Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
– Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска ги посетил младите македонски ракометари и ракометарки кои настапуваат на Светското училишно првенство во ракомет, што се одржува до 29 април во Скопје, во организација на Министерството за спорт и Федерацијата за училишен спорт на Македонија. Како што информираат од Министерството за спорт, Ристовски им упатил честитки за одличниот старт и им посакал да продолжат во ист ритам и со уште поголема ...
Земјите-членки на Европска Унија денеска и формално го одобрија заемот за Украина од 90 милијарди евра и 20-иот пакет санкции против Русија, соопшти кипарското претседателство. И двете одлуки на ЕУ досега беа блокирани од унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, оправдувајќи го своето вето со наводното доцнење на Украина во поправката на нафтоводот „Дружба“, кој ја снабдува Унгарија со руска нафта. „Дружба“ беше оштетен кон крајот на ...
Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, ќе отсуствува од теренот до крајот на сезоната поради повреда на тетивата, објави денеска шпанскиот клуб. Јамал ја повреди тетивата на натпреварот против Селта во средата, а Барселона соопшти дека 18-годишниот шпански крилен напаѓач би требало да биде подготвен за Светското првенство оваа година. Оваа сезона, Јамал одигра вкупно 45 натпревари и постигна 24 голови за Барселона, која, на шест кола до крајот ...
На вчерашен ден 1915 година, убиен е пиринскиот цар, Јане Сандански. Тој бил личност за која се интересирал и странскиот печат, меѓу другите и англискиот. Особено во времето на неговото погибие, па натаму. Така еден британски автор пишува за илјадниците врвулици народ, кого го испраќале при неговиот погреб во Роженскиот манастир, бидејќи биле „длабоко нажалени од загубата на оној што работеше за сиромасите и за потиснатите“, во оригиналот, ...
Тренер на Бенфика, Жозе Мурињо, би го поздравил втор престој во Реал Мадрид, 13 години по неговото заминување во летото 2013 година, објави „Diario AS“. Според шпанскиот медиум, агентот на 63-годишниот Португалец, Жорге Мендеш, го пријавил ова на службениците на Реал Мадрид, кои исто така биле информирани за клаузулата за ослободување во неговиот тековен договор со Бенфика. Мурињо би можел да го раскине договорот со Бенфика на крајот од ...
Словачка од изутринава повторно почна да добива сирова нафта преку нафтоводот „Дружба“, соопшти Министерството за економија во Братислава. „Министерството за економија информира дека во 2:00 часот утрово повторно е воспоставен дотокот нафта во Словачка преку нафтоводот ‘Дружба’“, се наведува во соопштението. Нафтоводот „Дружба“ стана една од инфраструктурните постројки во Европа со силно политичко значење, откако во јануари беа запрени ...
Два воза директно се судриле на железнички премин северозападно од Копенхаген, при што четворица се критично повредени, а уште 13 луѓе завршиле во болница, објави „Би-би-си“. Возовите сообраќале на линија што ги поврзува градовите Хилерод и Кагеруп во регионот Северен Зеланд во североисточна Данска. Противпожарната служба не може да каже што ја предизвикало несреќата, но изјави за данската телевизија дека сите повредени биле пренесени во ...
Пржинската влада мора да остане, во спротивно пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од работната група за Изборниот законик, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Филипче на прес-конференција во Собранието нагласи дека со целосно автократскиот манир на владеење на актуелната власт, пржинската влада е единствен контролен механизам што гарантира фер и слободни избори. Овој целосно автократски манир на владеење на оваа власт што го гледаме е ...
Турскиот парламент усвои закон со кој им се забранува пристап до социјални медиуми на деца помлади од 15 години, во обид да се засили заштитата на малолетниците во дигиталниот простор. Согласно новите законски одредби, децата под 15-годишна возраст нема да можат да отвораат профили на социјалните мрежи, додека дигиталните платформи ќе бидат обврзани да воведат ефикасни системи за проверка на возраста на корисниците. Платформите ќе бидат ...
Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (EES) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година. Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјава, кој предупредува дека евентуалната примена на ...
Македонците со своите платежни картички во странство потрошиле 427,8 милиони евра на онлајн трансакции и направиле 12,4 милиони трансакции, купувајќи производи и услуги најчесто поврзани со патувања (авиобилети и резервации на хотели), соопшти Асоцијацијата за е-трговија која ги анализираше објавените податоци од Народната банка за платежни трансакции со платежни картички според типот на уредот (географска поделба по земји) во 2025 година. Во ...
Опозициската СДСМ денес на прес конференција обвини дека зад проектот за изградба на рудник за антимон кај Крива Паланка стојат донатори на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и се кријат бизнис интереси. „Она што Христијан Мицкоски се обиде да му го продаде на народот како наводен ‘државен интерес’ и стратешки дијалог со САД, всушност е само уште еден бизнис план. Профит, пред здравје, бизнис пред народ“, изјави на прес конференција Богданка Кузеска – ...
Меѓународната референтна цена на суровата нафта од типот „Брент“ денес се искачи над 103 долари за барел. Порастот доаѓа по медиумските извештаи дека САД пресретнале најмалку три ирански танкери во азиските води, што дополнително ја зголеми неизвесноста на пазарите и стравувањата дека конфликтот на Блискиот Исток нема да заврши наскоро. Според податоците од берзите во 9:30 часот, цената на суровата нафта пораснала за 1,31 отсто на 94,213 ...
Објавен е тендерот за избор на надзор за третата фаза од пругата кон Бугарија, а за 10-ина дена треба да биде објавен и тендерот за избор на изведувач, со што во текот на летото ќе почнат работите на терен – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8, кој се одржува во соработка со претставници на Делегацијата на Европската унија во Скопје. ...
Уапсен е Мухамед Мети Сејдини, поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Првичните информации до кои дојде Нетпрес велат дека се сомничи за проневера на околу 700.000 евра, пари од УЕФА доделени на ФФМ за поддршка и изградба на трибина на стадионот во Охрид. Акцијата ја спроведува МВР во соработка со Јавното Обвинителство. Неофицијално, со доаѓање на новото ракивидство на ФФМ, увидени се злоупотреби и истите се ...
Русија од мај повеќе нема да транспортира нафта од Казахстан до Германија преку нафтоводот „Дружба“, соопшти рускиот вицепремиер Александар Новак. Новак, кој е задолжен за енергетиката, изјави дека испораките на казахстанска нафта за Германија преку „Дружба“, која повеќепати е цел на напади за време на конфликтот во Украина, од 1 мај ќе бидат пренасочени поради „актуелните технички можности“. Тој додаде дека за ова ја информирал ...
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската Унија да бидат подготвени и координирано да дејствуваат за да се избегне недостиг на керозин во текот на претстојната летна сезона. Причината е зголемената ранливост на европскиот пазар на авионско гориво поради кризата на Блискиот Исток и неизвесноста околу Ормускиот Теснец. Според препораките на Комисијата, достапноста и оперативниот капацитет на европскиот сектор за рафинирање на ...
Милијардерот Ринат Ахметов, најбогатиот човек во Украина и газда на Шахтјот купи огромен, петкатен луксузен стан во најпрестижниот нов комплекс во Монако за неверојатни 471 милион евра (554 милиони долари), што го прави едно од најголемите поединечни купувања на имот во историјата. Први соседи му се Лепа Брена и Мадона. Имотот со 21 соба и поглед на море, купен од неговата холдинг компанија, се наоѓа во областа Маретера на кнежевството. ...
Во најновиот извештај на германскиот Федерален завод за статистика се наведува дека неколку години по завршувањето на пандемијата Ковид-19 една четвртина од вработените сè уште делумно или целосно работат дома. Пред пандемијата 13 отсто од вработените делумно работеле од дома. Најголем процент на вработени кои работата од далечина се во ИТ секторот, а најмалку се во угостителството и градежништвото. Исто така е забележано дека колку што е ...
