Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 450 се повредени во вториот бран експлозии на уреди за безжични комуникации во Либан, соопшти Министерството за здравство, пренесе Би-би-си. Тоа се случува во вчерашниот втор бран експлозии, еден ден по серијата смртоносни експлозии на пејџери на членови на проиранската група Хезболах. Воки-токи користени од членовите на милитантната група Хезболах експлодираа во јужните предградија на главниот град Бејрут, ...

И додека траеше летниот распуст, образованието не мируваше. Овде не зборуваме за учениците. Во некои училишта летото се користеше за реновирање, а новата министерка за образование среде лето кажа дека министерството за образование и наука прави анализа во кои основни и средни училишта може да се организира едносменскa настава. За најавената настава во една смена на ниво на цела држава, министерката Весна Јаневска објасни дека тоа е програмската ...

Екипата на Јенимаале од Битола која се натпреварува во Општинската лига на ОФС Битола денес се покажа како одличен домаќин и организатор на натпреварот од шеснаесет финалето од фудбалскиот Куп на Македонија. Во Битола ја пречека Шкендија и загуби со 0-5 (0-4), во натпревар пред 500 гледачи на „Петар Милошевски“. Јенимаале е клуб на млади луѓе кои го репрезентираат култното маало во Битола. Сите живеаат во овој дел на градот и градат приказна на ...

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ во четврток заминува на балканска турнеја чие мото е „ТАНЕЦ – 75 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ КОД“! Во рамките на турнејата „Танец“ ќе има концерти во Подгорица, Љубљана, Загреб и Бања Лука. На претстојните концерти во Подгорица (20.9.2024), Љубљана (22.9.2024), Загреб (24.9.2024) и Бања Лука (27.9.2024), на големите сцени на КИЦ „Будо Томовиќ“, „Цанкарјев дом“, „Ватрослав Лисински“ и салата „Борик“, ќе ...

Дали најголемиот настан од културата што се организира со парите на даночните обврзници и трае една недела во Битола доволно е пристутен во битолската јавност за да може секој да знае кога започнува и што се случува за време на одржувањето. Вчера направивме анкета низ градот од која дојдовме до заклучокот дека битолчани не знаат што фестивал треба да започне. Битола наскоро ќе биде домаќин на традиционален фестивал. И прашавме битолчани дали ...

По посетата на министерот за здравство Арбен Таравари на битолската Клиничка Болница, денеска со реакција се огласија од битолската СДСМ. „Деновиве во Клиничката болница во Битола бевме сведоци на посетата на министерот за здравство на средба со раководството при што беше промовирана наводно нова апаратура во Службата за урологија и Службата за ортопедија. Но, сето тоа беше свесно и со цел да се направи промоција за успешен старт на новото ...

Метежот е постојана состојба на одвивање на сообраќајот во градот. Фактот дека се работи за град со догогодишно постоење, тесни градски улици и двосмерни сообраќајници кои на едната страна од коловозот имаат платен паркинг е дел од проблемите за кои возачите реагираат. Метежот во последните денови е уште повеќе зголемен на потегот од ул. Солунска кон ул. Партизанска, долж објектите од битолската Болница кадешто се изведува дел од градежните ...

Без одлука на Совет на Општина Битола, без измена на Програма за поставување на спомен обележја којашто годишно ја носи Советот, без мислење од Министерството за култура односно од Управа за заштита на културно наследство на Република Македонија се поставуваат месингани ѕвезди по среде Широк Сокак во Битола. Иницијатор и изведувач на поставуваањето е Друштвото на филмски работници односно ИФФК „Браќа Манаки“ кои до Општина Битола доставиле ...

И покрај поднесениот Обвинителен акт за предметот познат во јавноста како „Синџир“, предметниот обвинител Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција предметниот јавен обвинител продолжи со постапување. Постапката е како резултат на индиции што произлегоа од доказите што обвинителството ги достави до судот со поднесување на обвинителниот акт во предметот „Синџир“. Врз основа на дополнително обезбедениот доказен ...

Цените нема да се замрзнат, туку ќе се ограничи бруто профитната маржа на стотина основни прехранбени производи до 10 отсто во трговијата на големо и мало, соопшти денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Како што информира Дурмиши, за оваа мерка Владата најверојатно ќе дискутира на следната седница идната недела. Со мерката ќе бидат опфатени лебот, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните ...

