
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Нема да има толеранција за никого, нема да толерираме никаква примена на нечесни практики и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет, порача денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски. Тој информираше дека на терен на цела територија на Македонија со повеќе од 40 тимови или повеќе од 120 инспектори, ротирани во различни градови, и врши проверка дали се почитува одлуката на Владата за ограничени профитни маржи за основните ...
Битолската полиција до Основните јавни обвинителства во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево поднесе кривични пријави против осум лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“, сторени во периодот од 15.06.2024 до 23.09.2024. СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против лице од Битола затоа што на 17.08.2024 запалил оган во просторот помеѓу дворот и градината до неговата куќа во ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска изрече мерки на претпзливост односно мерки за обезбедување присуство за две лица од Битола : одземање на патна исправа и забрана за напуштање на местото на живеење и редовно јавување во судот во местото кадешто живее и забрана за издавање на нова лична карта и нова патна исправа. Од извори во судот дознаваме дека се работи за поранешни раководители на регионалната дирекција на Управата јавни приходи во ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на завршните работни активности на проектот за реконструкција на 11 краци во должина од 2.303 метри во село Долно Оризари, соопштија од Општина Битола. Во согласност со изготвената проектна документација, претходно беше извршена реконструкција на водоводните приклучоци во вредност од 2.125.970 денари, како и на канализациони приклучоци во вредност од 561.680 денари. Целосната ...
Горан Исков е назначен за директор на ЕСМ Молика. Тој дипломирал информатика на битолскиот универзитет, вработен е во битолски „Водовод“ на работното место информатичар. Од неговото работно искуство од 2015 до 2017 година во министерството за информатичко општество и администрација. Тој е и потпретседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Битола. Николче Котевски е назначен за директор на ФОД. Од 2015 година вработен во Царинската управа на Македонија, виш ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на Самитот за иднината во Обединетите Нации на тема „Мултилатерални решенија за подобро утре“. Во своето обраќање претседателката истакна дека се неопходни длабоки реформи во Обединетите Нации со цел надминување на глобалните предизвици. „Тешка задача и голема одговорност е да зборувате за иднината, а да се апстрахирате од ООН, оти се работи за единствената организација што ужива универзален ...
Сирените за тревога утрово се огласиле во Тел Авив и централен Израел, по што војската на земјата соопшти дека пресретнала проектил кој бил истрелан од Либан, пренесува Би-би-си. Според израелскиот весник „Хаарец“ ова е првпат главниот град на Израел, Тел Авив, да биде цел на ракетен напад од Хезболах, Хезболах потврди дека со ракета е гаѓано седиштето на Мосад, крај Тел Авив. Во соопштението се наведува дека нападот е одговор на неодамнешните ...
Утрово 6 степени Берово, 8 Попова Шапка, 9 Струмица, Лазарополе, 10 Битола, Прилеп, 11 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Маврови Анови, Тетово, Крушево, Претор, 12 Штип, Демир Капија, Кавадарци, Охрид, Велес, Гевгелија, 13 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 14 Виница, Дебар. Во текот на ноќта преовладуваше малку до умерено облачно време. Изутринава во поголем дел од земјава е сончево со мала до умерена облачност, а зголемено наоблачување има во ...
Во 76 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 4, 9, 15, 16, 19, 23 и 33. Извлечено беше и црвеното топче кое што ги дуплираше добивките. Добивка со седум погодоци немаше, а извлечени беа две шестки секоја од нив вредна по 302.917,50 денари. Фондот за седумка за следното коло изнесува 10.000.000 денари. На играта џокер извлечени беа следните броеви: 7, 5, 1, 6, 2, 5. На џокерот добивка со шест погодоци немаше, а имаше една петка вредна ...
Управата за заштита на културно наследство денеска прави инспекција на веќе поставените месингани ѕвезди со имињата на лауреати од фестивалот „Браќа Манаки“. Дивото поставување на спомен-обележја на кое сведочиме деновиве во фокусот ја става поновата историја на улицата заштитена со закон, а деновиве прошетката низ неа посочува на глорифицирано безредие. Никој не смее да променува ништо во најстрогото градско јадро, посебната ...
