
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Министерството за образование и наука, заради непречено одвивање на воспитно образовниот процес и работите во областа на образованието како и успешно започнување на учебната 2024-2025 година, постапувајќи во рамките на своите надлежности, по барање на градоначалникот на општина Битола, а со цел да се овозможи непречено и законито вршење на работите од областа на средното и основното образование, ги укина Решенијата за одземање на вршење на ...
99 милиони 373 илјади и двесте е трговскиот дефицит што државава го бележи досега годинава и е намален спроредувано со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2024 година, изнесува 99 373.2 милиони денари, а покриеноста на увозот со извоз во овој период изнесува 70.9% – објавува денеска Државниот завод за статистика. Вкупната вредност на извозот на стоки ...
Државниот завод за статистика информира дека цените во Хорека секторот се зголемени за околу 5%. Тоа не влијае на странските туристи, само за домашните. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има планови во оваа и следната година државата од туризам да инкасира околу милјарда долари. Цените на угостителските услуги во јули 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемен за 4.8 %, соопшти Државниот завод за ...
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,54%. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.07.2024 година и со тоа ...
Во текот на вчерашниот ден, 04.08.2024 година (недела), имаше вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои во моментов 5 се активни, 3 се под контрола и 21 се изгаснати. Според информациите од Центарот за управување со кризи се уште активен е пожарот во Општина Македонски Брод: с.Тажево – с.Брезница – Крак кон Јасен, потоа воОпштина Демир Хисар – Охрид: Илинска Планина, с.Базерник, Општина Гевгелија: с.Фурка кон Каравалија; Општина Студеничани: ...
Првиот сателит – Мозаик – што Србија де подготвува да го испрати во орбитата освен што ќе го набљудува Сонцето во доменот на рендгенските зраци, што е невозможно од земјата, има и мала камера што ќе ја снима Србија оддалеку. Тоа го нагласи во изјава за Политика научниот соработник на српската Астрономска опсерваторија во Белград, Милан Стојановиќ. Планот е „Мозаик“ да биде лансиран кон крајот на 2025 или почетокот на 2026 година и да се задржи ...
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (02/03/04.08.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 17 мерки за возење под дејство на алкохол, 17 мерки за возење без возачка дозвола,18 прекршоци за не користење на кацига… Од СВР Битола велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови ...
САД ги повикуваат своите граѓани да го напуштат Либан и разместуваат повеќе воени сили на Блискиот Исток како превентивна и одбранбена мерка, изјави заменикот советник за национална безбедност на Белата куќа Џонатан Фајнер. – Нашата цел е деескалација, наша цел е одвраќање, наша цел е заштита на Израел, изјави Фајнер за програмата „Face the Nation“ на Си-Би-Ес. Напнатоста на Блискиот Исток се зголеми по убиството на политичкиот лидер на ...
Утрово 10 степени на Попова Шапка, 11 Лазарополе, Берово, 12 Крива Паланка, 13 Маврови Анови, 15 Крушево, 16 Куманово, Тетово, Претор, 17 Скопје-Петровец, Битола, Демир Капија, 18 Охрид, Виница, Штип, Кавадарци, Прилеп, 19 Струмица, 20 Велес, 25 Гевгелија. Во текот на ноќта беше ведро со мала променлива облачност, а само ву јужниот дел облачноста беше умерена. Утринава е сончево со слаб променлив ветер. Денеска сончево и топло, попладне со мала ...
Синоќа со специјалниот нулти ден беше обележано официјалното отворање на водечкиот музички фестивал во нашиот регион и еден од најголемите светски фестивали ЕГЗИТ чие годинашно издание се одржува со спектакуларна програма на повеќе од 40 бини и зони, од 10 до 14 јули во Нови Сад, Србија. Новото, 24-то издание на ЕГЗИТ ќе ги собере дел од најголемите светски ѕвезди, како и музичарите во подем кои ја обликуваат сцената на денешницата во најширок ...
