Пратеникот Пеце Милевски, кој беше директор на битолски „Водовод“ и доскорешен претседател на АДКОМ ( здружение на даватели на комунални услуги на Македонија ) се обрати на јубилејот 20 години постоење на АДКОМ и изборот на ново раководство. „Почитувани до пред некое време заедно со сите вас работевме на унапредување на ЈКП и АДКОМ, денес имам чест и Ви се обраќам како поранешен претседател и актуелен пратеник во Собранието. Сепак, целите, ...

За да не се случува да бидат запишани, а повеќе денови да не доѓаат во градинка во услови кога листите за чекање се долги, но и да се надоместат режиските трошоци, Јавната установа детски градинки „Естреја Овадија Мара“ побара измена на правилникот. Како што на седницата на Комисијата за финансии рече директорката Весна Лозановска цените остануваат исти, само се интервенира во деновите на отсуство после петиот ден, кога се поврзани. „Не се ...

За инфективното одделение во Клиничката болница во Битола, за кое на прес конференија СДСМ обвини дека е затворено, па на тоа реагираше и Клиничката болница и битолската ВМРО ДПМНЕ со прес конференција, до нашата редакција со реакција се огласи и Џулијана Ристевска потпишана како доскорашен раководител и скоро пензиониран доктор. Во својата реакција таа вели дека одговорот на прозивката на менаџерот и в.д. директор на КБ Битола се чини дека не ...

Денеска, виолината на народниот херој Стеван Наумов- Стив, на која тој свирел во своето слободно време, отстапена е на НУ Завод и музеј- Битола. Стефан Бошков, внук на Стив, лично му ја предаде виолината на директорот на битолскиот Музеј, Зоран Николовски, кој пак вети дека виолината ќе биде заштитена и јавно изложена во обновената Спомен куќа на херојот. На својот фејсбук профил, од Националната установа соопштија: „На наше огромно задоволство, ...

Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието, денеска одлучија дека коефициентите за утврдување на платите на Претседателот на Републиката, пратениците и функционерите остануваат непроменети. Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, објасни дека, согласно измените на Законот за основање на државната Комисија за одлучување, потребни се терминолошки усогласувања. Тој истакна дека коефициентите остануваат исти ...

Во РЕК Битола во тек се подготовки за претстојната грејна сезона. Се испитува стабилноста и доверливоста на постројките по извршените ремонти на ТЕ Битола 2 и ТЕ Битола 3. На ТЕ Битола 1 годинава воопшто не беше извршен ремонт, така што и врз таа постројка се во план дополнителни интервенции во пресрет на зимата, информираат од АД ЕСМ. Согласно овие синхронизирани активности, утрово од мрежа беше исклучен Блок 3, а во тек се операции за ...

Продолжува реализацијата на Проектот за реконструкција на коловоз на дел од улица „Бурса” во Битола (од спој со улица „Македонска фаланга” до спој со новопроектираната улица „Индустриски пат”). Согласно добиеното известување од изведувачот на градежните работи, Општина Битола ја известува јавноста дека во четврток на 10.10.2024 година, делот помеѓу „Идеал Шипка” и „Агнеса”, ќе биде целосно затворен за сообраќај 24 часа поради асфалтирање, кое ќе ...

Подготовките за ураганот „Милтон“ се во полн ек! Милиони луѓе се повикани да се засолнат на безбедно, а многумина веќе ги забарикадираа своите домови. „Милтон“ се очекува да го погоди западниот брег во среда навечер, и може да биде еден од најопасните урагани во историјата на Флорида! Службите за итни случаи се подготвени за предизвиците што доаѓаат. Постои голем притисок на патиштата, а луѓето се соочуваат со недостаток на гориво.Хотелите се ...

Утрово измерени 4 Целзиусови степени во Берово, 5 Лазарополе, 7 Крива Паланка, 8 Тетово, Битола, Струмица, Попова Шапка, 9 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Прилеп, Штип, Маврови Анови, 10 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Дебар, Велес, Кавадарци, 11 Гевгелија, Крушево, 12 Виница, 13 Демир Капија. Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 08 часот (во l/m2): 5 Лазарополе, 4 Охрид, Дебар, 1 Маврови Анови, Претор, Штип. Во текот на ноќта променливо ...

На комисијата за политички систем и односно меѓу заедниците каде се разгледуваше извештајот за работа на јавните обвинителства за 2023 година, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Драган Ковачки, рече дека состојбата во правосудниот систем е катастрофална, а државата нема авторитет. „Мене ми е исклучително жал што го слушнавме ова дека имаме намален број на јавни обвинители, меѓутоа тоа се провлекува наназад во изминативе години. Еве ние како пратеници ...