Цените на 73 прехранбени производи, кои се дел од есенската потрошувачка кошница, треба да бидат пониски до 31 октомври, а производите вклучени во оваа кошница, треба да бидат јасно обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“. Мерката на Владата за намалување на маржата на 10 проценти стартува денес, целта ни е да го олесниме животот на граѓаните, вели премиерот Христијан Мицкоски. Во врска со информациите дека дел од маркетите ги ...
245 милиони кубни метри вода е годишното производство на вода, а од неа се губат повеќе од половина, односно околу 60 % или 146 милиони кубни метри вода. Најмногу вода за пиење во апсолутна загуба, односно во изгубени кубни метри, се губи во Скопје, дури 63 милиони кубни метри годишно. Ова е 43 % од целата загубена вода во земјава. Следат Гостивар, Тетово и Кичево. Во Гостивар годишно се губат скоро 9 милиони кубни метри вода. Во Тетово се ...
Србија ќе и помогне на Македонија во реализацијата на обврската пред Брисел до крајот на јануари идната година да донесе и имплементира план за преструктуирање на државните железници. Преструктуирањето треба да се заокружи и заврши во 2027 година, за да може и Македонија да биде дел од балканскиот и европски железнички транспортен сообраќај што ќе генерира приход во државата. иван стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, објавуви дополнителен конкурс за запишување студенти на прв циклус студии во академската 2024/2025 – трет уписен рок . На Техничкиот факултет во Битола има слободни 287 слободни места, на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола 116, на Технолошко-техничкиот факултет во Велес има слободни 84 места, на Економскиот факултет во Прилеп 181 место, на Факултетот за туризам и ...
И годинава фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ имаше црвен килим. Килимот пак поделен на два дела или таканаречена линија на раздвојување. За едни брза лента, за други спора или бавна. Бавната лента направи фестивалот да не може да се движи во предвидените временски термини, оти на таа лента имаше најмногу гости, а преку неа се стигнуваше до банерот кој беше спротивно поставен од досегашпната пракса. Па како што би рекле битолчани, ...
Министерот за локална самоуправа Златко Перински во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 рече дека од денеска почнува евалуацијата на проектите на општините за распределба на сто милиони евра, чиј рок за доставување исте вчера. Министерството за локална самоуправа објави јавен повик за распределба на сто милиони евра за оваа намена. Проектите се доставуваа до шест ресорни министерства – за култура и туризам, за транспорт, социјална политика, ...
Израелската армија објави дека во текот на денот погодила 1.300 цели на Хезболах во Либан, од чија територија оваа проиранска исламистичка организација се впушта во се поинтензивна размена на оган со еврејската држава. Бројот на погодени цели го соопшти воениот портпарол контраадмирал Даниел Хагари на брифинг со новинарите и најави дека наредните денови ќе бидат сложени. Претходно, израелската армија соопшти дека погодила повеќе од 1.100 цели на ...
Утрово 3 степени во Берово, 8 Крива Паланка, Струмица, Куманово, Попова Шапка, 9 Маврови Анови, 10 Скопје-Петровец, Тетово, 11 Битола, Штип, Демир Капија, Крушево, 12 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Прилеп, Виница, Велес, Кавадарци, Гевгелија, 13 Дебар. Во текот на ноќта ведро со мала до умерена облачност, поголема во западните делови. Утрово во поголем дел од земјава преовладува променливо облачно време, а на крајниот исток е сончево и ...
Без дозвола или мислење од Управа за културно наследство(УЗКН), без да ги праша Битолчани, без одлука од Советот на општина Битола, без консултации со Комисијата за урбанизам, без консултации со општинската Комисија за споменични обележја, се одржа свечена церемонија на откривање на диво поставените спомен-обележја на лауреатите од фестивалот „Браќа Манаки“. ИФФК „Браќа Манаки“ со шампањ ги прослави своите досега диво поставени месингани ...