Во рамките на 54. фестивал „Илинденски денови“, гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска одржa концерт на платото пред Офицерскиот дом во Битола. Концертот беше со наслов „Балканско патување“ и претставува музички истражувачки проект во кој преку одделните композиции од балканските земји се доловуваат заедничките музички корени на балканските простори. На концертот беа изведени нови аранжмани за гудачки квартет базирани на балкански фолклорни ...
Фестивалот Илиденски денови, покрај тоа што прави промоција и презентација, истовремено прави и заштита, пренесување, зачувување и дифузија на материјалното и нематеријалното културно богатство. Сето ова се изведува не само преку вечерите на традиционална музика и игра и староградската вечер, туку и преку пропратната програма во која покрај многуте настани и манифестации, има и едукативен и стручно-научен дел. Овој дел му припаѓа на Семинарот ...
Новак Ѓоковиќ на 37-годишна возраст успеа да го оствари тоа што на ниту еден тенисер не му успеало во историјата на спортот. Во финалето на Олимпискиот турнир во Париз го совлада помладиот ривал Карлос Алкараз со 2:0 (7-6, 7-6) и го освои единствениот голем трофеј кој му недостасуваше. Со тоа ги има освоено сите 14 големи турнири најмалку по еднаш (Олимпијада, Гренд слем и Мастерс 1000 турнири ) во кариерата. Олимпиското злато му беше ...
Чешкиот хеликоптер денеска дејствува во атарот на селата Тажево и Брезница во Општина Македонски Брод. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вели дека ова е пожар кој што зафаќа голема површина и е многу тежок за гаснење. Ангелов вели дека проблемот е што хеликоптерот мора да се симне на пониска надморска височина, да полета, да се искачи горе на повеќе од 1400 метри да ја истури водата и пак да се врати. Тој вели ...
Вкупно 42 пожари имало вчера на отворен простор, од кои во моментов пет се активни. Четири се под контрола и 33 се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Општина Македонски Брод: с.Тажево – с.Брезница – Крак кон Јасен, во Општина Демир Хисар и Општина Охрид: Илинска Планина, с.Базерни, Општина Охрид: Косел – Расино – Опеница,-Вапила активен на 4 точки, Општина Богданци: м.в.Погана према Ветерен ...
Утрово 11 степени на Попова Шапка, 13 Лазарополе, 14 Крива Паланка, Берово, Маврови Анови, 15 Куманово, 16 Крушево, 17 Тетово, 18 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Битола, Виница, 19 Штип, Демир Капија, Кавадарци, 20 Прилеп, Струмица, Дебар, 21 Велес, 24 Гевгелија. Во изминатите 24 часа 4 л/м2 наврна дожд во Берово, Попова Шапка, 3 Скопје-Петровец, Демир Капија, Кавадарци, Пожаране, 2 Тетово, Велес, 1 Прилеп, Штип, Ѓуриште. Во текот на ноќта беше ...
Во текот на денешниот ден има 17 пожари на отворено и шумски пожари. Од нив 6 се целосно изгаснати, додека 5 се ставени под целосна контрола. Според попладневната изјава на директорот на Центарот а управување со кризи Стојанче Ангелов активни се шест пожари. Првиот и најсложен пожар за гаснење е пожарот на територијата на Македонски брод, во атарот на селата Тажево и Брезница, со крак кон Јасен. Таму пожарот кој што беснее повеќе денови, од ...
Денеска за потребите на волонтерите за акцијата за гаснење на пожарот на Плакенска планина, од страна на командирот на полициската станица од општа надлежност Демир Хисар при СВР Битола, Николче Јошевски во координација со градоначалникот на Демир Хисар, Никола Најдовски обезбедени се вкупно 94 пакети храна како и 1200 шишиња вода. Донацијата е предадена на градоначалникот во својство на началник на Општинскиот штаб за заштита и спасување, ...
Евроамбасадорот Дејвид Гир и директрот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов утрово беа кај пилотите и директно на писта се запознаа со противппжарните активностите. Гир учествуваше на редовниот утрински брифинг на националните и странските воздухопловни тимови и директно на писта од воениот дел од аеродромот се запозна со противпожарните активности. Сите домашни и странски сили, и по земја и од воздух, согласно оптималните ...