Колку рангирањето на секој универзитет влијае врз одлуката на идните студенти кога избираат каде да се запишат. На оваа тема неодамна во Актел зборувавме со ректорот на битолскиот универзитет Неделковски. „Па не треба да биде никаков мотив, иако ние имаме раст во рангирањето. Прв пат влеговме на „Times Higher Education“ листата. На „ЕДУранк“ веќе сме второ рангирани, меѓутоа тука во Македонија сме второ рангирани, да не се сфатиме погрешно“ вели ...

Хезболах денеска објави дека бројот на загинати од пејџер експлозија во јужен Либан се искачи на 12, откако уште тројца оперативци на групата им подлегнаа на повредите, пишува „Тајмс оф Израел“. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ги осуди експлозиите на стотици пејџери во Либан, при што загинаа најмалку 11 лица, опишувајќи ги како „терористички акт“ за кој, според него, е виновен Израел, пренесува ДПА. Израелската армија ...

Утрово 6 степени на Попова Шапка, 8 Лазарополе, 10 Берово, Крушево, Маврови Анови, 12 Охрид, Претор, Битола, Прилеп, 13 Крива Паланка, Тетово, Дебар, 15 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, Виница, Струмица, Куманово, Велес, Кавадарци, 16 Гевгелија. Најмногу дожд 16 л/м2 наврна во Крушево, 14 Битола, Попова Шапка, 12 Тополчани, 11 Прилеп, 10 Претор, 9 Пожаране, Маврови Анови, 6 Охрид, Гевгелија, Дебар, 4 Тетово, Лазарополе, ...

Институтот за јавно здравје во последниот извештај информира дека во периодот од 09 до 15 септември тестирани се вкупно 285 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 36,5% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 57 нови позитивни случаи, со намалување од 48,6% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 10,0% до 45,0%, ...

Во 74 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 16, 18, 19, 21, 23, 29 и 30. Извлечено беше и црвеното топче кое што ги дуплираше добивките. Добивка со седум погодоци немаше, а извлечени беа три шестки, секоја од нив вредна по 211.692,00 денари. Фондот за седумка за следното коло изнесува 10.000.000 денари. Извлечен беше џокер бројот: 4, 8, 9, 1, 0, 1. На џокерот добивки со шест и пет погодоци немаше. Очекуваниот фонд за шестка на џокерот во ...

Дали уште неотворен фествалот „Браќа Манаки“ започнува скандалозно? На Широк Сокак се вадат гранитни плочки и се поставуваат нови – изрезбани. Се работи за иницијатива на организаторот на овој фестивал, но, дали за ова се испочитувани сите правила и процедури или иницијаторот прескокнал неколку институции ? Кршење на гранитни плочки и поставување на други, нови со плитка резба го привлече вниманието на граѓаните. Тоа по иницијатива на ...

Дали државата знае да ги препознае спортски талентираните деца до 14 години и да ги мотивира со финансиска поддршка и вклученост во сите активности дома и надвор од земјата и покрај специфичната возраст која уште помалку од кај возрасните обликувани карактери гарантира задржување на интресот или истрајност кон високи резултати кои би биле тројна добивка – промоција на градот, промоција на државата, пример за привлекување на нови млади ...

Баритонот Иван Наумовски и пијанистката Ана Гацева настапија во Њујорк, на концертот наречен „Љубов и смрт”. На овој настан тие изведоа дела од австриски и германски композитори за глас и пијано, соло пијано, како и циклусот “Песни од татковината” од македонската композиторка Дарија Андовска. Настанот се одржа во галерија на Менхетн. Дуото Наумовски и Гацева дебитираа заедно на сцената токму во Њујорк. Циклусот “Песни од татковината” од ...

Во Градската библиотека во Задар, Хрватска беше отворена изложбата „Дрвјата се движат величествено“, на која се прикажани уметничките слики на Емилија и Стојче Тоциновски. Организатори на изложбата беа Заедницата на Македонците во Република Хрватска и Македонското културно друштво „Билјана“ од Задар, а покровители се Советот за национални малцинства на Република Хрватска. Уметниците имаат одржано шеснаесет самостојни изложби, четири од нив на ...

Денеска во посета на Општина Новаци гости и како што велат, веќе долгогодишни пријатели од збратимената општина Хрпеље Козина, Р. Словенија. Делегацијата составена од пет члена, советници и администрација, предводена од градоначалничката Саша Ликавец Светелшек најпрво оствари средба со градоначалникот Стевче Стевановски, следуваше седница на Советот на Општина Новаци, а беа во посета и на детската градинка „Бамби“ и основното училиште ,,Славко ...