По повод Денот на српското единство, слобода и национално знаме и 106 годишнината од пробивањето на Солунскиот фронт, на Српските воени гробишта во Битола, се одржа церемонија на полагање венци и оддавање почит на загинатите војници. Од 2020 година Србите низ светот го одбележуваат Денот на српското единство, слобода и национално знаме. Целта на воспоставувањето на празникот е пред се да се зајакне единството меѓу српскиот народ во Србија и ...
Оваа недела се очекува граѓаните да ги почувствуваат ефектите од владината одлука за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи. Цените на 73 прехранбени производи кои се дел од есенската потрошувачка кошница треба да бидат пониски до 31 октомври. Од Министерството за економија велат дека одлуката ќе почне да се применува веќе следниот ден откако владината одлука ќе излезе во Службен весник. Производите вклучени ...
Бројни реакции вечерва пристигнуваат во редакцијата на луѓе кои патуваат од Битола до Охрид и обратно. Заради посетата на претседателката на албанското Собрание Елиза Спиропали, патиот од Битола кон Охрид и од Охрид кон Битола е затворен, а сообраќајот е пренасочен преку стариот пат. Доколку патувате од Охрид наваму, најпрвин ќе ве пренасочат од Ресен преку Царев Двор и стариот пат до Кажани, а оттаму кон Ротино по селата. На сообраќајниците ...
Бројни реакции вечерва пристигнуваат во редакцијата на луѓе кои патуваат од Битола до Охрид и обратно. Заради посетата на претседателката на албанското Собрание Елиза Спиропали, патиот од Битола кон Охрид и од Охрид кон Битола е затворен, а сообраќајот е пренасочен преку стариот пат. Доколку патувате од Охрид наваму, најпрвин ќе ве пренасочат од Ресен преку Царев Двор и стариот пат до Кажани, а оттаму кон Ротино по селата. На сообраќајниците ...
И според Законот за старо градско јадро и според Законот за монументалните и споменични обележја и според Законот за заштита на културно наследство за се’ што се работи на културното наследство треба да се добие претходна дозвола од Управата за културно наследство. Доцна попладнево, непосредно пред почетокот на „Актуел“ од Управата за културно наследство до ТЕРА Телевизија пристигна одговор на прашањата кои ги поставивме утринава, потпишан од ...
Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,35%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ...
Денеска на „Булевар 1-ви мај” на зоните Б1 и Б2 на потегот од м.в „Црн мост” до Безистенот, СВР Битола организира посебен сообраќаен режим при што паркирањето нема да биде дозволено во периодот од 06.00 до 18.00 часот. Истото се спроведува заради потребите на протокол на високи делегации кои ќе бидат во официјална посета на нашата Општина, стои во инфорамацијата од полицијата. И јавното претпријатие „Паркинзи“ информираше за ваквиот режим во ...
Денеска на „Булевар 1-ви мај” на зоните Б1 и Б2 на потегот од м.в „Црн мост” до Безистенот, СВР Битола организира посебен сообраќаен режим при што паркирањето нема да биде дозволено во периодот од 06.00 до 18.00 часот. Истото се спроведува заради потребите на протокол на високи делегации кои ќе бидат во официјална посета на нашата Општина, стои во инфорамацијата од полицијата. И јавното претпријатие „Паркинзи“ информираше за ваквиот режим во ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на престојот во Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, го посети Њу Џерси. Во Тотова, претседателката Сиљановска Давкова ја посети црквата „Свети Никола“ каде присуствуваше на литургијата по повод празникот на Рождество на Пресвета Богородица и оствари средба со претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси. На средбата таа ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Соединетите Држави каде што на американскиот претседател Џо Бајден ќе му ги претстави деталите од неговиот „план за победа“ со цел да се стави крај на руската инвазија, уверувајќи дека оваа есен ќе биде одлучувачка. „Пристигнавме во САД. Главната цел е да ја зајакнеме Украина и да го заштитиме целиот наш народ. Оваа војна може да заврши само со праведен мир благодарение на меѓународните ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано денеска 23.09.2024 година, во 02 часот и 02 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда 3.4 степени. Според досегашните податоци со кои располага ...