Малиот број на јавни обвинители, недоволните буџетски средства, недоаѓањето на странките и доставата се дел од годишниот извештај за работата на јавните обвинителства на Република Македонија за 2023 година што го презентираше државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во Собранието на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. „Сегашната генерација за јавни обвинители брои 97 учесници, со кои што согласно сегашните законски прописи ...

Во 80 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 2, 19, 25, 26, 30, 31 и 33. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше три шестки, секоја од нив вредна по 111.777,00 денари. Фондот за седумка за следното коло изнесува 10.000.000 денари. На џокерот беа извлечени следните броеви: 8, 5, 4, 7, 0, 0. Добивка со шест погодоци немаше, а имаше една петка вредна 94.674,00 денари. Очекуваниот фонд за шестка во следното коло на играта Џокер е 4.684.000 ...

Вечерта на оперски арии се одржа во неделата како дел од 33 издание на фестивалот на класична музика, Интерфест – Битола. Стефан Неданоски, тенор, Македонија и Клаудиа Рондели -пијано, Швајцарија настапија со богата програма во која беа застапени дела на Бернштајн, Пучини, Верди,Маскањи,Леонкавало и Вагнер. Стефан Неданоски е роден во Прилеп 1995. За време на школувањето во Училиштето „Мирче Ацев“ професорката д-р Тања Иваноска-Госпел, ги ...

Општина Битола во соработка со Јавното претпријатие Комуналец, со поставување на лед светло, овозможија целосно осветлување на теренот на помошното фудбалско игралиште „Павел Шатев“, познато како Ќумурното игралиште во Битола, соопштија вечерва од општината. Во соопштението се вели дека ова игралиште го користат повеќе спортски клубови за тренинзи и спортски натпревари, а со осветлувањето на теренот се овозможуваат спортски активности и во ...

Се бара 60 денари за старт без километар и секој нареден по 35 денари. Тарифа за чекање 400 денари за еден час. Сегашните цени се 60 денари старт со вклучен клометар, секој нареден по 25 денари, чекање за еден час 300 денари. Ова барање за поскапување на такси превозот беше презентирано на комисијата за финансии, каде такси превозниците ги образложија причините. „Давачките, трошоците енормно ни се зголемија, а возиме по стари цени. Последното ...

Кире Марков е еден од најпознатите битолски имиња и ликови. Основач на пливачкиот клуб „Олимпик“, сиот свој живот го посветил на својата пасија – пливањето. Годинава одбележува 60 години пливачка кариера. Крајот на август ја донесе реализацијата на 24 по ред Император куп – натпревари во пливање за различни возрасти. Натпревар од кој многумина откриваат дали сакаат да се занимаваат со овој спорт. На голема картонска кутија, бројните фотографии ...

Трошоците на живот во септември на годишно ниво се повисоки за 2,6% , а цените на мало за 3,3отсто. Инфлацијата кон крајот на годината расте. Годишната стапка на инфлација во Македонија во септември годинава се искачи на 2,6 % во септември. Споредувано со претходниот месец, август 2024, инфлацијата е повисока за 2,2% . Во Македонија најважна категорија во индексот на потрошувачки цени е Храна и безалкохолни пијалоци (40 отсто од вкупната ...

ЕУ доделува 35.500 бесплатни железнички карти на 18-годишници според шемата откриј ја евопска унија. (DiscoverWU) . Иницијативата е дел од програмата ЕРАЗМУС и има за цел да ги поттикне културните врски во ЕУ. Жителите на земјите членки на ЕУ имаат нова прилика да го запознаат континентот, барем таму кадешто има функционална железница. Шемата е отворена за легални жители на 27 земји-членки на ЕУ или прекуокеански земји. Може да аплицираат и ...

По одржаните Форуми на заедницата за програмата за праведна транзиција, во мај, јуни и јули годинава, крајот на минатата недела го означи крајот на еден од проектите кои се однесуваат на подигнување на свесноста и подигнување на степенот информираност на населението за неопходната промена во енергетиката кај нас , во регионот и во Европа генерално. Разговаравме со Елена Николовска, програмски координатор за клима во организациајта „еко свест“. ...

