian friends to Kyiv, Prime Minister @AndrejPlenkovic and my colleague @grlicradman. We are grateful to friendly Croatia for its support and ...
Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води исклучиво од законските основи, велат од ЈОРМ. „Во однос на реакциите на јавноста во врска определената мерка за обезбедување – куќен притвор за еден од осомничените во предметот „Државна лотарија“, обвинителството нагласува дека, согласно Законот за кривична постапка, мерката куќен притвор, особено кога се ...
Андреј Ковачев Четири години од почетокот на целосната руска агресија врз Украина. Четири години искушение за совеста на Европа — и на Бугарија. Често се цитира Данте дека „најтемните места во Пеколот се за оние што остануваат неутрални во време на морална криза“. Не е буквален цитат, но смислата е јасна — рамнодушните се соочуваат со презир затоа што немале храброст да ја изберат морално оправданата страна. Денес изборот е јасен. Пред четири ...
Првите часови од универзитетскиот курс по бугарски јазик на Универзитетот во Барселона ќе бидат организирани денес, 24 февруари. Ова го соопштија од Генералниот конзулат на Бугарија во Барселона, Шпанија, преку објава на својата Фејсбук страница, пренесува БТА. Курсот е на јазично ниво А1 и е достапен како за студентите на универзитетот, така и за надворешни учесници. „Ова е одлична можност за сите што сакаат да ги направат првите чекори во ...
Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски, алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин. „Не можеме само да му дадеме (на Путин) сè што сака. Затоа што сака да нè окупира. Ако му дадеме сè што сака, ќе изгубиме сè – сите ќе мора да избегаме или да станеме Руси“, рече Зеленски синоќа во интервју за американската телевизиска ...
Поминаа повеќе од Голем број граѓани и компании останаа без своите заштеди и деловни средства, додека постапката што ја водат надлежните институции останува без јавно објавен епилог, реагираат од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка. Истрагата, како што велат, отворена во февруари 2021 година, е насочена кон поранешни највисоки раководни лица на банката, односно членови на надзорните и управните структури и лица одговорни за ...
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, оцени дека војната во Украина, која трае веќе четири години, претставува „троен неуспех“ на Русија – воен, економски и стратешки. „Четири години Европа се буди со звукот на руските бомби во Украина. Четири години агресивна војна избрана од Русија, со очигледно непочитување на меѓународното право, суверенитетот на народите и човечките животи. Четири години погодени градови, уништени училишта и ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека мирот во Украина мора да биде под условите на Киев. „Во Киев по десетти пат од почетокот на војната. Да повториме дека Европа стои покрај Украина, финансиски, воено и во текот на оваа сурова зима. Да ја нагласиме нашата континуирана посветеност на праведната борба на Украина. И да испратиме јасна порака и до украинскиот народ и до агресорот: нема да се откажеме ...
Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 посто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7 годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе ...
Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата. Дефокус не го полни фрижидерот, истакнуваат од СДСМ. „Со дефокус не можете да ја тргнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари. Повеќе не можете така да поминувате. На сите им е сè јасно. План за ребаланс на буџетот и кратење на луксузот ви дадовме. ...
„Одлуката за куќен притвор за Артан Груби е уште една силна потврда за дилог ВМРО-ДУИ. Правната држава е погребана. Сè е однапред договорено и режирано. Куќен притвор за лице кое веќе еднаш избегало од државата и за кое веќе имало одредено мерка притвор“, велат од СДСМ. „Затоа го сменија јавниот обвнител, избраа судии и обвинители под нивна контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, советник на Мицкоски во ...
Министерството за одбрана на Бугарија обезбедило 13 пакети помош за Украина од почетокот на војната, соопшти владиниот сајт за јавни информации. Видот на помошта и нејзината вредност се класифицирана информација, се наведува во соопштението. Последниот пакет е од 12 февруари 2026 година, јавува БНР. Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година и го предизвика најкрвавиот и најразорниот конфликт во Европа по Втората светска војна. ...
На 24 февруари во Домот на Европа во Софија ќе се одржи настан и проекција на документарниот филм „Ukraine: Love+War (2014–2025)“ со учество на амбасадорката на Украина Олесја Илашчук и Јорданка Чобанова, раководителка на Претставништвото на Европската комисија во Бугарија, јавува БГНЕС. Филмот, инспириран од изданијата на FotoEvidence, преку визуелни сведоштва и лични приказни ги прикажува последиците од руската воена агресија и отпорноста ...
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во Украина, но отфрли можност за отстапки кон Русија. „Украина, секако, мора прва да проговори, но ние сме подготвени и да разговараме“, рече Вадефул на форумот „Кафе Киев“ организиран од Фондацијата Конрад Аденауер во Берлин. „Но, ние нема да дојдеме во Москва и да направиме дополнителни отстапки. Нема да го сториме ...
