
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Тијаго Сплитер, тренерот на Париз, сигурно ќе го напушти францускиот клуб по завршувањето на сезоната. Сплитер има неколку понуди од НБА на кои потенцијално би се вратил како асистент. Покрај тренерот извесно е дека клубот ќе го напуштат најдобрите играчи, Ти-Џеј Шортс и Надир Хифи, додека Јантуне веќе има договор со Фенербахче. Донатас Урбонас, литвански новинар, тврди дека Сплитер во Париз ќе го замени Франческо Табелини. Италијанецот помина ...
„Реал одлучи да не му понуди продолжување на договорот на Лука Модриќ. Тоа е одлука на клубот, а не на новиот тренер Чаби Алонсо. Доколку нешто не се промени, Модриќ ќе игра на „Бернабеу“ за последен пат како играч на Реал Мадрид во сабота против Реал Сосиедад во последното коло од Ла Лига“, објави околу полноќ Мигел Анхел Дијаз, новинар за радио станицата „Копе“ и инсајдер на Реал. „Реал нема да објави ништо поврзано со заминувањето на Модриќ ...
Кошаркарот на Оклахома, Шеј Гилџис-Александер, емотивно го доживеа прогласувањето за МВП на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Бекот на Оклахома прв пат во кариерата ја освои престижната награда, откако го победи Никола Јокиќ во финалето, а по доделувањето на наградата, одржа емотивен говор кој ѝ го посвети на својата сопруга. „Ти благодарам за сè што си, за мене, за нашиот син, Арес. Ти беше првата личност што ми покажа што значи ...
Гаф каков што ретко се случува го обележа крајот на финалениот натпревар во Лига Европа. Во Билбао, Тотенхем го победи Манчестер јунајтед со 1:0. Тотенхем го освои првиот трофеј по 18 години, играчите и навивачите бурно го прославија историскиот триумф, но тој беше расипан од организаторот на натпреварувањето во кое победија. Играчите и членовите на тренерскиот штаб на Тотенхем стоеја во ред за да ги добијат медалите наменети за победниците од ...
Тотенхем ја освои титулата во Лига Европа. Во финалето во Билбао, екипата на Ангелос Постекоглу го победи Манчестер јунајтед со 1:0 и со тоа обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона. Единствениот гол го постигна Бренан Џонсон во 42-та минута од натпреварот. Тотенхем ја реализираше својата единствена сериозна можност и на крајот заслужено ја освои Лига Европа, откако играчите на Јунајтед во втората половина од второто полувреме ...
Кошаркарите на Индијана поведоа против Њујорк во финалето на Источната конференција на НБА лигата. Пејсерс со неверојатен пресврт во финишот на регуларниот дел изборија продолженија, а пота славеа со 138:135. На никс не им помогнаа Брансон и Таунс кои заедно постигнаа 78 поени. Индијана до победата ја предводеа Тајрис Халибартон со 31 поен и 11 асистенции и Арон Несмит со 30 поени. Никси водеа со 15 поени разлика на помалку од три минути пред ...
Шеј Гилџис-Александер од Оклахома Сити Тандер ја доби наградата за најкорисен играч (MВП). Оваа вест ја објави познатиот инсајдер Шамс Чаранија. Беше многу напната трка помеѓу канадскиот кошаркар и поранешниот MВП, Никола Јокиќ. Сепак, најдобриот стрелец во сезоната доби предност пред Србинот, кој водеше во четирите најважни категории во плејофот. Шеј Гилџис-Александер доби поголема поддршка од оние што гласаа. Канаѓанецот ја предводеше ...
Фудбалерите на Тотенхем го победија Манчестер Јунајтед, ја освоија Лига Европа и обезбедија директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Финалето во Билбао на стадионот „Сан Мамес“ заврши со резултат 1:0 (1:0). Бренан Џонсон го постигна единствениот гол во 42-та минута. Тотенхем одигра неверојатно дисциплинирано во текот на целиот меч, ја искористија шансата преку Џонсон, а Јунајтед ќе жали за шансите на Хојлунд (кога Ван дер Вен ...
Фудбалерите на Вардар го освоија Купот на Македонија за сезоната 2024/25. Црвено-црните во финалето славеа со 2:0 над Струга ТЛ. Вардар го освои шестиот Куп во клупската историја, прв по пауза од 18 години. Вардар до триумфот го предводеше младиот напаѓач Талевски. Ги постигна двата гола во 26. и 48.минута од натпреварот. Струга имаше свои шанси во ова финале, но не искористи ниту една. Најдобрите не ги искористија Укпа, Радески и Кривањева ...
Барселона официјално објави дека го продолжи договорот со Ханси Флик до јуни 2027 година. Клубот ја потврди веста преку соопштение објавено на социјалните мрежи со наслов „Шоуто мора да продолжи“. Германскиот тренер, кој првично потпиша до 2026 година кога пристигна во летото 2024 година, сега го продолжи договорот за уште една сезона, без никаква дополнителна опција за продолжување. Веќе во првата сезона, Флик ја освои тројната домашна круна ...
