На плоштадот „Магнолија“ битолчани денеска оддаваат почит на трагично загинатите во големата трагедија во Кочани. Цвеќиња, испишани пораки, свеќи се оставаа пред споменикот на плоштадот. Во Македонија е прогласена седумдневна жалост за трагично загинатите лица во дискотеката во Кочани. Во Битола и народниот театар и библиотеката соопштија дека се одложуваат сите културни настани кои беа на нивниот репертоар, односно програма за оваа ...

Од Владата соопштија дека премиерот Христијан Мицкоски денес имаше координативен состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат Влатко Стојаноски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на кој се разговараше за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната анализа за сите субјекти регистрирани како кабаре или дискотеки, ноќни клубови итн. „Воедно, Ве информираме дека во текот на утрешниот ден ...

Факултетите и Високата школа на УКЛО покрај книги на жалост ќе организираат активности што може да им помогнат на студентите да се справат со тагата и емоционалната вознемиреност. Во рамки на овие активности ќе се спроведат креативни работилници, дискусии и други методи кои ќе обезбедат простор за изразување на емоции и мисли. Студентите кои чувствуваат потреба за разговор или имаат потреба од советување по повод трагичниот настан, се ...

Широката истрага којашто од вчера се спроведува во пеплосаната дискотека „Пулс“ во Кочани говори за многу пропусти или неспроведени законски обврски од сите страни – и сопствениците на објектот и државните органи. Македонската законска регулатива има бројни правила и норми кои се наметнуваат врз сите угостителски објекти од секаков вид и големина, дополнети и со норми и стандарди кои мора да се почеитуваат. Дискотеката Пулс е објект изграден ...

„Дојдовме до информација дека за 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа, а вие сега можете да претпоставите колку клубови работат низ државата. Само 12 поседуваат лиценца, и тоа од тие не знаеме колку се се уште валидни бидејќи претпоставувам на некои рокот им е изминат, бидејќи тие се со важност од 1 година.”, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето дали има информации колку вакви лиценци има ...

Од НУУБ „Св.Климент Охридски” – Битола информираат дека сите предвидени настани по повод одбележувањето на 80-годишниот јубилеј на НУУБ „Св. Климент Охридски” – Битола се одлагаат, поради трагичната несреќа што се случи во Кочани. Ова се однесува на следните настани: 17 март (понеделник) Панел-дискусија на тема: „Библиотеката – срце на заедницата: 80 години култура, знаење и иновации”, во Офицерски дом – Europe House Bitola, со почеток во ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани. Увидот уште се врши, рече Тошковски, а 45 лица се во критична состојба и се транспортираат во странство. Приведени се пет лица на територијата на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер, како и 13 лица на подрачјето на СВР Штип од кои 11 се во краткотраен притвор од 48 часа. ...

Над 140 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени во текот на вчерашниот ден, 90 се наоѓаат во болниците во земјава, а 44 се прифатени во болници во странство. Уште осум повредени треба да бидат пренесени во Хрватска и во Романија, информира директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Клековски синоќа информора дека во Клинички центар се хоспитализирани 20 повредени, во ГОБ 8 септември – 20, во „Свети Наум ...

На вонредната владина седница по трагичниот настан во Општина Кочани каде при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска грижа, Владата донесе одлука за прогласување на 7 дневна жалост на територија на целата држава. „Секој да се придржува до одлуката, бидејќи казните за непочитување ќе бидат ригорозни. Во овие денови Министерството за надворешни работи ќе отвори книга на ...

Утрово -2 степени во Берово, Попова Шапка, -1 Лазарополе, 2 Маврови Анови, 3 Струмица, Крива Паланка, 4 Штип Крушево, Демир Капија, 5 Скопје-Петровец, Претор, 6 Битола, Виница, Велес, Прилеп, Охрид, 7 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Куманово, 8 Тетово, 9 Гевгелија. Времето денеска променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Попладне ...

Министерството за здравство информираше дека во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински постапки. Во текот на вчерашниот ...

Во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа, според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица. Од нив 35 се идентификувани, при што 31 се од Кочани, а четири се од Штип. Распишана е централна потерница за четири лица, во врска со пожарот, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, животот го загубил полициксии службеник од ПС ...