Американската потпретседателка Камала Харис освои доволно делегатски гласови за да биде номинирана од Демократската партија за учество на претседателските избори во ноември, соопшти претседателот на Демократскиот национален комитет Џејми Харисон. Штабот за предизборната кампања на американската претседателска кандидатка, Камала Харис, денеска соопшти дека во јули собрал донации од 310 милиони долари. Износот што демократите го собрале во јули е ...
Во 61 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 15, 18, 20, 22, 25, 31 и 34. Добивка со седум погодоци немаше, а беа извлечени четири шестки, секоја од нив вредна по 167.616,00 денари. Фондот за седумка во следното коло изнесува 107.461.000 денари. На џокерот извлечени беа следните броеви: 8, 0, 1, 7, 4, 4. Добивка со шест погодоци немаше, а имаше една петка со вредност од 41.838,00 денари. Очекуваниот фонд за шестка на џокерот во следното ...
13 Лазарополе, Берово, 15 Крива Паланка, Куманово, 16 Тетово, Битола, 17 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Дебар, Струмица, 18 Попова Шапка, Прилеп, Демир Капија, Маврови Анови, 19 Скопје–Зајчев Рид, Велес, Гевгелија, Кавадарци, Крушево, 20 Штип, 21 Виница. Во текот на ноќта ведро, утрово во западните делови има мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен, а на повисоките места во западните делови засилен ветер претежно од северозападен правец. ...
Традиционално, во потпелистерското село Трново, по повод големиот празник Илинден се одржува 53 Семакедонска Илинденска средба, во организација на Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес. Присутните гости и организаторите, ги поздрави градоначалникот на ...
Премиерот Христијан Мицкоски говореше на свеченоста на Мечкин Камен во Крушево, на одбележувањето на 121 година од Илинденското востание. „Денес е светол ден. Го празнуваме херојското дело и подвикот на илјадници кои славната 1903 година кренале востание, кое не е само востание за слобода, туку и востание на слободарскиот дух, борба за правдини, верба во вредности и надеж да се победи по векови ропство, падови, тежок живот и бројни жртви. ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска во чест на 2 Август – Илинден, положи цвеќе пред споменикот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, пред споменикот на АСНОМ и пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, „Методија Андонов Ченто“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Тој во изјава за медиумите ги честиташе двата Илиндена, истакнувајќи дека исполнувањето на аманетот на државотворците од Илинден и АСНОМ е ...
Центарот за управување со кризи информира дека денес претпладне активни се 6 пожари на отворено и шумски пожари: Општина ДЕМИР ХИСАР: врз пожарот на Илинска Планина дејствуваме со концетриран напад од 5 ер трактори (1 на ДЗС, 2 германски и 2 шведски). На тешко пристапниот терен на земја гаснат локални пожарникари со подршка на месно население. Општина МАКЕДОНСКИ БРОД: с.Тажево – с.Брезница – крак кон Јасен. Овде го упативме тимот од Унгарија ...
Одбележувањето на големиот македонски празник Илинден, утрово во Битола започна со положување на свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата кај Центарот за култура и Споменикот на илинденците во Храмот „Света Недела“. Почит кон загинатите востаници, борци и дејци оддадоа Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници од општинскиот Совет, Сојузот на борци, пратеничката во Собранието на Македонија, Олга Лозановска, заменик ...
ИЛИНДЕНСКО ПОСЛАНИЕ † СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА, А ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА Возљубени празникољупци, Денес Светата Црква молитвено и со свештен трепет го празнува споменот на светиот пророк Илија. Тој е еден од ...
Екстремните горештини убиваат најмалку 175.000 луѓе годишно во Европа, каде температурите и понатаму рапидно растат, предупреди Светската здравствена организација. Европа е меѓу регионите со најбрзо затоплување во светот, а температурите се зголемуваат околу двојно побрзо од глобалниот просек, предупреди денеска директорот на СЗО за Европа, Ханс-Хенри П. Клуге. -Топлинскиот стрес е водечка причина за смртта поврзана со климата во регионот. ...
Времето денеска сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Битола утринската околу 15, а дневната до 38 степени. УВ индексот 9. Во деновите од викендот ќе се задржи топло време со попладневна нестабилност. ...