Неверојатна сцена се случи на крајот од првото полувреме од финалниот натпревар од Купот на Србија помеѓу Војводина и Црвена звезда. Додека траеше нападот на Војводина, кога шеснаесетникот на Црвена звезда беше полн со фудбалери, експлодираше топовски удар. Колинс Синченџе и Андреј Ѓуриќ паднаа на земја како покосени. Судијата Павле Илиќ веднаш го прекина натпреварот, а по укажаната медицинска помош и краткиот прекин, натпреварот продолжи. ...
Младиот бразилски напаѓач на Реал Мадрид, Ендрик (18), заработил повреда на десната нога за време на натпреварот против Севилја, одигран во рамките на 37-то коло од Ла Лига. Ендрик мораше да ја напушти играта во 59-та минута откако почувствува болка во, а беше заменет од Виктор Муњоз. Првите лекарски проценки потврдија дека станува збор за повреда на тетивата, поради што ќе го пропушти последниот натпревар од сезоната против Реал Сосиедад, а ...
Поради новиот квалификациски систем, можно е Европското првенство во 2028 година да се одржи без учество на домаќините. Англија, Ирска, Шкотска, Велс исто така ќе мора да го обезбедат своето место на Европското првенство преку квалификациите. Извршниот комитет на УЕФА се состана во Билбао за да одлучи по кој систем ќе се играат квалификациите за континеталниот турнир во 2028 година. Резултатот од состанокот е усвојување на нов систем, кој ќе ...
Поранешниот освојувач на Златната топка, Роналдињо, во интервју за „Марка“ зборуваше за Ламин Јамал, 17-годишната ѕвезда на Барселона. „Меси и јас веќе испишавме историја, а сега е ред истото да го стори и Ламин Јамал. Неверојатно е што покажа досега. Тој е толку млад и има толку многу талент. Сакам да гледам играчи како него, тие прават добро за фудбалот. Се надевам дека ќе има кариера каква што имавме јас и Меси. Никогаш не ми се допаѓале ...
Еден од најдобрите фудбалери на Барселона, 28-годишниот бразилски крилен напаѓач Рафиња, го продолжи договорот со каталонскиот клуб за една сезона и треба да остане во Барса до крајот на јуни 2028 година. Ова го објавија британските медиуми, повикувајќи се на познатиот италијански спортски новинар Фабрицио Романо, кој е еден од најдобро информираните новинари кога станува збор за трансфери на фудбалери. Манчестер јунајтед сакаше да го види ...
Навивачите на Милан објавија дека ќе го напуштат стадионот „Сан Сиро“ по 15 минути од натпреварот со Монца во сабота. Тоа ќе биде последиот меч за Милан оваа сезона. Во минатото коло со поразот од Рома (3:1), Милан и ги загуби шансите да се натпреварува во европските купови следната сезона. „Ќе пешачиме од „Каса Милан“ до стадионот „Сан Сиро“, каде што ќе ги поминеме првите 15 минути. Сакаме нашите гласови да бидат слушнати. После тоа, ќе ги ...
Челниците на фудбалскиот клуб Болоња му нуди продолжување на договорот на тренерот Виченца Италијано. Италијано го презеде тимот во јуни минатата година, тогаш потпиша двегодишен договор со клубот. Се покажа дека челниците повлекле вистински потег бидејќи веќе во првата сезона успеа да го освои Купот на Италија. Болоња ја завршува сезоната на осмото место во Серија А, а тренерот сака да остане и следната сезона, но под свои услови. Тој е ...
Ферари влегува во трката во Монако со доза на претпазливост, иако минатата година славеше на оваа легендарна патека. Перформансите на тимот во текот на првите седум трки од сезоната 2025 беа под очекувањата, а тие моментално се наоѓаат на четвртото место во шампионатот на конструктори, што не е во согласност со амбициите на тимот од Маранело. Најголемиот проблем на Ферари оваа сезона е темпото во квалификациите, сегмент кој е клучен токму во ...
Манчестер сити го победи Борнмут со 3:1 синоќа и сега е многу блиску до место во Лигата на шампионите. Во ростерот за натпреварот Пеп Гвардиола имаше 20 играчи, но меѓу нив нема беа Абдукодир Хусанов, Савињо, Џејмс Мекарти, Клаудио Ечевери и Рико Луис. И покрај тоа што има голем број играчи на располагање, шпанскиот тренер рече дека сака помал ростер за следната сезона. „Му кажав на клубот дека ова не го сакам (голем ростер). Не сакам да ...
Хвича Кварацхелија и Антони. Првиот донесен како големо засилување, вториот беше избркан, но заедничко им е што двајцата ги оправдаа очекувањата на новите тимови. До крајот на сезоната можат да постават уникатни рекорди. Хвича Кварацхелија, талентиран 24-годишен играч од Тбилиси, кого Наполи го донесе за 10 милиони евра во летото 2022 година и каде што ги доби прекарите „Грузиски Марадона“ и „Кварадона“, беше купен од Пари Сен Жермен за 80 ...