Со срце исполнето со болка ја примив веста за трагедијата во Кочани, каде што згаснаа десетици животи, а многумина се повредени. На семејствата на загинатите им упатувам длабоко сочувство за ненадоместливата загуба, болка којашто зборовите не можат да ја опишат, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. „Во овие тешки моменти, рано утрово посетив дел од повредените во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и ...

Со голема тага утрово ја примив веста за трагичната несреќа која го потресе Кочани, но и цела Македонија. Ова е тежок ден за сите нас, за секој граѓанин на нашата држава, а најмногу за семејствата на загинатите, напиша на својот фејзбук профил градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. „Болката по младите животи е огромна, загубата ненадоместлива. Во овие тажни моменти, изразувам искрено и длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија ...

На Скопските клиники, во Градската хируршка болница „Свети Наум Охридски “ и во „8 Септември“ хоспитализирани се повеќе од 80 потешко повредените лица во пожарот што ноќеска се случи во дискотека во Кочани, јави агенцијата МИА. Родители чии деца биле во дискотеката во Кочани се пред болниците во Штип и Кочани чекајќи да добијат повеќе информации. Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека 118 лица се хоспитализирани во болниците во ...

Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тошковски рече дека околу 2:35 часот во полициската станица била добиена информација дека во дискотеката „Пулс“ избувнал. Тој рече дека полицијата ги известила пожарната и итната медицинска служба. „Според првичните информации со кои што располагаме пожарат настанал како последица на ...

Илјадници луѓе ги преплавија улиците во центарот на Белград, на протест што најверојатно ќе биде најголем откако студентите-во-блокада повикаа за првпат пред повеќе од 3,5 месеци по загинувањето на 15 луѓе при уривање на настрешница на железничка станица во Нови Сад, јави МИА од Белград. Во објавите на социјалните мрежи, студентите ги повикаа присутните на протестот да дејствуваат „на мирен и одговорен начин“ за кој упорно повторуваат дека – ...

Денеска напладне пред зградата на Општина Битола се одржа протест против изградбата на регионалната депонија во Пелагонија. Протестот изминатите денови беше најавуван преку социјалните мрежи, а на него денеска транспаренти и пораки „Стоп за депонија”, „Рек + депонија= онкологија”. На почетокот на неделата се оджа вонредна седница на Советот на Општина Битола на која тема беше депонијата, односно системот за управување со отпад. На редовната ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска заедно со пратениците од Битола и градоначалникот Тони Коњановски во посета на канцеларијата на пратениците за контакт со граѓаните во Битола во урбаната заедница „Коле Канински” на улица „М.Т. Живкови” бб. Пред објектот на месната заедница Гаши го пречекаа пратениците Пеце Милевски, Силвана Ангелевска, Олга Лозановска и Бисера Костадиновска-Стојчевска. А, потоа пристигна и градоначалникот на ...

Интензивирање на динамиката за изградба на планинарскиот дом „Копанки“ и продолжување на поддршката од страна на Општина Битола, беа теми на денешната средба на Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателот на ПСК „Пелистер“, Диме Попов. За време на средбата, Попов информираше дека, благодарение на заедничката соработка на општината и планинарскиот клуб, домот „Копанки“ се гради како комплетно нов објект, затоа што ...

Интензивирање на динамиката за изградба на планинарскиот дом „Копанки“ и продолжување на поддршката од страна на Општина Битола, беа теми на денешната средба на Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателот на ПСК „Пелистер“, Диме Попов. За време на средбата, Попов информираше дека, благодарение на заедничката соработка на општината и планинарскиот клуб, домот „Копанки“ се гради како комплетно нов објект, затоа што ...

Уште неколку седници ќе ги пополнуваат овие советнички клупи. А, до тогаш дали ќе се корегираат да бидат точни за седниците да почнуваат тогаш кога се закажани или кога се гледа крајот и одговорноста е намалена. Реткост е седниците да почнат точно навреме, се некој се чека, оправдано или неоправдано, има различни причини и поводи, а ако некој не доаѓа најавува кај претседателката на Советот. Има исклучоци кои се и речиси половина час во ...