Иран соопшти дека денеска запленил два контејнерски брода кои се обидувале да излезат од Персискиот Залив преку Ормуската Теснина, откако врз нив и врз уште едно пловило бил отворен оган. Ова се први заплени од почетокот на војната со САД и Израел во февруари. Иранската новинска агенција Тасним, блиска до Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), извести за заплените и пренесе предупредување од морнарицата дека секое нарушување на ...
Швајцарската влада денеска соопшти дека поддржува вонсудско решавање на случајот со пожарот во бар во ски-центарот Кран-Монтана, во кој загинаа десетици лица, претежно млади. Владата во Берн го назначи економистот и поранешен кантонален политичар Лоран Курт за претседател на тркалезна маса која треба да ги обедини жртвите, нивните семејства, осигурителните компании, потенцијално одговорните лица и институциите. „Курт има богато искуство во ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој е дел од владината делегација што ја предводи премиерот Христијан Мицкоски во Виена, на денешната средба со австрискиот канцелар Кристијан Штокер ги истакнал регионалните развојни проекти, со фокус на коридорите како инвестиции со најголем економски потенцијал. Николоски, како што информира преку својот фејсбук профил, се осврнал и на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10. ...
Имаме чувство дека процесот се билатерализира, а ние сме жртва на булинг што го прави земја-членка на ЕУ по принципот – „ние сме внатре, вие сте надвор, ако сакате да бидете внатре, мора да ги прифатите нашите услови, во спротивно ќе останете надвор“. А тие услови немаат ништо заедничко со Копенхагеншките критериуми, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашање, што планира да направи Македонската влада за ...
Центарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама, доби дијагноза потрес на мозокот во вториот натпревар од осминафиналето на НБА против Портланд треилблејзерс, објави „ESPN“. Натпреварот се одигра ноќеска и заврши со победа на Портланд 106:103. Во втората четвртина, Вембањама по еден дуел со Џру Холидеј, ја изгуби рамнотежата и падна незгодно, удирајќи ја главата на подот. Дваесет и двегодишниот кошаркар не се врати на теренот после тоа. Во ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесувала 46.159 денари и во однос на февруари минатата година е повисока за 7,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,3 проценти, Рударство и вадење камен за 10,6 проценти и ...
Српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ на средба со Димитријевиќ во Скопје за формирање на опозициски фронт, Зоран Заев и Зоран Башановиќ со директни насоки и упатства.Откако не добивме демант од страна на генералниот секретар на СДС, Александар Саша Димитријевиќ за средбата која се одржала во Скопје, денес го откриваме и вториот важен играч во целата оваа игра, објави ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за Јован Ратковиќ, за кој според ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на симулациска вежба на кандидатите за полицајци од генерацијата 2025/2026, кои во моментот се на теренско-тактичка обука во рамки на третиот модул од нивната основна обука. Вежбата започна со симулација на борбена тревога, по што кандидатите демонстрираа формации на движење, реакција, прифаќање и напад по контакт. Во завршниот дел беше ...
Со 67 гласа „за“, 13 „против“ и без ниту еден воздржан, Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на Предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија. Со ова, законското решение ја мина првата и клучна фаза од собраниската процедура. Целта на предложените измени е суштинска – укинување на моделот на преодна, односно техничка влада, кој со години наназад беше воспоставуван ...
Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека во моментов нема добиено официјална нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF) дека на македонскиот пазар е дистрибуиран небезбеден производ од брендот HiPP. Станува збор за храна за бебиња во стаклена тегличка од 190 грама, со вкус на морков и компир, која е предмет на повлекување и истрага во Австрија и неколку европски земји. Од АХВ ...
Социјалдемократски сојуз на Македонија денеска го повтори своето барање за организирање локален референдум во Крива Паланка на кој граѓаните на овој град ќе се изјаснат дали се за отворање рудник за антимон. Првично социјалдемократите ова прашање го отворија во неделата, а во денешното писмено соопштение го прозиваат градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, кој доаѓа од нивните редови, посочувајќи дека тој не може сам да одлучува или ...