Откако ја пропушти оваа сезона, Рафаел Бенитез е подготвен да и се врати на тренерската работа. „Марка“ тврди дека европскиот шампион со Ливероул, од наредната сезона ќе го предводи АЕК од Атина. АЕК ќе се раздели со Аргентинецот Матијас Алмеида на крајот од сезоната и активно бара негова замена, а Бенитез се чини дека е најблиску до клупата на жолто-црните. Наводно, Бенитез неодамна имал состанок со спортскиот директор на АЕК, Хавиер Рибалта, ...
Вечерва ќе се одигра првото од трите финалиња во натпреварувањата кои се во организација на УЕФА. Лига Европа ќе биде првата што ќе го даде победникот. Во фналето ќе играат Манчестер јунајтед и Тотенхем, најголемите разочарувања во Премиер лигата оваа сезона. Чудна сезона е зад Манчестер јунајтед и Тотенхем, во Премиер лигата беа веднаш над зоната за испаѓање, додека на европската сцена се борат за трофеј. Поради тоа влогот во ова финале е ...
Финалето на Лига Европа, во кое Манчестер Јунајтед и Тотенхем ќе играат за титулата во 21 часот, доби жестока увертира. Натпреварот се игра на стадионот „Сан Мамес“ во Билбао, а во Сан Себастијан, на еден час возење, дошло до тепачка меѓу навивачите. Според англиските медиуми, ситуацијата на улицата ескалирала по меѓусебните навреди меѓу двете групи што се сретнале таму. Очевидци наведуваат дека тепачката избувнала кратко пред 21:30 часот, а ...
Италијанскиот фудбалер Марко Верати сака да го купи клубот каде што ја започна импресивната кариера. Во текот на кариерата, која се уште трае, Верати заработил значителна сума пари, пред сè благодарение на долгогодишното играње за Пари Сен Жермен. Дресот на „светците“ го носеше 11 сезони. Потоа се пресели во Ал-Араби, во 2023 година. Според италијанските медиуми, тој одлучил дел од своето богатство да го инвестира во клубот каде што ја ...
Манчестер сити го победи Борнмут со 3:1 во претпоследното, 37-мо коло од Премиер лигата. Кевин Де Брујне го одигра последниот натпревар во светло синиот дрес пред домашната публика. Еден од најдобрите играчи во историјата на Премиер лигата го напушта клубот по 10 години како слободен играч. Клубот го искористи последниот натпревар од сезоната на „Етихад“ за да се збогува со фудбалерот, за кого многумина тврдат дека е најдобриот што играл за ...
Поранешниот репрезентативец на Мали, Абдулае Дукуре, го напушта Евертон во јуни, објави клубот од Ливерпул. „Абдулае Дукуре ќе го напушти Евертон кога ќе му истече договорот во јуни“, се вели во соопштението на деветкратниот шампион на Англија. Дукуре (32) е роден во Франција, но играше за сениорската репрезентација на Мали. Тој е во Евертон од 2020 година и одигра 165 натпревари за клубот во сите натпреварувања и постигна 21 гол. Пред ...
Оклахома Сити Тандер ги победија Минесота Тимбервулвс со 114:88 и поведоа со 1:0 во финалето на Западот. Шеј Гилџес-Александер и тимот ги декласираа „Вулвс“ во второто полувреме и јасно ставија до знаење дека сериозни се во намерата да го освојат шампионскиот прстен. Првиот дел од натпреварот беше обележан со силни одбрани на двете страни. Минесота се покажа за нијанса подобро и заминана големата пауза со плус четири, 48:44. Слично беше се до ...
Манчестер сити го направи клучниот чекорв во трката за Лигата на шампионите. „Граѓаните“ во претпоследното коло го победија Борнмут со 3:1, се искачија на третото место на табелата со 68 поени, два повеќе од Њукасл, Челзи и Астон Вила и три од Нотоингем Форест. Последното коло ќе ги реши дилемите кои три клуба, покрај Ливерпул и Арсенал ќе играат во Лигата на шампионите наредната сезона, но се чини дека Сити веќе го обезбеди своето место таму. ...
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам, ќе биде подложен на операција на рамото, потврди клубот. Англичанецот со месеци страда од повреда на рамото, а медицинскиот тим му препорачал да оди на операција и таа одлука е конечна. Добрата вест е дека Белингам може да се оперира по претстојното Светско првенство за клубови, односно ќе игра некое време со заштита, но лошата вест е дека ќе мора да направи пауза од три месеци по ...
Еден од најдобрите шахисти на сите времиња, Норвежанецот Магнус Карлсен, ремизираше во специјална онлајн партија против 143.000 играчи од целиот свет што траеше 46 дена. Дуелот „Карлсен против светот“ започна на 4. април под покровителство на „chess.com“, а секоја страна имаше 24 часа да помести по една фигура. И додека светскиот шампион од 2013 до 2023 година играше сам, неговите противници од целиот свет ги одлучуваа своите потези со ...