Бројни се сведоштвата на македонското население за периодот на живот со децата бегалци – како што беа наречени сите македонци протерани од Грција по граѓанската војна во 1948 година. Ивана Хаџиевска е историчар којашто неодамна го промовираше документарниот филм „Фаќачи на сеќавања-приказната на Зиса Хаџиевски. Името на Зиса Хаџиевски е дел од аналите на битолскиот труд – пред 70тина насловен како Организација на Здружен труд. Својот живот ...

Завод и Музеј од Битола годинава ќе реализира бројни проекти финансирани од Министерството за култура, но, уште побројни, а и за јавноста поатрактивни ќе бидат проектите кои денеска не прес конференција директорот Зоран Николовски ги наслови вон-програмски. Осовременување на депоата и вадење на предмети – артефакти кои се извадени од различните слоеви на пелагониската и преспанската почва ( и езерото), продолжување на проектите кои ...

Дванаесет лица беа полесно повредени кога авион на Американ ерлајнс слета на меѓународниот аеродром во Денвер, Колорадо, и се запали, предизвикувајќи активирање на гумени тобогани за патниците да можат брзо да се евакуираат. Летот од аеродромот Колорадо Спрингс до Далас Форт Ворт беше пренасочен кон Денвер и авионот безбедно слета синоќа околу 17:15 часот, откако екипажот пријавил вибрации на моторот, соопшти американската Федерална авијација ...

Иако за врсничкото насилство се повеќе се зборува, има се поголем број настани за едукација на деца,млади и возрасни, Битола немаше сеопфатна комплетна информација ниту анализа како се движи проблемот со кој се соочуваат младите. Професорите од правниот факулте, преку мултисекторска соработка направија таква информација, а за анализата во просториите на Студентскиот информативен центар на УКЛО организираа тркалезна маса за врсничкото ...

Во Битола повторно се чествуваше животот и делото на Кемал Ататурк – творец на модерна Турција, промотор на пан-туркизмот, митот за единството на сите турски народи, но и светски лидер кој секуларизмот го постави на основите на модерните држави од 20тиот век. Во градот и денеска на одбележуавњето на 126 годишнината откога Ата Турк се образувал во битолската средна воена гимназија присуствуваше висока воена делегазија на Турција, амбасадорот ...

Универзетот Св. Климент Охридски го промовираа и свечено отворија реконструираниот студентски информативен центар. Во рамки на соработката со Општина Битола што се реализира во изминатиот период, на денешниот почеток со работа и настанот што е важен за животот во градстава заедница, пристуствуваше и градоначалникот Тони Коњановски. Скоро една година Студентскиот информативен центар на Универзитетот Св. Климент Охридски паузираше со работа. ...

Амбасадата на САД во Белград издаде безбедносно предупредување за американските граѓани во врска со утрешниот протест на кој може да се соберат стотици илјади луѓе во Белград и ги повика да избегнуваат толпи и места за масовни собири, пренесе Н1. „Во Белград се очекуваат големи протестни акции со вкупен број учесници кој може да достигне стотици илјади. Протестите би можеле да се прошират во поголем дел од центарот на Белград, особено во ...

Русија ги повикува политичките сили на Србија на воздржаност поради случувањата во земјата и очекува брза нормализација преку дијалог, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Уште еднаш повикуваме на воздржаност од сите инволвирани во настаните што се случуваат во оваа земја. Важно е да се разбере колку висока може да биде цената на непромислените чекори, кои се диктирани од емоциите и кои можат да ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
66%
1016
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
58%
1016
weather icon

Загреб

12ᴼ / 9ᴼ
0.0
52%
1018
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.11
68%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
73%
1019
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
5.14
76%
1009
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
54%
1013
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
7.2
38%
1015
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
1.54
48%
1014
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
1.34
44%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
84%
1011
Currency

61.6417

Currency

53.1915

Currency

71.2324

Currency

36.9682

Currency

38.6869

Currency

67.3099

Currency

7.73117

Currency

0.65765

Currency

0.33472

Currency

0.5249

Currency

1.19947

Currency

0.56705

Платина

61343.62

Цинк

3.04

Калај

43.61

Паладиум

45107.50

Кобалт

964.52

Бакар

10.81

Сребро

2840.84

Злато

141731.52

Рутениум

56199.51

Иридиум

258288.78

Родиум

340797.91

Алуминиум

3.21