На 25тата владина седница која се одржа денес , Марија Митева и Венера Љатифи Азизи се избраа за портпароли на Владата на Република Северна Македонија. М-р Марија Митева по професија е дипломиран правник на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – правен факултет Јустинијан I, со магистратура по деловно право и положен правосуден испит. На професионален план, Марија поседува богато работно искуство во правната и политичката сфера, со повеќе од 10 ...

Поради започнување со изградбата на патниот Коридор 10Д, на делница Прилеп – Битола од денеска (08.10.2024) во 13.15 часот, од страна на изведувачот Бехтел Енка, согласно сообраќајниот проект за времено одвивање на сообраќајот при изградба на Коридор 10 Д, ќе се воведе посебен сообраќаен режим на сообраќај и тоа пренасочување на цел сообраќај од Магистралниот пат А3 ќе биде пренасочен на Регионалниот пат Р1101, односно од клучката кај ...

Минимални температури, утрово измерени во Македонија: 0 Берово, 1 Лазарополе, 4 Маврови Анови, Битола, 8 Крива Паланка, Тетово, Струмица, 6 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Прилеп, Штип, Демир Капија, Дебар, Попова Шапка, 7 Крушево, Куманово, Велес, 8 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Виница, 9 Гевгелија. Во текот на ноќта времето беше ведро и претежно тивко, освен во повисоките подрачја каде дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. Утрово е ...

На годинашниот интернационален фестивал на класична музика Интерфест се одржа подиум на млади пијанисти, талентирани ученици на Државното музичко училиште- Битола од специјалниот оддел за пијано. На концертот настапија: Софија Михајловска, втори клас во класа на м-р Маја Божиновска со изведба на дела од Шопен и Лист. Кристијана Илиевска, трети клас во класа на м-р Билјана Димовска со изведба на дела од Дебиси и Менделсон. Давид Стојчевски, ...

Ориенатaција за субвенции. Вака е насловена денешната вест. Табли поставени пред општинската зграда со стрелки на движење кој за каде е, односно за која субвенција. Вака решија за да немало гужби, а на комисиските расправи за финансии и животна средина кои беа две во едно, беше поставено и прашањето зошто аплицирањето не е електронски. Општина Битола објави Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на 33-тата годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, објави амбициозни проекти за поддршка на младите: 250 евра ваучер за таблети за сите студенти и 10 милиони евра фонд за развој на бизниси за млади од 18 до 29 години. „Прво, ќе поддржи со новиот буџет кој е во изработка, ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди за сите, за сите студенти во Македонија, за сите до еден. Второ, ќе ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес го пречека и ќе биде домаќин на посетата на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ и српската делегација. Во рамки на посетата ќе се одржи тет-а-тет средба на претседателот на Владата, Мицкоски со претседателот на Владата на Република Србија, Вучевиќ. Исто така ќе се одржи и пленарна средба помеѓу делегацијата на Владата на Република Северна ...

Во Долна Јабланица, местото кое е најпогодено од поплавите во БиХ, се појави ново свлечиште на магистралниот пат М-17. Патот е делумно оштетен, а возилата го заобиколуваат преку паркинг, јавува „Аваз“. Во истата област, спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани, користејќи тешка механизација за да ги отстранат големите наноси од земја, кал и камења. По повлекувањето на водата, местото изгледа целосно опустошено. Според последните ...

Утрово 2 степена во Лазарополе, 4 Берово, 5 Битола, Крива Паланка, Маврови Анови, 6 Прилеп, Крушево, 7 Тетово, Виница, Демир Капија, 8 Охрид, Претор, Куманово, Кавадарци, Штип, 9 Дебар, Велес, Струмица, 10 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија. Врнежи од дожд имаше во Скопје, Крива Паланка, Лазарополе, Куманово, Виница, Дебар, Тетово, Охрид, Берово. Во првиот дел од ноќта облачноста се намалуваше и се преместуваше кон исток.Изутринава во поголем дел од ...

На светските пазари, цената на нафтата скокна за повеќе од осум отсто минатата недела, бидејќи трговците стравуваат оти ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да предизвика прекини во снабдувањето од регионот богат со нафта. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 8,5 отсто, на 78,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 9,1 отсто, на 74,38 долари. Најголемиот неделен скок на ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
8.23
27%
1016
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
4.12
38%
1017
weather icon

Загреб

34ᴼ / 32ᴼ
2.06
36%
1018
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
28%
1016
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.21
29%
1016
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 33ᴼ
2.06
35%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
7.15
38%
1013
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
6.17
26%
1013
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
3.6
26%
1015
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
5.14
38%
1016
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 32ᴼ
6.69
38%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
8.23
38%
1015
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75