ЕСМ Продажба овој период објави отворен повик за рамковен договор за купопродажба на електрична енергија на слободниот пазар, поради затекната состојба во која се наоѓаат постојните домашни капацитети во државна сопственост, стои во соопштението од ЕСМ. „Новото раководство се соочува со ненавремено завршени летни ремонтни активности во РЕК Битола и РЕК Осломеј и ниската кота на хидропотенцијалите чии акумулации се под просекот за овој период од ...

Битолската зоолошка градина остана без една од двете кафеави европски мечки. Како што велат од зоолошката градина станува збор за мечка која имала над 35 години и дека од обдукцијата било констатирано дека причина за смртта е старост, а не болест. Во зоолошката градина има уште една мечка од истиот вид. Инаку од денеска зоолошката градина има нов директор. Именуван е Жарко Тренкоски за прв човек на зоолошката градина. Фото: ЗОО градина Битола, ...

На денешната седница на Собрание ќе се најде и предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, и двата по скратена постапка. Според премиерот Христијан Мицкоски, се работи за законско решение со кое ќе се обезбедат средства што ќе се наменат за стопанството и за општините. ...

Утрово 2 степени во Лазарополе, 3 Попова Шапка, 4 Берово, 5 Маврови Анови, 6 Битола, 7 Тетово, Крушево, Претор, Прилеп, Охрид, 8 Дебар, Демир Капија, 9 Скопје-Петровец, Струмица, 10 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Велес, Кавадарци, 11 Виница, 12 Гевгелија. Во текот на ноќта времето беше променливо облачно, понекаде со слаб ветер од променлив правец. Утринава облачноста се зголемува во југозападните делови од земјата. Времето денеска променливо облачно ...

Над осум од девет Грци односно 85 отсто од анкетираните оценуваат дека цените на основните производи се зголемуваат, додека пак 48 проценти сметаат дека мерките што грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги соопшти од Меѓународниот саем во Солун, воопшто нема да помогнат, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Алко“ за грчката телевизија „Алфа“, јави дописничката на МИА од Атина. На политичката сцена, Нова ...

Во неделата којашто измина Универзитетот „Св. Климент Охридски“ , со тоа и Битола, беше организатор и домаќин на 9 -от по ред Ректорски форум на кој учествуваа првите луѓе од 60тина европски универзитети. Форумот е уште еден показател од важноста на професионалното вмрежување на Академијата со напредни и малку побогати универзитети, затоа што корисноста ја има целата заедница, од најмалата – студентска во кабинет, до пошироката во регионот и ...

Советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски вели дека добро е да се најде механизам и законско решение со кое градоначалниците ќе можат да бидат променети и пред истекот на мандатот доколку повеќе од половината регистрирани гласачи се незадоволни од нивната работа. Според него со сегашното, како што вели за жал несреќно решение кое со Законот за локална самоуправа од 2002 година, намерно или ненамерно градоначалниците се недопирливи ...

Преголема е моќта на градоначалниците и таа треба да се ограничи вели претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела вода Орце Ѓорѓиевски. Во ЗЕЛС се работи на составување тим кој ќе предложи измени во законот за локална самоуправа со цел механизам за смена на градоначалник. „Можете да смените градоначалник само на избори. Јас сметам дека треба да се ограничи моќта. Тогаш градоначалникот ќе знае дека може да почне, но нема да му заврши ...

Долготрајните аплаузи и стоечките овации беа дел од премиерата на „Галеб“, на Битолскиот театар после нејзината изведба. Имено со оваа претстава работена по делото на Чехов, а во режија на Багрјана Попов, започна новата театарска сезона во Битола. Да го работи „Галеб“ во Битолскиот театар, режисерката рече дека се одлучи заради езерата во Македонија. „Но, главната причина е бидејќи ја обожавам Битола, ја сакам Македонија, и се чувствувам многу ...

На првиот конкурс за необјавено литературно дело во 2024, распишан од Катедрата за креативно пишување при Универзитетот „Американ колеџ Скопје“ во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“, пристигнаа 23 ракописи (10 раскази, 11 поетски творби, еден есеј и еден драмски текст). Тринаесет ракописи се напишани на македонски, четири на албански и шест на англиски јазик. Ракописите ги оценуваше комисија составена од поетите Никола Маџиров и Арлинд ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
46%
1019
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
3.09
57%
1017
weather icon

Загреб

26ᴼ / 22ᴼ
0.0
62%
1019
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1019
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.55
50%
1016
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
82%
1021
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
5.36
47%
1013
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
64%
1015
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
6.69
32%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
1.54
58%
1014
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
53%
1018
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
64%
1015
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75