Министерката за надворешни работи на Бугарија Надежда Нејнски денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО Марк Руте во Брисел. За време на средбата беа разгледани променливата безбедносна средина и трансатлантските односи, јавува МНР на Бугарија. Министерката Нејнски ја истакна решавачката улога на НАТО во гарантирањето на безбедноста и одбраната на Република Бугарија, како и потребата од зачувување на трансатлантското единство за ...
Што памети филмската лента? И можеме ли да го воскреснеме мигот? Овие прашања си ги поставува новиот документарен филм на БНТ „Траги по лентата“, кој ќе биде емитуван во рубриката „Во кадар“ оваа среда, 25 февруари, од 21:30 ч. на БНТ 1. Неодамна филмотеките на Србија, Бугарија и Црна Гора го реставрираа ремек-делото на бугарскиот режисер В’ло Радев „Крадецот на праски“. Создаден во 1964 г. според новела на Емилијан Станев, филмот ја ...
Бесарабскиот Бугарин Иван Пепељашков е воен пилот на Украинската армија. Поминал 2 месеци како воен заробеник, заробен во 2022 г. од страна на руските трупи. Пепелјашков разговара ексклузивно со Теодора Гатева, специјален пратеник на Бугарската национална телевизија во Киев. Иван Пепељашков: Најнапред да ви се заблагодарам што ме поканивте. На 8 март 2022 г. извршувавме специјална задача со нашите хеликоптери и додека работевме се случи мала ...
Министерката за надворешни работи на Бугарија Надежда Неински учествуваше на редовното месечно заседание на Советот „Надворешни работи“ на ЕУ, кое се одржа денес во Брисел, јавува МНР на Бугарија. На почетокот на заседанието министрите за надворешни работи на земјите членки ја разгледаа актуелната состојба поврзана со руската воена агресија против Украина. Во пресрет на четвртата годишнина од почетокот на војната тие упатија единствени пораки ...
Денес во просториите на Општина Кисела Вода, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска оствари средба со Самуил Наумовски Викиус, извршен директор на Шведско-македонската стопанска комора. Оваа стопанска комора, која официјално започна со функционирање во октомври 2025 год., наскоро ќе ја отвори својата канцеларија во населбата Црниче, токму на територијата на општина Кисела Вода, информираат од таму. „Зад комората стојат 35 етаблирани ...
Министерството за образование и наука не е спротивставена страна на академската заедница, напротив во соработка со Универзитетите го започнавме и на ист начин ќе го завршиме Законот за високото образование, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, пред почетокот на 4-тата јавна дебата, што денес се одржа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Министерката уште еднаш нагласи дека сè што работната група смета дека е ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија, посветена на тековните реформски процеси во јавната администрација и нивното понатамошно усогласување со европските стандарди и принципи на добро управување. Во рамки на разговорите беа разгледани повеќе системски закони од клучно значење за функционирањето на администрацијата: Законот за високите раководители на органите ...
Она што најмногу се коментира за Предлог законот за високото образование се условите за напредување во звања. Ако направиме споредба, не се високи како во други европски земји. Но, мора да ги поткренеме, затоа што откако беа укинати со законот од 2018 година, квалитетот на високото образование драстично опадна и тоа мора да го промениме. Го разбирам стравот на академската заедница, разбирам дека од една фаза треба да поминеме во друга, но ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(27) од Тетово. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Имено на 05.01.2026 пред угостителски објект, пријавениот агресивно се однесувал кон неговата сестра, а подоцна во угостителскиот објект физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. СВР Тетово поднесе кривична пријава против ...
На барање на директорот Стојанче Ангелов на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), денеска беше одржан работен состанок во Министерство за правда, посветен на најавените измени на Законот за здруженија и фондации, што директно ги засегаат доброволните противпожарни друштва во Македонија. На состанокот беа разгледани можните правни импликации од предложените измени, со посебен акцент на правниот статус и функционирањето на доброволните ...
Здружението ,,16 март 2025 – Кочани” се сретна со претставници на Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија, јавува Радио Кочани. „Денес нашето здружение имаше исклучителна чест да ги пречека амбасадорот Кристоф Сомер (Christoph Sommer), г-ѓа Кармен Тенисен (Carmen Thönnissen), прв секретар, како и претставничките од Амбасадата на Швајцарија. Нивното внимание, емпатија и искрена заинтересираност за нашата работа и за ...
Анализа на СтудирајБГ Во последната деценија, студирањето во Република Бугарија се наметна како една од најчестите и најреалните образовни опции за младите од Северна Македонија. Илјадници студенти ја донеле оваа одлука не поради случајност, туку поради комбинација од квалитетно високо образование, географска близина, културна поврзаност и јасно дефинирани законски услови за студирање. И покрај тоа, темата и понатаму е придружена со бројни ...
Полицијата ги приведе Д.Г. (19) од селото Секирник, Р.П. (38) од село Владевци, А.Т. (26) од село Еднокуќево и К.Г. (19) од Струмица, поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавен во Струмица, соопшти МВР. На 22 февруари, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г. При претресот во домот на Р.П. биле пронајдени остатоци од ...